дома блог страница 2988

(Видео) Влacта со cила пpoтив земјоделците: Полициjaта ги спpeчи да се упатат кон Влада

Протестот на земјоделците кој започна пред ТЦ. Мавровка, а требаше да заврши пред Влада, е спречен од страна на полицијата.

Македонските земјоделци кои претходно му порачаа на премиерот Зоран Заев оти нема да му простат, сега од кога беа спречени да стигнат пред македонската влада за да побараат исполнување на низата барања, кои инаку веќе добро и се познати на власта, скандираа: Оставка, оставка.

Вака се оди по невеста во Прилеп: Оригинално и несекојдневно (Видео)

Несекојдневна и оригинална слика во центарот на Прилеп. Со сканија по невеста, секоја чест!

Погледнете:

Српската машина го престигна Мајкл Џордан: Јокиќ царува во НБА (ВИДЕО)

Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ го надмина Мајкл Џордан според бројот на натпревари со трипл-дабл ефект во регуларен дел од сезона.

Во драматичната победа на Денвер на Феникс, по продолженија, Јокиќ го забележа 29. трипл-дабл, постигнувајќи 23 поени, 14 скока и 13 асистенции. Тој сега се наоѓа на 12 позиција на делба на местото со Грент Хил.

„Тоа е убаво, но статистиката навистина не ми е важна. Не би рекол дека не ми е драго, но тоа сепак не претставува ништо посебно. Се надевам дека ќе го надминам Мајкл Џордан по бројот на освоени титули. Тоа би било многу подобро“ – изјави Јокиќ.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Голем пpoтecт на земјоделците пред Владата

Следете го во живо протecтот на земјоделците од целата држава пред Владата.

Протестот во живо го пренесува порталот “Инфомакс”.

За после саботниот семеен ручек: Вкусна чоколадна торта која не се пече (ВИДЕО)

Рецепт за евтина, крцкава и вкусна чоколадна торта. Овој колач не се пече, лесно се подготвува, готов е за миг, а е погоден за сите ситуации кога имате ненајавени гости.

Состојки:

280 грама чоколадо за готвење;

250 грама ореви;

50 грама суво грозје;

Околу 20 бисквити со средна големина;

150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Деталното упатство за подготовка можете да го погледнете во приложеното видео:

Аплицирајте: “8 нови вработувања во Општина Прилеп, шофери, Пи-Ари, спортисти, урбанисти?”

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 лица. Според огласот објавен на веб страната од Агенцијата за администрација отворени се следниве работни места:

Најчудно е тоа што за соверник за спорт се бара Правен факултет…

Помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови за ова работно место: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Правни науки или Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Основната плата изнесува: 32.900,00 денари.

Раководител на одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Основна плата: 29.720,00 денари

Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 26.275,00 денари

Помлад соработник за здравствена, социјална и детска заштита, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Здравствена нега (сестринство) или Социјална работа и социјална политика, со или без работно искуство во струката

Основна плата: 22.035,00 денари

Виш соработник за утврдување на приходи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Основна плата: 24.420,00 денари

Самостоен референт за заштита и спасување, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназиско, економска или правна струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Самостоен референт за локални патишта и улици, Одделение за локални патишта и улици, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (архитектонска, сообраќајна или градежна струка), најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за управување со човечки ресурси

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (економска или дрвнопреработувачка струка), со или без работно искуство во струката

Основна плата: 13.500,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите подетални информации погледнете ги ТУКА

Денеска ја славиме Света Злата Мегленска – честит именден Златка, Златица, Злате…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври.

Денеска е Света великомаченичка Злата Мегленска. Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив и нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри – светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ? даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

Тропар
Оној Кој благодат ти подари, очи за светлина ти избистри, умот го подигна вис висини, о великомаченичке, о девственичке света, о достојнославна Злато, ангелите во хор гласови подигнаа, непријателите се засрамија. А ние денес радосни пофалби принесуваме пред твоето чесно страдање и молиме и преколнуваме – застапи се за нас пред небесниот твој Женик.

Кондак
Страшно и преславно е твоето спротивставување, со кое си ги восхитила сите, и си ги победила нечовечните мачители, и како божествена гулабица Господова, со златовидните крилја на твоето исповедање, си летнала кон Христа, Злато Богомудра.

УБАВИ ВЕСТИ ОД АВСТРАЛИЈА: Македонскиот јазик ќе се учи во градинките

Од наредната година во градинките во Нов Јужен Велс, Австралија, ќе може да се учи македонскиот јазик, пренесе Матица на иселеници.

Со оваа образовна програма ќе бидат опфатени децата од градинките до возраст од 12 години. Во новата јазична програма покрај македонскиот јазик ќе се учат и јазиците хинди и персискиот, објави телевизија Си-би-ес.

Ова е одраз и на лепезата од странски јазици кои се говорат во Нов Јужен Велс, но и ширум Австралија. Од тие причини се размислува и за воведување учење втор јазик во образовниот систем во Нов Јужен Велс.

Австралиското Министерство за надворешни работи, претставници на македонската дијаспора и научници од повеќе австралиски универзитети изработиле досега најобемно истражување на македонската дијаспора во Австралија кој беше промовиран вчера во австралискиот Парламент.

– Стоилјадната македонска заедница ја збогатува Австралија уште од 1880 ите години, и претставува основа на нашите односи со Македонија, изјави на промоцијата на извештајот Ричард Марлес, парламентарен секретар за надворешни односи и односи со пацифичките острови.

Истражувањето било извршено над 1.083 испитаници од сите делови на Австралија. Во своите политички активности во Австралија, мнозинството испитаници кажале дека се мотивирани и од односот на австралиските власти кон Македонија.

Викенд временска прогноза- УХМР со најава кога ќе се расипе времето

Времето денеска ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу -1 и 6, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со температури од 4 до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време.

Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, а облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.

Вечерва не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Започнува зимското сметање на времето

Викендов доаѓа промената на времето од летен на зимски режим.

Вечерва по полноќ стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.