дома блог страница 309

Утре ОТЧЕТ на Јовчески во собраниска сала – Ќе се презентира што сработија локалната и советот во изминатите 4 години

Утре, петок (26.09.) со почеток од 18:00часот во собраниската сала на општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески ќе го презентира отчетот за сработеното во изминатите 4 години.

-Четири години исполнети со труд, проекти и посветеност, чесно и достоинствено, за Прилеп – стои во поканата од Јовчески до граѓаните кои сакаат да слушнат што сработила локалната самоуправа во четиригодишниот мандат.

Eден битолчанец и двајца прилепчани го предизвикале пожарот кој вчера цел ден го гушеше Прилеп

Полицијата ги фати сторителите кои вчера попладне запалиле дива депонија во населбата Тризла во Прилеп, а потоа огнот се прошири на голема површина.

-На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава – стои во соопштението од МВР.

Освежување после напорниот ден на работа! Денеска за прв пат After Work забава во Terasa Pub Club

Најдобрата тераса во Прилеп – Terasa Pub Club ве кани на првата AFTER WORK забава. Локалот кој во изминатите месеци прерасна во една прекрасна приказна во срцето на Старата прилепска чаршија, сака да го врати градот во живот, да потсети дека прилепчани не заборавиле како е да се забавуваат и после напорен работен ден.

Денеска во Теrasa ќе ве забавува популарното дуо Боби и Никола, кои со сигурност ќе ја подигнат енергијата уште со првиот акорд.

Совршена комбинација после работните обврски – прекрасен поглед кон Старата прилепска чаршија и Саат кулата, голем избор на мезлаци, над 30 видови пиво и разновидни освежителни пијалоци.

Повелете на првата AFTER WORK забава во Terasa Pub Club!

Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години

Радарот на Скопскиот аеродром утрово повторно е ставен во функција и проблемот е решен за само три дена. Сите безбедносни протоколи се испочитувани овие денови и сообраќајот се одвива безбедно. Проблемот постои триесетина години, зошто претходната Влада седум години не го решила проблемот и зошто не е инсталиран новиот радар кој е набавен, – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната работна посета на Кавадарци.

-Од утрово имаме целосно функционален радар на Скопскиот аеродром и на тој начин проблемите се решени. Проблемот успеавме да го решиме во рекордно време од само три дена и уште повеќе да детектираме една работа која што можеби не и беше позната на јавноста, а тоа е дека и досега, седум години наназад, овој радар работел само со еден канал. Во овие три дена, со заедничка координација, на повеќе ресори од Владата, како и со активна работа на раководството на М-НАВ, како и во пријателска работа и помошта од контролата за летање од Бугарија, како и Владата на Италија успеавме да најдеме решение и сега двата канали се во функција, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој посочи дека во наредниот временски период, не постои ниту теоретска можност за било што да се случи и повика опозицијата да не шири паника помеѓу населението.

-Сите безбедносни протоколи беа испочитувани овие три дена и гледате дека најнормално слетуваа и полетуваа авиони од сите авио компании, и така ќе продолжи да биде и во иднина, рече Николоски.

Заменик претседателот посочи дека моменталниот радар е 27 години стар и за истиот престанале да се произведуваат делови уште пред седум години. Исто така праша зошто претходната Влада на СДСМ не го инсталирала новиот радар кој е набавен, пристигнат во Скопје и стои во депо. Тој ја повика опозицијата да не шири паника помеѓу граѓаните.

-Навистина е на раб на чудо како успеавме да набавиме резервни делови. И во исто време да прашам, зошто претходната Влада на СДСМ не го инсталираше целосно новиот радар кој што е пристигнат во Скопје од компанијата “Леонардо” и стои немонтиран. Еве да најавам дека на следната седница на Влада во вторник, ние ќе донесеме одлука со која што ќе пристапиме кон монтирање на истиот, рече Николоски.

Несекојдневна можност за прилепчани утре во центарот на градот – Официјално мерење за боксерскиот спектакл кој следува викендов

Најдобрите професионални боксери од Македонија и регионот ќе влезат во рингот на Simfonija Boxing Night, незаборавна вечер исполнета со возбудливи борби и незаборавна забава.

