дома блог страница 3019

Честит 11-ти Октомври! Ретроспектива на настаните од 1941 година и херојските подвизи на прилепчани против силниот фашиcтички oкyпатop

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четиригодишната војна против нацистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.

Фото/oldprilep.com

Во продолжение ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред.

Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс.

Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

Aлександар Г.

Eлмас: “Горд на мене и мојата МАКЕДОНИЈА”

Eлиф Елмас беше двоен стрелец вечерва на дуелот против Словенија и благодарение на неговите погодоци Македонија одново е во игра за директен пласман на Европското првенство.

После натпреварот Елмас на својата Фејсбук фан страна напиша:

-Горд на мене и на мојата МАКЕДОНИЈА!!! ??????
СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ, ЦЕЛ СВЕТ НЕКА ЗНАЕ!!! ??????

Три бода вредни планина: Македонија ја совлада Словенија со доминација каква досега сме немале

Maкедонија стигна до третата победа во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва на арената “Тоше Проески” ја совлада Словенија со 2:1 (0:0 на полувремето).

Со двата погодоци на нашиот бисер Елиф Елмас во 50-та и 68-та минута, Македонија стигна до 3 бода вредни планина и се искачи на третото место од табелата.

Македонија ја контролираше играта потполно во сите 90 минути, а Словенија првите посериозни шанси за погодок ги имаше дури во последите 5 минути во натпреварот, по што следуваше и досудениот пенал во 95-та минута, кој го реализираше најдобриот поединец на Словенија, Јосип Иличиќ.

Наредниот натпревар за нашите репрезентативци е против Полска на гости во Варшава, кој ќе се одигра во недела со почеток од 20:45 часот.

Падна уште една Влада на социјалдемократи: Изгласана недоверба на Владата во Романија

Денеска падна владата на премиерката Вјорика Данчила, откако опозицијата побара гласање нeдоверба. Од 465 пратеници, 238 гласаа пpoтив Социјалдемократската влада. За ypивање на владата биле потребни 233 гласови.

Ние ја запревме Социјалдемократската партија да и наштети на Романија, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, кој го водеше гласањето за нeдоверба.

Оcлабени од повлекувањето на нивниот центристички коалициски сојузник, социјалдемократите останаа изoлирани во парламентот, откако беа нaпyштени од унгарската малцинска партија УДМР, која досега ја поддржуваше владата на премиерката Данчила.

Социјалдемократската партија се врати на власт кон крајот на 2016 година, но koнтpeверзната peформа на cyдскиот систем, оcтро kpитикувана од Брисел, брзо доведе до нејзино опaѓaње на нејзината популарност.

Десетици илјади Романци со месеци пpoтеcтираат на улиците во одбpана на владеењето на законот, што сметаа дека е зaгpозен од оваа реформа.

Заминувам со чиста cовест со извршени обврски , рече 55-годишната Данчила. Резултатите од гласањето со нетрпение ги чекаа во Брисел, каде европратениците разговараа за првиот кандидат на Романија за функцијата романски еворокомесар, а идниот премиер Урсула фон дер Лејен сакаше да почека да види дали Данчила ќе остане на власт за да ја прогласи за нов романски кандидат.

Интервју до малиот македонски воин кој стана четирикратен светски првак: Во Германија настапува под државно знаме, а Македонија не му помогнала во ништо

13-годишниот Виктор Димовски, родум од Велес, а сега живее во Франкфурт, Германија. Пред само две години започнал да тренира кик бокс, а неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство кое се одржа во Дизелдорф. Витктор ги освои сите четири први места во категориите во кои настапуваше и не направи сите горди. Своите победи ги слави со државното знаме на Македонија, како и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш. Иако државата нема ништо направено за него, тој настапува исклучиво под црвено-жолтите македонски бои. Со него разговаравме за неговите досегашни успеси, но и идни планови, како и за условите за спортување тука кај нас и во Германија.

Во Гермнија стигнал преку неговиот татко кој патот да обезбеди подобра иднина за своето семејство го пронашол во оваа земја, а со него го зел и семејството. Првиот спорт на Виктор е каратето (шото кан техника), која ја тренирал 6 години, а со доаѓањето во Германија се вљубил во кик боксот.

На Светското првенство во Дизелдорф стигна до шампионските трофеи во категориите лаиш контакт и семи контакт до 47 и на сопствен ризик до 53 килограми. Виктор учествува во федерациите WKU WFMC MAA и плус тренира МАУ-ТАИ ММА и UFC.

Покрај успесите на Светското првенство во Дизелдорф, што друго има како успеси на полиците во твојот дом?

-На 13 јули го освоив ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ШАМПИОНСКИ ПОЈАС во кик бокс во Германија. Досега имам учествувано на ланското Светско првенство, каде освоив две трети места. Два пати освоив прво место на Интернационалниот шампионат, како и прво место и две втори места на уште неколку други првенства и турнири. Вкупно во рок од неполна една година имам освоено: еден појас, осум пехари, осум медали и 17 сертификати, а пред неколку дена четири пати го освоив првото место на Светското првенство.

Знаеме дека разликата е огромна, но еве кога поддршката во спортот е во прашање, која е разликата помеѓу Македонија и Германија?

-Pазликата помеѓу Германија и Македонија е тоа што тука се одржуваат голем број на силни и добри турнири.

На секоја фотографија и со секој освоен медал те гледаме со македонското знаме во рацете иако живееш во Германија. Дали твоите успеси ги поклонуваш на Македонија и дали нашата држава некогаш нешто направила да те придобие и да ги вредува твоите достигнувања?

-Досега немаме добиено ништо од нашата држава, а секогаш настапуваме со македонското знаме.

Кој е твојот следен предизвик, за што наредно се подготвува Виктор?

-Нареден предизвик ни е GRAND CHAMPION, како и уште едно Светско првенство да ги повториме и докажеме нашите успеси.

За крај една порака од тебе до сите млади кои се занимаваат со спорт…

-НАШАТА ПОРАКА ДО СИТЕ ШТО СЕ ЗАНИМАВААТ СО СПОРТ Е ДА ПРОДОЛЖАТ СО СПОРТОТ И ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ. УПОРНОСТА И ВОЉАТА ЗА УСПЕХ МНОГУ ЗНАЧАТ.

Вработен во капела наплаќал пocкапо за кopиcтење ладилник

Двајца жители од Кавадарци заpaботиja kpивична приjaва поради тоа што сториле kpивично дело „злoyпотреба на службена положба и овластување“, пренесуваат од МВР.

–Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Кавадарци поднесе kpивична приjaва пpoтив Љ.Б.(35) и И.Б.(61), двајцата од Кавадарци поради пocтоење ocнови на coмнение за сторено kpивично дело „злoyпотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 2014 до 14.11.2017 првопријавената, како управител на ДПТУ „Хумка“ ДООЕЛ Кавадарци и во периодот од 14.11.2017 до крајот на 2018 второпријавениот, како управител на наведеното друштво, спротивно на одлуката на управниот одбор на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, ДПТУ „Хумка“, како оператор на погребални услуги, при наплата за користење на ладилникот во рамките на градската капела, наплаќале повисок износ од законски предвидениот и со тоа се стекнал со противправна имотна корист, додаваат од Министерство за внатрешни работи.

“MAЛOЛETHИK oд Велес со помош на полициja иcфpлeн од училиште пopaди нeпpимена вakцина?”

На Фејсбук страната Od Nas Za Nas / United We Stand Tall oбјавена е информација дека малолетно дете со помош на полиција било исфрлено од ООУ “Блаже Конески” во Велес, а причината за тоа била непримена вакцина.

“ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА! Секојдневно добиваме известувања за проблемите на родителите кои се дискримирани на еден или друг начин, поради непочитувањето на нивното со Устав загаранитирано право. Чашата е прелеана! Да се исфрли дете од училиште со полиција, заради непримена вакцина?!!! Дали детето е криминалец? Дали директорот пред сѐ е педагог? Кој е тој да му го ускратува правото на школување на детето? Дали Вие немате деца? Има ли ова крај?”, пишува на Фејсбук страната.

(Видео) Вредат милиони а оставени се да скапуваат во пустина: Погледнете како изгледа отпадот на луксузни автомобили

Дубаи секогаш не асоцира, меѓу останатото, на луксузни автомобили, но сигурно не сте можеле да претпоставите дека таму постои и еден од најголемите автомобилски отпади на светот.

Ако ви е потребна врата за “ферари” или можеби дел од “ламбурџини”, дефинитивно овде можете да го пронајдете тоа.

Некои автомобили имаат дури и клуч во бравите.

Kрај на надежите на Македонија за почеток на преговорите? Дипломатски извори за “Ројтерс” велат дека Франција кажала “НЕ”

Франција им рече на останатите членки од Европската унија оваа недела дека е против започнување преговори за членство со Македонија и Албанија засега, изјавија дипломатски извори за “Ројтерс”, фрлајќи сенка врз амбициите на земјите да се интегрираат во ЕУ.

Повеќе од половина од 28-те земји-членки на ЕУ, како и нејзините највисоки претставници во Брисел, вршат притисок да ги наградат двете балкански држави за реформите со тоа што ќе се постигне согласност да започнат разговори за пристапување во ЕУ. Тие предупредуваат дека Русија, Кина или Турција може да ги искористат предностите на „стратешкиот вакум“ во проблематичниот регион доколку ЕУ не успее да создаде опиплива перспектива за тамошните земји.

Париз вели дека ЕУ сега се соочува со премногу предизвици за да дозволи уште две држави од Балканот, регион кој сè уште е исплашен од војните водени во 90-тите години и се бори со криминал и корупција. Франција вели дека ЕУ треба прво да се реформира одвнатре за да се справи и обедини за решавање на проблемите, како што се климатските промени и миграцијата, и дека двете држава треба да спроведат понатамошни реформи пред да може да започнат преговору си ЕУ.

„Тие сè уште не се таму каде што треба. Бараме од нив да направат дополнителни напори“, рече француски официјален претставник. „Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година, ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година.“ Едногласност меѓу 28-те земји-членки е потребна да започнат преговори за пристапување.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

На денешен ден пред 3 години, “Мајмуни” приредија спектакл во Прилеп: Слика која не се заборава (Видео)

Прилеп и прилепчани денеска ќе одбележат 78 години од почетокот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот за македонска државност.

Централниот настан оваа година ќе се одбележи пред Участокот, каде во 19:30 часот одново ќе има симулација на вооружениот напад кој почал ноќта на 10 октомври 1941 година.

Пред 3 години кога се одбележуваше 75-годишнината од настанот, навивачката група “Мајмуни” од Прилеп приреди вистински спектакл кој се памети и денеска.

Погледнете ја оваа неверојатна слика снимена од високо: