Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на вчерашната прес конференција им порача на родителите на ученици од основно и средно образование, дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври, и дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.
-За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.
Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат откaз во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“, пишува на фејсбук матичниот лекар, Ненад Лазаров.
Во неговата објава стојат во прилог и документите од неговите колешки кои се жaлат дека нивната работа е нeпочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
„Причините за да ја напуштaм Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Нeпочитување и дeградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“, се вели во барањето на главната медицинска сестра.
Претседателот на САД и кандидат за нов мандат на Републиканската партија, Доналд Трамп и неговиот противник на изборите од Демократската партија, Џо Бајден, вечерва ќе го имаат своето прво предизборно соочување.
Во Кливленд, со почеток од 03:00 часот по средноевропско време Трамп и Бајден ќе се соочат на дебата, а во продолжение имате линк каде можете да следите во живо.
Ведрана Балог, иако е родена во Хрватска, на училиште започнала да оди подоцна затоа што не зборувала хрватски. Всушност не знаела да држи ниту пенкало. Социјалните служби ја одзеле од биолошките родители, па на Ведрана и’ се пружила прилика, а таа ја зграбила и не ја испуштила. Денеска таа е млада девојка на која многумина се восхитуваат. Вака започнува сторијата на хрватската “НОВА ТВ” за младата Ромка која имала тежок живот, а сега се наоѓа пред остварување на своите соништа.
Со денови без храна
“Имаше безброј денови кога немаше ништо за јадење и кога мојата мајка ќе ме земеше за рака и одевме од куќа до куќа да бараме нешто да ни дадат. Се’ што ми се случи мене е среќа во несреќа”, се присетува Ведрана.
Каков е тој живот во кој дефиницијата за среќа e тоа што на 6 години те одзеле од родителите и те ставиле во дом? Какво е тоа воопшто детство во кое заспиваш на ладен под и тоа гладен? Тоа се прашања на кои Ведрана не го знаела одговорот. Таа ги живеела.
Кога нешто сакаш, не може да ти биде тешко
Додека нејзините врсници уживале во летото и морето, Ведрана деновите ги поминувала учејќи за есенскиот испитен рок.
“Уште во основно знаев што ќе се запишам. Тоа е право. Тоа е мојот живот. Мислам дека во ништо друго не се гледам”, вели таа.
Кога нешто навистина сакаш, не може да ти биде тешко, вели Ведрана, па ниту казнено право, единствениот испит кој не успеала да го положи преку колоквиуми. А да го положи мора, затоа што на Ведрана никој не и’ го чува грбот.
-Морам се’ да положам во дадениот рок и едноставно морам сите 5 години да ги завршам навреме за да успеам. Во случај да паднам година, јас губам се’, објаснува таа.
Ведрана добила стипендија од Ротари клубот, а добива и надомест од државата како дете од дом. Тоа и’ се единствените извори на сигурни пари.
Но, како дошла до сето тоа?
Наместо во прво одделение, Ведрана дошла во домот од своето ромско семејство од Ѓурѓевац. Не зборувала хрватски јазик, па на училиште тргнала една година подоцна. Се селела по домови, но признава, секогаш и’ било подобро отколку дома. Празнината, сепак се’ уште постоела.
“Само да ја почувствувам таа нивна љубов. Мене тоа најмногу ми фалеше, како и таа борба за твоето дете, да сакаш да го видиш. Јас поминав 10 години во дом. Тие ме посетија само два или три пати”, вели оваа млада девојка за своите биолошки родители.
Никогаш не била посвоена. Престара, Ромка и со тоа многу тешко било некој да ја посвои. Со неполни 17 години од домот се сели во згрижувачко семејство. Таму поминала само неколку месеци.
На само неколку километри живеело нејзиното биолошко семејство.
“Мене тоа ме убиваше, затоа што чувствував вина, бидејќи моите немаат што да јадат, а јас имав се’ што сакам”, се потсетува Ведрана.
Да останела со своето семејство сигурно ќе била омажена, мајка на неколку деца. За училиште и факултет никогаш не би размислувала. И тоа е она што ја прогонува. Тоа е она што за неа домот е најголема животна среќа.
Активистот Зоран Јовановски објавува интересна фотографија на која се гледа стара куќа на чија фасада стои слика од Гоце Делчев.
“И после ти на овој човек ќе му кажеш, ЕБАМУ ИМЕТО ЕБАМУ…”, напиша Јовановски, а во коментари под објавата додава:
“Или не е битен Гоце, не е битен ниту идентитетот, нити ништо друго, битно е само ЕУ и НАТО…? Па Бугарија не го сака само Гоце. Бугарија бара од нас да ние во нашата меморија инсталираме дека до АСНОМ сме биле Бугари кои имале самосвест дека се Бугари, а по АСНОМ сме Бугари, кои глумат дека не се Бугари.
Бугарија заради големо-бугарските идеи се ИЗГОРЕ и во втората балканска војна, и во првата светска војна, и во втората светска војна, и не им дојде паметот, и ги задоија и денешниве бугарски генерации со тие романтичарски идеи и претстави, подзаборавајќи на сите досегашни НАЦИОНАЛНИ КАТАСТВОФИ кои Ѝ се случија на Бугарија токму поради големо-бугарските идеи и дејствија насочени кон Македонија (географска Македонија).
Но, бубачките во главата на актуелнава официјална Софија не се толку битни. Битно е што официјален Брисел не може да најде решение за ваквите злоупотреби. Затоа што правото на ВЕТО во вакви сетуации е безобразно право, и е неоправдано.
Не. Не иде тоа така. Секој народ си има и нешто ирационално во себе, мада проблемов со Бугарија никако неможе да се каже дека е ирационален од наша страна. Неможе мене да ми биде сеедно дали сум Македонец или Бугарин. Патриотска куќа во с. Врбјани. Партизанско и комитско Врбјани, СЛАВНА ДЕБАРЦА. Или поточно Горна Дебарца. Селото на моите предци по таткова линија…”.
И после ти на овој човек ќе му кажеш, ЕБАМУ ИМЕТО ЕБАМУ…
Инженер е по сточарство, но нашиот сограѓанин Влатко Аврамоски одбрал друга професија во една од најважните светски метрополи – Лондон. Авантуристичкиот дух, желбата да патува и истражува го навеле да биде возач-дистрибутер. Секојдневно се среќава со безброј луѓе, меѓу нив и со големи ѕвезди, од најбогатиот слој – пишува во најновиот број неделниот весник “Зенит”
-Носевме пакет кај Хелен Мирен, прочуената глумица. Игра во ,,Џемс Бонд 007,, во последниот циклус филмови. Возев до ,,Клапам Комон,,, најбогатиот дел од Лондон. Ѕвонам, со мисла некој од послугата ќе се појави. Вратата се отвора и – излегува таа! Паметам, број 11 беше. ,,О, Хелен Мирен!,, – извикав. ,,Јес,,. Не можев да верувам. Многу комуникативна. Се смее. ,,Имате порачка,,? Ова е за Вас,,. И врачувам. ,,Тенкју, вери мач,,. Најљубезно се заблагодари и го зеде пакетот. И кажав на сестра ми, а таа со право ми забележа оти не сум се сликал. Момент беше и не се сетив да направам фотка со големата ѕвезда. Колку да е богата, милијардерка, и таа како и обичните луѓе има потреба од порачки. Можеби козметика или слично нешто беше во пакетчето завиткано – раскажува Аврамоски.
Веќе пет години е во британската престолнина, каде оди по повик од сестра му Валентина, која таму повеќе од две децении живее со сопругот Александар и децата Ивана и Предраг. Нивна е компанијата за дистрибуција на разни материјали, производи по порачки, весници, списанија, реклами… Доставата е низ цела Велика Британија: Лондон, па Глазгов, Бирмингем, Манчестер, Нотингем, Ливерпул, Кардиф…
-Некогаш остануваме и преноќеваме во друг град, во хотел. Со мене возам уште двајца или тројца. Работата е динамична, интересна. Ме исполнува. Ми причинува задоволство. Нема град или село што не сум ги посетил овие пет години – вели Влатко.
Многу работа, малку одмор. Тоа е ритамот на Островот. А каде во тоа кусо време од викендите? Во земјата со најдобар фудбал во светот – тоа е како порачано за прилепчанецот. И за Влатко фудбалот е спорт што најмногу го интересира. Што друго да сака човек од најфудбалскиот град, од дете навивач на Победа. Од некогашна Југославија па до ден-денес в срце го носи сплитски Хајдук. Сега е симпартизер на два тима од Премиер лигата, Манчестер јунајтед од сите англиски екипи, Тотенхем од лондонските.
Дали прилепската Стара чаршија е пред целосен пропacт?
Жално и тpaгично изгледа прилепската Стара чаршија. Голем број дуќанџии ставија клуч, а дуќаните се издаваат под кирија.
Речиси секојдневно откако започна пандемиjaта пpeдизвикана од кopoнавиpycoт се затвора по еден нов дуќан во Старата прилепска чаршија.
Шаренилото од различни дуќани е целосно нарушено. Во некои улични останаа само по 3-4 отворени дуќанчиња. Навистина жална слика, која којзнае кога ќе се врати одново по старо.
На 6-ти април дуќанџиите излегоа на протест и побараа спас на чаршијата. Тие тогаш истакнаа дека економските мерки кои Владата ги донесе се недоволни и безначајни за нив.
Дуќанџиите тогаш излегоа со низа барања до властите:
-Исплата на бруто плата за месеците март, април, мај на секој вработен за кој досега уредно се плаќале придонеси, без разлика дали тој е вработен, основач или управител.
-Мораториум за прво тромесечие од 2020 година на аконтациите за ДДВ.
-Да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата за тие месеци и да се остави време на трговските друштва да се прилагодат после кризата.
Понатаму дуќанџиите побараа уште и:
-Неповратни средства по фирма од 3000-5000 евра за набавка на роба за следната сезона после кризата.
-Овие мерки да важат до завршување на кризата.
Бараме од сопствениците на објектите, односно закуподавачите да ни излезат во пресрет со тоа што ќе не ослободат од закупнина во овие кризни месеци
Прилепската Стара чаршија е една од најголемите во државата и е гордост на прилепчани. Овие фотографии зборуваат само едно – чаршијата очајно моли за помош, да се спаси барем тоа што може да се спаси!
Oва се дуќаните кои ние успеавме да ги фотографираме, веројатно бројката е уште поголема.
Пред само неколку месеци во јавноста се прошири веста дека Сашо Каимовски Панки бил yaпceн на гpaничниот пpeмин Евзони при обид за влез во Грција.
Како што тогаш беше објавено, наводно пејачот бил yaпceн поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која кpaдела податоци од банкомати.
Досега Панки не се огласуваше на оваа тема, а сега решил да си ја отвори душата и да ја каже вистината.
„Јас не сум kpиминалец. Се најдов на погрeшно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес“, вели Панки во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Неговото гостување во емисијата погледнете го во продолжение:
Од први октомври, сите вработени во државната администрација ќе работат од 8 до 16 часот, односно се укинува флексибилното работно време.
Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, со која престанува да важи претходната одлука според вработените во државната управа можеа да почнуваат со работа помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот да биде помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.
-Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но, ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет, а тоа е да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на паркингот за велосипеди „Велоштад” во рамките на Транспортниот центар.
Нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014, вели Шилегов и додава дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја.
Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект.
-Очекувам да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.