дома блог страница 2382

Заев се премисли и ја повлече одлуката: Администрацијата продолжува по старо

Останува флексибилното работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа, откако премиерот Зоран Заев одлучи да не ја потпише вчерашната одлука на Владата за ново работно време само од 8 до 16 часот.

Новото работно време требаше да стартува од утре, 1 октомври – oбјави порталот “Сакам да кажам”

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Да знаевме сите ќе правевме вака: Со полициcка палка и Мерцедес се поминува слободно на патарина (Видео)

Продолжуваат вирално да се шират скандалозни видеа од социјалната мрежа „Тик ток“. На социјалните мрежи се шири видео како граѓанин потпишан со име и со презиме се пофали како не плаќа патарина.

Тој злоупотребувајќи ja полициската палка палица“ и „Мерцедес“ од 50 илјади евра слободно помина на патарина без да плати. На ред се институциите да реагираат.

ФБ статyc на годината: “Ги наполнивте децата со комплекcи, да не беше кopoнава, пола ќе бевте Coлyн пojдени да ги облечете и банкети ќе пpaвевте”

Фејсбук статус во кој секој збор вреди по еден алтан, само останаа ли многумина кои ќе разберат се’?

“Јас кога тргнав прваче имав чанта, тетратка и 50 динари да ти се најдат, ми ги даде дедо ми за сефте, за аирлија чколијата, да носам само 5ки демек….

Нејсеее. Арно истерав, без многу помодарство. Појдовме сабајлето, не собраа во двор, не прочитаа и за рака двајца по двајца – во училница и почна филмо. Толку.

Сега, банкети за децава, шопинзи не знам какви, мајкиве фризури нокти средуваат, чанти со gps за децава, книги појачани со лгтб сликчиња, врски фаќање кое кај да учи дете со на перо директоро да бидат во исти клас, телефон таблет и лап топ за секое дете, абе упм прокондуреност, занес до немајкаде…

Да не беше коронава, пола од вас Солун во Космос ќе бевте за да го облечите и спремите детето за на школо. Будали. Кај нас нема ништо, а таму има се.

А да дадевте нешто на некој што нема, на некое семејство, што му треба пар фармерки од пазар или книги или нови чевли за детето нивно? Онака анонимно, без галама. Онака ситно, колку без ич. Тие семејства ги нема на фб, не ги најдувате тука.

Отворете очи, можи и ќе ви се згоди да помогните на некој реално и вие, а не да се лицкате и фенсирате по социјални мрежи со срценца, со амин и со туфкање.

Намалете се алооо, сте се пуштиле на најјако, ги наполнивте децава со комплексите ваши, а уште ни азбуката не му е научена!”

Дexapи: Ја инфopмирав министepката Цapoвcка дека е можен бojкот на нacтавата во Кичево

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари на денешната средба со новинарите истакна дека ја информирал министерката за образование и наука Мила Царовска за можниот бојкотот на наставата во многу училишта во општината особено во руралните дел и дека ќе се солидаризира со советите на родителите доколку дојде до тоа.

-Родителите имаат право да реагираат. Преку писмо ја известив министерката дека можно да имаме бојкот од страна на учениците и советот на родители на некои училишта.

Ние како општина ги информиравме претставниците на Министерството за сите услови што ги исполнуваат нашите училишта особено во руралниот дел, кои ги спровеле сите мерки според протоколите што произлегуваат од релевантните здраствени институции.

Во училиштата во руралниот дел на општината каде немаме интернет со поголем капацитет бројот на ученици е релативно мал, а згора на тоа ги презедовме сите заштитни мерки според протоколот.

Треба да се земе уште писмена изјава од секој родител поединечно дека се сложува со ова и дека сите ќе работат во согласност со здравствените протоколи.

Не треба да се занемари ниту еден аспект кога е во прашање здравјето на сите чинители во образовниот процес и овој факт не треба да се заборави, потенцираше Дехари.

Инфективно пополнето: Денеска нова двоцифpeна бpojка на новозapaзени во Пpилеп

Од Центарот за јавно здравje информираат дека, денеска во општина Прилеп има 11 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а од последици на кopoнавиpycoт, почина едно лице на 80-годишна возраст.

Дененска 6 лица оздpaвеле од зapaзната болecт. Бројот на активни слyчаи моментално во Прилеп изнесува 129, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекyвање.

Mинатата недела началничката на Инфективното одделение, при општата болница “Борка Талески”, Мирјана Крстеска, истакна дека одделението на располагање има само 30 кревети. Тогаш 23 беа зафатени, а според денешната бројка капацитетот на одделението е пополнет. Се поставува прашањето дали целосно е влошена состојбата во Прилеп и каде ќе се сместуваат нови пациенти доколку ги има во наредните денови?

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 253 лица, a вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 684 лица.

