„Тука луѓето доаѓаат за да се искапат, а јас фатив ѕвер од 103 кила“: Ова не е рибарска лага (ФОТО)

Рибар од Нашице, Хрватска уловил сом тежок 103 килограми и долг 252 сантиметри. 24 годишниот Невен Гвоздановиќ ѕверот го извадил од водите на езерото Лаповац во близина на неговиот град и тоа е најголемата риба која е извадена од тие води.

Вели дека борбата со сомот траела 2 часа а му помагале татко му и други рибари.

-Во ова езеро луѓето доаѓаат за да се капат, а јас вадам ѕвер од 103 килограми. Ова е рекорд на нашето езеро. Ниту еден рибар не памети некој да извадил поголема риба, вели Невен.

Тој додава дека уловот обично го враќа во водата, но сомот ќе го задржи затоа што планот е неговата глава да биде препарирана и тој да стои како трофеј во неговото локално риболовно друштво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.