дома блог страница 288

“Како бе ви текна да удрите по џебот на немажени и неженети, а не и по сопствениот џеб?”

Фејсбук статус на Пале Печијареска Матеска

“Како на власта и текнало да плаќаат данок немажени и неженети, а не им текнало на прогресивен данок како шо е во другите држави?

Како бе ви текнува на удрите по џебовите на младите, а не ви текнува да си удрите по сопствениот џеб и да плаќате повеќе?

Како секогаш ви текнува да собирате данок од обичниот човек работникот, а не ви текнува да удрите по џебот на богатите?

Како не ви текне да плаќате прогресивен данок за имот кој го имате за втор стан 10% за трет стан 20% па буџетот да го полните од богатите а не од сиромасите ?

Еве пример во Германија Како се плаќа данок на примања.
Во 2025:
14–42 % прогресивна на доход до €68.429
42 % за €68.430–€277.825
45 % над €277.825
Дополнително: 5,5 % Солидарност (само за високи приходи) и
8‑9 % Црквен данок (ако сте член)
Придонеси ~20 % од бруто

Да очекуваме за брзо време да воведете данок за црква ако не, само вие да не плаќате ..како тоа вие со примања над 1.000 евра да плаќате данок исто со некој шонзема минимална плата од 396евра ??

Со ова мислите ќе го зголемите наталитетот??

Дајте им на младите станови, дајте им пари за склучување на брак, дајте им пари за родено дете… ама не вие изгледа мислите само како младите да си заминат побрзо од државава и не само младите туку и фамилии си заминуваат оти им се збоктиса од политиките кои ги терате 35 години”

Во мариовско Витолиште пронајдени опасни артилериски гранати (ФОТО)

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстанување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт од 2001-та.

Конкретно, во с.Витолиште Мариово, Општина Прилеп по пријава до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).

По пријава во СВР Тетово, во атарот на с.Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.

Инаку, ДЗС дејствуваше со ограничените човечки ресурси за НУС. Поточно, пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон Криволак.

Не е само да се појавиш и да притискаш тастер: Еве кои пратеници се најактивни во Собранието

Бојан Стојаноски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров најмногу зборувал на говорницата во првите 6 месеци од новиот собраниски состав, покажува мерењето за собраниската активност. Стојаноски на говорница се задржал дури 467 минути.

По него е Сали Мурати од Демократското движење на Турците во Македонија со 319 минути, па Фатмир Битиќи и Јованка Тренчевска од СДСМ.

Во првите 10 најактивни пратеници во Собранието се и:

Драгана Бојковска – ВМРО-ДПМНЕ
Благој Бочварски – СДСМ
Благица Ласовска -ВМРО ДПМНЕ
Љупчо Пренџов – ВМРО-ДПМНЕ
Халил Снопче – ВЛЕН
Амар Мециновиќ – ЛЕВИЦА

Момчето со ангелски глас од Прилеп ве кани на одлично освежување и добра забава oваа сабота во Brunch Box Café

Вашето омилено место за разладување во тропските летни денови – Brunch Box Прилеп повторно подготвува незаборавна саботна вечер!

Оваа сабота уживајте во опуштена атмосфера, разладувачки коктели, свежи цедени сокови, неодоливи закуски и – настап во живо на момчето со прекрасен глас од Прилеп, Филип Николоски.

Со својот препознатлив глас и харизма, Филип ќе ве понесе низ незаборавен музички репертоар под отворено небо во прекрасната летна бавча на Brunch Box.

Очекувајте врвна услуга, промотивни пијалаци и позитивна енергија до доцна во ноќта!

Новина им е менито со богати и вкусни печени сендвичи и бургери, по цени кои одговараат за сечиј џеб. Тука се и неодоливите коктели, со еден збор има богат избор на храна и пијалоци за сечиј вкус.

Резервирајте навреме на тел.бр.: 078 845 442 Почеток: 21 часот!

Не пропуштај – оваа сабота, Brunch Box е твојата дестинација!

Прилепчанец тргна пеш на пат долг 600км до Острошкиот манастир: Целта е благородна и секој може да помогне (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Антонио Пандовски од Прилеп, во средата (02.07) од пред Соборниот храм во Скопје, тргна на своето неверојатно патување – 600 километри до манастирот Острог, Црна Гора. Целта е благородна и хумана, а за да ја оствари на Антонио ќе му треба поддршка од сите нас. Секој чекор што го прави е за децата во Универзитетската детска клиника – Скопје.

Младиот прилепчанец за овој подвиг се подготвуваше неколку месеци, а за остварување на подвигот му беше потребна финансиска поддршка.

Фондација “ИЦЕ БЕГОВ” oбјави дека со гордост ќе го поддржи овој подвиг, кој младиот прилепчанец сака да го реализира во чест на неговите родители.

