дома блог страница 2396

Овие хоpocкопски знаци оваа есен ќе го кажат судбоносното “ДА”

Ѕвездите покажуваат дека овие хороскопски знаци оваа есен ќе го кажат судбоносното “ДА”

Водолија

Последните неколку години врските на водолиите беа бурни. Конечно после многу подеми и падови сега е време за малку мир. Имено, се што е поврзано со љубовниот живот сега е потполно хармонично, без големи кризи или искри… Се е во најдобар ред. ПОради тоа што е време за следниот чекор: стапнување на лудиот камен.

Рак

Жените во знакот на Рак од мали нозе сонуваат за голема венчавка, за совршена венчавка. Оваа есен би можело да ти се остварат соништата од детството. Жените родени во знакот на Рак едноставно знаат кога партнерот е „оној вистинскиот“ и нема да размислуваат ниту секунда кога ќе треба да го кажат она судбоносно „ДА“.

Лав

Личностите во знакот на Лав моментално уживаат во совршена врска – се поврзано со љубовта конечно е совршено. Имено, конечно ја пронајдовте личноста на својот живот и време за чекор напред. Откако ова лето многу зборувавте за венчавка и брак, оваа есен ќе следува долгоочекувато прашање.

Peцепт: Caлата со која ќе намалите 2 килогpaми за два дена

Ги отстранува сите нacoбpaни токcини и ја стабилизира цpeвната микрофлоpa

Дали сте слушнале за супер салатата, позната по целосното чистење на телото и намалување на два килограми за само два дена?

Се нарекува и средство за чистење на телото, а покрај намалувањето ан килограмите, консумирањето на оваа салата два дена по ред, ќе ви помогне да го намалите лошиот холестерол, да се ослободите од насобраните штетни материи од организмот, да ја поправите цревната микрофлора и да ја обновите кожата!

Потребни намирници:

-150 гр зелка

-150 гр моркови

-150 гр варено цвекло

-1 зелено јаболко

– исечкана зелена салата или спанаќ

Начин на подготовка:

Исечете го зеленчукот по ваш вкус, и измешајте сè во голема чинија. Ако сакате, можете да додадете прелив од една лажица сок од лимон и две лажици ленено масло. Можете да додадете и малку сусам.

Заменете ги сите три оброци во текот на денот со оброк околу 300 гр од оваа салата, консумирајте ја салатата два дена. Може да јадете и малку сирење со ниска масленост. Покрај тоа, дозволен е зелен чај, а водата е задолжителна.

(Урнебесно фото) Пандев во 2057 година, и се’ уште дава голови

Горан Пандев вчера го постигна својот 95 погодок во Сериа А. Пандев и на 37-годишна возраст покажува класа и мајстории кои ретко на кого му успеваат.

Тој вчера беше стартер на првиот натпревар од новата сезона за Џенова и стрелаше за 2:0 против Кротоне.

Пандев доби топка во празно и излезе пред противничкиот голман кого го матираше со прекрасен лоб удар.

Твитер врие од коментари и пофалби за нашиот капитен, а една монтажа привлече најмногу внимание.

“Пандев во 2057 година и се’ уште постигнува голови”, пишува над фотографијата.

Нема отстапување, тоа било дел од владината програма: Ќе се даваат субвенции за вработување по етничка основа во приватни фирми

Субвенции за вработувања по етничка основа сепак ќе има и тоа од наредната година – потврди министерот за економија. Бектеши вели – тоа што стоело во владината програма, требало и да се реализира и тие тоа и ќе го направеле – oбјави “АЛФА ТВ”

Министерот конечно потврди дека мерката ќе се реализира. Приватните фирми раководени од Македонци ќе добивале субвенции за да вработат Албанци и припадници на други етнички заедници. Бектеши уверува дека нема несогласувања во владата по ова прашање.

„Не значи дека само Албанци, Турци, Македонци ќе се вработат во некоја компанија. Тоа ќе биде направено на инклузивен начин и граѓаните да се доближат што повеќе. Оваа мерка ќе с ереализира зошто тоа е обврска што произлегува од владината програма која е усвоена во Собранието“ – рече Крешник Бектеши, министер за економија.

За разлика од Бектеши, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека е неблагодарно државните пари да се делат по етничка основа.

Премиерот Заев излезе со променет став за само неколку недели. Откако на крајот на август упорно негираше дека такво нешто воопшто стои во владината програма, пред неколку дена се обиде да ја релативизира мерката и кажа дека субвенции ќе има и за вработување на Македонци во Тетово и Гостивар.

Во меѓувреме првиот Вицепремиер Артан Груби на големо се пофали со оваа мерка како голем успех на ДУИ. Не му било јасно зошто се кренала толкава врева во јавноста околу ова прашање.

Видео прилогот на “AЛФА” погледнете го ТУКА

Cyгapecки и Анѓyшев ги пpeлагaa Еypoкомпозитци? Paботниците нajaвија блокади и пpoтecти

Владата да им ги плати придонесите за седум години на околу 300 поранешни работници, технолошки вишок и сегашни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ што со закон е обврзана, побараа работниците денеска. Дел од нив се собраа пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Според Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок веќе една поминала откако законското решение донесено од претходниот Парламент е објавено во Службен весник. Се бара средба со премиерот кому, како и на претседателот на државава и на прилепскиот градоначалник им испратиле писма.

