дома блог страница 290

Во Битола традиционален марш низ Широк Сокак, за одбележување на Светскиот ден посветен на слепите и лицата со оштетен вид (ФОТО)

Со традиционалниот марш низ Широк Сокак, Лајонс клуб „Кабадаја“ и Здружението на слепи лица од Битола го одбележаа Светскиот ден на слепите лица и лицата со оштетен вид. Маршот на „Белиот стап“ има за цел да ја подигне јавната свест и да ги промовира правата и потребите на оваа заедница.

Претседателката на Лајонс клуб „Кабадаја“, Емилиа Героска, истакна дека клубот континуирано ја насочува својата хуманитарна работа кон поддршка на лицата со попреченост. „Нашата заложба не се ограничува само на денешниот ден – во текот на целата година реализираме активности и иницијативи кои придонесуваат за поголема инклузија и разбирање во општеството на сите категории граѓани со попречености,“ додаде Героска.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави иницијативата и нагласи дека соработката меѓу општината и здруженијата на лица со попреченост е конструктивна и отворена и досега се реализирани повеќе проекти на предлог на Здружението на слепи а со кои им се олеснува живеењето во Битола. Тој ги покани членовите на Здружението на слепи лица да ја посетат неговата канцеларија со цел заеднички да се разгледаат предизвиците и да се најдат конкретни решенија кои ќе го олеснат нивното секојдневие.

Во рамки на настанот, д-р Ирена Ружин најави и нова тактилна изложба во НУ Завод и музеј – проект поддржан од Министерството за култура и туризам, кој го прави културното наследство достапно за сите. „Ова не е само прашање на човекови права, туку и на професионална етика и посветеност,“ нагласи таа.

Директорката на музејот, Маргарета Спасов, потврди дека институцијата секогаш има „широко отворени врати“ за лицата со оштетен вид.
Изборот на музејот како место на одбележување не е случаен – тој произлегува од долгогодишната соработка на Андријана Шокларовска, член на Лајонс клуб „Кабадаја“, со музејот, во рамки на која се изработуваат преводи на изложбени експонати на Брајово писмо, овозможувајќи целосно инклузивно културно искуство.

Настанот заврши со отворена дискусија и размена на идеи меѓу учесниците, во која како еден од клучните предлози произлезе организација на обука за дигитална писменост за лицата со оштетен вид, со цел поттикнување на нивната самостојност и поголема вклученост во современото дигитално општество.

Tрамп: Спречивме Трета светска војна, која можеше да се случи на Блискиот Исток (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа.

Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“.

Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“.

„Ова е неверојатен ден за светот“, рече Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе спречи Трета светска војна, за која рече дека може да се случи на Блискиот Исток.

Трамп им се обрати поединечно на светските лидери, пофалувајќи ги за нивната улога во поддршката на мировниот договор за Газа.

ЗНАМ и Прилеп знае! Ќе градиме општина која ќе ги чува својата традиција и идентитет (ВИДЕО)

Кандидатите за советници од Движење ЗНАМ за наша Македонија – Прилеп денеска го претставија делот од својата изборна програма посветен на јакнењето на патриотизмот, културата и граѓанската свест.

Во своето обраќање тие најавија конкретни иницијативи и активности што ќе придонесат за зачувување на духовните и културните вредности на Прилеп:

Од ЗНАМ Прилеп во својата програма предвидуваат:

-Кампањи и проекти за поттикнување на патриотизмот и граѓанската одговорност – затоа што љубовта кон татковината започнува од секој од нас,

-Активно вклучување на младите во зачувување и промоција на духовното и материјалното културно наследство – гордост што се негува и пренесува.

-Организирање јавни настани, семинари и изложби посветени на културно-историското богатство на Прилеп – за да го чуваме духот и идентитетот на градот што ни значи.

