дома блог страница 3083

Лидерот на Словенечка национална странка побара од Владата на Словенија, Македонија да не ја вика „Северна“

Лидерот на Словенечка национална странка (СНС), Змаго Јелинчич, постави пратеничко прашање во Парламентот на Република Словенија до премиерот Марјан Шарец во врска со „кршењето на човековите права во Македонија“ и побара да ѝ се обраќа со Република Македонија без Северна.

– Ви поднесувам пратеничко прашање во врска со ставот на Владата на Република Словенија за кршењето на човековите права и за политичкиот прогон на државјаните во Република Македонија, а во врска со поддршката на Владата за почнувањето преговори на Македонија со ЕУ, кое ѝ го поставувам на Владата на Словенија, наведува лидерот на партијата СНС.

Оваа партија на неодамнешните европски избори го кандидираше македонскиот активист Андреј Дочински за пратеник во Европски парламент.

– Република Македонија во октомври очекува потврда за почетокот на пристапните преговори од страна на Европскиот совет, при што своја согласност мора да даде и словенечката влада. На 27 април 2017 година Република Македонија доживеа едно од најтешките прекршувања на уставното уредување на државата, кога пратениците од владеачката коалиција, спротивно на сите законски прописи, го избраа за нов претседател на Парламентот Талат Џафери, бивш командант на терористичката ОВК. Беше изгласан без законски потребната поддршка и спротивно на парламентарната процедура. Дека е навистина така, потврдува непостоењето записник од седницата, според кој тој требаше да биде избран. Тоа беше причината што револтираните демонстранти упаднаа во Парламентот истиот ден и што сакаа да се пресметаат со пратениците. За среќа, никому не му се случи ништо посериозно. Малку подоцна лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата изјави дека очекува најстрога казна за сите демонстранти што влегоа во Парламентот. На овој повик, како продолжена рака на власта, одговори државното обвинителство и 33 демонстранти обвини за тероризам. Меѓу нив беше и светски познатиот оперски пејач Игор Дурловски, кој на протестот само ја испеа македонската химна. Без никакви докази, со политички мотивирани и спроведени судења, на кои им судеше судијка позната по тоа дека е блиска на владеачката СДСМ, 16 демонстранти беа осудени на вкупно 211 години затвор или во просек по 15 години секому. Осудени беа обични граѓани и припадници на опозицијата. Рочиштата се одвиваа во нехумани услови и дневно траеја по 14 часа непрекинато. Патем да додадам дека македонските државјани од албанска националност, борци на Исламска држава (ИСИС) што се вратија од Сирија во Македонија, во 2018 година поради учество во терористичка организација и за злосторства против човештвото, беа осудени во просек само со по шест години, наведува тој.

Натаму во неговиот поднесок се додава:

– Еден од гонетите демонстранти, Дејан Давидовски, пред да биде уапсен успеа да побегне во Шведска. Македонските власти со меѓународна потерница бараа негова екстрадиција, но шведскиот Суд во август го одби нивното барање. Во 18 точки од судот на земјата членка на ЕУ експлицитно е објаснето дека израчувањето не е можно бидејќи станува збор за политички, а не за казнен прогон, како и дека доказите доставени од страна на Македонија не го докажуваат злосторот поради кој е обвинет – тероризам. Судот во Шведска на Давидовски дури и му понуди можност за политички азил поради политички прогон во Македонија. Почитувани, по последните случувања во Република Македонија, откривањето на изнудувачката афера и апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, кои зборуваат за еден од најкорумпираните системи во светот, во кој се вплеткани криминални организации, невладини организации, Владата на Република Македонија, Обвинителството и судиите, во врска со горенаведените дејства, кои дури и суд на земја-членка на ЕУ ги потврди, дека во Македонија е во тек политички прогон на противниците на режимот на Зоран Заев, ве прашувам: Дали Владата на Република Словенија, и покрај јасно наведените факти за кршењето на темелните човекови права, на што несомнено се потпира криминалната и нелегитимна Влада на Зоран Заев, е за почеток на преговори на Република Македонија за влез во ЕУ под негова палка?, прашува Јелинчич.

Во поднесокот до Владата на Словенија Јелинчич на крајот го изнесува својот личен и ставот на својата партија за името на македонската држава:

– Како дополнување да појаснам дека Словенечка национална странка не го прифаќа новото, на Македонците натурено и со поткуп и притисок наметнато име на државата, кое се темели на пропаднатиот референдум од 2018 година. Словенечка национална странка секогаш ќе ја именува земјата со нејзиното вистинско име Република Македонија. За самостојна и независна Република Македонија, а не за ‘измислената Северна’, на референдумот во 1991 година гласаа 96,4 проценти од 75,7 отсто од излезените гласачи. На исто однесување (почитување на владеењето на правото и на волјата на народот) ја повикуваме и Владата на Република Словенија, го образложува својот став Јелинчич.

ВИДЕО: Новинарите не сакаат изјава од Заев

Во Собранието трае средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство и на која ќе се разговара за предвремени избори.

Но пред почетокот на средбата премиерот Зоран Заев сакаше да даде изјава за медиумите но новинарите незаинтересирано му порачаа изјава да даде по средбата.

Погледнете како изгледаше тоа:

(Видео) Три капиталци снимени во водите на Охридското Езеро

Познатиот нуркач од НК „Акватек“ Охрид, Никола Паскали успеа да сними три „капиталци“ – крапови – објави порталот “Ohridnet.com”.

Станува збор за три примероци на охридски крап со приближна тежина од по десеттина килограми.

“Емагазин”: Преполовена добивката на “Прилепска пиварница” – oдливот на население една од главните причини

Според билансот на успех објавен на веб страната на Македонската берза, компанијата “Прилепска пиварница” AД Прилеп во првото полугодие од 2019 година остварила добивка од 31 милиони денари, што претставува намалување во однос на истиот период минатата година, кога добивката на оваа компанија изнесувала 67 милиони денари – објави порталот “Е-магазин”.

“Во период од 01.01. до 30.06.2019 година остварен е вкупен приход во износ од 873.084.599 денари кој во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2018 година покажува остварување од 98,83%”.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Денар не им останува: Овие три хороскопски знаци се најголеми трошаџии

Без разлика дали обожаваат да тpoшат, нe caкаат да работат надвор од нивната удобна зона или едноставно уживаат во убави работи, овие три хороскопски знаци едноставно не знаат како да зaштeдат. Ако се најдете на оваа листа, тогаш сигурни сме и дека ќе разберете зошто сте тука!

Стрелец

Стрелците навистина знаат како да заpaботат пари, ни кога станува збор за нивното штeдeње – тие навистина се ужacни. Нивниот детски однос кон парите и неpaзумното тpoшење нe им дозвoлyва да тргнат ниту еден денар настpaна. Припадниците на овој знак едноставно нe прашуваат колку нешто чини, туку веднаш тpoшат на тоа што им носи задоволство.

Риби

Рибите постојано имаат финансиски пpoблеми. Нивните глави се постојано во облаци па затоа и нe се нaвикнaти на тешka физичka работа. Тие најчесто заpaботуваат од својот тaлeнт и од отворениот ум. Па, ако е нешто надвор од нивната удобна зона, тие во текот на животот пpoпуштаат илјадници прилики за нормална работа, само затоа што се плaшaт од нeyспех.

Вага

Вагите имаат неверојатно чувство за убавина. Тие уживаат во ecтетиката и во убавината на светот околу нив. Токму затоа и тие постојано тpoшат на убави нешта, кои најчесто и нe им се потpeбни. Уметникот во нив е постојано гладен за убавина, па често им даваат пpeдност на убавите работи над нeoпходните, сè додека нeмa да им ocтане ни денар во џебот.

Прилепчани нека се труjaт? Прилеп го нема во гpaдовите каде ќе се давaaт cубвeнции за инвepтepи, иако вoздуxoт е нajзaгaдeн во зима

Граѓаните на Скопје, Тетово, Кичево и Битола, доколку решат да го променат начинот на греење на домовите, ќе добијат 1.000 евра субвенција од државата.

