дома блог страница 2491

Правиме многу грешки: Корисни совети кои ќе ви помогнат да го зачувате здравјето на вашите заби и непца

Забите не треба да се мијат веднаш по јадење бидејќи забите и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно може да се оштетат доколку веднаш ги триеме со четка. Експертите советуваат да се почека од 30 до 40 минути, објави „Брајт сајд“.

Други совети од експертите се и да не се дозволи водата од базенот да влезе во уста, бидејќи средствата за дезинфекција и одржување на водата содржат состојки штетни за забите.

Стоматолозите, исто така, препорачуваат кафето да се испие што е можно побрзо, а не подолго од 20 минути бидејќи на тој начин за овозможува повеќе време за кофеинот да ги уништи непцата и бојата на забите.

Експертите советуваат и забите секогаш да се мијат одвоено, а не за време на капење или туширање, бидејќи тоа е процес на кој треба да се посветиме.

Исто така, не се препорачува пирсинг на јазик ниту џвакање мраз, бидејќи и двете работи ги оштетуваат непцата и забите и можат да предизвикаат испаѓање на пломбите.

Hajдобрите мажи за бpaк се poдени во овие тpи xopocкопски знаци

Девица

Девиците се природни лидери кои прават фантастични и посветени партнери. Нешто кај нив едноставно ги привлекува луѓето затоа што тие се многу шармантни и дружеубиви, а имаат и уникатна смисла за хумор.

Тие секогаш наоѓаат начин како правилно да ја балансираат работата и задоволството. Кога сакаат, тие сакаат со сето свое срце и секоја емоција е максимално засилена.

Тие се вљубуваат многу лесно, па ако треба, одат со глава низ ѕид и нема ништо повозбудливо за нив од тоа. Тие се одличен материјал за потенцијален сопруг бидејќи се многу дарежливи во врската и што е најважно, тие секогаш ќе бидат поддржувачи на партнерот.

Вага

Искреноста е омилена политика на Вагата, која е директна во покажување чувства и не сака игри. Тие сакаат да најдат партнер кој обезбедува еднаква поддршка, сочувство и посветеност на вистината како самите нив.

Потрагата по знаење е исто така многу важна за нив бидејќи сакаат да откријат сè за сè што ги интересира во даден момент. Тие се страсни и конкурентни, но сакаат да го споделат своето хоби и со партнерот.

Вагата не треба да се брза. Силни и чувствителни основи за градење врска се она што Вага го сака и нема да каже „Те сакам“ сè додека не се чувствуваат потполно безбедни покрај партнерот.

Овен

Припадниците на овој знак се длабоко конзервативни, традиционални и посветени на семејството. Тие едвај чекаат да создадат свој дом.

Овенот сака да преземе иницијатива и да прави работи за домот да го направи што е можно поудобен за семејството.

Тие се многу внимателни кон своите сопруги и веруваат дека има работи кои жената не треба да ги прави. Тие се добри домаќини и сакаат друштво, но никогаш нема да го стават пред партнерот.

Недостасуваат 2013 гласачки ливчиња

Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња.

Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека:

-Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.236; Вкупен број на избирачи кои гласале – 942.334; Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 869.889; Вкупен број на важечки гласачки ливчиња – 910.868; Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 31.466.

Но, кога од 1.814.236 гласачи со право на глас, ќе се одземат 942.334 лица кои гласале, се добива бројката од 871.902 лица кои не се гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња.

Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња.

Куновска: Се истепаа за една недела порано-подоцна да биле изборите, а денес слушам на одмор си отишле

Софија Куновска, која беше дел од високото партиско раководство на СДСМ и поранешна пратеничка ја критикува одлуката на лидерот на партијата Зоран Заев кој соопшти дека заминува на одмор до втори август.

-Се истепаа за една недела порано- подоцна да биле изборите, среда ја направија неработен ден, од што брзале за граѓаните да добијат побрзо ефикасни институции за борба со Ковид-19, а денес слушам на одмор си отишле, пишува Куновска на Фејсбук.

Неверојатно видео: НАСА ги објави досега најблиските фотографии од Сонцето

Сателитот лансиран на 10 февруари 2020 година, од половина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, испрати фотографии кои откриваат сосема нов феномен на Сонцето, што може да обезбеди одговор на најголемата тајна.

„Не очекувавме вакви одлични резултати на почетокот. Можеме да видиме и како нашите 10 научни инструменти се надополнуваат едни со други, со што се комплетира холистичката слика за Сонцето и непосредната околина“, се наведува на официјалната веб-страница на Европската вселенска агенција, каде се пренесува изјава на Даниел Милер, еден од научниците кои работат на проектот Солар орбитер.

Со кopoнавиpyc зapaзени 4141 скопјани, еве по колку активни случаи има во секоја општина

Во Скопје од почетокот на пандемиjaта до денес со кopoнавиpyc се зapaзиле 4141 граѓанин.

Во мометов има активни случаи 1837.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 284, Аеродром – 171, Бутел – 139, Гази Баба – 202, Центар – 151, Карпош – 146, Сарај – 116, Кисела Вода – 123, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 109, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 32, Илинден – 21, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 13, Зелениково- 12, Странец – 7, Нераспределен- 69.

“Челичниот Мајк” ќе ce бopи co голема бела ajкула (Видео)

Пpoтивниците тpeбаше да избегaaт од вилиците на пpeдаторот koга ce бopea co Мajк Тajcoн во негово време, koга беше шампион.

Ceга Tajcoн доби идеja како неговите пpoтивници ce чувствувaaт cpeде одмepyвањето на силите додека скока длабоко и се cooчува со големата бела ajкула.

Бopбата пpoтив океанскиот предатop ќе се одвива во популарниот пpoграмски блок на каналот Дискавери, објавен како „Недела на ajкули“ на 9 август.

Епизодата, насловена „Тајсон против челустите: Гром на гребенот“, Железниот Мајк ќе се соочи со ajкулата под вода во името на науката. За да се надгради напнатоста, со неговиот глас ќе се придружи познатиот најавувач Мајкл Буфер.

Целата статија можете да ја прочитате на ИПОН.МК.

МПЦ слави 53 години автокефалност: “ДА ЖИВЕЕ ДРЕВНАТА И СЛАВНА СВЕТИ КЛИМЕНТОВА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА”

“Господ нѐ вдахнови и умудри, на 17 јули 1967 лето Господово, да ја донесеме историската Одлука за целосна обнова на автокефалноста на дервната и славна Охридска Архиепископија!”, Митрополит Полошко-кумановскки г. Кирил.

„Македонската православна црква – наследница на обновената Охридска архиепископија – се прогласува за автокефална. На чело на автокефалната Македонската православна црква стои архиепископ со достоинство ‘архиепископ охридски и македонски’“.

Ова се првите два члена од Одлуката што на 17 јули 1967 година на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ја донесе Светиот архиерејски синод на МПЦ.

Пред 53 години, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот македонски црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид, каде се прогласило обновувањето на автокефалноста на древната и славната Свети Климентова Охридска архиепископија.

Корените на христијанството во Македонија потекнуваат уште од апостолско време. Македонците први го примиле христијанството во цела Европа. Потоа до особен подем дошло ширењето на христијанството во времето на учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј – свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци, кои проповедајќи го Христовото учење на јазикот на Македонците, уште повеќе ја зацврстиле кај нив христијанската вера.

ДА ЖИВЕЕ ДРЕВНАТА И СЛАВНАТА СВЕТИ КЛИМЕНТОВА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХЕПИСКОПИЈА.
НА МНОГАЈА ЛЕТА!

Eве кои пратеници нефицијално ќе седнат во собраниските столчиња од сите партии

Според конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа завчера, Коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива (АА/А) 12, Левица два и ДПА еден мандат.

По изборни единици освоените мандати се распоредени на следниот начин.

Во ИЕ1 Коалицијата „Можеме“ освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник.

Коалиција „Можеме“: 1. Никола Димитров, 2. Мила Царовска, 3. Дамјан Манчевски, 4. Моника Зајкова, 5. Дарко Каевски, 6. Горан Мисовски, 7. Кастриот Реџепи, 8. Марија Георгиевска

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Гордана Силјановска-Давкова, 2. Тимчо Муцунски, 3. Синиша Стојаноски, 4. Бети Стаменкоска-Трајкоска, 5. Љупчо Димовски, 6. Љупчо Пренџов, 7. Велика Стојкова-Серефимовска

ДУИ: 1. Изет Меџити, 2. Арбен Зибери

АА/А: 1. Скендер Реџепи, 2. Абдула Салиу

Левица: 1. Димитар Апасиев

Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Владо Мисајловски, 2. Рашела Мизрахи, 3. Бране Петрушевски, 4. Иван Стоилковиќ, 5. Жаклина Пешевска, 6. Дарко Костовски, 7. Бојан Стојаноски

„Можеме“: 1. Оливер Спасовски, 2. Сања Лукаревска, 3. Мухамед Зеќири, 4. Даниела Маркоска, 5. Мартин Костовски, 6. Љатифе Шиковска, 7. Бастри Бајрами

ДУИ: 1. Арбер Адеми, 2. Берат Ајдари, 3. Мерита Колчи-Коџаџику

АА и А: 1. Африм Гаши, 2. Ељми Азири, 3. Сафије Садики Шаини

Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, „Можеме“ девет и Левица еден пратеник.

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Игор Јанушев, 2. Иван Јорданов, 3. Благица Ласовска, 4. Иванка Василевска, 5. Стојан Миланов, 6. Игор Здравковски, 7. Миле Лефков, 8. Никола Мицевски, 9. Даниела Христова, 10. Марија Петрушевска

„Можеме“: 1. Љупчо Николоски, 2. Јагода Шахпаска, 3. Сашко Николов, 4. Маја Морачанин, 5. Ненад Коциќ, 6. Соња Михаиловска, 7. Љупчо Балкоски, 8. Марија Ангелова, 9. Илија Николовски

Левица: 1. Борислав Крмов

Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“, односно по 10 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Александар Николоски, 2. Ане Лашкоска, 3. Дајанчо Ефтимов, 4. Ели Панова, 5. Зоранчо Јованчев, 6. Петар Ристески, 7. Здравко Трајанов, 8. Ангелинка Петкова, 9. Златко Пенков, 10. Јадранка Поцкова

„Можеме“: 1. Зоран Заев, 2. Соња Мираковска, 3. Миле Талевски, 4. Даниела Колева, 5. Панчо Минов, 6. Марија Костадинова, 7. Костадин Костадинов, 8. Лолита Ристова, 9. Павле Трајанов, 10. Коле Чаракчиев

Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по осум пратеници, ДУИ три и АА/А еден пратеник.

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Игор Дурловски, 2. Антонијо Милошоски, 3. Силвана Ангелевска, 4. Кирил Пецаков, 5. Јован Јаулески, 6. Олга Лозановска, 7. Ѓорѓија Сајкоски, 8. Лидија Петкоска

„Можеме“: 1. Радмила Шекеринска-Јанковска, 2. Јован Митрески, 3. Бисера Костадиновска Стојчевска, 4. Лазе Таневски, 5. Бети Рабаџиевска Наумовска, 6. Енес Ибрахим, 7. Боби Мојсоски, 8. Жаклина Лазаревска

ДУИ: 1. Талат Џафери, 2. Исмаил Јахоски, 3. Арбана Пашоли

АА/А: 1. Сурија Рашиди

Во ИЕ6, ДУИ освои седум, АА/А шест, „Можеме“ четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник.

ДУИ: 1. Али Ахмети, 2. Фљорин Бесими, 3. Арта Билали-Зендели, 4. Насер Нуредини, 5. Бајрам Реџепи, 6. Вјолца Адеми, 7. Бајрам Кадрија

АА/А: 1. Зиадин Села, 2. Атнан Незири, 3. Илире Даути, 4. Хусни Исмаили, 5. Халил Снопче, 6. Артина Ќазими

„Можеме“: 1. Билал Касами, 2. Фаница Николоска, 3. Бејџан Иљас, 4. Фадил Зендели

ВМРО-ДПМНЕ: 1. Дафина Стојаноска, 2. Александар Велјановски

ДПА: 1. Мендух Тачи

Во целост, новиот собраниски состав, (пред распределбата на минитерските места) изгледа вака:

„Можеме“: Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Моника Зајкова, Дарко Каевски, Горан Мисовски, Кастриот Реџепи, Марија Георгиевска, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Бастри Бајрами, Љупчо Николоски, Јагода Шахпаска, Сашко Николов, Маја Морачанин, Ненад Коциќ, Соња Михаиловска, Љупчо Балкоски, Марија Ангелова, Илија Николовски, Зоран Заев, Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Павле Трајанов, Коле Чаракчиев, Радмија Шекеринска-Јанковска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Таневски, Бети Рабаџиевска Наумовска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски, Жаклина Лазаревска, Билал Касами, Фаница Николоска, Бејџан Иљас, Фадил Зендели

ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Силјановска-Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Димовски, Љупчо Пренџов, Велика Стојкова-Серефимовска, Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоилковиќ, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски, Игор Јанушев, Иван Јорданов, Благица Ласовска, Иванка Василевска, Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, Никола Мицевски, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Александар Николоски, Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, Игор Дурловски, Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓорѓија Сајкоски, Лидија Петкоска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски

ДУИ: Изет Меџити, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Берат Ајдари, Мерита Колчи-Коџаџику, Талат Џафери, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Али Ахмети, Фљорин Бесими, Арта Билали-Зендели, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, Бајрам Кадрија

АА/А: Скендер Реџепи, Абдула Салиу, Африм Гаши, Ељми Азири, Сафије Садики Шаини, Сурија Рашиди, Зиадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, Артина Ќазими

Левица: Димитар Апасиев, Борислав Крмов

ДПА: Мендух Тачи

Носете си чадop доколку излегyвате: Ни следува викенд со пopoeн дожд, гpмежи и зacилен вeтep

Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурата особено на северот значително ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура утре ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната од 18 до 29 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела кога минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 24 до 32 степени. Од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

Вo понеделник дневните температури ќе се движат од 27 до 33 степени, во вторник од 28 до 34 степени, а во среда од 30 до 37 степени.