„Нашата мисија е Прилеп да остане град на традиција, култура и љубов кон татковината – вредности што не се забораваат, туку се градат секој ден“, порачуваат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

Мало намалување на цената на горивата од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110 отсто.

Подгответе се за нешто специјално и за прв пат во градот: Uncle Lee’s Private Sushi доаѓа во Прилеп – Вистинскo суши, вистински шеф, вистинско искуство (ФОТО)

Понекогаш, вкусот зборува тивко, но долго останува во сеќавање. На 22 октомври (среда), Ресторан “Порта” носи едно поинакво гастрономско доживување – Uncle Lee’s Private Sushi Experience доаѓа во Прилеп.

Тоа не е само вечера – тоа е интимна средба со уметноста на јапонската кујна, со грчки мајстор-шеф, кој секој залак го создава пред вашите очи, внимателно, тивко, со почит кон вкусот и моментот.

Што значи Private Sushi Experience?

Прво, ова е вечер каде шефот сам избира деликатеси засновани на свежина и сезонски намирници — заборавете на стандардно мени, тука се создава нешто единствено.

Второ, атмосферата ќе биде интимна — ограничен број гости, фокус на деталите, убаво сервирање и можност да гледате како се прави секој залак.

Трето, ова е гастрономско искуство во кое учествувате — од првото до последното суши, придружено со внимателно избрани пијалоци или традиционални придружни јадења.

Private Sushi Experience е глобален тренд!

Слични искуства се се’ почести низ Европа и светот — омакaзе вечери во приватни простории, суши мастер-класови, поп-ап ресторани со шефови кои го носат суши шоуто до вас. Тие се идеални за посебни прилики, романтични вечери, или едноставно за гастрономско уживање надвор од обичните ресторани. Ресторани во Лондон, португалските острови и секако Јапонија и азиските престолнини, редовно ги нудат ваквите гастрономски уживања, а трендот се следи и во останати европски и светски туристички центри. Сега и прилепски ресторан ќе се вброи во таа карта.

Приклучете се ако сакате:

-да го почувствувате сушито како уметност,

-да уживате во ексклузивност, во друштво на оние за кои вреди,

-и да учествувате во носењето на нов вкус и искуство во Прилеп.

Ресторан “Порта”, 22.10 — бројот на места е лимитиран, бидејќи ова не е само вечера — ова е гастрономско патување!

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

Прилеп добива нов музички фестивал! За прв пат ќе се одржи фестивалот за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“

Со особена чест го најавуваме првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција.

Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации.

На 16 октомври | 20:00 ч. во кино “Мис Стон” ќе се одржи концертот „Помеѓу Кукузел и Палестрина“

Два хора – „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ – под диригентство на Гоце Секулоски, ќе создадат звучен мост меѓу Истокот и Западот, спојувајќи ги византиската духовност и ренесансната полифонија.

Црковен клирос Пелагонитиса – Црковен хор Света Петка 


Прв дел – источно-црковно пеење
 


1.Свише пророци – Свети Јован Кукузел (XIV век)
- прва изведба во Македонија
2. Нине сили – Јован Клада (XV)
3. Хвалите Господа (фрагмент) – Свети Јован Кукузел (XIV век)

Втор дел – сакрална полифонија


4.Kyrie eleison – G.P. Palestrina (XVl век)
5. Ave verum Corpus – W. Byrd (XVl век)

На 17 октомври | 20:00 ч. во кино “Мис Стон” ќе се одржи концертот „Средновековни еха“

Редок музички дијалог помеѓу човечкиот глас и древниот инструмент – портативна оргула од 14 век, со која ќе настапи Cristina Alís Raurich (Шпанија), музичар и истражувач, која прва во светот направи реконструкција на портативна оргула од 13 век. Со неа настапува Ана Митоска (Македонија) – глас, во програма што нè носи низ звучните пејзажи на средновековната Иберија.

Податоци за изведувачите:

Кристина Алис Раурик е афирмирана интерпретаторка, истражувач и педагог од Шпанија, специјализирана за средновековни клавишни инструменти како портативна оргула (органето), клавицимбалум, клавицитериум и средновековни оргули. Во 2014 година, ја изработува првата светска реконструкција на портативна оргула од 13 век, заедно со истражувачот Валтер Чинаља. Како солистка и член на ансамбли како Magister Petrus, Vetera, La Douce Semblance, Sonus Hyspaniae и Donnafugata, настапувала низ Европа и Северна Америка, снимајќи за радио и телевизија. Кристина е и педагог: професор е на Центарот за средновековна музика во Монпелје, Франција, и асистент-директор на курсот за средновековна музика во Бесалу, Каталонија. Нејзините настапи се познати по емоционалната длабочина и историската веродостојност, пренесувајќи ја публиката во музичкиот свет на средниот век. 

Ана Митоска е македонски сопран со богато искуство како солист и во работа со ансамбли. Нејзиниот репертоар ги вклучува средновековната, ренесансната и барокната музика, музика на современи композитори, како и изведби на композиции за театар и филм и традиционална музика. Настапувала на бројни фестивали и во театарски продукции, соработувајќи со меѓународни и домашни музички ансамбли и пијанисти.

Фестивалот „Dulcia Sonant“ отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и Македонија – патување низ вековите, од мистичните византиски напеви до раскошниот звучен израз на раната ренесанса.

Фестивалот е во организација на Центарот за култура “Марко Цепенков” со поддршка од Министерството за култура.

Влезот е слободен.

Ве покануваме да бидете дел од ова исклучително музичко доживување!

80 ГОДИНИ ГОРДОСТ, СТРАСТ И ТРАДИЦИЈА – ФК ПЕЛИСТЕР (ВИДЕО)

Во градот под Пелистер, каде што со децении се негува љубовта кон фудбалот, годинава се испиша нова блескава страница во историјата на
македонскиот спорт. ФК Пелистер го прослави својот голем јубилеј, 80 години постоење, осум децении исполнети со победи, емоции, предизвици и непоколеблива љубов кон зелено-белата боја.

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј, беа доделени награди на најзаслужните личности кои низ годините оставија длабока трага во
развојот и успехот на клубот – фудбалери, тренери, спортски работници и верни поддржувачи кои ја чуваа жива искрата на Пелистер низ сите добри, но и турбулентни времиња.

Јубилејот беше заокружен со пријателски натпревар од посебно значење, на кој Пелистер ги одмери силите со романскиот гигант ФК Динамо Букурешт. На трибините се почувствува магијата на фудбалот, а на теренот, гордоста на Битола. Со сигурна и инспирирана игра, Пелистер славеше со 2:0, покажувајќи дека духот на клубот е посилен од кога било.

Но, ниеден момент не би бил ист без срцето и душата на битолскиот спорт, Чкембарите. Верните навивачи, кои годинава прославија 40 години
постоење, ја претворија атмосферата во вистински спектакл. Со своето препознатливо навивање, транспаренти и зелено-бели факли, тие уште еднаш покажаа дека љубовта кон Пелистер не е само страст, туку тоа е начин на живот.

Битола сјаеше во боите на клубот. Во чест на овој јубилеј, Саат кулата, Офицерскиот дом и античкиот локалитет Хераклеа беа обоени во боите на Пелистер, како симбол на вечност, сила и надеж. Градот дишеше во ритамот на љубовта кон најсветиот симбол на битолскиот спорт.

Осум децении впишана историја, стотици генерации, илјадници спомени….затоа ФК Пелистер е гордост, идентитет и легенда која
продолжува да се пишува со секој натпревар, со секоја песна и со секој глас од трибините.

Нека се множат годишнините и јубилеите на ФК Пелистер, симболот на Битола, кој ќе остане вечно обележје на македонскиот фудбал.

Албанија воведе привремена забрана за употребата на електрични тротинети

Во Албанија од денеска воведена е привремена забрана за употреба на електрични тротинети, кои се сметаат за опасност и извор на несреќи и доколку тоа не се почитува, овие средства ќе бидат одземени.

Веста ја објавија министерката за внатрешни работи Албана Кочиу и директорот на државната полиција Илир Прода.

„Спроведовме детална анализа на овој феномен и заклучивме дека употребата на овие возила предизвикува непосреден ризик за јавната безбедност. Доволно е да се спомене фактот дека само во текот на 2024 година, службите за итни случаи пријавиле 991 случај на несреќи во кои учествувале овие превозни средства. Меѓу овие случаи, имало за жал смртни случаи или со многу сериозни повреди, стои во заедничкиот видеозапис на Кочиу и Прода.

За да се справиме со овој проблем и ризикот што го претставува употребата на овие средства, за јавната безбедност и учесниците во сообраќајот, додава Кочиу, дефиниравме и стандардна постапка, врз основа на законот „За државна полиција“, за решавање на овој проблем со „казнување на возачите на овие возила и употребата на овие возила на градските патишта, вклучително и тротоарите, па дури и со нивно административно блокирање“.

„Државната полиција ќе биде вклучена во акција за забрана на движењето на електричните тротинети и поради оваа причина бараме разбирање од граѓаните за овој процес“, наведува Прода.

Објава околу ова прашање има и премиерот Еди Рама, кој наведува дека така ќе биде се додека не се изготви строга регулатива заснована на најдобрите меѓународни практики.

„СТОП ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ – Нови правила за јавна безбедност. 991 случај пријавен од службите за итни случаи за една година е повеќе од доволен за веднаш да се запре оваа опасна иновација во патниот сообраќај во нашите градови, сè додека не се изготви строга регулатива заснована на најдобрите меѓународни практики“, пишува во објавата премиерот Рама.

Светски звук, прилепска душа – Слушнете ја „Мораше баш сега“ од најпознатите блузери од Прилеп (ВИДЕО)

Најпознатите блузери од Прилеп – CROSSROAD BLUES BAND, објавија нова авторска песна и видео спот. Најновото музичко остварување носи наслов “Мораше баш сега” и звучи ОДЛИЧНО!

За помалку од 48 часа, песната е преслушана илјадници пати на сите социјални мрежи, има одличен ритам и текст и лесно влегува под кожа.

Текстот е дело на гитаристот во бендот Бранко Нешкоски, а музиката ја направи заедно со неговиот син и лид вокал, Давид Нешкоски. Бендот сам си направи маестрален аранжман и аудио и видео продукција, што е вистинска реткост, а сето тоа да изгледа компактно и убаво.

Во бендот покрај Нешкоски, се и тапанарот Зоран Настески, бас гитаристот Љупчо Шилоски и прекрасните вокали Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

Слушнете ја “Мораше баш сега” во продолжение и уживајте:

Легендарната Кастратовиќ утре во Прилеп ќе биде домаќин на големи прилепски ракометни имиња, а заедно ќе имаат иста цел

Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија по успешниот старт во Охрид, ќе го има своето второ издание.

Следна станица ќе биде Прилеп, каде на 14 октомври (вторник) со почеток во 12:30 часот во спортската сала во ООУ „Добре Јованоски“, ќе се одржи вториот караван со мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“.

Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со неговата убавина и вредност. Веруваме дека овој настан ќе биде вистинска можност учениците да уживаат, да се забавуваат и да го почувствуваат спортскиот дух.

Промотори на настанот ќе бидат двајца прилепчани и една прилепчанка, како и легендарната икона на македонскиот женски ракомет.

На настанот ќе учествуваат: Индира Кастратовиќ и специјални гости, тренерот на РК Бутел – поранешниот репрезентативец од Прилеп, Горан Кузманоски, некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска и левото крило на РК Прилеп – Димитар Димитриоски.