дома блог страница 241

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: АЛЕКСАНДАР ПАВЛЕСКИ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.621.296 ДЕНАРИ

На видеолотариските терминали во Ново село, Александар Павлески го освои Милионер џекпотот во износ од 1.621.296 денари!

 

Александар Павлески од Скопје се приклучи на семејство среќни милинери на Видеолотарија. Тој на 08.08.2025 го освои Милионер џекпотот вреден 1.621.296 денари.

 

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на Александар за освоениот Милионер џекпот. Оваа добивка, нека му донесе уште повеќе радост, исполнети соништа и многу убави моменти со семејството!

 

Добивката Милионер џекпотот е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Златна Копачка во Ново Село.

Во периодот од 11.08.2025 до 17.08.2025, играчите вкупно освоија фантастични 17.865.588 денари, меѓу кои:

–  1 добитник на Супер Милионер – 7.086.907денари

 – 6 добитници на Милионер –8.260.131 денари

– Добивки од Мини џекпоти -2.518.550 денари

 

Забавата со ВЛТ продолжува. Кој ќе биде следниот среќен милионер?

„Битолскиот клавир Петко“ ја оживеа магијата на Бит Фест – Првата детска сликовница за Битола, за кратко време стана вистинска атракција (Фото галерија)

Во рамките на културниот настан „Бит Фест“, во книжарницата Book’s House се одржа промоцијата на сликовницата „Битолскиот клавир Петко“ од авторката Елена Наумовски Нена, со илустрации на Мирјана Бубевска. Настанот се одвиваше во волшебна атмосфера и предизвика огромен интерес кај публиката.

Целиот прв тираж на книгата беше распродаден уште за време на промоцијата, а веќе се печати ново издание кое наскоро ќе биде достапно во книжарата Book’s House.

Во своето обраќање, авторката изјави: „Клавирот Петко е упорен – па и кога пропаѓа на дното од морето, повторно сака да свири. Во тоа ја гледам поврзаноста на Петко со Битола. На Битола и јас. Упорни сме и колку и да сме на дното, јас и Битола веруваме во чуда. Го сакам овој град и ова нека биде апел во име на сите македонски автори, театарџии, актери, филмаџии, уметници – Отворете ни ја вратата и слушнете не!

Бубевска и Наумовски најавија и идни проекти: нови детски приказни поврзани со локалната култура, а и детки сликовници кои ќе зборуваат за културата, историјата, легендите и традицијата во останатите градови низ нашата земја, персонализирани сликовници, како и мала театарска и филмска школа за деца.

„Барајте ја љубовта во децата. Таму најискрено се живее!“ – додаде авторката.

Со „Битолскиот клавир Петко“ започнува едно ново поглавје во современата македонска детска литература, кое го спојува автентичното битолско наследство со свежа авторска визија.

                        

 

 

Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.

Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции.

На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.

Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија.

Финансиски решенија по ваша мерка во Прилеп – Mint Fintech Group (ФОТО)

Во време кога финансиската сигурност е поважна од кога било, Mint Fintech Group е партнерот на кој можете да се потпрете. Нашата филијала во Прилеп веќе е препознатлива адреса за сите кои сакаат практични, брзи и доверливи финансиски услуги – од кредити и осигурување, до менувачница.

Брзи и флексибилни кредити со Mint Credit

Кога ви треба финансиска поддршка, Mint Credit е вистинскиот избор. Нудиме брзи кредити без сложени процедури, со јасни услови и достапни решенија за секој буџет. Без долги редови и чекање, кај нас го добивате потребниот кредит брзо, едноставно и сигурно.

Осигурување со доверба преку Mint Ins

Со Mint Ins осигурителен брокер добивате целосна заштита. Од осигурување на возила и имот, до патничко и животно осигурување, нашиот тим ќе ви помогне да го изберете најдоброто решение за заштита на вашето семејство и имот. Секогаш со максимална поддршка и професионална грижа.

Сигурна и поволна размена на девизи со Mint Exchange

За оние кои секојдневно патуваат, работат или штедат, нашата менувачница Mint Exchange е тука да обезбеди најповолни девизни курсеви во градот. Нашата менувачница гарантира брза и сигурна трансакција, овозможувајќи ви да добиете најмногу за вашите пари. Дојдете и уверете се во нашите поволни услови.

Зошто да го изберете Mint Fintech Group?

Нашата мисија е да ги направиме финансиските услуги достапни и едноставни за сите. Нашиот тим во Прилеп е составен од искусни професионалци, подготвени да ви дадат индивидуален пристап и стручен совет. Ние не сме само услужен центар, туку ваш партнер во постигнувањето на вашите финансиски цели.

  • Брзина и ефикасност во сите услуги
  • Професионален тим кој е секогаш на ваша страна
  • Решенија по ваша мерка – без скриени трошоци и нејасни услови
  • Локација во срцето на Прилеп, лесно достапна за сите клиенти

Ве очекуваме!

Посетете ја нашата филијала во Прилеп и запознајте се со нашите услуги. Нашите врати се отворени за сите кои бараат сигурен и доверлив финансиски партнер.

Посетете нè на ул. Васко Карангелески бр.1, или контактирајте нè на 075 499 546.

Oд денеска па се до 29. август Битола ќе живее во ритамот на С.О.С. Фестивал

Oд 20 до 29 август градот станува музичка престолнина со журки, концерти и урбана атмосфера што ја носи Fresh Union. Фестивалот започнува со посебен музички ритуал среда, на 20 август, во кафе бар „Јагода“ DJ Goce Saf со свој vinyl сет ќе ја отвори атмосферата во духот на вистинскиот битолски урбан вајб.

Два дена подоцна, на 22 август, во „Училница Specialty Coffee“ ќе се одржи урбан afterwork gathering со Street Soul Delight – Тони Зен, DJ Boogiemen и DJ Mawrteen – кои со својата уникатна r’n’b и soul селекција ќе внесат нова енергија во попладневниот битолски ритам.

Електронската сцена ќе добие свој момент на 23 август, кога во клубот „Расчекор“ ќе настапи еден од најпознатите македонски електронски артисти, DJ Галоски, заедно со локалниот фаворит DJ Acika.

На 27 август, фестивалот се сели во легендарниот „Porta Jazz“, каде DJ Cvare ќе понуди уникатна селекција на грувови и алтернативни ритмови – вечер која ќе спои традиција и современ звук.

Сето ова е вовед во спектакуларното големо финале на 29 август на Ракометното игралиште, кога Битола ќе биде место на најголемиот музички собир ова лето. Вечерта ќе ја отвори DJ Чико – симбол на добриот битолски звук, по што ќе следи концерт на еден од најпопуларните македонски бендови – Нокаут – со нивните хитови кои со години ја полнат домашната музичка сцена со емоции. За спектакуларен крај ќе се погрижат легендарните Дивље Јагоде, чиј рокенрол дух и непогрешлива енергија ќе ја запечатат оваа незаборавна фестивалска приказна.

S.O.S. Festival не е само концертна програма – тоа е вистински симбол на битолската сцена и урбаната култура, место каде што музиката станува заедничко искуство и спој меѓу генерациите. Од 20 до 29 август, Битола ќе дише во ритамот на фестивалот – и ќе го слави летото како што доликува. Влезниците за 29 август се во продажба on line на mktickets.mk, а физички во Димпо Тобака (Грозд, Широк Сокак, Ленски Мост, Нов Пазар) и Tobacco Brothers-Широк Сокак.

Има ли надеж за Преспа?! ЕУ започна голем проект за 6 преспански села (ФОТО)

Започна да се спроведува проектот за изградба на фекална канализација за собирање отпадни возди и постројки за нивни третман во преспанските населени места: Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.

Проектот во вредност од седум милиони евра е финансиран од ЕУ и кофинансиран од Програмата за развој на Обединетите нации.

Во моментов се работи на канализационите мрежи во Претор и Брајчино, а проектот треба целосно да се спроведи до 2027 година.

-Овој проект е еден од најголемите во нашата држава, премногу значаен за локалното население, за заштита на животната средина и за туризмот во овој крај. За мала општина ова е огромен проект. Ќе градиме шест канализациони системи, а инфраструктурниот проект опфаќа и други активности со кои ќе добиеме подобар квалитет на услугите за населението, заштита на животната средина и ќе го унапредиме туризмот во Преспа, изјави градоначалникот Тозиевски.

Преспанскиот регион во изминатите неколку години се соочува со вистински егзодус, најмногу поради повлекувањето на водата на Преспанското Езеро, но тука секако е недостатокот на реална стратегија за развој на овој регион и повторно заживување и враќање на туристите.

Кардиологот Сашко Кедев со сериозно обвинување: Приватни болници прават непотребни операции, отвараат граден кош на здрави пациенти заради профит (ВИДЕО)

Приватните луѓе праќаат пациенти на операција, кај кои не е потребна никаква операција, тврди познатиот македонски кардиолог, д-р Сашко Кедев. Тој за време гостувањето во „Стадион“. на Канал 77 вели дека пречесто се случува да одвраќа луѓе од непотребни операции.

-Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотрени интервенции. Непотребни статирања, непотребни операции. Ние во моментов се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции, коишто се профитно ориентирани. Имае пролиферација на приватни институции, болници, на коишто интересот им е профит. Тоа се лесно докажливи работи, тоа е снимено на филм. Имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба. Имаме докази за тоа – изјави д-р Кедев.

Тој ги повика Министерството за здравство и Фондот за здравство да ги проверат ваквите сознанија и да преземат соодветни мерки.

-Релевантните институции треба да преземат нешто. Пред се мислам на Министерството за здравство и Фондот за здравство. Тоа се институциите што ги плаќаат овие интервенции. Но не само што ги плаќаат. Не е проблемот во парите. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми кои што се поврзани со профит. Профит во медицината не смее да има. Пари и профит има на здрави луѓе. На болни луѓе нема профит. Таму каде што има интервенции често има и дополнителни трошоци, дополнителна терапија и тие пациенти не носат профит. Профит има со здрави луѓе. Министерството и Фондот кои што даваат дозвола за работа треба да следат што се прави во тие институции. Ова што го кажувам е мое искуство, но и искуство на десетина доктори што го работат истото со мене. На дневна основа на нас ни доаѓаат луѓе со наод пратени во една од приватните болници за операција. Во тие записи нема апликација за стенд, а не па за операција. И тие луѓе одат на операција – додава Кедев.

Прилеп ќе се врати на старите лидерски патеки како до 2017 година (ФОТО)

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп синоќа во амфитеатарот во “Варош” прослави 35 години постоење. На свеченоста присутни беа премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Aлександар Николоски.

Присутните се потсетија и на првиот Конгрес на партијата кој се одржал на 6. и 7. април 1991 год. токму во Прилеп.

Премиерот Мицкоски во својот говор потсети на се’ она што е направено во првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи го зголемувањето на пензиите за 7.000 ден., зголемувањето на субвенциите за тутунопроизводителите, патиштата кои што се градат, вратените долгови и исплатените заостанати плати во повеќе институции и претпријатија.

Мицкоски потенцираше дека владината каса ја начекале во минус, а дека сега државното салдо овозможува да се сервисираат сите исплати со цел нормално функционирање на државата.

Мицкоски пред присутните вети дека Прилеп ќе продолжи да се развива, потенцирајќи дека државата и во иднина ќе вложува големи средства за реализација на капитални проекти во општините.

Од 20.08 до 29.08.2025 повеќе викенд места и села во општина Прилеп, во одредени периоди од денот ќе бидат без струја

Од 20.08.2025 до 29.08.2025 година, населени места и села од oпштина Прилеп, во одредени периоди од денот ќе бидат без електрична енергија.

Според известувањето од elektrodistribucija.mk планираните прекини се предвидени во следниов период и локации:

До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи

До петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти
УХМР.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.