дома блог страница 2993

ДЕНЕС Е СПОMEН НА СВЕТИOT АПОСТОЛ ФИЛИП: Ова задoлжитeлно изговорете го за оздpaвување на вашите блиски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Православните верници денес го одбележуваат светиот апостол Филип, со потекло од Кесарија (денешна Палестин) кој целиот свој живот проповедал христијанство и ги описмнувал сите оние кои сакале да учат, без разлика на вера и националнocт.

Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на проpoкување и сите четири зaвeтувани дeвици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓаkoни, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиpoмашните и на вдoвицитe.

Кога настана гoнeњето на христијаните во Јерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го пpoповедаше Евангелието и Го cвeдочеше Бога со многубројни чyдa и изгoнyвања на дeмoни, со иcцeленија на бoлни итн. Кога ги виде чyдaта на апостолот, се kpсти и пpoчуениот вoлх Симон.

Свети Филип го kpсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа, Ангел Божји во истиот миг нeвидливo го пренесе во Азoт, кадешто оттогаш поучуваше и пpoповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Лидија каде што kpсти многумина. Се упоkoи мирно во длабока старост.

Денеска светот дава богатство и штити од напacти, затоа на денешен ден трба да се мoлите на Свети апостол Филип, да го мoли милостивиот Бог да ги опpoсти гpeвовите.

Со реченицата: Апостоле, свети Филип, мoли го милocтивиот Бог да ни ги опpoсти гpeвовите на нашите дyши.

“Утрово блокиран патот кон Болницата?” (ФОТО)

Градежни активности утрово привремено го блокирале патот кон болницата во Прилеп…

Светот полуде по овој рецепт: Нема веќе пржење компири

Со овие компири не ви треба главно јадење, сами по себе се многу вкусни, а и лесни за приготвување.

Потребни ви се 4 шолји млеко, 1,5 шолји палента, 2 лажици зејтин, 70 грама сирење, лажичка сол, 3 лажици маслиново масло.

На тивок оган ставете го млекото во сад и варете го. Полека додадете ја палентата додека не добиете хомогена смеса. Смалете го оганот и мешајте околу 5 минути. Додајте го сирењето и солта.

Мешајте додека сите грутки не се растопат и смесата не се изедначи, па ставете ја во тава која претходно сте ја намачкале со зејтинот.

Оставете ја да отстои 20 минути, па ставете ја во фрижидер еден час. Потоа извадете го тавчето, и почнете да сечете во форма на компирчиња. Ставете масло во тава и пржете ги од двете страни околу две минути.

Нема да зажалите!

ВИДЕО: Свари макарони и ги нареди вака во тепсија – кога ќе го видите крајниот резултат и вие ќе го направите истото

Цел свет ги сака италијанските јадења. Тие се подготвуваат во сите делови на светот и речиси сите со радост ги подготвуваат, но и конзумираат.

Ова јадење се базира на домати и е многу едноставно. Со оглед на тоа што за повеќето јадења од италијанската кујна е потребно време и долга подготовка, алтернативата е сосема во ред.

Погледнете го овој мошне специфичен начин на правење паста. „Пита“ пастата е феноменална опција за вечера која сите на масата ќе ги натера да бараат уште.

“Комити”: “Нивната храброст, наша слобода, ВМРО 1893” (ФОТО)

Навивачката група “Комити” на денешниот натпревар помеѓу Вардар и Борец, кој домаќините го добија со 2:0, истакнаа транспарент на кој пишуваше:

“Нивната храброст, наша слобода, ВМРО 1893”

Министерот за одбрана од Прилеп: Да живее организацијата, да живее Македонија

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски по повод Денот на македонската револуционерна борба денеска сподели фотографии од настанот на кој присуствуваше и се одржа во Прилеп во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Успешни и квалитетни луѓе се најлесни за комуникација. Заедно до обнова на Македонија! Честити празник, да живее организацијата, да живее Македонија, напиша Борко Ристовски.

Ова сигурно не сте го знаеле: Oткриена нова особина на чоколадото која ќе ви помогне кога сте настинати

Професор Алин Морис, шеф на катедрата за кардиоваскуларни болести и болести на системот за дишење при Универзитетот Хул и оснивач на Меѓународното друштво за проучување на кашлицата, тврди дека чоколадото ја ублажува кашлицата и дишните проблеми.

Лекарот додал дека за тоа има и прилично цврсти докази. Пишувајќи за MailOnline, Алин кој поминал години истражувајќи ја кашлицата, вели дека резултатите од неодамнешното истражување за ефектите од лекот кој оди без рецепт а во својата содржина има какао биле подобри од оние на стандардниот сируп против кашлица.

Истражувањето кое е спроведено на 163 лица открило дека пациентите кои земале лек на база на чоколадо ја подобриле својата состојба со кашлицата за само два дена.

Сепак, ова не е прва студија која сугерира дека чоколадото може да ја смири кашлицата.

Истражувачите од Империал Колеџ во Лондон откриле дека теобромин, алкалоидот во какаото, е подобар за сузбивање на нагонот за кашлање отколку кодеинот – состојка која често се користи во лековите против кашлица.

Главно, според професор Алин Морис, сѐ се сведува на „благотворните својства“ на чоколадото – со други зборови, лепливо е, што значи дека формира облога на нервните завршетоци на грлото, потиснувајќи ја потребата за кашлање.

Сакал да боксува против својата девојка, а потоа сфатил дека не ѝ е “ни до колена” (Видео)

Борбите со луѓе кои тренираат боречки спортови обично трае многу кратко, а ни снимката која ќе ја погледнете во продолжение не е исклучок.

Некои мажи сметаат дека можат да се мерат во боречките спортови дури и со девојки кои тренираат и покрај бројните докази кои го покажуваат спротивното. Тренирањето бокс и други боречки спортови може да биде огромна предност, а тоа го демонстрирал и овој пар.

Девојката и момчето одлучиле да ги навлечат боксерските ракавици и да им приредат мало шоу на пријателите, но набрзо станало јасно дека момчето без тренинг не ѝ е “ни до колена” на девојката која тренира бокс. Таа успеала да го приземји со еден удар, а снимката од нивната кратка “пресметка” стана вистински хит на интернет.

Mицкоски од Прилеп: Блискоста со мене не ви носи привилегии, нема да имам милocт кон оној кој ќе посегне по коpyпција!

Сигурен во изборната победа, претседателот на ВМРО-ПНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп порача дека главните предизвици доаѓаат по формирањето на новата влада.

-Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, исправена, eвропски интегрирана, техниолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Обновата значи да ги решиме и проблемите за кои говорев на почетокот, онаа неправдата која им е нанесена на Трајче и Сиљан од Битола, да помогнеме на Митре од Струмица, Жаклина од Ресен, Димитар од Карпош, да ја вратиме Гордана. Да решиме стотици, илјадници проблеми на граѓаните, рече тој.

Според него, задача на новата влада ќе биде да се вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа.

-Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот. Не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во Буџетот на Македонија. Мора да се врати одземеното. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитено.

Мицкоски им се обрати на кандидатите кои ќе ја застапуваат ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

-Повеќето од вас овде ќе бидат кандидати и треба да знаат дека по изборите ќе имаат одговорна задача да ѝ служат на земјата и да раководат со институциите. И имам неколку пораки до вас:

Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот. Од него ќе ја имате довербата, и тој е најважниот столб во оваа држава. Вие му служите нему, а не тој вам.

Нема да имам милост кон било кој што ќе посегне по неправда и корупција, одговорност за сегашната власт ќе има за оние кои се огрешиле кон законот, а со лупа од блиску ќе ја следам и вашата работа и за секој престап одговорноста ќе биде понесена, без оглед колку некој е близок со мене и колку битки заедно сме издвојувале. Тоа не ве прави големи, туку мора да ве прави поодговорни. Мора да се врати кај народот вербата во политичарите зашто не сме сите исти, а доаѓа ново време. Ќе ја вратиме вербата со дела, изразен морален и етички кодекс на однесување и никакви делби на граѓаните.

Не смееме да ги направиме грешките на оваа неодговорна власт, и да научиме од грешките на нашето владеење кои му сметаа на народот.

Мора да работиме десет пати, сто пати подобро и понапорно од било кога досега за да ја обновиме земјата.

Мора да го оствариме сонот за развиена држава, да отвориме досега најголема битка против неправдите.

Не смее да се дозволува неефикасност во работата, незаслужени приоритети или врски во образованието и здравството.

Не смее помалку вредните да го завземаат местото на успешните. Мора да се оствари ветеното и реално да се каже што ќе се оствари.

Да ги тргнеме на страна национал романтичарските теми за лов на гласови, и да ја добиеме довербата со дела и проекти за подобар живот.

Мораме државата да ја ставиме на брза патека за влез во Европската унија. Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар.

Не смееме да се однесуваме неодговорно и спрема националните прашања.

Заборавете на лускузот и удобствата на државна сметка. Секој денар е туѓ и му припаѓа на напатениот народ. Обновата на Македонија не е само повисоките плати, пензии за кои ќе се бориме, пониските даноци кои ќе ги воведеме, туку и обнова на пристапот и начинот на практикување на политиката. Можеме и ќе успееме и ви ветувам дека ќе успееме.

Мудрите луѓе рекле „животот им припаѓа на живите, и тој кој живее мора да е подготвен за промени. Сѐ што можете да го направите, или за кое мечтаете дека би можеле, започнете го. Храброста ги има генијот, моќта и магијата во самата себе”.

ВМРО ја запали машината. И ВМРО ќе ја донесе победата. Тоа е локомотивата која на брзи шини ќе ги донесе промените.

Ќе покажеме како одговорно се владее и како се дава шанса на успехот. Кога сите не отпишаа, ние покажавме пркос, кога не птоценуваа, ние работевме. Сега се исправаме и тргаме во последниот поход, каде целта е Македонија и ќе победиме.

ВМРО е народот, а народот е Македонија.

Заедно со сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати, заедно со Коалицијата за обнова на Македонија тргаме кон победа, заедничката победа и триумф на народот.

Јас не влегов во политиката за корист, туку за кауза и идеал. Мојата цел е успехот, а каузата она што сите нас силно не врзува – Македонија. Вие сте нашата сила, а силата ја прават сплотени луѓе. Ние денес се сплотуваме за нашата земја, за нашата иднина, за нашиот заеднички успех.

Ќе победиме заедно, со срце кои чукаат како едно. Да покажеме дека можеме и дека ќе успееме, а Македонија секогаш ја крепеле храбрите и одлучните. Кажете по улиците и маалата дека Обновата доаѓа, дека часот чукна и народот не може да се пречкрта. На 12 април доаѓа одговорот на народот, заврши тој.

Уметнocт која ќе ве фacциниpa: Интервjy со Xpиcтиjaн Cпacecки, пpилeпчaнeц кој coздaвa тpajни cпoмeни (Фото галерија)

Христијан Спасески е супер талентиран уметник кој создава трајни спомени. Техниката со која ги создава овие ремек дела се вика пирографија, а што значи тоа и нешто повеќе за него прочитајте во интервјуто во продолжение.

Што е пирографија и што подразбира оваа техника?

-Пирографија претставува уметничка техника на трајно нанесување одреден мотив на дрво со горење. Можи да се нанесува и на други предмети како што се кожа, плута, хартија, гума, но најприкладно, најтрајно и најуникатно е дрвото. Станува збор за техника која сака многу внимание и во која нема простор за грешки.

Кои алатки се користат за да се изработи едно вакво уметничко дело?

-За да се изработи едно вакво уметничко дело се користи пирограф чиј метален врв се загрева на одредена температура која можеме да ја регулираме соодветно на нијансата која сакаме да ја добиеме. Се користат различни врвови за различна намена.Најпрво треба да се обезбеди соодветно дрво, кое мора да биди во одбрани димензии, фино исполирано, без чворови, без различни нијанси и да е лесно согорливо. Најприкладни се липа, топола, бука и јавор. Генерално пред да се започни со горење се прави скица, со молив се нанесува мотивот што сакаме да се изработи. Откако ќе се направи скицата се започнува процесот на горење. На крајот можи да се стави боја на одредени детали, финално се става лак како заштита и сјај на дрвото.

Од каде кај тебе се разви љубовта кон овој начин на уметничко изразување и како го откри својот талент?

-Талентот од секогаш бил тука, од кога знам за себе цртам со молив. Морам да кажам дека како и многу други, и јас не знаев за оваа техника пред да почнам да ја работам. Дознав за истата благодарение на еден мој пријател-уметник Г-дин Сашо Илоски кој професионално се занимава со изработка на колаж од сламки поддржан со пирографија. Тој ми објасна какви чуда можат да се пренесат преку пирографот. После првото изработено дело кое и не беше најсовршено, развивањето на љубов во мене за правење на нешто толку оригинално беше неизбежно.

Колку време се занимаваш со овој вид на уметност?

-Речиси 2 години.

Колку време е потребно за да се изработи една слика?

-Мене лично потребни ми се околу 7 дена, во зависност од сложеноста на сликата и димензијата, но и од моето слободно време.

Дали постои интерес кај граѓаните и која група на луѓе најмногу ги бараат овие уметнички дела?

-Може да се кажи да, постои интерес кај луѓето. Самата реткост на оваа техника прави тие да се интересираат на овој начин да си ги овековечат драгите фотографии.

Дали ова твое хоби би сакал да премине во професија, односно дали си размислувал од овој вид уметност да направиш нешто повеќе од хоби?

-Нормално, кој не би сакал. Среќен сум што можам да кажам дека веќе преминува во професија бидејќи со секоја споделена слика на социлајните мрежи сѐ повеќе се зголемува побаруваноста.

Освен портрети и семејни фотографии, што се’ друго изработуваш и дали сликите се секогаш по порачка или ги работиш и за своја душа?

-Моментално само тоа изработувам, но секогаш сум спремен за нов предизвик и за нешто ново. Сликите ги работам по порачка, искрено немам време за слики за своја душа.

Со што друго се занимава Христијан, имаш ли друго занимање?

-Вработен сум во ВИК Македонија, работам како техничар.

За крај, кое е твоето мислење, постои ли можност да се живее од уметност во Македонија?

-Колку и да сакам да бидам оптимист, во овој момент не можам да кажам дека може да се живее само од ова. Општо гледано, процесот е долг и бавен, што ја прави цената прилично висока за луѓето тука. Затоа, за да ја задржам заинтересираноста на купувачите, моите дела ги продавам по цена која тие можат да си ја дозволат, цена која секако не е доволна за само со неа да се помине месецот.