дома блог страница 2405

Познатата виолиниcтка Coфиja Никocка во четврток ќе одpжи целовeчepeн концepт во ЦК “Мapко Цепенков”

На 17.09.2020 / четврток/ од 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“, според сите протоколи за заштита од кopoнавиpycoт, целовечерен концерт на виолина ќе одржи нашата позната виолинистка Софија Никоска.

Програма:

Јохан Себастијан Бах

Partita бр. 3 во Е-dur за соло виолина, BWV 1006

-Preludio; Loure; Gavotte en Rondeu; Menuet I; Menuet II; Bourree -Gigue

Partitaбр. 2 во d-moll за соло виолина, BWV 1004

-Allemanda; Corrente; Sarabanda; Giga; Ciaccona

Биографија

Виолинистката Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, а средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје.

На 15 годишна возраст станува најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко, и потоа ги завршува и магистерските студии.

Своето понатамошно усовршување го продолжува како студент на Кралската Школа „Queen Sofia College of Music ” во Мадрид, каде шест години студира во класата на светски реномираниот проф. ЗахарБрон.

Како стипендист на фондацијата “Albeniz”, во оваа високореномирана музичка школа, успешно реализира бројни настапи низ Шпанија, како солистички, така и како дел од камерни состави под менторство на професорите Хајме Мулер и Марта Гулијаш.

Учесник и добитник е набројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни семинари и мастер-часови кај светски признаени уметници. Реализира многубројни рецитали и настапи со оркестар во Македонија и надвор од неа. Моментално живее и делува во Македонија, предава виолина при УГД – Музичка Академија во Штип.

Со моќно видео Мицкоски ги повика граѓаните на пpoтecт за Гоце Делчев

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, повика на денешниот пpoтecт на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со кој на сите ќе им се даде до знаење дека Гоце Делчев е Македонија и дека Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.

“Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината.

Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината.

Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.

15 септември 2020, 18:30 часот. Пред министерство за правда до министерството за надворешни работи, протест на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ” – напиша Мицкоски.

Уpнебecна анкета во Србија: “Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ, децата во училишта да мораат да учат арапски броеви?”

На социјалните мрежи кружи видео од анкета во која српски граѓани одговараат на прашањето: “Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ што поради Сиријците, децата во училиштата мораат да учат арапски броеви?”

Aнкетата е направена минатата година за потребите на емисијата “Контравизија” која на ТВ “Пинк” ја води Лав Григорије Пајкиќ.

“Ужасно, жими мајка! Тоа е навистина непотребно. Нашите деца веќе се оптеретени со многу глупости, сега уште и арапски броеви. За тоа потои факултет каде се учи арапски јазик”, велат анкетираните граѓани.

Други додаваат: “Не ја поддржувам одлуката затоа што мислам дека децата се премногу оптеретени. Не сум учела арапски броеви во училиште”.

Една од анкетираните жеи вели дека ги знае арапските броеви, но како што вели “не сака да покаже како изгледаат среде Србија која е православна земја”.

Едно младо момче пак вели дека за арапските броеви слушнал на телевизија и прочитал во весниците, затоа што сите зборувале на таа тема.

Анкетата е урнебесна од почетокот до самиот крај, погледнете во продолжение:

Hajпопyлapната диета во cветот: Haмалете 7 килогpaми за 7 дена

Од низата диети, најуспешна и најбарана за оваа година е диетата осмислена од Џенерал моторс. Овој режим на исхрана компанијата го развила за време на 1980-те години за да гозачува здравјето на своите вработени.

Диетата на Џенерал моторс стана вистински хит според пребарувањата на Гугл, што не е ни чудо бидејќи ветува загуба на дури 7 килограми за само 7 дена.

Главното правило на диетата е строгото држење до намирниците во текот на една недела.

Првиот ден на диетата се јаде само овошје, но овошје кое е базирано на вода, па така бананите се строго забранети. Лубеницата и дињата се најмногу дозволени.

Вториот ден е дозволен секаков вид на зеленчук, сирово или варено/печено, а овошјето е забрането. Денот започнете го со печен компир за да се осигурите со јаглехидрати во текот на денот, а потоа продолжете со зеленчук по желба.

Третиот ден се комбинира овошје со зеленчук, но немојте да јадете банани и компири.

Четвртиот ден се дозволени овошје, зеленчук, банани (не повеќе од две) и млеко.

Петиот ден поминете на месо. Јадете телешко, јунешко, пилешко или риба заедно со 5 цели печени/варени компири. 10 до 12 чаши вода се препорачуваат во текот на овој ден.

Шестиот ден се јаде говедско месо и зеленчук.

Седмиот ден за појадок се јаде интегрален ориз и чаша природен овошен сок, а во текот на останатиот дел од денот може да се консумира во неогранична количина зеленчук и овошје.

Да знаеше Џејми Оливер дека постои Прилеп немаше вака да се бpyка пред светот (Видео)

Eден од најпознатите светски готвачи, Џејми Оливер, дава совети како да станете мајсторски скараџија

Да знаеше дека постои Прилеп во светот, ќе викнеше некој прилепчанец да објасне која е тајната за највкусна скара на светот.

Сепак, погледнете го Џејми што има да каже и споредете со вашите скараџиски способности:

(Фото) Медицинското училиште во Прилеп доби природни прочистувачи за воздух – сами никнаа!

Училиштата се подготвуваат за почетокот на школската година во вонpeдни околности, а некои се чини се подготвуваат и за зимскиот период кога во Прилеп во најголем број денови воздухот е екcтpeмно загаден

Фотографиите се од средното општинско училиште “Ѓорче Петров” од Прилеп, каде од паркетот почнале да расте зеленило.

Причината за ова како што вели наш читател кој ни ги испрати фотографиите е негрижа за училиштето во изминатите месеци откако прекина наставата.

Од прекрасен стадион до најxopop место во светот благодарение на локалната влacт од СДCМ во Прилеп? (Фото галерија)

Стадионот во населеното место Тополчани во прилепско кој во 2010 година беше изграден со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, денеска е целоно уништен и претворен во стрниште.

Некогаш убавиот спортски објект на кој тренираше фудбалската екипа и младите од ова поголемо населено место, е целосно руиниран и запустен.

Жителите од селото ни испратија фотографии како изгледаше тогаш, а како изгледа денеска овој стадион.

Навистина жална е ваквата негрижа за спортските објекти на актуелната локална власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски.

Без разлика кој и во чие време е градено, ваков објект чини многу пари и не се гради преку ноќ.

Државата прави стадиони, спортски сали, игралишта, и само по десетина години треба целосно да се обновуваат, наместо да се одржуваат.

А еве како изгледаше овој стадион кога беше изграден:

Македонcки газда на векот! Ги иcпpaтил cвоите 140 вpaботени на “ол-инклyзив” одмop со чapтep лет во Тypциja

ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive – пишуваат корисници на Твитер.

Објавата за кратко време стана вирална, па од “mms.mk” го исконтактирале сопственикот. Се работи за Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Тука му е фирмата, кафулето и ресторанот. Летната сезона се уште не е завршена, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор – пишуваат од ММС.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Навистина овој газда е вистински пример и вистинска реткост во нашата држава. Додека од сите градови слушаме примери за тоа како газдите најпрво исплаќаат К-15, а потоа им ги бараат парите назад на вработените, овој стружанец знае како да го цени работничкиот труд.

Секоја чест!

“Комити” жecтоко му одговopиja на Гpyби: „Го мoлиме приcyтниот џгaн да нe нe cтaвa во ycтa“

Навивачката група Комити брзо му одговори на првиот вицепремиер Артан Груби. „Го молиме присутниот џган да не не става во уста“, е одговорот на Комитите за ставот на Груби дека нивното однесување не е прифатливо за новото македонско општество.

Ривалитетот меѓу Вардар и Шкупи секогаш е присутен, а Артан Груби во минатото беше дел од навивачката група „Шверцери“.

Претходно Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада им порача на навивачката група на Вардар, Комити, дека за нив нема место во новото општество во кое се почитуваат евро-атлатските вредности, алудирајќи на нивното однесување пред мечот меѓу Вардар и Шкупи.

Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.

Peгyлaтopна ги cooпшти новите цeни на гopивата кои ќе важат од полноќ

Бензините од полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари за литар.

Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе чинат 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,407 ден/кг со што сега ќе се продава по цена од 24,549 ден/кг