дома блог страница 2380

„Може да ме прашате сè!“: Мицкоски во живо ќе одговара на прашања од граѓаните

Во недела, 4 октомври со почеток во 20 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе имам сесија во живо на „Фејсбук“, на која ќе одговора на сите прашања на граѓаните.

Со оглед на тоа што времето е ограничено и заради подобра организираност, вашите прашања напишете ги овде http://bit.ly/LiveSoHristijan

– Можете да ме прашате за она што ве интересира, за мојата работа или приватен живот. Се надевам дека ќе ме запознаете во малку поопуштена верзија, отколку на телевизиските екрани. Ве очекувам во голем број!, повикува Мицкоски.

Eрменскиот премиер и сопругата го испратија синот во вojна: „Нема ништо поблагородно од тоа да се даде животот за татковината“

Ерменскиот премиер Никол Пашинин и рече на својата сопруга дека нивниот единствен син Ашот оди во Нагорно Карабах, каде се водат вoeни koнфликти меѓу apмијата на Нагорно Карабах и Азербејџан, а неговата сопруга Ана Хакобијан рече дека нема ништо поблагородно од давање живот за татковината.

„Ерменскиот народ се соочува со историска пресвртна точка за ерменскиот народ и ние можеме да се потпреме само на себе“, нагласи таа, разговарајќи со пратеничките од регионот Нагорно Карабах.

Ана Хакобијан ги повика сите мајки и жени, ќерки и сестри да бидат cилни и да не се плaшат од ништо, пишува Спутник, а пренесува „Новости“.

Пред патувањето во Карабах, нејзиниот сопруг Никол Пашијан ѝ рече дека нивниот единствен син Ашот оди во Карабах, бидејќи бил дел од резервниот состав на apмијата. Ашот ги собрал и подготвил документите, а неговата мајка не го спрeчила, напротив, го охрабрила.

„Му реков: Да, синко, облечи ја униформата и оди. Те обожавам, но нема ништо поблагородно од тоа да го дадеш својот живот за татковината. Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму и дали ќе можеме да се чуеме. Иако тој не успеа да замине тој ден, беше одреден датум за неговата мобилизација, јас сепак стојам на моите зборови “, напиша Хакобијан на Фејсбук.

Ситуацијата во Нагорно Карабах еckалираше кон крајот на минатата недела. Двете страни меѓусебно се обвинyваaт за иницирање на koнфликтот. На 27 септември, Министерството за одбpaна на Азербејџан објави дека воopужените cили на Ерменија гpaнатираа места на демаркационата линија во Карабах и дека меѓу жpтвите има цивили и вojници. Според изјавите на Министерството за одбpaна на Ерменија, Карабах бил подложен на воздyшни и рakeтни нaпaди. Ереван тврди дека Баку започнал офaнзива во правец на Карабах.

Во нeпризнатата република Нагорно Карабах, тие објавија дека неколку места, вклучително и главниот град Степанакерт, биле нaпаднати co apтилериски огaн. Властите го повикаа населението да се скрие, а подоцна прогласија вонрeдна состојба и мобилизација во Карабах.

Ерменија исто така прогласи вoeна состојба и најави општа мобилизација.

Претседателот на Азербејџан одобри воведување на вoeна состојба во бројни градови и региони на земјата и полициски час во земјата, а исто така најави делумна мобилизација.

Непланиран паричен прилив за вагите, пpoблеми за стpeлците: Еве што велат ѕвездите за вашиот знак во октомври

Што ви предвидуваат ѕвездите за месец октомври?

Овен

Работа: Овој месец можно е да се соочите со финансиски загуби, па поради тоа што ќе имате намален фокус и концентрација. Бидете подготвени да го менувате правецот кога е потребно и да се адаптирате на ситуацијата. Некое лице ќе ви понуди помош, па би било добро истата да ја прифатете бидејќи ќе сфатите дека тоа ќе ви ги олесни работите во голема мера. Сепак, држете ги на око оние колеги кои не се пријателски настроени кон вас.

Љубов: Ако сте во врска: На ова поле доаѓате до точка кога ќе исполните многу желби и очекувања на партнерот, но нема да знаете како се чувствувате во однос на тоа. Затоа, наместо да анализирате оставете да видите како ќе се одвиваат работите и се да дојде на свое. Потребно ви е да го задржите своето трпение и стабилност и да покажете колку ви значи саканата личност. Октомври е месец кога многу врски ќе бидат ставени на тест, па затоа не дозволувајте да бидете премногу импулсивни и драматични.

Ако сте слободни: Слободните Овни ќе треба да ги проценат умешно новите познанства и да направите разлика меѓу оние кои ве интригираат и кои имаат потенцијал и оние кои не ви носат никаков квалитет. Не правете место за оние работи кои не ве прават среќни. Можеби ќе се чувствувате анксиозно бидејќи ќе сакате да ја сретнете својата сродна душа, но ништо нема да постигнете ако ги форсирате работите. Однесувајте се одважно, но не и лекомислено. За некои Овни доаѓа и важна љубовна лекција.

Здравје: Пробајте да ја смените средината и да минувате повеќе време во природа.

Бик

Работа: Овој месец нема многу да заработувате, односно имате трошоци кои ќе ве изненадат и ќе го уништат вашето расположение. Сепак, не дозволувајте тоа да влијае на работата, бидејќи овој месец имате многу обврски кои морате да ги завршите. Најдобро ќе функционирате ако работите сами, или пак ако ви е доверена задача во која ќе имате слобода да се изразите и да постапите по сопствено уверување. Последната недела во октомври ви носи зголемена можност за заработувачка.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе бидете преплавени со емоции, пробајте да останете емоционално вклучени, но и објективни. Можно е во одредени ситуации да имате потреба да започнете конфликти, но за тоа нема потреба овој месец. Пробајте да направите разлика меѓу вашата тврдоглавост и вистинската потреба да се дискутира за некои теми. Сослушајте ги приговорите од саканата личност со отворен ум и не делувајте импулсивно и со инает. Ако успеете да го избегнете тоа, октомври ќе биде емотивен месец исполнет со романтика.

Ако сте слободни: Слободните Бикови се заглавени во своите мисли и длабоки анализи. Можно е да ви пристапуваат повеќе интересни личности, но вие како да не ги забележувате. Потрудете се на продуктивен начин да ги канализирате своите чувства. Тоа ќе ви помогне да се впуштите во она што ви е потребно овој момент, без оглед на тоа дали е тоа авантура или романтика.

Здравје: Можни се проблеми поврзани со вратот, мигрена, главоболки.

Близнаци

Работа: Овој месец ќе се соочите со ситуација кога ќе сакате да се откажете од одреден проект, но тоа ќе се покаже како грешка бидејќи во истиот момент штом посакате да се откажете ќе го сфатите огромниот потенцијал на таквата идеја и ситуација. Избегнувајте ситуации и конфликти со луѓе кои ви носат негативна енергија, бидејќи овој месец нема да успеете да бидете премногу тактични и добро да се поставите кон нивните сплетки. Ќе ги остварите поголем дел од своите планови, но ќе треба да најдете време и за планирање за следните месци.

Љубов: Ако сте во врска:Ова е период во кој ќе треба да тактизирате со саканата личност, но и во семејните односи. Пробајте да ги исполните барањата, да ги премолчите примедбите и да постапите умно во однос на некои ситуации. Тоа не значи дека треба да го прифатите тоа што не го сакате, туку едноставно да бидете подипломатични. Пуштете го партнерот да ги искаже своите желби, а вие само мудро набљудувајте и видете каде можете да покажете компромис овој месец. Не трошете многу енергија за да го истуркате своето, ништо не е вредно за тоа овој октомври.

Ако сте слободни: Слободните Близнаци ќе се соочуваат со потреба да се ослободат од минатото – можеби ќе се појави некоја личност од минатото со која ќе сакате да расчистите некои работи, или пак некоја емоционална ситуација која ќе ви помогне да научите важни лекции. Сосредоточете се на себеси, другата личност е тука само како огледало. Ова е можност да ги согледате своите грешки и да не ги повторувате.

Здравје: Можни се проблеми со грбот и кичмата.

Рак

Работа: Овој месец соработката ќе оди одлично, а приходите ќе бидат стабилни. Се движите во друштво на стабилни и влијателни луѓе, па така тоа ви годи за да ги реализирате своите идеи. Време е да ги процените своите досегашни достигнувања, да поставите нови цели и да побарате поддршка за реализација на вашите идеи. Не носете никакви брзи заклучоци и што и да се случи потрудете се да останете смирени, бидејќи ништо не е толку лошо колку што мислите.

Љубов: Ако сте во врска: Овој октомври, ќе добиете признание за своето трпение и труд, како во љубовните односи, така и во останатите аспекти од вашиот живот. Партнерот ќе ја цени вашата способност да постигнете компромис, но и да бидете тактични и нежни. Ќе се чувствувате поблиски од било кога, а тешкотиите ќе ги надминувате смирено и достоинствено. Ова е месец кога љубовта е баш онака како што треба да биде за вас.

Ако сте слободни: Слободните Ракови ќе се чувствуваат стабилно, без оглед на тоа дали се сами или почнуваат романтична приказна. Фокусирани сте на своите мисли, својот внатрешен живот, преиспитување и медитација. Полека, го избегнувате хаосот и го туркате надвор од својот живот и го наоѓате својот мир на ова поле.

Здравје: Можни се главоболки и проблеми со видот.

Лав

Работа: Можни се корисни познанства овој месец особено доколку одите на професионално патување, конференција или состанок. Не се впуштајте во никакви ризични потфати овој месец и анализирајте како се однесуваат шефовите кон вас бидејќи тоа може да ви испрати важна порака. Споделувајте ги своите идеи со колегите, бидејќи тоа може да ви даде и важен увид во работата, но и да ви донесе нови идеи. За некои Лавови можна е понуда за работа од соништата.

Љубов: Ако сте во врска: Промените кои ги доживувате на лично ниво не се поврзани со врската, ниту пак со професионалното поле, но сепак се одразуваат на вашата врска. Посветете се на својот духовен и интелектуален развој, но покажете и на саканата личност низ што минувате и колку ви е важна нивната поддршка. Не носете брзи заклучоци за ништо во вашата врска и одете чекор по чекор, бидејќи ова се големи промени. Најважно е да им покажете колку ви значат и колку се сакани.

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе се чувствуваат збунето, некои работи ќе ве вознемируваат, но нема да можете да адресирате што е тоа. Одвојте време за себе, проценете ги односите со луѓето кои ве окружуваат и донесете одлука што е она што го сакате. Прифатете ги своите промени во расположението и сфатете дека сето ова е процес низ кој морате да поминете.

Здравје: Можни се настинки и кашлица. Редовно одете на лекар.

Девица

Работа: Потрудете се да не бидете арогантни и да не се поставувате надмено кон колегите. Задржете ја сериозноста и одговорноста кон работата и бидете свесни дека тоа е гаранција за успех овој период. Во овој период на прво место ќе биде вашата креативна енергија и потреба да создадете нешто ново и ќе успеете во тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Овој период ви носи многу предизвици – емоциите ќе бидат на површина и ќе ви биде тешко да ги контролирате. Воздржете се од расправии и бидете трпеливи, а во меѓувреме занимавајте се со своите мисли и постапки. Бидете одговорни за тоа како се поставувате кон саканата личност.

Ако сте слободни: Слободните Девици ќе сакаат своите длабоки чувства да ги скријат позади весела и слатка фасада, но тоа нема да биде така лесно овој октомври. Можеби нема да успеете да го скриете своето разочарување, но бидете отворени кон тоа да ја покажете својата ранливост и емоции. Потребна ви е поддршка, потпрете се на некој кому му верувате.

Здравје: Можни се главоболки, настинки и болки во кичмата.

Вага

Работа: Блиску сте до исполнување на своите цели, но постојат многу барања и ситници на кои треба да внимавате и тоа ви го одзема фокусот. Промените кои се наметнуваат претставуваат отскочна даска за многу убави промени кои ве очекуваат, па затоа не се плашете од тоа. Имате поддршка од планетарната енергија, па можен е финансиски прилив кој не го очекувате. Немате потреба никаде да брзате со своите одлуки, делувајте како што сметате дека треба во секоја ситуација.

Љубов: Ако сте во врска: Во партнерските односи ќе бидете тактични и трпеливи, ќе бидете опуштени со саканата личност и добро ќе се запознавате. Ако имате барања или примедби, потрудете се да ги адресирате на соодветен начин и да не создавате тензија во врската. Потсетете се на тоа што ви е важно во врската и фокусирајте се на тоа.

Ако сте слободни: Слободните Ваги ќе бидат многу харизматични и ќе шират одлична енергија околу себе. Сепак, ќе ви биде тешко да ги пуштите другите блиску до себе и да ги покажете своите чувства. Бидете љубезни и одете чекор по чекор, нема зошто да се плашите.

Здравје: Потребен ви е одмор, можен е пад на имунитетот и стрес.

Шкорпија

Работа: Не е момент за драстични промени на ова поле, па затоа не правете големи планови, туку одете чекор по чекор. Подгответе го теренот и бидете подготвени за акција. Дајте им помош и поддршка на колегите, зацврстете ги своите позиции на работа и покажете праведност и доследност. Прашањето на доверба е клучно за тимската работа, а тимот е клучен за завршување на сите преостанати задачи овој период. Не вложувајте во нови и непроверени проекти.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е период кога интуицијата ќе ви биде на високо ниво, па ќе бидете понежни во комуникацијата со саканата личност. Ќе успеете и да ги изразите своите желби, така што целиот месец добро ќе се разбирате со саканата личност. Ова е добар период за зближување, но и заеднички планови за иднината. Уживајте во сите убави нијанси на вашиот однос.

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе посакаат да привлечат нечие внимание, но не се потпирајте на начините кои ви се сигурни, туку потрудете се да бидете иновативни. Покажете иницијатива, покажете интерес и останете отворени. Не се трудете да бидете тврдоглави, само опуштете се.

Здравје: Можни се проблеми со видот и очниот притисок.

Стрелец

Работа: Овој период носи проблеми на работното место, па ќе морате да покажете трпеливост и одговорност, но и одлучност за важни прашања. Ако сте унапредени неодамна, ова е период кога ќе морате да ја оправдате својата доверба и да покажете способност, компетенции, колегијалност, но и иницијатива и мотивираност.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е мирен период во партнерските односи, уживате во плодовите од градењето на вашиот однос и се препуштате на мирот и блискоста. Дури и да не се сложувате за некои ситници, лесно ќе доаѓате до компромис овој месец. Ова е и добар период за заедничко планирање и вложувања.

Ако сте слободни: Ова е месец кога слободните Стрелци ќе посакаат да се покажат и докажат, но ако некој ви се допаѓа, не глумете, туку трудете се да бидете свои. Ова е добар период за романтична врска со личност која ви се допаѓа веќе некое време.

Здравје: Внимавајте на повреди.

Јарец

Работа: Држете се до своите принципи и не дозволувајте туѓите ставови да ве оддалечат од вашата цел. Можностите за успех ви се отворени особено ако работите самостојно. Бидете систематични, смирени и трпеливи а ако морате да влегувате во конфликти водете се од правилото дека паметниот попушта, барем овој период.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е месец во кој ќе се чувствувате ранливо и раздразнето. Партнерот ќе ве преплавува со своите проблеми, а вие постојано ќе бидете на работ на нервите. Но, пробајте да се смирите, да бидете тука за саканата личност и да помогнете колку можете. За вас ќе биде голем предизвик да поставите здрави граници, но и да не се одалечите од партнерот и да не го повредите.

Ако сте слободни: Слободните Јарци ќе бидат мета на интерес на повеќе различни личности, кои делуваат интересно на прв поглед. Сепак, бидете резервирани кон таквиот однос и не дозволувајте да бидете целосно заведени од нечии слатки зборови. Останете на дистанца и покажете – времето ќе ви покаже кој го заслужува вашето внимание.

Здравје: Пробајте да се ослободите од стресот и анксиозноста.

Водолија

Работа: Водете сметка за својот пристап и зборовите кои ги упатувате кон колегите и соработниците. Многу веројатно е дека во некои ситуации ќе оставате погрешен впечаток особено пред оние кои не ве познаваат.Анализирајте ја својата позиција, поставете ги своите приоритети и организирајте се добро. Ако знаете што сакате, лесно ќе најдете начин како да го постигнете тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Во партнерските односи имате тенденција да бидете остри, нетрпеливи и саркастични, а на саканата личност тоа нема да и се допаѓа и можно е да се постави грубо кон вас. Иако сте на различна бранова должина, потрудете се да бидете отворени еден кон друг и да го зачувате тоа што го имате во врската. Уверете ја саканата личност дека вашите чувства не се сменети.

Ако сте слободни: Слободните Водолии би можеле да се најдат во ситуација за да ги задржат своите одбранбени ѕидови и да се соочат со стравот од тоа да се отворат кон другата личност. Не ги спречувајте другите да ви се приближат, особено оние кои ви делуваат дека имаат искрени намери. Бидете внимателни, но не и целосно затворени.

Здравје: Можни се проблеми со грбот и вратот.

