дома блог страница 287

Можело и вака: Доброто менаџирање донесе нова медицинска опрема од над 80 милиони денари во прилепската болница (ФОТО)

Во присуство на министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во прилепската болница “Борка Талески” беше презентирана медицинска опрема и апаратура, кои раководството на болницата ги обезбеди преку сопствени средства, како и медицинска опрема донирана од повеќе општествено одговорни компании и организации. Вкупната вредност на целата опрема со која во изминатиот период се поднови болницата, и со која значително ќе се зголеми бројот на услуги за пациентите, изнесува над 80 милиони денари.

Во рамките на презентацијата беше прикажана новата медицинска опрема набавена со средства на ЈЗУ во вкупна вредност од 50.160.751 денар. Со оваа инвестиција болницата се здоби со нов стерилизатор, дигитален рентген апарат, хистероскоп и лапароскоп, апарат за анестезија и монитор, два апарата за механичка вентилација, електричен гинеколошки стол и родилен кревет, ехо апарат за гинекологија, електрохируршки систем за фузионирање на крвни садови и општа хирургија, како и хируршки светла за операционите сали.

Дополнително, беше презентирана и донираната медицинска опрема во вкупна вредност од 32.300.070 денари, обезбедена преку поддршка од повеќе компании, институции и поединци кои со својата општествена одговорност дадоа значаен придонес за развојот на болницата.

“Прилепска Пивара” донираше цистоскоп за урологија во вредност од 616.000 денари, а Микросам обезбеди електрокаутер за максилофацијална хирургија вреден 40.203 денари. Мото клуб „Рисови“ донира капа за снимање ЕЕГ во износ од 26.000 денари, додека Локалната самоуправа Целим придонесе со комбе за брза помош со целосна медицинска опрема во вредност од 1.726.278 денари.

Министерството за здравство обезбеди артроскопски столб за ортопедија во вредност од 10.974.000 денари, како и лапароскопски столб за урологија вреден 12.236.600 денари. Вик Македонија – Прилеп донира ЕЕГ апарат за детска возраст во износ од 1.815.203 денари, а Мермерен комбинат – Прилеп придонесе со стрес тест за интерното одделение во вредност од 1.229.088 денари.

Организацијата HBO Hand Till Hand донира ехо апарат за колкови кај деца во вредност од 1.023.000 денари, додека Гаро Градба ДООЕЛ – Прилеп обезбеди пила-борер во износ од 122.000 денари. Компаниите Витаминка, Комфи Ангел и Кожувчанка заеднички донираа стоматолошки стол вреден 120.000 денари, а Моцарт кладилници донираа ехо апарат за мозок кај деца во вредност од 622.000 денари.

Компаниите “Матадор” и “Бим Фуд” обезбедија ЦТГ апарат за гинекологија во вредност од 120.000 денари, додека Алијанса – Кавадарци донира два медицински монитори во износ од 600.000 денари.

-Секој од овие придонеси претставува важен чекор во зајакнувањето на медицинските капацитети и подобрувањето на условите за работа и третман на пациентите. Воедно, Ве информираме дека во установата е во тек постапка за вработување на 124 извршители на неопределено време, меѓу кои 21 доктор, 49 медицински сестри, 34 болничари, 6 физиотерапевти, 1 оптометрист, 1 психолог и 12 административно-технички извршители (шофери, физички работници, котлар и административни службеници). Оваа презентација е резултат на континуираната заложба на нашата установа за модернизација на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување современи услови за дијагностика и третман на пациентите, истакна Д-р специјалист Кире Јоноски, директор на прилепската болница “Борка Талески”.

Вакво нешто ретко се гледа! Манасков синоќа во Битола го постигна голот на сезоната во Лигата на шампиони против Барселона (ВИДЕО)

Барселона со цел плен си замина од Битола, откако го совлада Пелистер со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак добро парираше до пред 20 минута кога противникот минималната негатива ја претвори во водство од пет гола.

Она што остави најголем впечаток на целиот натпревар беше лудиот цепелин кој го искомбинираа Филип Кузмановски и Дејан Манасков, момент кој публиката ја стави во делириум.

Манасков игра одново во врвна форма, па не е случајно што ракометните вљубеници бараат негово враќање во репрезентацијата на Македонија.

Звукот на живата музика ја полни Тераса до последно место – а ти, ако не си бил, време е да резервираш и да ја однесеш екипата!

Само неколку месеци и’ беа потребни на најдобрата тераса да стане вистински хит во Прилеп!

Pub Club Terasa, местото каде што се спојуваат добрата музика, богатата понуда и незаборавната атмосфера. Секој викенд — полна тераса, насмеани лица и безброј добри моменти, а така ќе биде и овој петок и сабота.

Со почеток од 21:30 во петок (17.10.) настапува добро познатото дуо од Прилеп – Боби и Никола, кои како и секогаш ќе понудат врвна музика и енергија која никого не остава рамнодушен.

Во сабота (18.10.) за прв пат во Terasa шармантните Иван & Јулијана. Млади дечки со свеж звук, совршена понуда за незаборавна саботна вечер!

Уживај во повеќе од 30 видови пиво, разни мезиња, салати и закуски, и во прекрасниот амбиент што ја прави Terasa омиленото место во градот.

Резервирај навреме – местата се пополнуваат побрзо отколку што се полни твојата чаша!

📲 070 304 967

ЕЛС – најголемата македонска пошта, го дистрибуира избирачкиот материјал за локалните избори (ФОТО)

Најголемата приватна пошта со најголем капацитет во Македонија – Еко Логистик Сервис (ELS) го дистрибуира изборниот материјал за престојните локални избори во недела.

Од ЕЛС веќе започнаа до доставување на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии, а имајќи ја предвид нивната професионалност, брзина и доследност, со сигурност дистрибуцијата на избирачкиот материјал ќе се изврши како што треба, безбедно и навремено.

Како единствена приватна компанија со сите домашни и меѓународни лиценци, таа го носи епитетот лидер во пазарот, со пазарно учество преку 50 % во бројот и обемот на пратки.

ЕЛС располага со над 250 возила и повеќе од 350 обучени вработени, со широко распространета мрежа од над 80 хабови низ целата земја. Компанијата е еколошки освестена — користи електрични возила и еколошки горива, а исто така постојано воведува иновации за подобрување на услугите.

Услугите како достава на пратки од AliExpress, Temu, најавената соработка со Shein, експресна достава и новите идеи како шкафчиња за самостојно подигнување прават ЕЛС да биде вистински избор кога станува збор за сигурна, брза и модерна пошта.

Живееме ли со Штип во иста држава? Прилеп и голем број градови “љубоморно” ќе гледаат на ова (Фото/Видео)

Во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во недела, се чини дека во Штип нема ниту потреба од трошоци, таму Иван Јорданов веќе убаво си ја завршил работа. И не е важно од која партија доаѓа, веројатно на 99% од штипјани тоа воопшто ништо нема да им промени, имајќи во предвид што се’ е направено во центарот на Истокот во изминатите 4 години.

Еден поглед на Фејсбук страната на Јорданов и ќе се запрашате: “Живееме ли во иста држава со штипјани? Може ли вака и кај нас?”.

Да, сигурно може, може само ако чесни и честити луѓе ги водат институциите, ако парите на граѓаните се трошат домаќински, ако се води “есап”.

Во изминатите десетина дена, младиот градоначалник на Штип презентираше дел од реализираните проекти, и не, не е само она што сте навикнале да гледате пред избори, асфалтирање и бележење на улици. Штип се развива на сите полиња, инфраструктурно, на културен и спортски план, се градат нови објекти, се уредува секое ќоше….

Градот доби нов булевар, кружни текови, нови раскрсници, детски и спортски игралишта во секоја населба, затворен базен, нов пазар…да не зборуваме за посетеноста и бројноста на културните манифестации, концерти, разни натпревари….

Денеска Штип ќе добие и ДИНО ПАРК, да добро слушнавте, тоа ќе биде уште една голема атракција во градот под Исарот, содржина на која ќе се радуваат сите и ќе доаѓаат и од другите градови да ја погледнат.

Гледајќи ги содржините и начинот на кој се развива нашиот центар на Истокот, ни останува само да си посакаме ваков градоначалник во најголем дел од општините во Македонија. Секоја чест за Јорданов, доказ дека младоста не е хендикеп за големи резултати.

18 години без нашиот Тоше! Вечно ќе останеш во нашите срца

На денешен ден, во 2007-ма година, македонската и балканската музичка мега-ѕвезда Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка, во Хрватска.

Тој ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007), а изведувал и голем број странски хитови.

Тоше бил амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно бил прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

Коњановски: Инфраструктурниот бум во Битола ќе продолжи и во наредните 4 години

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 Анализа на Телевизија 24, при што најнапред се осврна на она што е преземено и што ќе се презема во насока на заштита на животната средина.

Коњановски истакна дека донесувањето на генералниот урбанистички план, кој го започна оваа гарнитура, е решение како на инфраструктурните предизвици така и на предизвиците во животната средина, притоа тој ги посочи и двата капитални проекти со кои, како што рече тој, се дел од решенијата за справување со загадувањето, а тоа е проектот топлификација кој е во завршна фаза како и проектот пречистителна станица.

„Делот на топлификацијата кој е во завршна фаза ќе воспостави 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво, пречистителната станица е на потег фактички припремните работи се веќе на терен, се прават. Два проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат во дел од загадувањето, она што го направивме е зелен катастар, многу обемна програма за енергетска ефикасност“, вели Коњановски.

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Коњановски укажа и на инфраструктурниот бум кој ја карактеризираше Битола во изминатите 4 години, во кој период во Битола целосно се реконструираа улици во должина од 50 километри и најави дека и во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет.

„Во градот беше буквално инфраструктурен бум во изминативе 4 години и така ќе продолжи. Оние проекти кои ги изработивме, улици во должина од над 50 километри со комплетна реконструкција, комплетна инфраструктура, па се зафативме со два капитални проекти, влез кој никој немал храброст да го отпочне од едната страна и она другото што го планираме од страната на Охрид“, заклучи Коњановски.

(ВИДЕО) И во Прилеп би било вака ако имаме сала?! Барса се справи со битолскиот “пекол”, aма ова остава без зборови

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во преполната “Боро Чурлевски”, а во рамки на петтото коло од Лигата на шампионите, ја пречекаа моќната Барселона, која успеа да се справи со битолскиот пекол.

Дрим тимот на Барса имаше предност од 4 гола на полувремето, што беше доволно за конечни 30:34 после 60 минути игра, но она што остава без зборови е атмосферата во спортскиот храм во Битола.

Чкембари и битолската публика по којзнае кој пат покажаа што значи страст, љубов, пожртвуваност. Од прва до последна минута грмеше, нешто што ретко каде се гледа низ Европа кога ракометот е во прашање.

Секоја чест за спортска Битола и секоја чест за “ЧКЕМБАРИ”

Може ли “Еурокомпозит” да се надева на рестарт? Мисајловски најавува компании од одбранбената индустрија кои сакаат да инвестираат во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да ги разгледаат можностите за да инвестираат во Македонија, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА од Брисел.

– Мислам дека наскоро ќе се потпише и Меморандум за соработка со една од тие компании, а има и друга македонска компанија што сака да се прошири, рече Мисајловски.

Тој најави дека една македонска фирма потпишала меморандум со странска компанија за изградба на фабрика, а дека постојат и уште две-три други иницијативи во чии рамки за разговара за земјиште, за постоечката легислатива и за начините и процедурите за инвестирање.

– Добро е што има компании што сакаат да дојдат во Македонија, бидејќи сепак ова е специфична наменска индустрија. Добро е да има напредок на ова поле по повеќе години застој, рече Мисајловски.

Министерот нагласи дека државата и Владата ги охрабруваат овие компании да инвестираат и се подготвени да им помогнат во тоа преку расположливите инструменти.

– Секој е добредојден, како и секоја компанија што има добра намера. Таа добра намера, се разбира, треба да се преточи во инвестиција. Како Влада ќе помагаме и важно е таа индустрија се повеќе и повеќе да ја развиваме. Ќе дадеме се од себе како држава да привлечеме странски инвестиции и најдобро би било овие фабрики да се градат во оние делови од нашата земја каде има потреба за тоа. Ќе работиме на тоа поле и се надевам дека наскоро ќе бидете сведоци на потпишување на еден ваков меморандум, додаде Мисајловски во изјавата за МИА.

На Универзитетот СКОПЈЕ предавање за Розов Октомври – месецот за подигање на свеста за ракот на дојка (ФОТО)

На Универзитет Скопје денеска се одржа предавање за “Розов октомври”, месецот за подигање на свеста за ракот на дојка. На панел дискусијата, свое учество имаа еминентни професори и доктори, но свое обраќање имаше и кандидатот за градоначалник на Карпош г- дин Сотир Лукроски.

Oд Универзитетот СКОПЈЕ упатуваат голема благодарност до тимот доктори:

Примариус М-р специјалист радиолог Виолета Толевска, д-р Милан Ристески- специјалист по онкологија и радиотерапија, Асистент др Наташа Толеска Димитровска – специјалист по торакална хирургија, Др.Љубинка Спиркоска Спец.Психијатар, Проф. д-р Магдалена Богдановска Тодоровска, Институт за патологија, Медицински факултет, УКИМ, Скопје и Специјалист д-р интервентен радиолог Ивона Јованоска – претставник на Здружение за борба против рак на дојка- МАРИЈА ПРОВЕРИ СЕ.