Повеќе граѓани го испратија утрово Антонио и му посакаа успешно, здраво и безбедно да стигне до целта.

Да му посакаме среќа, истрајност и успешно завршување на овој подвиг!

Во меѓувреме можете да го поддржите неговиот подвиг, преку донации за набавка на неопходна медицинска опрема за најмалите херои на следниот ЛИНК: https://fondacijaicebegov.org.mk/za-nashite-mali-heroi/?fbclid=IwY2xjawLUnidleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFOUXA4QWRVYVpGYjZ4TUlGAR4ajFkKXLDP3C3snHMEWoLDvfw9x16SG45KfJLq1XknNgdO_pM7yL2zbJy8rQ_aem_ZvilWH9-G8r8DhfbzQq64A

или со повик на донаторските броеви: 143-460 (А1) и 143-403 (Телеком)

Се’ уште беснее пожарот кај прилепско Бешиште, гори шума, одново активен и пожарот кај Градешница

На територијата на државата активни се вкупно 3 пожари, а 1 е ставен под контрола – информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари:

Општина Прилеп: с. Бешиште (приземен пожар во квалитетна мешана шума); обновен е и кракот кај с. Градешница (Опш. Новаци)

Општина Македонски Брод: с. Црешнево (пожар во деградирана дабова шума и грмушки)

Општина Илинден: Ајватовски рид (пожар на површини со лозје)

Под контрола:

Општина Кочани: населба Трајаново Трло (сува трева и ниска стеблеста деградирана шума)

Од ЦУК информираат и дека пожарот кој во текот на вчерашниот ден беше активен во областа Три Багреми во Прилеп, каде гореше ниска вегетација, е целосно изгаснат.

(ВИДЕО) Кузманоска како и секогаш, со факти ја гази опозицијата со репликите

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието се дискутираше за ребалансот на буџетот, каде пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Кузманоска и од СДСМ, Јованка Тренчевска, разменија неколку реплики.

Притоа Кузманоска ја потсети Тренчевска на владеењето од СДСМ и погрешните чекори во областа на социјалната политика.

-Со години гледавме огромни испишани ставки на хартија од СДСМ, без ефект на терен. Сега, средствата се насочуваат таму каде што се навистина потребни – а тоа е одговорен и вистински пристап кон социјалната политика и младите и кон сите сегменти кои што се суштински важни во општеството – порача меѓудругото Кузманоска.

Мицкоски најавува крај на чекањето: Администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно

„Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова се темелите кои ги поставуваме.

„Не ветуваме дека ќе биде лесно. Но ветуваме дека ќе биде чесно и нема да биде срамно. Ќе биде наше. Ќе биде вистинско. И најважно, ќе биде за тебе“, заклучи Мицкоски.

Платиле доручек на туристи и станаа херои: Семејство од Србија сподели пријатно искуство од Прилеп за кое зборува цел Балкан

Србинка сподели едно пријатно искуство, кое таа и нејзиното семејство го дожвеале во Прилеп на враќање од одмор од Грција.

Надежда Чортановиќ и семејството преку граничниот премин Меџитлија се упатиле кон дома, но на пат решиле да застанат и да го посетат нашиот град и да, единствено за да си купат вкусен прилепски бурек за доручек.

Но биле изненадени кога на каса не можеле да платат со картичка, па луѓето се почувствувале непријатно, но потоа следувало ново пријатно изненадување.

Во буркџилницата чекале на ред едно младо момче и еден по возрасен прилепчанец. Тие извадиле пари и им го платиле доручекот. Притоа српските туристи инсистирале кога ќе обезбедат денари да им ги вратат, но нивниот предлог бил одбиен од овие наши добранемерни соѓраѓани, со желба да им биде на здравје доручекот и среќен патот.

Објавата на Надежда на социјалните мрежи наиде на илјадници лајкови и стотици коментари од целиот Балкан.

Секоја чест за непознатите херои кои во оваа ситуација ја спасиле честа на Прилеп и прилепчани и успеале всушност да не’ претстават онакви какви што сме, гостопримливи и луѓе со големи срца.

Прилагодете го клима уредот да троши помалку струја

Високите температури и животот без клима е речиси незамислив. Меѓутоа, штом ќе го земете далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја.

Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи во пократки интервали со помала брзина.

Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност, кратко време, а потоа да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура.

Во овој, полн интензитет на работа, клима уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја избрка влагата од просторијата.

Исто така, кога се зборува за заштеди и клима, не можеме да го заобиколиме термостатот. Ако го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура, да речеме дека разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната не е повеќе од седум степени, ќе заштедите многу.

Според некои податоци, клима уредите трошат три до пет проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот.