дома блог страница 289

Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Тој даде изјава за медиумите.

-Она што ние планираме да го правиме во здравството по завршувањето на локалните избори ќе бидат озбилни структурни реформи. Бидејќи имам чувство дека годишно трошиме една милијарда евра, а не го добиваме она што граѓаните и пациентите го заслужуваат, така и здравствените работници. Мислам дека има премногу надворешни влијанија. Тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во кој ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека ваквите иницијативи секогаш се добредојдени.

Кога жените водат – општеството расте! Васе Стефаноска, лидерка со визија за современ Прилеп

Васе Стефаноска е носител на советничката листа на „Коалицијата за успех“ предводена од Либерално Демократската Партија, за Советот на општина Прилеп.

Таа е жена која носи нова енергија, искрен пристап и конкретни решенија за развојот и просперитетот на нашиот град.

Со над 20 години искуство во осигурителниот сектор, а по струка дипломиран инженер агроном, Васе е пример за посветеност, упорност и професионализам.

Луѓето ја знаат – затоа што е блиска, достапна и искрено заинтересирана за проблемите на граѓаните.

Заедно со кандидатот за градоначалник Жарко Бошкоски, Васе ја претставува визијата за еден нов, модерен и урбан Прилеп – град кој се грижи за секој човек.

Нивната програма вклучува решенија кои значат подобар живот за сите, од кои издвојуваме:

-Субвенции за возачка дозвола за сите млади во Прилеп.
-Нова атлетска патека долж кејот, од мостот Табана до мостот кај Димо Наредникот.
-Почист воздух и повеќе зелени површини – преку 10 нови мерни станици, нови велосипедски патеки и субвенции за еколошко затоплување.
-Бесплатен современ коворкинг простор за млади ИТ фриленсери – со брз интернет, топол амбиент, конференциска сала и обуки.
-Прилеп со најголем број зелени метри квадратни по жител – град кој дише и се развива.

Гласот за Васе Стефаноска е глас за одговорна локална самоуправа – во служба на сите граѓани, затоа што знае како, има решенија и верува во Прилеп што чекори напред.

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.

-Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни.

Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија.

Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.

Почивај во мир, Панчо 🙏 Нека ти е светол патот до Царството Небесно 🕊️

Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца 🙏💔😢 А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде, стои во објавата.

Дигитализација за живо културно срце на Прилеп – ЗНАМ ги претстави приоритетите за унапредување на културното богатство на градот под Марковите Кули (ВИДЕО)

Кандидатите за советници од Движење ЗНАМ за наша Македонија за Советот на општина Прилеп, денеска го претставија делот од својата изборна програма посветен на зачувување и унапредување на културното богатство во градот под Марковите Кули.

Прилеп е град со длабоки корени, богат со историја, традиција и уметност – и наша должност е тоа наследство да го негуваме и пренесеме на идните генерации – велат од прилепскиот огранок на ЗНАМ, од каде ветуваат дека како идни советници во Советот на општината ќе се залагаат за следните приоритети:

-Реставрација и одржување на историските и културни споменици со современ пристап и почит кон автентичноста,
-Дигитализација на локалната култура – создавање виртуелни тури, дигитални архиви и современа промоција на прилепските уметници и творци,
-Развивање на програми за културно образование и уметнички работилници во соработка со училиштата, со цел младите да ја чувствуваат културата како дел од својот идентитет.

“Зачувуваме традиција, градиме иднина”, велат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија – Прилеп.

Лишен од слобода возач во Битола, управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава

-На 14.10.2025 во 01:01 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ф.(44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ф., при што констатирале дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.87 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Денеска овој свет храм зрачи со посебна убавина, а голем број луѓе го посетија и за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

“Ауди 4” се удави во прилепското вештачко езеро (ФОТО)

Прилепчани доживеале незгода, откако вчера автомобилот им завршил во водите на вештачкото езеро. Според очевидци, рачната на автомобилот (марка “Aуди 4”) не била подигната, па истиот се спуштил во водата.

За среќа и најважно нема повредени!

ОО СДСМ Прилеп: “Борко Ристовски се врати на местото на „злосторот“ во Прилеп”

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера во Прилеп најави обновување на игралиштата во паркот во неселбата “Точила”. Активностите според најавата треба да започнат деновиве.

По посетата на Ристовски реакција пристигна од ОО СДСМ Прилеп, од каде велат дека: “Борко Ристовски се врати на местото на „злосторот“ во Прилеп”.

Реакцијата од ОО СДСМ ја пренесуваме во целост во продолжение:

-Без и малку срам, министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на “злосторот“. Пред точно 15 месеци, истиот тој Борко бесрамно ги излажа прилепчани дека Универзална сала ќе биде ставена во функција во септември. Помина ланскиот септември, помина и годинешниот септември, вратите на Универзална се закатанчени поцврсто од било кога! И наместо да побара објаснување зошто салата сеуште е надвор од употреба, покажувајќи сервилност и отсуство на елементарна самопочит, кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски го премолчи и го погази интересот на прилепските спортисти и спортски клубови. Дополнително, за понижувањето да биде уште поголемо, Проданоски му дозволи на Борко Ристовски да се „потури со пепел“ и по принципот пу-пу не важи да кажи ново ветување: сега ќе ги реновирал игралиштата и детските реквизити во Точила! Од реконструкција на Универзална, министерот падна на замена на старите нишалки со нови! Срамен, недостоен и понижувачки однос на Ристовски, Проданоски и ДПМНЕ кон Прилеп и прилепчани! Ако Прилеп е тргнат од списокот на општини во кои Министерството за спорт финансиски би го помогнало решавањето на сериозни проблеми, тоа не е случај со општините раководени од ударните тупаници на ВЛЕН – Тетово и Чаир. Како што кажуваат и фотографиите, дружбата на Борко Ристовски со Билал Касами и Висар Ганиу, е на многу повисоко ниво, во секоја смисла! Господа од ДПМНЕ, господине Проданоски, Борко Ристовски повторно ве пренесе жедни преку вода! И вас, а за жал, и прилепчани, стои во писмената реакција на ОО на СДСМ Прилеп!

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Зимското сметање на времето оваа есен започнува порано

Оваа есен очекуваме едно од најраните менувања на часовникот во последните децении.

Зимското сметање на времето започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме часовниците за еден час назад – на 2 часа.

Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години. Последниот пат кога беше забележан толку ран датум за преминување на зимско сметање на времето беше пред повеќе од една деценија. Иако деновите се уште се топли, есента полека се зазема – ноќите стануваат постудени, а дневните часови очигледно се скратуваат. Затоа преминувањето на зимско сметање на времето носи дополнителен час сон, но и промена во вашата дневна рутина.

Зимското сметање на времето секогаш започнува последната недела во октомври. Самиот датум варира од година во година бидејќи последната недела од месецот не секогаш паѓа на истиот датум.

Оваа година, датумот е меѓу најраните во последните десет години.

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Според верувањата, жените кои немаат пopoд денеска треба да се помолат

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата во недела, се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.