-Ние како Влада почнавме да ја промовираме новата еколошка мерка за субвенционирање на инвертори за греење, која што ќе се спроведува преку АД ЕСМ. Мерката како пилот проект ќе почне да се спроведува во четири градови во Република Северна Македонија, кои се најзагадени, Скопје, Кичево, Битела и Тетово, изјави министерот Бектеши.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека целта на состанокот со министерот Бектеши била изнаоѓање начини и преземање чекори за забрзување во спроведувањето на одредени проекти битни за државната енергетска компанија

„Ние како ЕСМ побаравме средба со министерот за економија Крешник Бектеши со цел да поразговараме за некои проекти кои се од значење за работењето на нашата компанија, а со кои е потребно забрзување на нивната динамика. Побаравме помош тие проекти да се забрзаат од аспект на административните процедури, да се види што може министерството како институција да направи, а што е во нивна надлежност, за овие проекти да продолжат со зголемено темпо. Конкретно, се работи за проекти за одредени нови локалитети за експлоатација на јаглен во рамките на нашите термолектрани“ изјави Ковачевски.

На средбата се разговараше и за напорите за реализација на проектот Чебрен, како и за писмото кое по заклучок на Владата го испрати АД ЕСМ до Р. Бугарија со кое се искажува интерес за учество во проектот Белене, со цел државата преку ЕСМ да обезбеди широко портфолио на различни производствени капацитети кое ќе обезбеди енергетска стабилност во иднина.

НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ: Ново пocкапување за дизелот

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.

Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари.

Цената на мазуотот М-1 HC се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

„Тука луѓето доаѓаат за да се искапат, а јас фатив ѕвер од 103 кила“: Ова не е рибарска лага (ФОТО)

Рибар од Нашице, Хрватска уловил сом тежок 103 килограми и долг 252 сантиметри. 24 годишниот Невен Гвоздановиќ ѕверот го извадил од водите на езерото Лаповац во близина на неговиот град и тоа е најголемата риба која е извадена од тие води.

Вели дека борбата со сомот траела 2 часа а му помагале татко му и други рибари.

-Во ова езеро луѓето доаѓаат за да се капат, а јас вадам ѕвер од 103 килограми. Ова е рекорд на нашето езеро. Ниту еден рибар не памети некој да извадил поголема риба, вели Невен.

Тој додава дека уловот обично го враќа во водата, но сомот ќе го задржи затоа што планот е неговата глава да биде препарирана и тој да стои како трофеј во неговото локално риболовно друштво.

Фондот за здpaвство со важно соопштение до граѓаните: Ова се измените за купување на лekови од аптеките

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

– Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица – се наведува во соопштението на ФЗОМ.

Унгарецот кој ја одби екстрадицијата за Груевски ќе биде нов Комесар за пpoширување на ЕУ

Професорот Ласло Трошањи, од Унгарија, е предложен за нов комесар за проширување и соседска политика на ЕУ, соопшти денеска шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Трошањи беше министер за правда во владата на Виктор Орбан од 2014 до јули 2019-та година. Во ноември минатата година министерката за правда Рената Дескоска поднесе официјално барање до Будимпешта за екстрадиција на азилантот Никола Груевски, но во јуни 2019, после одлуката на надлежниот суд, тогашниот министер за правда на унгарија, Ласло Трошањи, испрати писмо со негативен одговор.

Изборот на Трошањи, како и на другите кандидати, изготвен по долги преговори, треба да добие и поддршка од новиот Европски парламент, но очекува дека тоа нема да биде проблем. Сериозни кандидати за позицијата комесар за проширување беа и словенецот Јанез Ленарчиќ, како и хрватицата Дубравка Шуица, поранешен градоначалник на Дубровник.

Што се однесува до сега номинираниот кандидат, тој има позитивно мислење по однос на проширувањето на Европската Унија, став кој го има и официјална Будимпешта, но сепак тешко е да се предвиди дали таквиот став ќе успее да го наметне и врз неговите колеги во Комисијата кои се претставници на Франција, Холандија, Белгија и Данска, земји кои се поскептични на темата проширување и одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Предложениот Трошањи има и дипломатско искуство, односно во периодот од 2000 до 2004 година беше амбасадор на Унгарија во Белгија, а од 2010 до 2014 година бил амбасадор во Франција. Трошањи беше заменик член на Венецијанската комисија на Советот на Европа од 2005 до 2013 година, како и член на Уставниот суд на Унгарија од 2007 до 2010 година.

Трошањи е професор на правниот факултет на Универзитетот во Сегедин. Тој е роден во 1956 година во Будимпешта, а во 1980 година заврши Факултет по право и политички науки. Трошањи е оженет и татко на три деца. Член е на унгарската владеачка партија Фидез.

Извор: “Magazin.mk”