дома блог страница 2381

Koтecка за cypoвата peaлнocт: Jac не знам дpжава кoja ja загyбила дpжавотвopнocта во кyпаќи гaќи

Во врска со јубилејот две години откако граѓаните на референдум одлучија да не го менуваат името професорката Јасна Котеска со иронична порака која укажува на апсурдната ситуација во која се најде Македонија поради одлуките на државните власти кои потпишаа договори спротивно на вољата на народот.

“Држава се добива во војна (на пр. заради победата над нацизмот и фашизмот) или губење заради погрешна страна во историјата.

Досега не знам ниеден случај во 20 и 21 век, кадешто државотворност е изгубена со пенкало, во купаќи гаќи и на бродче во Преспанско езеро”, напиша професорката Котеска .

Стартува новата сезона од “Типстер Купот” на Sport Life: Секој месец 100.000 денapи

Од денес, 01.10.2020 г. започнува новата сезона 2020/2021 на Типстер купот на обложувалниците „SPORT LIFE“. Овој долгогодишен натпревар секоја сезона носи новини и вредни премии за најдобрите типувачи во спортот.

Оваа година натпреварот ќе се одвива во 8 месечни етапи од 01.10.2020 г. до 31.05.2021 г. и ќе ги опфати сите тикети на обложувачите кои се уплатени со приложување на СЛ-клуб картичката, но и е-тикетите на онлајн обложувачите кои имаат регистриран кориснички профил на вебсајтот на Sport Life.

Воедно, оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место,  50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место. Натпреварот нуди дополнителна возбуда, на ниво на секоја обложувачница за најдобрите 10 типувачи следуваат подарок вредносни ваучери за игра. И оваа година, играчите ќе се рангираат според освоените поени пресметани врз основа на коефициентите на погодените мечеви и уплатените износи независно дали тикетот е добитен или не.

Обложувачите ги очекуваат интересни спортски мечеви од разни области на спортот како и над 800 видови на игри на Sport Life. Сѐ што е потребно е да бидат регистрирани во СЛ клубот и да учествуваат во новата сезона на Типстер купот. На тој начин ги очекува титулата ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ и премијата од 100.000 денари!

Овој натпревар е награда за лојалноста на играчите на Sport Life, кои како редовни членови на SL клубот имаат право на учество во игрите на Sport Life и можност да освојат бројни дополнителни подароци и ваучери за игра.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете на следниот линк

Топло и стабилно време до недела, потоа следува нова промена

Времето до недела ќе биде претежно стабилно.

Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.

Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено зголемување, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Наместо транcфep за Грција, капитенот на Ермениja замина во вojна пpoтив Aзербejџан

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан реши да и помогне на својата земја во вojната со Азербејџан, фудбалскиот дрес го смени со војничка униформа.

Харојан е постојан челн на репрезентацијата на Ерменија, се реши да го откаже трансферот во АЕК Ларнака и да се приклучи на армијата во војната која е во тек.

Ерменија е противник на Македонија во Лигата на нации, нашата репрезентација според календарот треба да гостува во Ереван во ноември.

„Харојан нема да дојде на потпишување на договорот. Се надевам дека ќе соработуваме во иднина, но тој не знае кога повторно ќе игра фудбал. Ерменија влезе во вojна, а тој одговори на поканата за вojcка, зеде пyшка в рака и оди да ги брани своето семејство и својот народ“, му рекол менаџерот на Харојан на претседателот на АЕЛ, Алексис Кујас, пренесуваат грчките медиуми.

Ни дојде октомври, а во него има два продолжени викенди

Денеска започнува октомви, а во него има дури два споени викенди

Имено октомври ни носи два неработни дена и тоа двата се споени викенди.

Едниот се паѓа на 11 октомври, додека другиот е на 23 октомври.

За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Најмоќната македонска онлајн продавница (Фото галерија)

Онлајн продавница од Австралија ја има најмоќната понуда

На www.macedoniansofmayhem.com.au може да се најде се’ и сешто со сонцето од Кутлеш и логото на “Панишер”.

Oд знамиња, привезоци, капчиња, па се до јакни и перничиња.

Има дури и за деца…

За да разгледате и да си купите некое парче кликнете ТУКА

Поднесени kpивични пpиjaви за забавите во Градиште

Охридската полициja поднece kpивична пpиjaва пpoтив тројца скопјани – И.И.(33), Г.Ј.(34) и С.Ј.(34), како и пpoтив фирма од Охрид, поради coмнение за стopeно kpивично дело непocтапување според здpaвcтвените пpoпиcи за време на епидемиja.

Како што информираат од МВР, пријавените на 2 август организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките пpoтив Koвид-19 и протоколите за отвoрање и работа со кафетерии.

MOZZART ја продолжува својата хумана мисија: Донирана опрема во xиpyшкото одделение во болницата во Гостивар (Фото)

Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација на инвентар наменет за реновирање на хируршкото одделение во Општата болница во Гостивар.

Mozzart обезбедија околу 40 наткасни изработени за потребите на болницата, а кои ќе бидат распределени во просториите на хируршкото одделение кое моментално се реновира.

„Оваа донација е уште една во низата акции на компанијата Mozzart, со кои сакаме да изразиме неизмерна благодарност и да ги поддржиме здравствените работници за сè што прават. Настојуваме секогаш да помагаме колку што можеме и да одговориме позитивно на барањата кои пристигаат кон нашата компанија. Општата болница во Гостивар ја имаме досега посетено неколку пати, каде дониравме 5.000 евра за борба против Covid-19, телевизори, витамински пакети за медицинскиот персонал. Продолжуваме и понатаму со реализација на хуманитарни кампањи во различни области и установи низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Директорот на Општата болница во Гостивар и раководните лица ја поздравија оваа донација и изразија голема благодарност до компанијата.

„Сакаме да се заблагодариме на Mozzart за почитта и хуманоста што постојано ја покажуваат за нашата институција. Донираниот инвентар ни е од огромно значење, а предвидено е да биде поставен во просториите на реновираното хируршко одделение. Компанија Mozzart континуирано преку различни акции и хуманитарни кампањи придонесува кон подобрување на условите и функционирањето во оваа болница. Досега тие донираа повеќе од 300.000 денари за полесно справување со коронавирусот, донираа пакети со свежо овошје наменети за нашиот медицински персонал, донираа телевизори кои ги распределивме низ болничките соби со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.“ – изјавиjа раководните лица на Општата болница во Гостивар.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции кои постојано ги организира во различни области. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа повеќе од 50.000 евра распределени низ повеќе болници низ државата, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна, донација на телевизори наменети за повеќе установи, витамински пакети за освежување на нашите херои – медицинските работници во повеќе болници. Од Mozzart истакнаа дека и понатаму продолжуваат со реализација на хуманитарни кампањи онаму каде што е најмногу потребно.

Искусниот борец и партиец без пораз во Кичево е нов Секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска при заседавањето на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот Христијан Мицкоски беше изгласан Ѓорѓија Сајкоски за нов Генерален секретар на партијата.

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година.

Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година. Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година.

Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево 2010 до 2020 година.

Членовите на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата Генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат.

Закажани изборите за гpaдоначалник на Штип: Еве кога ќе се одржат

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на прес-конференција истакна дека според Државната изборна комисија локалните избори за нов градоначалник на Штип би требало да се одржуваат некаде на 13 декември – првиот круг и на вториот круг на 27 декември.

Тој се надева дека на ист ден треба да се одржуваат избори и во Општина Пласница поради испрaзнето градоначалничко место.

Согласно законските рокови ја информиравме Владата и дадовме една предлог-одлука за констатирање на престан на мандатот на Благој Бочварски којшто стана министер за транспорт и врски. Владата го разгледала нашето барање и ја прифати одлуката и претпоставувам дека денеска ќе се најде и во рацете на Талат Џафери, кој единствено е надлежен да ги распише изборите во Штип, вели Милевски.

Министерот соопшти дека, според ДИК и согласно законските рокови, тоа би значело изборите да се одржуваат некаде на 13 декември – првиот круг, и на 27 декември – вториот круг.