дома блог страница 308

Еве како Прилеп пред 12 години се претстави пред 1.5 милјарди народ – Време е оваа соработка да се возобнови (ВИДЕО)

Деновиве пред 12 години, делегација на Општина Прилеп, предводена од тогашниот градоначалник Марјан Ристески престојуваше во 4-милионскиот кинески град Дејанг. Ристески со себе предводеше и голема бизнис делегација која беше претставувана од најголемите прилепски компании, а во Кина беа дочекани на највисоко ниво, со големи почести и со пренос на национална телевизија.

Беа тоа златни денови за Прилеп со големи можности кои се отвараа за прилепската економија. Ристески и градоначалникот на Дејанг тогаш потпишаа и Меморандум за воспоставување на пријателска соработка помеѓу Општина Прилеп и Општина Дејанг, во кој меѓу другото се вели:

„Двете страни, по официјалните состаноци помеѓу лидерите на двете општини, по посетата на компании во Општина Дејанг како и по разговорите помеѓу претставниците од бизнис секторот од двете страни планираат да воспостават мултилатерална размена и соработка на полето на економијата, трговијата, наука и технологија, туризам, образование и др”.

Oва соработка се негуваше и ветуваше да прерасне во нешто многу поголемо, но се’ престана со промената на локалната власт во 2017 година.

И покрај тоа, “старите” пријатели се сетија на Прилеп за време на Ковид кризата и испратија донација во материјали за заштита од епидемијата.

Посетата на прилепската делегација подоцна беше возвратена, па Кинезите го посетија Прилеп и беа гости во најрепрезентативните прилепски компании.

Ако се има во предвид фактот дека збратимениот со Прилеп, Дејанг има четири милиони жители, двапати повеќе од Македонија, а провинцијата Ченг Ду преставува огромен пазар и економски потенцијал, редно време оваа соработка да се возобнови и да се направат обиди за да се направи нешто повеќе за Прилеп.

Општина Прилеп објави јавен повик за избор на најдобар воспитувач, најдобар неговател и најдобри наставници по одделенска и предметна настава

Општина Прилеп објави јавен повик за избор на најдобар воспитувач, најдобар неговател и најдобри наставници по одделенска и предметна настава.

Јавните повици ќе траат по 5 денови, а висината на наградата ќе изнесува 20.000 денари поединечно.

Јавните повици со начинот и условите за аплицирање можете да ги погледнете на следните линкови:

ЈАВЕН ПОВИК за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател

ЈАВЕН ПОВИК за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава

Излетал од патот со товарно возило: Жител од Кривогаштани заврши со тешки повреди

-На 11.06.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, во близина на наплатната станица Петровец, товарно возило „опел комбо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(43) од с.Кривогаштани, прилепско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.

Крушевчани се мобилизираат, гневот ќе го истурат пред општината: Цела недела чад и смрдеа ги труе! (ФОТО)

Деновиве одново гори депонијата во Крушево, крушевчани се гушат и со денови дишат тосичен чад, а во градот се шири неподнослива миризба.

Пожарот е активен од 5. јуни, а крушевчани веќе се мобилизираат на социјалните мрежи за да го искажат својот гнев пред општинската зграда.

-Време е крушевчани сите заедно да го блокираме влезот на општинската зграда, сега е во прашање здравјето на граѓаните, а во ваков случај нема наши ваши…Сите пред општинската зграда, градоначалникот да даде одговор пред граѓаните – напиша на ФБ, Билјана Проеска.

Градоначалникот пред една недела напиша, дека вклучена е целата механизација со која располага општината и комуналното претпријатие и дека состојбата е под контрола.

-Свесни сме за сериозноста на ситуацијата, последиците по животната средина и здравјето на граѓаните, и Ви уверуваме дека веќе се преземаат сите потребни мерки. Првичните анализи укажуваат дека пожарот бил предизвикан од високи температури во комбинација со несоодветно складиран отпад и самозапалување на гасови. Апелирам до граѓаните да избегнуваат движење во близина на депонијата и да ги затвораат прозорците додека трае интервенцијата. Овој инцидент уште еднаш ја потенцира итната потреба од системско решавање на проблемот со дивите депонии. Општината веќе работи на план за целосна санација на ваквите локации и имплементација на одржливи решенија за управување со отпадот. Ќе продолжиме со транспарентно информирање на јавноста и преземање на сите неопходни мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните – напиша Христоски на социјалните мрежи.

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Ако Ви е потребна финансиска поддршка за важен трошок, инвестиција или личен проект, сега е вистинскиот момент да искористите една од најповолните финансиски понуди на пазарот.

Mint Credit Ви ја нуди нашата нова промотивна понуда – најповолен потрошувачки кредит до 1.000.000 денари, со фиксна годишна каматна стапка, и флексибилна отплата.

Гордо ја претставуваме оваа нова промо понуда како најдобра можност досега за сите наши корисници кои сакаат брз, сигурен и транспарентен финансиски производ со одлични услови.

Што опфаќа новиот Mint промо кредит?

Со оваа промотивна понуда, во Mint Credit Ви нудиме избор меѓу следните кредитни пакети, дизајнирани според Вашите потреби и можности:

  • Кредит од 60.000 денари
  • Кредит од 100.000 денари
  • Кредит од 300.000 денари
  • Кредит до 1.000.000 денари

Износот на кредитот можете да го отплаќате од 12, до 84 месечни рати (до 7 години), според вашите финансиски потреби. Секоја од овие опции доаѓа со фиксна каматна стапка од само 7%, што Ви дава предвидливост и сигурност при секоја месечна отплата.

За кој е наменета оваа промо понуда?

Оваа Промо кредит понуда е идеална за:

  • Вработени лица кои имаат потреба од брза ликвидност,
  • Оние коишто сакаат да финансираат поголеми домашни трошоци, реновирање, или купување бела техника,
  • Поединци со јасен план за инвестиција,
  • Семејства кои имаат потреба од сигурна финансиска поддршка со транспарентни услови.

Зошто да ја изберете новата Mint Credit промо понуда?

Mint Credit е синоним за сигурност, доверба и професионален пристап во финансиските услуги. Со оваа нова промо понуда, Ви нудиме:

  • Јасни и непроменливи услови,
  • Флексибилни рокови на отплата – Изберете рок на од 12 до 84 месеци (до 7 години).
  • Едноставна и брза процедура – Апликацијата за нашиот Промо кредит можете да ја пополните онлајн или директно во една од нашите филијали најблиску до вас.
  • Најповолна фиксна камата – Само 7% годишна фиксна каматна стапка.
  • Брза исплата – Одобрување и исплата директно на Вашата сметка во најкраток можен рок.

Кои се условите за аплицирање?

Аплицирањето за нашиот нов Mint промо кредит е брзо, едноставно и достапно за секој полнолетен граѓанин на Р. С. Македонија што ги исполнува основните критериуми.

Условите за аплицирање вклучуваат:

  • Да сте физичко лице и државјанин на Република Северна Македонија, со навршени 18 години
  • Да сте вработени со редовни месечни примања
  • Да имате важечка основна идентификациска документација (лична карта или пасош)
  • Стабилна финансиска состојба.

Апликацијата е достапна целосно онлајн, а целиот процес е едноставен и брз.

Како да аплицирате?

Процесот на аплицирање е едноставен и дизајниран така што секој корисник може да аплицира од каде било и во било кое време.

Сè што треба да направите е:

  1. Посетете ја Mint Credit
  2. Oдберете го нашиот нов Промо кредит
  3. Пополнете ја апликацијата со Вашите податоци, и износот на кредитот за кој аплицирате и рок на отплата.
  4. Поднесете ја апликацијата и очекувајте повик од нашиот тим,
  5. Од моментот на поднесување, добивате повратна информација.

Mint Credit – Брзи и достапни кредити, кога Ви се најпотребни

Доколку ви се потребни финансии, ова е вашата можност да го направите вистинскиот чекор под најдобрите услови досега. Со новата промо понуда од Mint Credit, имате пристап до најповолните кредити. Аплицирајте денес и добијте кредит од 60.000 до неверојатни 1.000.000 денари со само 7% фиксна годишна каматна стапка!

За повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107 или посетете нѐ во една од нашите филијали најблиску до Вас.

*Промотивните услови важат само за производот Минт Промо (Потрошувачки 2), а СВТ варира во зависност од избраната понуда, но не повеќе од 46.6673% за овој производ!

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“ во Прилеп

Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.

Во 21 часот ќе следува „Слепци“ во режија на Кендрим Ријани, на сцената „105“. Во претставата од официјалната конкуренција, играат: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радинчиќ и Един Јакуповиќ. По изведбата на претставите од официјалната конкуренција ќе следуваат тркалезни маси со тимовите на фестивалот.

Во 22 часот во гастробар „Монарка“ ќе следува „Казабалкан“ на Здружението за развој на театарската продукција „Оска“ од Скопје. Веднаш по изведбата ќе следуваат разговори на тркалезна маса. Во претставата, во режија на Дамјан Костовски, играат: Мирјана Трпковска Костовска, Владимир Петровиќ, Васко Костовски, Горан Ников, Марина Поп Панкова, Јана Вељановска, Христијан Поп-Симонов, Димитар Паскоски и Саша Димитриевска.

Велешкиот театар синоќа ја изведе претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, како дел од официјалната програма. Одличен впечаток кај публиката остави и театарската минијатура „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски, што беше дел од независната продукција.

Тркалезни маси за две претстави од официјалната програма беа организирани вчера во фоајето на „Марко Цепенков“.

На интересен и креативен начин, подарувајќи им љубовно писмо на сите присутни на тркалезната маса на критиката за претставата „Парови“ од Драмскиот театар – Скопје, модераторот Милош Б. Андоновски, откри дека „негов пар, односно дека се вљубил“ во скопската претстава заради повеќе причини, меѓу кои и тоа што е производ на македонски автори – автор на текст и режија. Креативното отворање на тркалезната маса, кое беше фасцинантно, ја изненади актерската екипа и авторката на текстот Ана Ристоска Трпеноска.

Таа изрази задоволство што претставата ги допрела гледачите, а режисерката Ивана Ангеловска истакна дека им е благодарна на актерите, бидејќи претставата е сплет на сите енергии, светови и се радува што ја пренесле на публиката, уште повеќе што во фокус бил текстот.

– Текстот е богата плејада, да избереш, да ја правиш претставата од десет до тројца глумци. Има многу богатство, многу теми – рече режисерката.

Актерот Лазар Христов рече дека е убав освртот на писмото, дека претставата е без сценографија, без костими, реквизити и успеале да ја испровоцираат публиката.

– Претставата започнува со пет раскинувања на врски и тоа е лабавиот дел, прекрасен апсурд и коментар на животот – рече Христов.

Актерката Јасмина Василева ја истакна важноста на отвореноста на авторката и режисерката Ана и Ивана и предноста да се работи на текст од жив автор.

– Текстот доживеа метаморфоза од почетокот до изведбата на претставата – рече Јасмина.

Актерот Игор Ангелов направи паралела меѓу формата и буџетот кој се користи да се направи претставата.

-Следевме наратив. Најдовме начин да ја заокружиме приказната. Убавина беше тоа што Е овој проект на заедништво, правилно читање. Си помагавме еден на друг и најдовме начин да допреме до публиката – рече Ангелов, кој потсети на почетоците во прилепскиот театар.

Модераторот Андоновски ги заокружи разговорите, кои на почетокот од љубевен омаж се преточија во сите прекрасни нешта на македонското театарско живеење.

Веднаш по екипата на „Парови“, настапија и актерите од претставата „Бура“ на Прилепскиот театар. Тие прв пат ја изведоа претставата не на својата матична сцена, ами во Центарот за култура. Го нагласија стравот од прилагодувањето на сцената, потребата од местење на сценографија за неполни два часа и измените кои ги биле направени заради техничките околности.

– На почеток бевме уплашени. Не беше исто, но одлично поминавме. Како на гостинска сцена на домашен терен – рече Ачанска.

На прашањето од модераторот Александар Војнески, зошто „Бура“ и Шекспир и за соработката со режисерот Џон Блондел, експлицитно објаснување даде драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиовска, која рече дека го користела преводот на Шекспир од Драги Михајловски.

– Сите признанија за текстот му ги давам на режисерот. Генијално е скратен, фрапирана бев, како ги одбира пресвртните моменти. Признавам дека најмногу во овие 10 години научив од Џон Блондел. Оптимално „Бура“ би можела да трае 12 часа – рече Лидија М. Ѓорѓиовска.

Дека „Бура“ е текст кој е актуелен напомена актерката Ангела Наумоска.

– Текстот е за двајца браќа, за две институции, две фигури, за желбата за превласт, да се згази другиот. Мене клучен момент ми беше помирувањето, односно простувањето наместо одмаздата. Секое едно време ни носи бура со себе – рече Наумоска.

Актерката Даниела Иваноска рече дека на режисерот специјалност му бил Шекспир, дека имале поинаков процес на читање на текстот.

– Имаме зипувана варијанта на „Бура“, односно компресирана, конзервирана варијанта од Шекспир. Среќна бев што ликот на Ариел,со една страничка текст го донесов – рече Иваноска.

Актерот Александар Тодески рече дека режисерот направил мајсторија со еден најлон, со неколку вештачки цвеќиња, односно се случило возвишено магично чувство. Музиката на Томе Темелкоски е двигател на претставата, таа е радост и дава магичност на сцената.

Симпатичната театарска минијатура „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски ја одушеви прилепската публика во киното „Мис Стон“. Во претставата од независната продукција настапија актерките: Ангела Стојановска, Филарета Атанасовска и Марина Поп Панкова.

Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

Прилепска компанија со потег ГОЛЕМ КАКО ПЛАНИНА: Вреден пакет производи за секое новороденче во прилепската болница (ФОТО)

Компанијата “Тритекс” од Прилеп донира подарок пакетче за секое новороденче во прилепската болница “Борка Талески”.

За секое новороденче родено во болницата во тековната 2025 и наредната 2026 година, компанијата ќе подарува пакетче сопстевени производи.

Пакетчето се состои од бебешки пижами, бебешко боди со долг ракав, атлет бебешко боди и бебешко капче и ракавици.

“Спакувавме две уникатни бебешки пакетчиња. Eдно за машко, едно за женско новороденче и ги подаруваме на нашата болница, како симбол на нежност и грижа уште од првиот ден. Ова не е само донација, ова е прегратка што ја праќаме до сите нови родители и нивните бебенца.”, велат од оваа прилепска компанија.

Средба Николоски – Ле Риголер: Работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција. Остануваме фокусирани на европската перспектива на земјата

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството меѓу Македонија и Франција и ја потенцира можноста за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка и поддршка во делот на реализација на ифраструктурните проекти.

Притоа, вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Ле Риголер со развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, посебно проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

Исто така на средбата се разговараше и за реформскиот процес на земјата, интеграциите и членството во Европската Унија. Македонија е фокусирна на интегративниот процес, потенцира вицепремиерот Николоски а владините политики се насочени кон реформирање на земјата и борбата против корупцијата.

Двајцата говорници се согласија на интензивирање на меѓусебната соработка на двете земји.

Обвинителството не постапува за мајка му, но Бојан распали по ВМРО-ДПМНЕ?!

Претседателот на локалниот клуб на млади социјалдемократи од Прилеп, Бојан Цветаноски, одржа прес конференција на која зборуваше за прославата на годишнината од УМС, обвинувајќи го политичкиот подмладок на ВМРО-ДПМНЕ дека прикажале “лажен доказ” за дозвола за користење пиротехнички средства на прославата.

Прес конференцијата на Цветаноски ја пренесуваме во целост во продолжение:

Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ” дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок. Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства. Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.

Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием! Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана.

Очекуваме одговори од МВР и Панче Тошковски. Дали е ова фалсификат? Нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ова се потврди, ќе бараме кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.

Koга сме кај актуелниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, не смее да се заборави на набавката која ја потпиша неговата мајка, Мери Цветаноска, која за време на претходната владеачка гарнитура управуваше со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП).

Цветаноска беше секојдневна мета на напади од јавноста и политичките опоненти, за набавката на четирите нови автобуси за потребите на Јавниот градски превоз.

Автобусите кои тогаш беа нарекувани болиди, секој вреден по околу 250.000 евра, беа сомнеж за сторен криминал, а Цветаноска не можеше глава да крене од постојаните обвинувања од тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, и можноста кривично да одговара за оваа милионска набавка.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно потенцираше дека се сторени низа нерегуларности околу самиот тендер за набавка на автобусите, а особено сомнителна беше цената од речиси 1 милион евра. Покрај високата цена, од ОК ВМРО-ДПМНЕ се сомневаа за наместен тендер со единствен понудувач, а подоцна во повеќе наврати информираа и дека автобусите иако нови, се подложни на дефекти и често се носат на сервисирање.

Всушност набавката на четирите автобуси беше една од главните теми, со кои ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ја убеди јавноста дека постои криминал во работењето на локалната власт предводена од Илија Јованоски.

Прашањето кое и ден денеска ја мачи јавноста е следно: “Имаше, или немаше криминал при набавката на автобусите? Ако имаше, ќе покренат ли од ВМРО-ДПМНЕ кривична одговорност за Цветаноска? Ќе постапи ли Јавното обвинителство конечно по чуен глас?”

(ФОТО) Секоја чест! Шаховскиот клуб “Прилеп” почна да го обновува шаховскиот плоштад во центарот на градот

Во 2009 година на новоизградениот тогаш “Арт плоштад” во Прилеп беше направена и голема шаховска табла, која беше атракција за целиот град и посетителите.

На отварањето присутни беа голем број граѓани, а долго време потоа шаховската табла беше украс на градот, се до изминатите неколку години, кога поради неодржување и вандалство, популарниот шах стана грда слика за центарот на градот.

Испокршени табли, уништени клупи, откорнати светилки, уништени ѕидови…

Но за среќа ентузијазам постои, па од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП” решија да ги обноват шаховскиот плоштад. Како што објави претседателот на клубот на социјалните мрежи, Тони Кироски, веќе се поставуваат нови шаховски табли.

ШК “Прилеп” на овој начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници.

Да се надеваме дека оваа идеја ќе добие и поддршка од надлежните, за ова катче одново да заличи како пред 15 години.