– Ова веќе нема смисла. Една година законот што го донесе Парламентот е објавена во Службен весник и до денеска нема ништо. Претставникто ан државниот капитла ни рече само дека за оваа намена нема пари во буџетот. А премиерот во текот на изборите ни вети дека проблемот ќе биде решен. Писма испативме до премиерот, до претседателот и до градоначалникот, а само ни беше одговорено од кабинетот на премиерот дека „споделуваме надеж дека низ дијалог се можни решенија на проблемот, за што ќе бидете известени“. Ниту ние сакаме да протестираме, ако се реши проблемот. Дури ни беше речено дека се подготвува нова процена на Еурокомпозит, но тоа не влиаје на она што го бараме, а е законски решено. Во спротивно од среда почнуваме протести и блокади, изјави Бунтески.

Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ вели дека се придружувата за протест зашто 50-ината вработени од декември лани немаат земено ништо.

– Ниту придонесите се исплатени, ниту ние во фабриката сме зеле пари уште од декември 2019. Крајно е тешко, а немаме добиено ниту ваучери, а слушнавме дека не нема ниту во четвртиот сет мерки. Затоа ќе се придружиме на протестите, рече Богданоски.

На околу 300 поранешни, прогласени технолопки вишок и сегашни работници на „Еурокомпозит“ треба да им се исплатат вкупно околу 1,5 милиона евра на име придонеси за пензиско осигурување за седум години, за периодот од 2012 до 2019 година. Околу 150 прогласени технолошки вишок имаат добиено по 25 000 денари на име отпремнини, а треба секој да добие по 90 000 денари. Работниците најавија протести и блокади кои ќе започнат од среда.

По две победи за прилепските пингпонгарски клубови: Наредниот викенд ќе се знае кој е кој

Изминатиот викенд во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, “А1 Арена”, по втор пат оваа сезона ја собра елитата на македонскиот пинг понг. Супер лигашите на вториот дел од турнирскиот систем на натпреварување ги одиграа натпреварите од рамките на второто и третото коло.

Прилепскита екипа на Младост96, убедливо и овој викенд ги победи екипите на Струга и Вардар со идентичен резултат од по 4-0.

За Младост96 и во двата натпревари по две победи извојува Кристијан Станојковски, додека по една победа извојуваа Александар Рикалоски и Петар Костовски.

Рикалоски на дуелот со Вардар го победи српскиот играч, Александар Марковиќ. Составот на прилепската екипа е во одлична форма, пред дерби натпреварот наредниот викенд со Шампиони ФА од Штип.

За наредниот викенд во составот прв пат сезонава ќе се појави и српскиот играч Стефан Костадиновиќ. Се очекува интересен натпревар, во кој ППК Младост96 влегува како сигурен фаворит.

Исто така и другиот прилепски суперлигаш Младост извојува две победи со екипите на Крива Паланка 2007 и со Радовиш. Младост играше без искусниот Јочкоски.

Постигнате се следните резултати:

Второ коло: Работнички – Радовиш 4:0, Младост – Крива Паланка 2007 4:2, Струга – Младост 96 0:4, Вардар – Телеком НЕЦ 2 3:4, Телеком НЕЦ – Шампион ФА 0:4

Трето коло: Шампион Фа – Работнички 4:1, Телеком НЕЦ 2 – Телеком 1:4, Младост 96 – Вардар 4:0, Крива Паланка 2007 – Струга 4:2, Радовиш – Младост 3:4

Ова се новите цени: Од полноќ пocкaпyвaaт гopивaтa

Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот е 49,50 ден/лит, а на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,311 ден/кг.

(Документ) БECA ја напушти пратеничката група “Можеме” на СДСМ

Економски Лидер дојде до документот кој покажува дека Беса го известува претседателот на Собранието Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група на СДСМ.

„Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група „Можеме“ , сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата движењето Беса“, стои во дописот кој е испратен на 14 ти месецов.

Прекрасно дрон видео од еден од најубавите храмови во Пелагонија: Црква Рожденство на Пресвета Богородица кај Новаци

Битолчанецот Џоле Трајчески направи ново 4K дрон видео, овојпат од црквата Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Видеото изобилува со прекрасни кадри од црквата, Пелагониското поле и општина Новаци.

Пресвета Богородица, или Мала Богородица е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.

Манастирската црква Рождество на Пресвета Богородица, е изграден е на 1 км. оддалеченост од с.Новаци, десно од брегот на Црна Река.

Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер.

“Беше уживање да го направам ова видео, и ако уживавте да го гледате, ве молиме споделете со вашите пријатели! И, ако сакате да видите повеќе видеа како ова, Ве молам претплатете се”, пишува во описот на видеото на Џоле Трајчески.

Уживајте во продолжение:

Ќе ве изнасмее: Српскиот новинар со ново комично видео за “северна”

Го запознавме со видеото за Трајче од Северна кој во Америка бара цигapa, а сега ново видео се прошири на социјалните мрежи кое со сигурност ќе ве несмее.

Се работи за новинарот Александар Стојковиќ кој живее и работи во Њујорк, САД. Стојковиќ секојдневно објавува смешни видеа на неговиот Инстаграм профил ““Роџак из Америке”, каде го следат над 14.000 корисници.

Погледнете за што станува збор: