(Видео) Македонските продуценти и диџеи “DUOZ” имаат нов заразен хит: Слушнете ја “Лукава”

Диџејско продуцентското дуо DUOZ го издаде новиот летен хит *ЛУКАВА* во копродукција со The Smoke House. Енергијата во проектот дава еден заразен ритам кој ве тера да го пуштите повторно.

Песната е достапна и можете да ја слушнете на нивниот YouTube канал.

DUOZ со полн замав во својата музичка кариера опфаќаат голем спектар на електронската сцена. Нивните сетови се карактеризираат со многу енергија, емоции и доживување.

Ова доаѓа после петгодишната работа на диџејско-продуцентското дуо DUOZ, кое на македонската јавност и е добро познато со своите самостојни настапи на цел Балкан, но и како локална поддршка на најголемите светски музички имиња како: Martin Garrix, Hardwell, Afrojack, Nicky Romero, Alan Walker, Lost Frequencies, Paul van Dyk, Ravitez, Kill the Buzz и др.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.