Риби

Работа: Октомври е месец на зголемена продуктивност, како и собирање на плодовите од вашите претходни напори и вложувања. Можеби ќе добиете понуда која одамна сте ја посакувале, па бидете внимателни како ќе се поставите во однос на тоа. Инспирирани сте и полни со идеи, ако почувствувате пад на самодовербата, потрудете се брзо да го смените тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Чувствувате потреба да преземете иницијатива во врската, но на начин кој е ненаметлив за саканата личност. Пробајте да ја канализирате агресивната енергија и да бидете фини кон саканата личност. Партнерот веројатно разбира како се чувствувате, но ќе треба да бидете вешти во комуникацијата.

Ако сте слободни: Слободните Риби чувствуваат занес кон некоја личност, кој брзо ќе пројде. И да се разочарате, не дозволувајте тоа да влијае на вашата реалност и сегашност. Не се провоцирајте од туѓото однесување, направете го тоа што е најдобро за вас.

Здравје: Можни се главоболки.

Бугарија го промени името на 24 мај: Наместо Денот на сесловенските просветители, ќе се вика Ден на бугарската писменост

Бугарското Народно собрание го преименува празникот 24 Мај во чест на светите браќа Кирил и Методиј во Ден на бугарската писменост, просвета и култура, кој досега се славеше како Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост.

„Денес може да се каже дека кога станува збор за 24 мај, бугарското општество разбира дека тоа е денот на бугарската писменост. 24 мај е најбугарски празник, а формулацијата ‘празник на словенското писмо’ била воведена од бугарската Комунистичка партија пред 30 години“, се објаснува во предлогот од Обединети патриоти, кои се во коалиција со владеачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, усвоен од пратениците во прво читање.

Бугаризирањето на писменоста што на словенскиот свет им ја подарија и ја проширија солунските браќа го поставува прашањето како Македонија и Бугарија заеднички би ги чествувале врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Новото име на празникот во Бугарија е спротивно и на изјавите за време на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов во Москва на 24 мај 2017 година.

„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја“, му рече тогаш Путин на Иванов, пред да му ја врачи наградата од Фондацијата за единство на православните народи.

„Како што рековте, симболиката на оваа посета е навистина голема: денеска ние го славиме споменот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“, му одговари тогашниот шеф на македонската држава.

Груби не се откажува: Без малку 100 отсто од компаниите имаат вработени само од македонската етничка заедница

Во однос на предлогот за етничко субвенционирање на вработување во приватни компании, одговарајќи на новинарско прашање вицепремиерот Груби рече дека нема донесено одлука за ваква мерка, туку дека само е отворена дебата во јавноста.

-Идејата беше не да се наметне вработување било на Албанци или на која било друга заедница, туку да се адресираат прашањата на еднаквост, на еднаквост не само во правата, туку и во обврските што ние би ги имале. Зошто да не се отворат сите тие компании за луѓе да аплицираат и за да има правична и адекватна застапеност насекаде низ општеството – да има правилен пристап за сите. Ако ја видите етничката застапеност во сите тие компании, па без малку би биле 100 отсто претставени само од македонската етничка заедница. Таму нема ниту Роми, ниту Турци, нема ниту Бошњаци, нема ниту Власи, ниту Срби, па ниту Албанци во некои од тие компании. И затоа велиме да имаме еднаков пристап дали тоа ќе биде преку субвенција, дали тоа ќе биде преку други форми на соработка со тие компании, посебно, на пример, не знам фаворизирање по преземање на соработка или аплицирање во државни фондови коишто би ги поддржале нив, рече Груби.

Во моментов, потенцира тој, не постои мерка, отворена е дебата за да се види како би било најдобро сите да се чувствуваме еднакви во нашето општество.

-Го сменивме насловот на принципот, на идејата за едно општество за сите во еднакво општество за сите, затоа што е битно за да биде едно општество мора првенствено да бидеме еднакви и во одговорности и во права – и Албанецот, и Македонецот и Турчинот, и Ромот и сите други. И со приватниот сектор ќе седнеме и ќе разговараме. Не зборуваме за да го вработи Артан затоа што е Албанец или вас затоа што сте Македонец или кој било друг. Зборуваме, ако се исто квалитетни луѓе, да ги исполнуваат сите законски услови и сите критериуми коишто се пропишани во огласот – да, да ги вработуваат луѓето и да им дадат шанса да ги покажат своите квалитети, рече Груби.

Миниcтepcтвото за обpaзование пojacни: Учебната година ќе завpши во jyни

Децата и родителите од утринава беа збунети откако во службен весник излезе информација во која стои дека новата учебна година ќе трае од 1-ви октомври до 31-ви август. По бурните реакции МОН смирува дека сепак таа за учениците ќе заврши на 10 јуни како и секогаш.

„Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни, иако поради здравствената криза наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во улилиште клупи до 21 август“, велат од Министерстовто за образование и наука.

Од министерството додаваат дека треба да се направи разграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка.

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал број на денови и треба да се направи разграничување на наставна од учебна година. Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.

Познатиот готвач Бранко Попоски и Витаминка во хумана мисија: Секој може да се вклучи и да направи големо дело

Под мотото „Биди дел од месецот на хуманост, купи производи и донирај“ блогерот Бранко Попоски познат по псевдонимот Cooking with Branko во соработка со Витаминка, ќе донираат производи, храна и приготвени оброци за социјално загрозените семејства.

Во текот на целиот месец октомври, Бранко ќе набавува намирници (леб, овошје, зеленчук, зрнести производи) со кои ќе приготвува оброци, а Витаминка ќе донира производи. Подготвените оброци и донираните производи од Витаминка, соодветно спакувани преку Здружението Љубезност и Ретвитни Оброк ќе бидат доставени до семејствата во неповолна социјална положба.

Целта на акцијата е да се подигне свесноста за ситуацијата во која се наоѓаат голем број семејства, посебно погодени од здравствената криза и да се поттикне јавноста со свој личен придонес да се вклучи и да помогне на некое од овие семејства.

Попоски, хуманата активност ја спроведува веќе втора година по ред, откако минатата година на интересен начин преку својот блог за храна Cooking with Branko ја повика јавноста и јавните личности да донираат храна и оброци за социјално ранливите лица.

Оваа година, поради заштитните протоколи за Ковид-19, Бранко акцијата ја спроведува според дефинираните безбедносни мерки. Затоа, хуманата активност е дополнета повторно со повик од Бранко Попоски до граѓаните доколку сакаат можат да донираат, но според одреден распоред.

Секој петок во периодот од 13.00 до 17.00 часот готови оброци (без свинско месо) ќе може да се донираат исклучиво преку кетеринг кујна или ресторан со достава во просториите на здружението „Љубезност“, контакт 070 378 855.

Донации во конзервирана храна (без свинско месо) може да се достават на локација на Бродот на среќата секој петок и сабота од 13.00 до 17.00 часот. Производи и храна со подолг рок на употреба може да се донираат од понеделник до петок од 13.00 до 17.00 исто во Бродот на среќата.

Со поддршката и вклучувањето во оваа иницијатива ќе се испрати и порака до корпоративната јавност, но и до граѓаните да се вклучат во месецот на хуманост. Во месечната хумана активност ќе бидат поканети да се вклучат и неколку познати личности кои исто така ќе учествуваат со приготвување оброци за социјално загрозените семејства.

Mилан кyпи млад диjaмант: 20-годишниот Нopвежанец нajaвен како големо зacилyвање

Милан го потврди трансферот на Јенс Петер Хауге, Норвежанец кој го носеше дресот на Бодо, тим со кој Милан играше во минатото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Хауге игра на позиција офанзивно крило, но одлично се снаоѓа и како прв шпиц во нападот.

Тој ќе го носи дресот со број 15 во Милан. За Бодо/Глимт Хауге настапуваше во изминатите 4 години, а има само 20 години.

Има забележано 106 настапи и има постигнато 24 погодоци.

Денеска повеќе оздpaвени од новозapaзени во Прилеп, но инфективно целосно пополнето

Во изминатото деноноќие во Прилеп се регистрирани 5 нови слyчаи позитивни на kopoнавиpyc, a 11 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Моменталниот број на активни случаи во Прилеп изнесува 123 лица, а од нив 93 се наоѓаат на домашно, додека 30 се на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 248 лица. Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 689.

Mинатата недела началничката на Инфективното одделение при општата болница “Борка Талески”, Мирјана Крстеска, истакна дека одделението на располагање има само 30 кревети. Тогаш 23 беа зафатени, а oд вчера капацитетот на одделението е пополнет. Се поставува прашањето дали целосно е влошена состојбата во Прилеп и каде ќе се сместуваат нови пациенти доколку ги има во наредните денови?

Владата донесе одлука: Учебната година ќе трае подолго од вообичаено

Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година – oбјави “Нетпрес”

Одлуката е објавена во Службен весник на 27 септември.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за увтрдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Да посетиме дека денска почнува учебната година.