дома блог страница 266

Трагедија во близина на М. Брод – загина 41-годишна жена, шестгодишно дете и двајца сопатници пренесени во прилепската болница

-На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Kривична за двајца прилепчани за коментари на социјални мрежи

-СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П.(38) и Г.П.(49), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.11.2025 на страна на информативен портал на социјална мрежа, пријавените објавиле пост со кој повикувале на омраза и нетрпеливост, информираат од СВР Битола.

Викендот е за добра музика и уште подобра атмосфера во Terasa Pub Club Прилеп

Ако викендот го поврзуваш со добра музика, пријатна атмосфера и одлично друштво – тогаш твојата адреса е Terasa Pub Club. Овој петок и сабота, Terasa носи два различни музички доживувања што ветуваат забава до доцна во ноќта.

Петок | 23.01.

Metropolis Band – енергичен настап и добро познати хитови што ја креваат атмосферата уште од првата нота.

Сабота | 24.01.

TRIO FISH – одлична жива свирка, емоција и музика за вистински мерак.

Одличен избор на пијалоци, топол амбиент и музика во живо – сè што ви треба за совршен викенд, а во деновите пред викендот, Terasa преку целиот ден ве очекува да уживате во прекрасниот простор на кафе дружба со вашите пријатели и најблиски.

📞 Резервирајте навреме на: 070 304 967

Компании со срце за заедницата: Голд Слот и Евротип традиционално даруваа за Водици во Прилеп (ФОТО)

По повод големиот христијански празник Водици, компаниите Голд Слот Клуби Евротип, дел од КС Групација, и оваа година ја покажаа својата посветеност кон традицијата и локалната заедница, подарувајќи пригодни подароци во Прилеп.

Во рамки на празничните активности во Прилеп, Голд Слот и Евротип подарија 120 маици, 22 новогодишни пакетчиња, 23 икони, како и телевизор, со што дадоа свој придонес во празничното расположение и во одбележувањето на овој значаен ден.

Преку ваквите активности, компаниите ја потврдуваат својата заложба за поддршка на традиционалните вредности и за градење цврста врска со локалната заедница.

Од КС Групација истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични иницијативи, со цел поддршка на настани кои носат радост, заедништво и позитивна енергија меѓу граѓаните.

Со желби за здравје, среќа и бериќет, Голд Слот и Евротип им го честитаат празникот Водици на сите граѓани и надеж дека Новата година ќе донесе благосостојба и успех за сите.

Повеќе ФОТОГРАФИИ од празнувањето на Водици во Прилеп и прилепско погледнете ТУКА

(ФОТО) Битолчани не ги изненади снегот утрово – Механизација го чисти целиот град

Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово.

На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите на „Нискоградба“ и на „Комуналец“ кој врши увид во интервенциите со цел оспособување на улиците и пешачките патеки за нормално движење.

Како што информира директорот Зоран Талевски камиони-посипувачи излегле на терен во 3:30 часот, за улиците употребени се 12 тони сол и 8 метри кубни ризла до утрово до 7:00 часот.

Се чисти според приоритетот и како што вели Талевски виталните сообраќајници се оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, како и пристапите до јавните институции.

Екипите продолжуваат со чистење во текот на целиот ден во оспособување и на улиците од втор и трет прироритет и патиштата до населените места.

Апелираат да не се фрла снег на коловозот.

Инаку деновиве беше промовирана апликацијата „Битола-Зимска служба“ на која во реално време може да се следи работата, односно која машина каде интервенира, на која улица, пат или населено место.

Прилеп се разбуди под снежна покривка, граѓаните “чадат” од нервоза и мака мачеа да стигнат на работа (ФОТО/ВИДЕО)

Снежните врнежи кои од синоќа ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Утрово градот под Марковите Кули се разбуди под снежна пoкривка, а граѓаните мака мачеа да стигнат до работните места поради неисчистени коловози.

Според наши информации обврската за чистење на снегот оваа година ја има Јавното комунално претпријатие “Комуналец”, од каде не може да се забележи активност на улиците утрово.

Освен улиците и булеварите, не се воопшто исчистени ниту пешачките патеки, плоштадите…па апел граѓаните да бидат внимателни кога се движат и со автомобилите и пеш низ градот.

Наши читатели од рано утрово ни испраќаат фотографии од заглавени автомобили на кружните текови, каде возачите мака мачат да поминат.

Да се надеваме дека надлежните час поскоро ќе реагираат и снегот ќе биде расчистен од коловозите.

Забрана за камиони на планинските превои: Плетвар, Стража, Пресека…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои: Стража, Плетвар, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Трипуновски од Прилеп ги повика младите да садат тутун, профитабилно било (ВИДЕО)

Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун, по просечна цена од 419 денари по килограм. Истиот е во вредност од 170 милиони евра и е 95% исплатен кон тутунопроизводителите. Оваа бројка е за речиси 1,5 милиони килограми повеќе тутун за разлика од лани, истакна денеска во посетата на откупните центри во Прилеп, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој ги повика младите да ги искористат моменталните бенефити од тутунопроизводството како доста профитабилна гранка.

„Навистина рентабилноста во оваа гранка е доста голема и нормално сигурноста во делот на производството е предвидлива, односно знаете кога ќе произведете, кој ќе го купи и по која цена, субвенциите се тука како категорија која што помага, плус оние дополнителни поддршки што ги даваме од оваа година, а тоа е зелената нафта која е во една сериозна количина за секој еден тутунопроизводител, плус површинската мерка од 6.000 денари по хектар, што вака сумирано е еден добар показател дека има иднина во оваа гранка и младите луѓе ги охрабрувам да влезат во процесот“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Македонија го заврши настапот на Европското, но победата над Романија ни донесе голема предност

Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир.

Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно вечерава ја совладаа Романија со 24:23 и за пласман во следната рунда се надеваа на победата на Данска од најмалку 18 голови разлика.

Сепак, посакуваното сценарио уште од самиот почеток на дуелот меѓу Данска и Португалија се покажа како нереално.

Португалија го отвори натпреварот со водство од 3:1 и до крајот на полувремето ја лимитираше Данска на само 11 голови.

Актуелниот светски и олимписки првак помогнат од 15.000 гледачи во Хернинг на стартот од второто полувреме го презеде водството, поведувајќи со највисоки 19:17, но Португалците се вратија со серија од 7-2 и на крајот извојуваа сензационална победа со која пренесоа два бода во следната рунда, како првопласирани во групата Б, пред Данска.

Македонската ракометари го завршија настапот на Европското првенство како третопласирана во групата Б, со една победа (Романија 24-23), едно реми (Португалија 29-29) и пораз од Данска (36-24).

Вечерашниот триумф над Романците, обезбеден со голот на Никола Костески во последната секунда, на македонската репрезентација ѝ обезбеди статус на носител во баражот за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.

Парична награда и икона од заштитникот на градот за Христијан Бошевски, кој го фати светиот крст на Водици

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст , која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Богојавление Водици.

16 годишниот Христијан Бошевски кој е ученик во Спортската академија раскажа за своето прекрасно искуство од учеството во фаќањето на Светиот крст.

Коњановски, посакувајќи му многу здравје, среќа и успех, го награди младиот Бошевски со парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.