Победа – Саса, дерби на колото денеска од 17 часот на Могила

Денеска со почеток од 17:00 часот на стадионот во паркот на Moгила, во рамките од првото коло во втората фудбалска лига, Победа ќе ја дочека екипата на Каменица САСА.

После подолго време прилепчани ќе можат да гледаат фудбал на домашен терен, но за жал второлигашки.

Црвено-белите се наоѓаат во групата Исток во Втората лига заедно со екипите на: Беласица, Брегалница, Тиквеш, Осогово, Кожув, Саса, Плачковица, Кит-Го и Питу Гули.

Од друга страна екипата на Пелистер се наоѓа во групата Запад, па оваа сезона нема да гледаме Пелагониско дерби.

Победа пред два дена испадна уште во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија, а кривец за тоа беше екипата на Осогово која втор пат летово ги порази прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.