дома блог страница 3018

ЗАЕВ ГО ЧЕСТИТАШЕ 11 ОКТОМВРИ: Во ниеден момент не спомена пpoтив кого се бopeле пapтизаните

„Денеска стоиме исправено полни со гордост за да ја обележиме 78 годишнина од државниот празник 11 Октомври- Ден на народното востание“, вака премиерот Зоран Заев го започна своето обраќање пред присутните во Куманово на одбележувањето на големиот празник за државата.

„На 11-ти октомври овде во Куманово и во Прилеп беше означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонска држава на мапата на народите на светот. Тоа утро во Прилеп и Куманово пламна искрата на борбата на отпорот, на стремежот нашата земја да биде дом на слободата, победник над окупацијата“, кажа Заев.

Заев во обраќањето потсети дека тука може да се живее убаво, а сега го имаме демократскиот свет на наша страна! „Денес се бориме против загадувањето, корупцијта и сиромаштијата“, рече тој.

„Сите заедно успеавме! На прагот сме пред официјално членство во НАТО и пред почеток на преговорите за членство во ЕУ. Седнуваме рамо до рамо со нашите сојузници. Драги соѓраѓни вие кои сте современици на овие историски моменти за државата вие сте заслужни за тоа – вие сте носители на успехот!

Пред 78 години борците и борките ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме. Слободата нека ни биде инспирација! Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание“, порача Заев на одбележувањето на денешниот празник.

Сестра Татјана го честита 11 Октомври со сонцето од Кутлеш

Како и 8 Септември, и европската титула на ракометарите на Вардар, сестра Татјана Атанасова и Денот на народното востание на македонскиот народ 11 Октомври го честита на Твитер со знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

“Ах бре Македонче….зошто ја сквepнавиме македонската историја? БРУКА!”

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков)

-Во предвечерието на еден од најголемите празници на Македонија, 11-Октомври. Уште еден вандалски чин. Атак над Споменикот на децата бегалци во Паркот “Жена Борец“ спроти Собранието на Македонија во централното градско подрачје на Скопје!

(Видео) МАКЕДОНСКАТА „ФАЛАНГА“ ГРШМЕШЕ НА СТАДИОН: Порача „Никогаш Северна, само Македонија“

Со два гола на Елиф Елмас, Македонија ја победи Словенија со 2-1 во квалификациски меч за Европското првенство. „Дијамантот“ блесна најсилно досега и донесе три многу важни бодови за нашата репрезентација.

Атомсферата на трибините беше неверојатна, а радоста кај навивачите беше голема. Сепак Македонија доминираше па македонските навивачи, македонската фаланга немаше многу потреба од грижи па се одлучи во повеќе наврати да испрати политички пораки. Имено јасно е дека мнозинството на граѓани е против промената на името, a тоа го потврдија и навивачите на стадионот Филип II во текот на вчерашниот ден кои се одлучија уште еднаш да ја испратат истата порака.

Видеото погледнете го ТУКА

Бpyка: “Му забpaнyва ли некој на гpaдoначалникот да рече Maкедонија? Ги ycpaми ли првобopците од Прилеп?” (Видео)

Со импровизираниот напад на градот, стилизираната реконструкција на случувањата од пред 78 години и богатиот огномет, Прилеп го одбележа Денот на народното востание, 11.Октомври.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека во предвечерието на големиот национален празник, граѓаните на Прилеп им оддаваат почит на борците, на хероите кои што ги положија своите животи на браникот на слободата.

Како и претходно во неговиот говор изостана Македонија, а името на државата беше заменето со добро познатите зборови “нашата држава”.

„На овој ден пред 78 години, во Прилеп одекнаа слободарските пушки и востаничките истрели. Храбрите партизани ја започнаа борбата за социјална правда и слобода, испишувајќи го овој светол датум во историјата, вграден во македонската државотворност. 11.Октомври е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот Град Херој – Првоборец“, изјави Јованоски.

Заев не стана “нобеловец”: Наградата му ја зеде премиерот на Етиопија

Нобеловата награда за мир, за која беа номинирани Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја доби премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед.

43-годишниот Ахмед, кој лани дојде на премиерската функција, ја добива наградата за напорите да се воспостават мир и меѓународна соработка помеѓу Етиопија и Еритреја, со што беше ставен крај на долгогодишниот граничен конфликт.

–Кога лани во април дојде на премиерската фунцкија, Ахмед јасно изрази желба дека сака да ги продолжи мировните разговори со Еритреја. Важен чекор беше неговата волја да ја прифати арбитражната одлука на меѓународната гранична комисија од 2002 година, соопшти Нобеловиот комитет.

Српски историчар за Македонија: Кога еднаш ќе отстапиш од националните интереси, нема крај

Српскиот историчар Милош Ковиќ предупредува Србија да извлече поука од бугарското условување на поддршката за членство во Европска унија на Македонија, иако таа ги исполни сите налози, вклучувајќи ја и промената на државното име.

„Денес навистина може да се зборува за македонска парадигма. Земјата и народот ги исполнија практично сите услови, при што народот се држи блескаво, за што сведочи и последниот референдум во Македонија, но гледаме што прават т.н. елити што ја водат таа земја. Гледаме нација што совршено брзо, наспроти волјата на народот, ги исполнува сите налози. И што се случува, дали се наградени за тоа? Напротив“, констатира за „Спутник“ професорот на Филозофскиот факултет во Белград.

Според него, уцените од Софија се логична последица кога еднаш ќе се откажете од тоа што го сметате за клучна одредница на сопствениот национален идентитет.

„Кога еднаш ќе се откажете од виталните национални интереси, а нема ништо потемелно од тоа од името на земјата и од јазикот, тогаш нема крај. И се плашам дека токму овој вид исполнување на сите барања што ѝ се поставуваат на Северна Македонија води кон поништување прво на македонската држава, а потоа и на македонскиот национален идентитет“, смета Ковиќ.

Денеска е Преподобен Харитон Исповедник- основал три манастири

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.

Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.

Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до cmpтта на Аврелијан. По излегувањето од затвopoт, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манастирот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. На крајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се ycпокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската

Возеше мотор по бившата молејќи ја да не се мажи, клекна дури и на колена (Видео)

Момче од Колумбија очиглено многу гледал романтични филмови, па мислел дека тоа сценарио ќе успее и во реален живот.

Тој со мотор бркал автомобил на кој се возела неговата поранешна девојка која баш тој ден правела свадба.

Откако го застана автомобилот, со кацига на глава ја молеше да не се мажи, па во еден момент клекна на колена.

Се обиде да ја бакне, но таа нежно го бутна.

Случајните минувачи мислеле дек ќе заврши со среќен крај, но сепак после некое време тој си седнал на моторот, а девојката си продолжила по својот пат.

Снимката е објавена на Интернет, а многумина прокоментираа дека тој си имал шанса, и сега треба да ја остави на мира.

Спектакл покрај Црн Дрим во Струга: “Паткари” прославија 30 години постоење (Видео)

Навивачката група “Паткари” од Струга синоќа на кејовите од реката Црн Дрим приреди вистински спектакл, а причината за тоа е 30-годишнината од постоењето на оваа бројна и верна навивачка група.

Погледнете: