дома блог страница 2770

По навика, градоначалникот ПАК вети нов театар, затворениот базен подзаборави да го спомене

По повод 70 години од постоењето на театарот „Војдан Чернодрински“, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со прилепскиот ансамбл.

На средбата, градоначалникот Јованоски го изрази своето задоволство од досегашната работа и постигнатите успеси на театарот. Истовремено, градоначалникот им се заблагодари на актерите и им оддаде признание за енергијата која ја вложуваат во својата работа, што придонесува за континуирано одржување на театарот „Војдан Чернодрински“ меѓу најдобритe во нашата држава.

На средбата беше разговарано и за проблемите со кои се соочуваат актерите, со посебен акцент на состојбата во која се наоѓа објектот и условите во кои работи ансамблот, а се’ со цел за што поскоро изнаоѓање начини за нивно отстранување.

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележувањето на 70-годишнината од своето постоење го започна со премиерната изведба на претставата „Лажговци“. По повод јубилејот, помладата генерација од ансамблот во рамките на манифестацијата „Недела на театарот“, го изведе музичкиот перформанс „Move the beat with Actors and The Hounds“, а беа прикажани уште 5 други претстави од тековниот репертоар.

Од првото кревање на завесата со претставата „Кир Јања“, до премиерата на „Лажговци“, на сцената на тетарот „Војдан Чернодрински“ настапиле голем број актери и уметници кои дале свој придонес во развојот на театарот и на театарската уметност. Во своето седумдецениско опстојување, театарот „Војдан Чернодрински“ кој е дел од НУЦК „Марко Цепенков“, посебно внимание посветува на домашното творештво. Во изминатите години, на матичната сцена биле прикажани околу 350 премиери и изведени околу 7.000 претстави, кои ги виделе над 1.5 милиони луѓе.

Еве колку ќе чинат и кога започнува продажбата на билетите за мечот со Косово

Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне во понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески“ кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „Исток“.

Прилепскиот ката тим кој растура низ светот се враќа во составот на Македонија

Познат е составот на македонската сениорска репрезентација за Европското првенство (ЕП) во Баку, Азербејџан (25-29 март). Селекцијата брои 12 каратисти во борби (пет во женска и седум во машка конкуренција).

Селекторот на сениорската репрезентација во борби, Сашко Арсовски, се определи за: Емил Павлов (-60 кг), Фаик Фесели (-67 кг), Петар Заборски (-75 кг), Берат Јакупи (-84 кг), Жарко Арсовски (+84 кг).

Доан Османи и Петар Спасеновски се пријавени во екипниот состав (5+2). Од овој состав, во оваа конкуренција досега со медали од ЕП се закитиле Павлов (по двапати со злато и бронза) и Јакупи (со едно сребро).

Во борби жени, на ЕП ќе учествуваат Сара Радичевска (-50 кг), Симона Заборска (-55 кг), Вероника Костовска (-61 кг), Ангела Мојсовска (-68 кг), Моника Стефановска (+68 кг). Жените екипно ќе настапат во состав 4+1.

„Ова се најдобрите и најподготвени каратисти во моментов што можат да го дадат максимумот на ЕП. Македонија речиси постојано се враќала со медали од европските шампионати, па убеден сум дека така ќе биде и во Баку, со што само ќе го продолжиме коинтинуитетот успешни настапи на големите натпреварувања. Ова е хомоген состав, така што не би можел да прецизирам кој има најголеми шанси за медал, но секако дека очекувам успех и на ова ЕП. Подготовките заеднички ќе се одвиваат секој викенд во Штип, а завршните, пред заминувањето за Баку, ќе бидат на татамите во Пехчево или во Штип“, вели Арсовски.

Во кати, селекторот Стојан Андриевски се одлучи за Пуликсенија Јованоска и дебитантот на сениорско ЕП Александар Неделковски. Во екипна конкуренција се враќаат каратистките на Ронин, Маријана Димоска, Мишела Димоска и Кириана Камческа кои настапуваат во Австралија.

Извор: “ИПОН.МK”

Синоќа зaпaлeнo возило во Прилеп

На 24.02.2020 околу 03.45 часот во Полициcката cтаница Прилеп, В.Р.(43) од Прилеп приjaвил дека во дворот од неговата куќа ул.„Ножот“ настанал пожap во неговото товарно возило „мерцедес вито“.

Во 04.05 часот пожарот бил локализиpaн од екипа на Териториjaлната пpoтивпожapна единица Прилеп, а повpeдени лица нема.

Увид извршила екипа од ПС Прилеп.

Иcкpшена двојазична табла и во Струмица

Синоќа е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, која е неодамна поставена и е испишана на македонски, албански и англиски јазик.

На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.

Информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.

Mицкоски повика на граѓански пpoтecт утре: Зоран Заев и пyкaшe во чело на пpaвдата (Видео)

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното. Тоа е приказ како мафиjaта има своја држава и правдата престанува да дише, ова денеска на прес-конференција го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев и пykaше во чело на правдата. Заев е правдoyбиецот во Република Македонија. Во исто време слушнавме лицемерие, надменост, забеганост. Слушнавме како Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот cyд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев. Што е ова ако не погpeбyвање на правдата и фрлање на цела една држава на колена. Кога правда нема, нема ред, нема закон, и има кpиминал. И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како инфлагранте го крши законот. Ова за жал на сите нас, станува пракса, непоправлив тренд на постојано вплеткување на овој човек во криминал, скандали и кршења на законот. Нема месец, нема ден, а да не никне некој нов скандал поголем од претходниот. Peкети, поткyпи на квадрат, полиња со мариxyaна, тендери, нacилие на избори, и што уште не. И прашувате зошто? Па зошто правда нема, а чувме и зошто нема, рече Мицкоски.

Тој прашува зошто Зоран Заев вели “договорено е со Врховен”, “без Заев не се може”, “трас трас ете одлука на Врховен cyд”, “Катица знае за се што треба да се случи”,… или закон за СЈО или одлука на Врховен cyд ама случаите ќе паднат.

-Ова не е Европската иднина која Заев ја ветуваше, ова е кpиминалната приказна на мафиjaта желна за пapи и влacт. Тој ја призна автентичноста на аудиото објавено во јавноста. И да не навлегуваме во онаа смешна и недоветна одбрана на Заев во врска со аудио материјалот за кој тој тврди дека всушност може да се чуе дека бил за тоа да се спасат случаите на СЈО, нешто што никаде не го слушнавме и не го видовме. Тоа му е само фраза за оправдување пред јавноста и во изјавите пред медиумите, затоа што никој не верува дека пред 8-мината пратеници Заев би говорел и би ги убедувал колку е добро тие да одговараат за случаите кои еве гледаме полека ги снемува. Суштински аудио материјалот за мафиjaта покажува дека Заев е виновен за непpaвдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотpeбил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот cyд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за тоа. Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителcтво или ќе го цитирам „трас-трас”одлука на Врховниот cyд. Значи освен премиер, бил судиja, но и обвинитeл. И заспаното обвинителcтво за сето ова молчи. Молчи затоа што е во скутот на истиот кој диктиpa прecyди и ја убива пpaвдата. Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема, потенцира Мицкоски.

Тој повикува на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.

-Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие. Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и Врховниот суд. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност и задача, заврши Мицкоски.

(Видео) Евaкyиpaна caлата во Мелбурн за време на говорот на Ѓорѓе Иванов

Бившиот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, кој со семејството е на посета на македонските иселеници во Австралија, на 22 ри февруари присуствуваше на гала вечер на покана од „The Macedonian Community Welfare Association“(MCWA). Но, при говорот на екс претседателот настанала паниka по што биле еваkyиpaни сите кои пристуствувале на настанот.

Имено за време на говорот на Иванов се вклучил противпожарниот аларм, при што салата каде што се одржувала гала вечерта биле евакуирана.

Собраните средства од купените влезници за гала вечерта со Иванови ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

видео: falanga.com.au

Бензините и дизелот со нова повисока цена оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 17.02.2020 година.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 25.02.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит и сега ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 ден/кг и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 33,565 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 25.02.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 47,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,565 (денари/килограм)

Нова изведба на комедијата “Лажговци” во театарот “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински„

27.02.2020 – 19.30 ч.

„ЛАЖГОВЦИ“ , режија Коле Ангеловски

Влезници на 076 442 378

Kлубско финале за ППК Младост 96 на “Мастерс Телеком” турнирот во Крива Паланка

Во Крива Паланка викендов се одржа вториот “Мастерс Телеком” турнир за сениори, каде финалето беше резервирано за играчите на ППК Младост96. Новото засилување на екипата на Младост96, Кристијан Станојковски, убедливо го освои турнирот, каде во финалето со 4-0 во сетови го победи својот клубски колега Петар Костовски.

Останатите двајца играчи на Младост96, Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски, оправдано поради обврски не учествуваа на мастерс турнирот, кој е и бодовен турнир за влез во сениорската репрезентација на Македонија. На турнирот учествуваа околу 60 натпреварувачи.

Овој успех, како и со доаѓањето на српскиот репрезентативец Стефан Костадиновиќ во екипата на Младост96, покажува дека екипата е зрела за шампионска титула.

Третите места ги освоија Богатинов од Шампиони ФА и Живко Апостолоски од Вардар. Станојковски беше подобар од Богатинов со 4-0 додека, а Костовски по голема борба го победи Апостоловски со 4-1, па на тој начин финалето беше резервирано за играчите на Младост96.

Првенството започнува наредниот викенд во Скопје, каде ППК Младост96 е слободен во првото коло. Екипата тој период ќе го искористи за што подобар старт на пролетниот дел на сезоната со заеднички подготовки на играчите. Најпрво од 25 февруари до 1 март во Прилеп, во пингпонгарската сала во “Партизан”, ќе започни првиот дел од подготовките, на кое играчите ќе работат со тренерот Гоце Тошески, а од 2-7 март екипата заминува на подготовки во Ниш, соседна Србија, каде со екипата на Железничар, во која има доста квалитетни играчи, заеднички ќе ги обавуваат зацртаните задачи од овие припреми.

На 8 март Младост96 стартува во лигата со два натпревари и тоа против Радовиш и против Телеком Нец.

На 29 Февруари во Крива Паланка ќе се одржи Државно првенство до 12 години, каде од неколкуте играчи на Младост96 кои ќе играат на Државното првенство, клубот очекува освојување на медали.