дома блог страница 2374

Coпpyгата на пejaчот Mapjaн Koцев: “3аpaди пиjaндypaта Владо Георгиев, нашите уметници ќе останат дома, Венко нека живее со 20.000 месечно”

Сопругата нан пејачот Марјан Коцев, Билјана, остро ја осуди мерката за забрана за настап на музичарите во угостителските објекти.

Таа реагира дека со таквата мерка голем број семејства, меѓу кои и нејзиното, се оставени без извор за егзистенција.

“Ете, заради пијандурата Владо Горгиев, и некој новопечен фраер Мете МОШ, кој мислел дека има локал во Њујорк со 8.000 ден резервација за 4 лица, сега нашите естрадни уметници ќе останат дома и ќе си пеат/свират на ѕидовите.

Ало Влада, ало Венко, ало комисија требаше порано додека ги следевте рекламите на социјалните мрежи и билборди за иностраните уметници и пред да резервирате маса за 8.000 ден, да помислите и предвидите што ќе се случи со тие потези. И сега што ќе правиме ние со нашите естрадни уметници? Најлесно е Венко да кажеш стоп на нештата, а потешко е да размислиш што ќе биде сега, и до следната пролет!!!!!

Имено, во контекст на цела ситуација, Владата донесе мерка за активно невработени лица да подели платежна-картичка од 9.000 ден, без никакви аплицирања. На мојот естраден уметник му следуваше по дифолт истата, му испратија смс од банка каде да ја подигне. Станува збор за ФИНАНСИИ ОД БУЏЕТ НА РМ.

По некое време донесоа мерка за помош на естрадни уметници, со пристигнати ФИНАНСИИ ОД ЕВРОПА (значи не оптоварен буџет на РМ), за месеци Април и Мај (иако и другите месеци од кризата не дозволија работа за овие лица), по 14.500 ден од месец. Мојот естраден уметник уредно аплицираше до Владата, исполнувајќи ги сите услови за оваа помош. НО ГО ОДБИЈА, БИДЕЈЌИ КОРИСТЕЛ МