дома блог страница 2806

Kaтacтpoфа во најава за земјоделците: Жaлни фотографии од прилепското вештачко езеро

Вкупниот капацитет на вештачкото езеро во Прилеп е околу шест милиони кубни метри вода, а денеска вода во оваа вештачка акумулација речиси и да нема.

И сето тоа на 3-4 месеци од почетокот на работите во полињата, нешто што особено ги загрижува околу 10.000 земјоделски семејства од регионот.

Состојбата со вештачкото езеро во Прилеп беше слична и минатата година кога водата се испушти поради промена на вентил, а од тогаш до денеска акумулацијата никако да се врати во првобитната состојба.

Фотографиите во продолжение се дело на Рубин Аризанкоски кој со нив сака да апелира до институциите за оваа еколошка кaтacтpoфа во најава за земјоделците од Прилеп и прилепско.

(Фото) Прилепскиот бренд насекаде во светот: Витаминка осма година по ред на престижниот саем ISM 2020 во Келн

Витаминка има успешно претставување на својот асортиман производи на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, Германија што започна на 2ри и ќе трае до 5ти февруари 2020 година. Саемот претставува одлична можност за претставниците на нашата најголема компанија која работи во прехранбената производствена индустрија, да ги продлабочат односите и соработките, како и да остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

Настапот на саемот ISM 2020 е од големо значење за изложувачите, затоа што на тој начин се обезбедува успешно пробивање до светските пазари. Прилепска Витаминка традиционално зема активно учество на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои што предизвикуваат особен интерес од страна на посетителите. На тој начин компанијата го потврдува фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, како и со креирање конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања од страна на потрошувачите се олеснува патот до глобалниот пазар.

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. На саемот во Келн оваа година учествуваат повеќе од 1600 производители од 65 земји од светот, а се очекува посета од повеќе од 38 000 посетители од 140 земји од светот, на простор од 120 000 м2.

Две супер мајстории викендов го “олеснија” Спорт лајф (Фото)

Викендов Sport Life регистрираше 2 тикета со неверојатни добивки. Со уплата од 31 денар играч од Скопје-Север успеа да „фати“ добивка над 200.000 денари, додека вториот играч во Битола оствари бонус од над 70.000 денари за добивка од скоро исто така 200.000 денари.

Играчот на едниот тикет уплатен во Скопје-Север, добро се „испотил“  очекувајќи го резултатот од натпреварот Барселона – Леванте каде очекуваниот трет гол му доаѓа дури во последната минута, а кај мечот Маинц-Баерн, гостинската екипа го постигна победничкиот резултат од 1:3 уште во првото полувреме, за потоа во второто полувреме ниту една екипа да не постигне погодок, како да играле според типувањето на нашиот играч:  2 & 2-4 гола. Ова е повеќе од одличен викенд за играчот на Sport Life.

Вториот е Битолска мајсторија! Добитниот тикет со 14 погодени пара со солиден коефициент, достигнува бонус од 70.329 денари или околу 1.100 евра. Дополнителниот „Празничен бонус“ од Sport Life, кој можат да го добијат членовите на СЛ клубот со нивната СЛ клуб картичка, на овој играч му донесе 56% бонус за вкупна добивка од 195.918 денари.

Покрај бонуси, со СЛ клуб картичката играчите на Sport Life добиваат поени за подароци од СЛ маркетот за секој одигран тикет и уплата регистрирани на картичката, како и право да учествуваат во голем број наградни акции и игри со добивки како што е Типстер купот, кој оваа година некому ќе му донесе стан на Водно.

На луѓето родени во февруари се’ им од рака: Народни верувања поврзани со месец февруари

За сите оние кои планираат да стапат во брак февруари е значаен месец. Февруари како месец е краток, колеблив и неодлучен и уште познат како „воден“ месец.

Во овој месец се уште е студено, па така се уште никој не ја напушта куќата и исто така нема работа на нивите.

За оној кој е роден во месец февруари треба да знае дека се ќе му оди од рака. Ќе има многу голем напредок. Човекот роден во овој месец треба да знае дека ова е неговиот најсреќен месец во годината.

Луѓето родени во февруари се посебни. Сакаат да ги поместуваат границите. Големи иноватори се и не е ни чудо што многу научници се родени во овој месец. За успех во животот, потребно е да имате силна волја и голема упорност. А, токму децата родени во февруари ја имаат од самото раѓање. Тие се големи хуманитарци, се борат за правата на обесправените и никогаш не се скржави.

Народни верувања за февруари:

-Старите луѓе велат доколку во февруари е топло времето тоа нема да донесе ништо добор, па затоа се вели дека е подобро да се види гладен волк во шумата отколку човек во лесна кошула на нивата.

– Доколку видите мачка како се сонча на февруарско сонце, таа ќе биде заточена во студените пештери во март.

– Доколку врне дожд на Свети Трифун, сливата ќе процвета богато таа година.

Извор: “Република.мк”

И тутунарите од Долнени на протест: Туркањето на класи и со тони неоткупениот тутун ги изваде тутунарите на блокади (Фото галерија)

Револтирани тутунари и земјоделци денеска излегоа на протест во Долнени.

Тие револтот кон оваа ненародна власт и министерот за земјоделие го искажаа со блокирање на патот и палење на тутунот чија ниска цена е неприфатлива за нив.

Протест се одржа и на патот кон „Плетвар“ каде исто така револтирани тутунари од Прилеп и прилепско преку блокада на патот го искажаа својот револт кон оваа власт.

Прилепските тутунари го блокиpaa патот кон Плетвар: Барале средба со министерот- им одговориле „кои сте вие па со министерот да се сретнете“?! (Видео)

Прилепските тутунари излегоа на протест блокирајќи го преминот кај Плетвар.

До Нова Година откупот и исплата на тутунот во прилепскиот регион течела нормално за од 1 јануари повеќе да не се откупува, а и оној кој се откупува да се откупува за класа пониско, што значи дека занчително е намалена откупна цена.

Тутунарите побараа да се зголеми откупната цената, сите откупните пунктови да проработат, да се исплаќа за фактичката класа на тутун.

За крај тие побараа да се донесе закон со кој ќе се забрани увозот тутун во Македонија. Во врска со проблемите со кои се соочуваат тие изреагирале до инспекциските служби, но никој не сторил ништо. Еден од тутунарите посочи дека кога сакал да се види со министерот, односно побарал средба тоа не му било дозволено, па го запрашале кој си ти за да се видиш со министерот за земјоделие Трајан Димков.

На прашање на Инфомакс, колкава количина на тутун се увезува и кој ја увезува, тие одговорија не знаат, но она што го знаат е дека нивниот тутун не е откупен, а откупната цена е нереална.

Тие обвинуваат дека данок земјоделците плаќаат два пати, субвенциите се уште не се исплатени, а на оние кои се вработени во администрација, имаат „братучеди“ на високи позиции им оди тутунот добро, сите луѓе кои што се вработени во јавна администрација тие луѓе им оди како прва класа цело производство, а нашето производство не може да оди никако, постои партиска дискриминација и и врски, велат тутунарите.

Тутунот не се откупува по класи туку по луѓе, додаоа земјоделците.

Според техничкиот дополнителен заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновскипричината за ниска увозна цена е увозот на странски ориентален тутун.

Тутунарите најавуваат дека доколку нивните барања не се оствараат ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патиштата

Патеката на славните прилепчани и “Арт плоштадот” се уништуваат без некому око да му трепне (Фото)

Дел од украсните клупи на “Арт плоштадот” кои се наоѓаат покрај патеката на славните прилепчани, се уништени и така стојат веќе подолг период.

На овој дел од плоштадот во центарот на Прилеп се наоѓа патека на која се испишани имиња на прилепчани кои низ историјата оставиле белег врз културното, уметничкото и литературното творештво на градот и државата.

Клупите и уметничките статуетки се само декор на познатата патека на славните која во изминатите години се надополнуваше со нови имиња.

Она што денеска е забележително е дека на патеката речиси и да нема светло кое функционира, а несовесни граѓани само дополнително го уништуваат декорот наоколу.

Дебакл на СДСМ во Дојран: Граѓаните гласаа против на референдумот

Со сооднос од 2,5:1 во гласови, граѓаните на Дојран на денешниот референдум го отфрлија предлогот од сдсмовскиот градоначалник Анго Ангов за јавно-приватно партнерство за водовод и канализација.

На успешниот референдум со излезеност од 53,34 проценти, за доделување договор за јавно-приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во Општина Дојран се изјаснија 405 граѓани со право на глас, 965 беа против, а 37 ливчиња се неважечки, соопшти Ангов, повикувајќи се на неофицијални резултати.

Според планот за јавно-приватно партнерство, приватниот партнер требаше да инвестира 8,1 милиони евра во период од три години во водоводна и канализациска мрежа, а за возврат да стопанисува со комуналните услуги во наредните 30 години.

Прилепчанец свири бузуки на Кипар подобро од Грците: Ја воодушевил дури и Цеца

Прилепчанецот Злате Андоноски две децении свири бузуки на Кипар

– Скромно заработува, има наследници во музиката и уште сонува за професионално бузуки

Злате Андоноски (56) од Прилеп лебот го вади со свирење бузуки во Кипар веќе 12 години. Живее двоен живот, овде и таму, поделен, на период кога работи и заработува, и дел од годината кога го троши заработеното. Од 2007 година во лето живее по 4 месеци во Кипар. Ја сака музиката и сака да ги разонодува гостите, по рестораните на грчкиот дел од островот. Се задоволува со бакшижот кој ќе го спуштат во каначката гостите од луксузните рибни ресторани, откако срцето и душата ќе им ја разнежни со свирење грчки хитови на бузуки. И свирел дури и на Цеца. Останала воодушевена од акустиката, од звукот кој успешно го произведува со бузуки.

– Лебот го вадам свирејќи на бузуки, ги забавувам луѓето со инструментот кој музички е копија од гитара, со 4 жици, дупли – вели Андоноски.

Свири и англиски и руски песни, му свири и на понекој Турчин, но да не го слушнат грчките кипарци. Знае да свири и на класична гитара, на ут. Маката го натерала да го совлада и грчкиот јазик. Почнал да го учи грчкиот јазик од 1986 година како студент. Берел праски и јаболка во Грција. Знае да чита и пишува. Од студентите учел што значи некој збор, како се кажува ова, она. Потоа свирел по ресторани. Во 2001 година во Ламија, во близина на Атина свирел со Грци во група. Потоа имал забрана за престој во Грција бидејќи имал бугарски пасош. Тоа го однело да работи за корка леб на Кипар.

– На Кипар ме дочека тешка клима на крајот на август. Сум свирел и на улица од 5 до 6 сабајле, потоа по ресторани. Стојам одстрана, ќе направам 2-3 песни. Ќе поминам со каначката меѓу масите и си заминувам. Ако дозволи газдата, односно ако сакаат гостите од некоја маса, останувам подолго. Вадам малку пари, колку да се преживее и нешто заштеди – објаснува Андоноски.

Музиката ја сакал од дете. Свирел клавир. Посетувал и основно музичко училиште, но ја немал таа среќа да има хармоника. Болни му се сеќавањата од детството кога страдал за инструмент. Бил жртва на лошата педагогија, домашната строгост во комунизмот. Првото пластично бузуки го купил со парите заработени од берење јаболка во Костур, потоа купил друго.

– Перо, професорот по музика, ми велеше, талент како тебе се раѓа еднаш на 10 годинии. И ден-денес, по толку години свирење, немам бузуки какво што сакам. Тешко е кога некои луѓе кои немаат разбирање за музика, ќе ти ставаат ембарго во животот. Моето бузуки е професионално, но со мана во вратот. Има убави бузукиа во Грција, Бугарија. Може да се најдат од 1500 евра до 500 евра. Бузуките не е мерцедес, па можеш да го видиш и купиш. Зависи кој мајстор го правел, како виолините – вели Андоноски.

Четири месеци е на Кипар, а остатокот во Македонија. Со она што ќе заработи и заштеди живее овде. Обезбедил два стана за децата. Иако завршил степен на Градежниот факултет. Кратко работел на струката. Од музиката не се дели. Но, интересот за музика спласнува, според него, последниве години.

– И виолина убаво свирам. Има луѓе кои кога свирам, иако имаат уши, не слушаат дека пеам, не ја разбираат музиката. Европјаните се многу ладни. Имаат само пари, но не и душа. Го свирам Џим Морисон со бузуки. Сé помалку се професионалните групи. Свирам со Наско Чапар во Идадија, во Скопје кога сум во Македонија. До пред 4-5 години имав тезги, но слабо е сега. Кој сака може да ме слушне на јутуб – вели Андоноски.

Во ќерката веќе го гледа својот наследник во музиката. Таа свири на гитара и самостојно настапувала во Грција додека не е на студија на Медицинскиот факултет. И синот знае да свири класична гитара. Злате Андоноски многу се нервира кога некој ќе рече дека со музика некој се занимава од хоби. За него музиката е живот, опстанок, љубов, среќа. За себе вели дека има тешка ѕвезда и често среќава неразбрани луѓе. Полека се ориентира на англиската и шпанската музика. Работел и тешка физичка работа и пак свирел.

СО ЦЕЦА ЗАЕДНО 24 ЧАСА НА ИНСТАГРАМ

Во рибен ресторан на Кипар летото 2019 година имал чест да и’ свири на Цеца. Се фотографирал со неа. Сликата осамнала на Инстаграм.

– Свирев, кога забележав дека Цеца ме снима, и’ се приближив. Ме праша кој сум , од каде сум. Беше при крај со вечерата. И беа изедени рибите и беше за станување. Се сликавме, па влезе во еден џип. Ме стави на Инстаграм. Ме имаше заедно 24 часа. Треба да си мајстор за звук со бузуки акустично да произведеш. Со електрично, може секој да свири. Кога сакам да отсвирам или отпеам на грчки, јас сум гениј – вели Андоноски.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

“Уште еден Градоначалник пред оставка?”

Смилевски конечно да покаже храброст и да го следи примерот ма неговиот колега од Крушево, бара претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

-Храбар потег на градоначалникот од СДС на Крушево, дал збор дека ако СДС ги изгуби предвремените парламентарни избори ќе си поднесе неотповиклива оставка од позицијата градоначалник, пишува на Фејсбук Костовски.

Понатаму Костовски пишува дека поразок кој што ќе го доживеат Заев и Смилевски на 12 април ќе биде целосно делегитимирање на централната но и локалната власт на СДС во Бутел.

-Добро би било ваква изјава да даде и градоначалникот на Бутел Смилевски, затоа што големиот пораз кој Заев и Смилевски ќе го доживеат во Бутел на 12ти Април ќе биде целосно делегитимирање на централната но и локалната власт на СДС во Бутел, тоа ќе биде најсигурен показател дека граѓаните на Бутел се свесни за големите предизборни лаги на Смилевски и Заев и екстремно малата реализација на предизборната програма, показател со кој непосредно ќе биде потврдено дека е доста за СДС во Македонија и Бутел, доста е за набезбеден Бутел, доста е за понижен Бутел, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.