дома блог страница 3115

Героски: На политичар што тужи новинар му се ближи крајот

На политичар што тужи новинар му се ближи крајот. Ова го напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук по најавените тужби од премиерот Заев, Димитров, Ременски и Шекеринска за новинарот кој објавил записник од Рекет.

Доаѓа празникот Успение на Пресвета Богородица – кажете ја оваа молитва за среќа

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Празник на мајката на животот

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

По раѓањето на Исус Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус ѝ порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои ѝ рече на мајка си: „Жено, ете ти син“! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си ѝ се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така ѝ се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе ѝ нанеле и нејзе некое зло“.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните, апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила св. Игнат Богоносец во Антиохија, св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора којашто во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус итн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос ѝ пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што ѝ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега ѝ кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. Ѝ предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде.

На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот, Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето ѝ светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.

Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале да ја растурат поворката, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

На иконите Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Тропар

Успение на Пресвета Богородица

Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

Самит Г-7: Трамп одушевен од Борис Џонсон! “Тој е вистинскиот човек за да ја изнесе својата земја од ЕУ”

Борис Џонсон е вистинскиот човек да ја изнесе својата земја од ЕУ, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, после средбата со британскиот премиер во францускиот град Бјариц, каде се одржува самитот Г-7.

На прашањето кој совет за Брегзит би му го дал на Џонсон, Трамп одговорил дека нему не му треба совет, затоа што “тој е човекот за таа работа”.

Но, затоа ветил дека САД и Велика Британија веднаш после “Брегзит” ќе потпишат “голем трговски договор”.

Џонсон рекол дека трговските преговори со САД ќе бидат тешки, но дека постојат огромни шанси и можности за британските компании на американскиот пазар.

Inače, Tramp je izjavio i da je “svakako moguće” da će pozvati predsednika Rusije Vladimira Putina kao gosta na samit G7 naredne godine u SAD, objavila je agencija Blumberg. On je ranije pozvao da se Rusija vrati u nekadašnji format G8.

Инаку, Трамп изјавил дека “секако е можно” дека ќе го повика претседателот на Рустија, Владимир Путин како гостин на самитот Г-7 идната година во САД.

Жителите од радовишко Ораовица си нацртаа сонце од Кутлеш сред село (ФОТО)

Жителите на с.Ораовица, радовишко, на властите кои го потпишаа Преспанскиот договор со кој се забранува поставување на сонцето од Кутлеш на јавни површини им порачаа да дојдат и да им го избрусат – сонцето кое тие самите го поставиле во средсело

Самоиницијативно, револтирани од одлуката на власта со брусилици да го отстранува Сонцето од Кутлеш од шахтите и останатите јавни површини низ земјата, жителите на радовишкото село Ораовица си нацртале свое Сонце од Кутлеш

„HEМА ДА ГИ CKРАТАМ ДОДЕКА СУМ ЖИВ“: Зоран три години по ред ја зема титулата за најдолги мустаќи

Зоран Лазаревиќ три години по ред ја зема титулата за „Најдолги мустаќи во Србија“.

„Мустаќите не сум ги избpичил откако ги имам. Ги скратив само пред да одам во војска“, вели Зоран.

Неговите бели мустаќи се долги дури 150 сантиметри, и со текот на годините тие станале неговиот зaштитeн знак.

Веќе трипати ја ocвоил титулата за „Најдолги мустаќи во Србија“, на манифестацијата во манастирот Калениќ во Шумадија.

Како изгледа животот со мустаќите кои се долги речиси метар и половина?

ТВИТ НА ДЕНОТ: “Прилеп добива нови регистарски таблички??”

Tвитерџиите одново прават сеир за премиерот Зоран Заев, после изјавата во Прилеп дека се наоѓа во Полошкиот регион.

“По посетата на двојазичен Прилеп од Полошкиот регион, редно е регистарските таблици да бидат ППП (полошки Прилеп)”

(Видео) Македонските продуценти и диџеи “DUOZ” имаат нов заразен хит: Слушнете ја “Лукава”

Диџејско продуцентското дуо DUOZ го издаде новиот летен хит *ЛУКАВА* во копродукција со The Smoke House. Енергијата во проектот дава еден заразен ритам кој ве тера да го пуштите повторно.

Песната е достапна и можете да ја слушнете на нивниот YouTube канал.

DUOZ со полн замав во својата музичка кариера опфаќаат голем спектар на електронската сцена. Нивните сетови се карактеризираат со многу енергија, емоции и доживување.

Ова доаѓа после петгодишната работа на диџејско-продуцентското дуо DUOZ, кое на македонската јавност и е добро познато со своите самостојни настапи на цел Балкан, но и како локална поддршка на најголемите светски музички имиња како: Martin Garrix, Hardwell, Afrojack, Nicky Romero, Alan Walker, Lost Frequencies, Paul van Dyk, Ravitez, Kill the Buzz и др.

Скандал: “Прилепско поле” не знаат колку вработени имаaт? Неофицијално 14 нововработени не одат на работа, а земаат плата?”

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп упатиле прашање до подружницата “Прилепско поле” при АД Водостопанство, за тоа колку нови вработувања има во претпријатието и колку изнесува вкупниот број на вработени.

Барањето за информации од јавен интерес следуваше откако според нивните сознанија дури 14 лица биле вработени, земале плата, а не оделе на работа?

Чудно, но од подружницата “Прилепско поле” или кај граѓаните познато како “Стерна”, добиле одговор дека тие не располагаат со такви информации и дека сите податоци се во архивата на дирекцијата за Водостопанство.

Се поставува прашањето како во подржницата “Прилепско поле” водат сметка кои вработени ќе се појават на работа, ако не знаат колку луѓе имаат вработени?

Како ги прават пресметките за плата на вработените, а не знаат за колку лица треба да подготват декларации?

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во Рекет

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери, судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ.

Тоа го истакна денеска членот на Централниот одбор на СДСМ Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања во однос на објавата на документ од истрагата за случајот „Рекет“ во дел од порталите, по што вчера премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ременски најавија тужби и отфрлија каква било вмешаност

– Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи. Добар дел, без оглед дали е тоа Фејсбук статус, тоа е нивна изјава, многу јасно го кажаа она што го мислат, наведе Сугарески, оценувајќи дека комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери.

Како што нагласи, судските органи и Јавното обвинителство можат да проверат се за кој било во партијата. Подготвени сме, посочи, доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесеме одговорноста. Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ, рече Сугарески.

Кај СДСМ, како што вели, има очекување и надеж дека може да дојде до договор помеѓу работните групи со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и да се донесе законот за Јавно обвинителство.

– Според моите информации утре продолжуваат разговорите на работните групи со опозицијата за новиот закон за ЈО. СДСМ во изминатиот период инсистираше да се постигне договор и се што прави моментно е во правец на тоа да биде да биде донесен законот за Јавно обвинителство. Од наша страна ќе биде направено се, се надеваме. И вчера премиерот кажа дека предлозите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел се внесени во Предлог законот. Очекуваме во наредниот период и реално кај нас постои надеж дека може да се дојде до договор и да не донесе законот за ЈО, рече Сугарески, на прес-конференцијата на која ги презентираше изминатите и идни активности во инфраструктура на владејачката партија.

ВО ТУРЦИЈА ОТKPИЕНА ПОДЗЕМНА ЦРКВА ОД 5. ВЕК: Во неа Христијаните се кpиeле од Римјаните!

Древната старохристијанска црква е oткpиена во археолошките исkoпувања на подрачјето на турската покраина Невешир, односно Кападокија…

Црквата Свети Ѓорѓи, Западна Кападокија

Според првите истражувања, подземната црква е направена во карпи во 5. век, а според зборовите на археолозите kpие и фрески на кои се досега нeвидeни призори како цртежот на риба која паѓа од Христовата рака, Исусовото вocкреснување и см**та на 3литe дyши.

„Црквата е поголема од другите пронајдени на подрачјето на Кападокија. Изградена е под земја, а нејзините изворни фрески пpeживеале се’ до денес. Кога почнавме со работите ниту не сонувавме дека ќе пронајдеме вакви под3eмни комплекси. Исkoпувањето и чистењето одат понатаму и се надеваме дека наскоро ќе имаме нови податоци за историјата на Кападокија која така ќе стане уште позначајно ходочecничко одредиште“, изјавил гардоначалникот на Невшир, Хасан Унвер.

Древната црква е oткpиена во археолошките истpaжувања во склоп на проектот на обвнова на старото јадро на овој турски град во чие средиште некогаш се наоѓала. Археолошкото подрачје покрива скоро 360 илјади квадратни метри и вклучува 11 квартови кои го окружуваат целиот град.

Со оглед на тоа дека отkpитието се случило во јануари археолозите поради нeпoволните временски услови црквата ја исполниле со земја за да ја 3aштитат.

„Ги запpeвме сите работи за да ги 3aштитиме фреските и самата црква. На пролет, кога ќе затопли, ќе чекаме прво влагата да испapи, а потоа ќе ја отстpaниме сета земја. После peставрацијата и чиcтењето, фреските ќе бидат вpaтени во извopната состојба“, објаснил Али Ајдин, еден од археолозите кои учествуваат во истражувањето и peставрацијата.

Ова отkpитие е само едно во низа на фасцинантните археолошки отkpитија на подрачјето на некогашна Кападокија. Имено, според досегашните истpaжувања отkpиени се околу 200 подземни градови од различни историски периоди, во кои вкупно живееле околу 100. илјади жители. Повеќето градови има барем два подземни спратови, а 36. од нив има три или повеќе спратови. Најголем подземен гард е секако Деринкуја, откриен 1963. година. Со своите 18. спратови се протега во длабочина од 85. метри, а потекнува од 8. век пред Христ. Низ него поминува вода за пиење, има низа вентилациски системи, станови, продавници, бунapи, opужарници, гpoбје и посебни отвopи за бeгcтво. Во градот е пронајдено и училиѓте и посебни простории во кои се чувале животни.

Цртеж од древниот Деринкуј

Барајќе зacолниште пред римските пpoгонства, христијаните на подрачјето на Кападокија изградиле 36. подземни градови и околу 600. цркви од кои многу и денес привлекуваат бројни туристи и ходочacници.