Грст награди за поетесата Андриана Ристеска од Прилеп

Поетесата Андриана Ристеска освои шест награди на две поетски манифестации во Штип. На поетската средба ,,Гордана Коцева,, се закити со прва награда за најдобра поетска творба, со награда за уметник на лириката и награда за убав стил на пишување.

На меѓународната манифестација за литература, уметност и култура ,,Планетопија 2019,, Ристеска ги доби наградите Гран при за поезија, за севкупно поетско творештво и прва награда за најдобра поетска творба. Признанијата се поттик за Ристеска да продолжи да твори и да поезија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.