Oваа сабота, 27. септември, ќе биде запомнет како историски ден за спортот во Прилеп. Во салата за свечености “СИМФОНИЈА” кај прилепско Ново Лагово, ќе се одржи Simfonija Boxing Night, боксерски сепктакл кој не смеете да го пропуштите.

Токму затоа во петок во центарот на прилеп ќе биде и официјалното мерење на боксерите, а ќе се одржи и прес конференција за јавноста. Локацијата е Камена Бина со почеток во 17 часот.

Прилепчани ќе имаат несекојдневна можност да погледнат како изгледа FACE -OFF на боксерите.

Инаку вечерта ќе ја одбележат шест борби, меѓу кои една за титула.

Македонскиот претставник Михаил Волканоски ракавиците ќе ги вкрсти со босанскиот боксер Недим Селимовиќ (борба во четири рунди-SUPERFEATHERWEIGHT­)

Во втората борба во рингот ќе се соочат Неро Герлек – Македонија и Бошко Мишиќ – Хрватска (четири рунди CRUISERWEIGHT)

Потоа следува борба на македонскиот гладијатор Тоше Цветков, кој ќе боксува против Јасмин Хашиќ – Босна и Херцеговина (шест рунди HEAVYWEIGHT)

Лос Бобош од Романија ќе боксува против Ѓорѓе Крсмановиќ од Босна и Херцеговина (осум рунди – MIDLEWEIGHT) – борба која е УБО КОНТИНЕНТАЛНА титула

Атмосферата буквално ќе еруптира кога во рингот ќе влезат прилепските боксери, Ице Трајкоски ќе боксува против Дејан Бубиќ од Србија (четири рунди во CRUISERWEIGHT), a Матеј Чатлески ракавиците ќе ги вкрсти со Срѓан Жариќ од Србија во борба од 4 рунди во LIGHT HEAVYWEIGHT категорија. Ова ќе биде втора професионална борба за младиот Чатлески, кој во својата кариера има младинска шампионска титула на Македонија.

Настанот е во организација на “Про Бокс Македонија” и ќе биде повеќе од спортски настан. Присутните ќе уживаат во одлични борби, адреналин, во една несекојдневна за наши простори атмосфера, вистинска комбинација на спорт и забава за која долго ќе се зборува.

Веднаш по спортскиот дел, ќе следува и забавен дел заедно со прилепскиот рок бенд LOCKDOWN.

Цените на влезниците се следни:

• Basic – 300 ден. (Високи маси)
• VIP – 1000 ден. по лице (маси веднаш до ринг за 6–10 лица, вклучено вино, шампањ и ордевер)

За резервации јавете се на телефонските броеви: 070/767-711, 075/906-263 и 078/446-654 или купете си од продажните места: Power System Shop Prilep и FitStar Gym Prilep, како и во кафулињата – Corner Cafe и Brunch Box Cafe кај болницата.

Ова е повеќе од обична бокс вечер – ова е Simfonija Boxing Night!

Новите ,,SORRY” вкусови на ,,Витаминка”, претставени со првата целосно AI изработена реклама во прехрамбената индустрија (ВИДЕО)

Витаминка ги претстави новите вкусови за популарните бонбони „Sorry“, банана и манго, преку првата целосно создадена реклама со вештачка интелигенција (AI) на македонскиот пазар. Со оваа пионерска иницијатива, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога на иноватор во индустријата и лидер во воведувањето на нови технологии, овој пат во комуникацијата со потрошувачите.

Рекламата е комплетно изработена со помош на најсовремени AI алатки, кои овозможија создавање на уникатни визуелни решенија, динамична анимација и впечатливи сцени кои претходно беа тешко остварливи во традиционалната продукција. Секој сегмент, од сценографијата и карактерите, до светлото, боите и амбиентот е генериран со вештачка интелигенција, при што креативниот тим ја насочуваше технологијата за да се добие саканиот уметнички израз.

И покрај тоа што е создадена со технологија, рекламата ја доловува суштинската емотивна компонента. Брендот е изграден како симбол на искрена порака која носи блискост и топлина, а AI креативниот процес го надгради ова чувство преку впечатлива визуелна поетика и ја претставува на свеж и допадлив начин.

За Витаминка ова не е само реклама, туку стратешки чекор кој ја потврдува нејзината позиција како компанија што не се плаши да експериментира, да инвестира во иднината и да биде пред своето време. Со интеграцијата на AI во креативните процеси, Витаминка ја зацврстува својата врска со младата публика која очекува модерни и возбудливи комуникациски решенија, но и покажува дека традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.

Рекламата за новите вкусови на Sorry погледнете ја во продолжение:

Започнаа подготовките за изградба на пречистителна станица во Битола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа првиот состанок на Управувачкиот Комитет кој ја следи реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на канализационата мрежа во Битола.

Управувачкиот Комитет на проектот го сочинуваат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Битола, Јавното претпријатие „Нискоградба“, Министерство за финансии и Делегацијата на ЕУ.

На состанокот беа презентирани тековниот статус и напредокот на проектот, кој во моментот е во фаза на идеен проект за пречистителната станица кој веќе е и доставен од страна на Изведувачот до Надзорот. Се разговараше за предизвиците кои стојат пред проектот во наредната фаза, како што се Основниот проект, организацијата на градилиштето, мобилизацијата, безбедносни прашања на градилиштето, како и квалитетот на работата.

Следните активности за периодот кој следи вклучуваат интензивирање на работите околу проектирањето и подобра координација меѓу сите засегнати страни.

Овој проект е важен чекор за подобрување на животната средина, третманот на отпадните води и инфраструктурата во општината Битола.

(ВИДЕО) Битола и Прилеп – толку блиску, а многу далеку! Едните во Лига на шампиони, а другите…?!

Еурофарм Пелистер синоќа во спортската сала “Боро Чурлевски” загуби од данскиот претставник во Лигата на шампионите – ГОГ Гудме, но ЧКЕМБАРИ по којзнае кој пат ги освоија симпатиите за атмосферата која ја создаваат.

Седница на Советот на општина Прилеп: Донесени одлуки за давање стоматолошка опрема на училишта и минибуси во трајно користење на ЈП за ПУП

Советот на Општина Прилеп на својата 68. седница разгледа и усвои повеќе извештаи, програми и одлуки од интерес за граѓаните.

Со мнозинство гласови беа усвоени годишните извештаи за работа за учебната 2024/2025 година и програмите за работа за учебната 2025/2026 година на училиштата ООУ „Добре Јованоски“, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Советот ги донесе и одлуките за формирање на паралелки со помал број ученици во прва година во некои средни училишта за учебната 2025/2026 година.

На оваа седница се донесе една измена и дополнување на Одлуката за трајно користење на движни ствари (минибуси) на ЈП за ПУП Прилеп и Предлог Одлука за давање на трајно користење ствари (стоматолошка опрема) на ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Рампо Левката“ и ЈОУДГ „Наша иднина“.

Советниците едногласно ја усвоија и одлуката за ослободување од партиципација во ЈОУДГ „Наша иднина“ на 20 деца Роми од социјален ризик на возраст од три до шест години за учебната 2025/2026 година. Оваа мерка е дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишна возраст во ЈОУДГ ‘Наша иднина’ – Прилеп“.

Во сабота ни доаѓа голем и тежок празник со кој се поврзани голем број народни верувања

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден.

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.

Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник се нарекува и Возвишение на Светиот крст.

Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

– Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

– Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

– Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

А еве и какви се обичаите што нашиот народ со векови ги почитува:

-на Крстовден некои држат строг пост, на вода. Тоа е обичај кој повеќето го почитуваат, според правилото: “Кој со крст се крсти, тој крстовден го пости”.

Есенскиот Крстовден некои го постат така што по цел ден јадат само грозје и леб.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на своите слаби плеќи ја носат сенката на Светиот крст и дека затоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Според некои стари обичаи, на Крстовден треба да се исперат сите алишта и да се исчисти куќата.

Исто така, стар обичај е на овој ден стоката да се премачка со катран во знак на крст, за да се заштити од болести.

Обичај е на Крстовден да се освети босилекот, света билка за која се верува дека ја уништува негативната енергија и ја чисти душата, па во домовите многумина си чуваат босилек. Осветениот босилек се чува во домот како еден вид енергетско исцелување.

Во текот на Крстовден се јаде грозје, како симбол на слатката победа, плодноста и бериќетот, а се верува дека ќе ве следи среќа и успех ако на овој ден уживате во вкусот на ова овошје.

Според народните верувања, на овој ден сите молитви ќе бидат слушнати, а ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ги исполнува желбите на луѓето.