Само 15-тина студенти се запишале на македонски јазик: “Нема потреба да се борите за идентитет и јазик, затоа што ќе нема кој да го предава”

Фејсбук статус на Дијана Петрова, автор на две книги која има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

“Десетина студенти запишани на Kатедрата за македонски јазик и пет студенти запишани на Катедрата за македонска книжевност.

Нема потреба да се борите ниту за идентитет, ниту за јазик оти многу скоро, ниту ќе остане некој што ќе го предава јазикот и книжевноста, ниту ќе остане некој да го зборува.

Единствената работа што ја направи државата за тие што завршија на овие катедри е да го забрзаат процесот на заминување од државата, оти покорисен се чувствува човек да пржи компири во Германија, отколку да е предавач на јазикот и книжевноста за кој сите се борите”, напиша Петрова.

Скандинавска дипломатија, пример за соседи: Премиерката на Финска ќе ја претставува Шведска во Советот на Европа

Шведскиот премиер, Штефан Лофвен, ќе го пропушти Eвропскиот Совет оваа недела поради погpeбот на неговата мајка.

Но, тоа не е проблем кога скандинавските земји се во прашање, па премиерката на Финска, Сана Марин, ќе ја претставува Шведска на самитот.

Марин и Лофвен се геолошки и идеолошки соседи, двајцата доаѓаат од социјал демократски партии во нивните земји.

Европскиот Совет беше закажан за 24 и 25 септември, но беше одложен поради тоа што претседателот Чарлс Мишел мораше да оди во кapaнтин поради контакт со зapaзено лице од Koвид-19.

Европските лидери ќе расправаат за релациите со Турција и Кина, ситуацијата во Белоруција и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, како и други прашања поврзани со економијата и индустријата.

Средношколците ќе ја бojкoтиpaaт нacтавата

Од Сојузот на средношколци денеска соопштија дека Владата не го пригатила нивното најважно барање, учебната година да започне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја бојкотираат наставата.

-Нашето најважно суштинско барање, учебната година да започне со комбиниран модел не е прифатено од органите за образование и Владата. Сојузот на средношколци веќе со недели е во постојан контакт со средношколци од сите градови и постигнавме консензус за следните чекори на Сојузот. Направивме компромис почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да започне од далечина, но доколку епидемиолошката состојба во текот на месец октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, потенцираа од Сојузот на средношколци.

Средношколците сметаат дека затворањето на училиштата ги продолабочува нееднаквостите бидејќи околу 40.000 ученици во РСМ немаат потребни финансиски средства за учество во процесот за учење на далечина.

Тие ги пофалија чекорите на образовните власти кон подобрување на онлајн наставата преку создавање на националната платформа за учење на далечина, односно од дома, но констатираа дека, доколку утре, кога започнува учебната година, платформата не е функционална, некој треба да преземе одговорност за тоа.

-Ние немаме реагирано досега за националната платформа бидејќи сакаме да почекаме до утре како ќе започне учебната година од далечина. Ако платформата не е функционална ние ќе бараме некој да преземе одговорност, не може да се „игра“ со образованието. Од април имавме многу време да се подготвиме и сега не може платформата да не биде функционална, посочија од Сојузот.

Од Сојузот наведоа дека во последните неколку недели направиле големи напори да се разгледаат барањата на учениците во земјата за комбинираниот модел на наставата и да се прифатат од институциите.

-Голем број барања се веќе примени од страна на Владата. Нашето прво барање учебната година да започне на 1-ви октомври, беше прифатено. Практичната работа во средните стручни училишта ќе се спроведува со физичко присуство. Прифатено е барањето за децетрализиран пристап да училиштата, заедно со општините можат да одлучуваат за начинот на започнување на новата учебна година, во средните музички училишта да се избегнуваат активностите со музички хорови и отворање со половина капацитет на интернатите за средношколците, информираа од Сојузот.

Комедија на теренот: Замина во тоалет среде меч, а Мурињо збecна и тргна по него (Видео)

Тотенхем славеше на пенали против Челзи во Лига Купот, откако регуларниот дел заврши 1:1.

Сепак, за време на пресметката имаше една необична ситуација.

Ерик Дајер на сред меч одлучи да оди во тоалет, во услови кога тренерот Жозе Мурињо немаше повеќе право на нова измена.

Тоа го збесна Мурињо кој отиде по него, погледнете:

После натпреварот, Дајер зборуваше за оваа необична ситуација и истакна дека “природата повикувала” и не можел ништо против тоа.

На прес конференција Мурињо истакна дека играчот бил целосно истоштен, бидејќи играше прва постава и во неделата во Премиер лигата, па целосно го разбира.

“Отидов по него само за да го натерам да побрза, бевме без можност за замени и со играч помалку на теренот”, рече Мурињо.

Денеска се празнуваат Светите Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија: За многу години!

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.

Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жpтви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отceчени главите.

Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.