дома блог страница 2926

Започна божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божиќен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Во Православната црква практика е во текот на божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божиќ. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Aвстралиja и ce’ e можно (ФОТО)

Огромен питон го “чувал” банкомат во Лизмор во сојузната Нов Јужен Велс во Австралија.

Змијата привлекла внимание на голем број луѓе кои купувале во околните дуќани.

“Одлично, вака се заштедува на Black Friday (Црн петок)”, напишал еден од корисниците на социјалните мрежи.

Денеска променливо време со повремен дожд и ветер, а еве што не очекува и во наредните денови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот во западните делови со повремен дожд. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната осум до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

До сабота ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, позастапени во западните и северните делови. Во петок ќе дува засилен ветер од југозападен правец, во сабота ќе го промени правецот во северозападен и ќе предизвика опаѓање на температурите.

Ако имате ПВЦ прозори со овој трик домот ќе го направите потопол

Во различни временски периоди потребно е да се промени начинот на користење на прозорите. ПВЦ прозорите и вратите се најчест избор, бидејќи е најлесно да се подесат. Но, за време на вградување мајсторите не ги кажуваат важните работи, кои ќе бидат корисни во екстремно ладните денови.

Едноставно отворете го прозорот и пронајдете ја завртката на страната каде што се наоѓа рачката и свртете ја навнатре.

Кога мајсторите ги поставуваат прозорите најчесто ги оставаат на стандарден режим, односно на средина.

Погледнете на видеото како сето тоа да го направите:

Рецепт на денот: Печено пиле со зеленчук

Ако сакате да ги изненадите гостите со вкусно печено пиле тогаш ова е идеален рецепт за вас.

За четири порции потребни се:

1 пиле (2 кг од прилика)

2 лажички микс од зачин по ваш избор

1 лажичка сол

Половина лажичка свежо мелен црн бибер

1 лимон

Неколку моркови, компири

Путер

Подготовка:

Измешајте го путерот со миксот од зачини, избришете го пилето и посолете. Намачкајте го потоа со мешавината од путер и зачини. Во тава за печење ставете го зеленчукот, посолете ги исецканите моркови и компири, додадете црн бибер и врз нив ставете го пилето.

Печете еден час на 200 степени. Добар апетит.

Знаете ли за што служела старата кула кај железничката во Прилеп? Еве кој ја градел и од кога датира

Никако да се операционализира иницијативата кулата за вода за парните локомотиви да се претвори во музеј. Не помагаат петиции и писма до Министерството за култура да се заштити овој објект од поблиската историја и да се адаптира во музеј на железницата – пишуваа медиумите пред две години, а денеска состојбата не е променета.

Повеќе граѓани сметаат дека објектот не би требало да се остави да го јади забот на времето, туку да се реставрира и покрај него да се постави и старата парна локомотива. Ако се облагороди местото и стручно да се реконструира кулата, покриените делови долу може да бидат галерија со експонати и слики од историјата на железницата и фотографии за развојот на железничката инфраструктура во Прилеп, почнувајќи од теснолинејката и другата стара железничка станица кај Старо Корзо.

Кулата би можела да биде и панорамник или ресторан на високо, ако некој стопанственик сака највисокиот дел да го адаптира по модерни архитектонски решенија.

Кулата е градена од мајсторот со камен Трајан Колески од селото Марул. Служела за полнење вода на котлите на парните локомотиви. Функционирала до 1960 година, кога дошле локомотивите, кои влечеле вагони со мотор на течно гориво. Оттогаш е оставена и заборавена, дури е и изобличена.

Извор:Неделник Зенит

Македонски железници вработува осум Албанци, двајца Турци и само еден Македонец

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ за вработување на 13 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Македонија за следните работни места:

Кореспондент (албански), Канцеларија на директор 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 26.074,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Албанец(ка)

Секретарка, Одделение за комуникации 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 18.624,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Други националности

Архивар, Одделение за комуникации 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Турчин(ка)

Раководител на одделение за внатрешна ревизија 1 извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 28.402,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Турчин(ка)

Помлад соработник за јавни набавки, Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки и продажба, Сектор за јавни набавки и продажба (1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад референт за јавни набавки, Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки и продажба, Сектор за јавни набавки и продажба (1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Ром(ка) 1.

Помлад соработник за правни работи, Одделение за оценување, Сектор за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник за психолошка заштита (човечки ресурси), Одделение за оценување, Сектор за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник за правни работи, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи и недвижности(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад референт за финансиски работи, Одделение за финансова контрола, Сектор за финансиско работење(2) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1, Македонец(ка) 1.

Помлад соработник – систем оператор, Одделение за информатички систем (финансово-економско работење), Сектор за информатичка поддршка(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник – систем оператор, Одделение за информатички систем (инфраструктура), Сектор за информатичка поддршка(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Потребните услови за сите огласи можете да ги погледнете ТУКА.

Додека косовскиот претседател даваше изјава, земјата одново силно се стpece (ВИДЕО)

Додека косовскиот претседател даваше изјава за медиумите, за помошта што Косово ја обезбеди за Албанија за справувањето со последиците од силниот земjoтpec, имаше уште еден потpec.

Тачи пристигна во Туман да ги посети нajpaзорените места, а додека камерите го снимаа, се случи посилен земjoтpec, а сите гледаа кон paзopeната зграда стравувајќи дека повторно ќе се сpyши.

Прекрасни Божикни пештери изработени од вредните монашки раце во Бигорскиот манастир

Повторно наближува денот на Рождеството Христово – Божик, денот кога треба да се потсетиме на најголемиот дар на Бога за целото човештво, најголемиот израз на Неговата љубов – раѓањето Негово од Дева, заради спасението на светот, пишуваат на веб сајтот од Бигорскиот манастир.

Целиот текст ви го пренесуваме во продолжение:

И оваа година, покрај големите ангажмани околу подготовката на претстојниот јубилеј „1000 години Бигорски Манастир“, нашето сестринство со благослов на својот старец, архимандрит Партениј, се погрижи да изготви Божикни пештери и така да одговори на сè позасилениот интерес на верниците за вакви божикни украси.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв броj 075 245 791 (сестра Филотеја) за нарачка. Цената на една пештера е 1800 денари. Може да се уплати на следнава жиро сметка:

ж-сметка: 270-0406888201-65

Депонент: Halk Bank, Македонија

Комитите со повик: Македонци обединете се пpoтив peжимот, ќе стpaдаме, но не се пpeдаваме

Режимот се чувствува загрозен. Режимот чувствува дека народот се обединува. Режимот режирана пропаганда со цел да го разедини и разнебити народот. Режимот живее само кога народот е поделен. Режимот не снима кога се веселиме и навиваме. Режимот го казнува нашето навивање и нашата црвено-црна љубов.

Режимот потенцира дека казните ги пишува поради “каменувањето на полицајците” – лажните лиферувани вести креирани и пренесени преку средствата за масовно информирање кои му се под целосна контрола.

Режимот ги оддалечува режимските механизми на принуда од народот преку нивно разграничување и оддалечување едни од други, затоа што обединет народот може да се сврти против режимот. Народот го прават непријател, а потоа на механизмите на принуда народот им станува легитимна мета.

Режимот применува селективна правда со цел остварување на личните интереси, заштитата на сопствениот капитал, и ништење на личните непријатели. Режимот наредува – “слугите на режимот” спроведуваат! Режимот апси – Режимот казнува селективно!

Да живее режимот или Cmpт за Режимот ! До нас е, не е до нив ! Македонци Обединете се !!!

#ЌеСтрадамеНоНеСеПредаваме #ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата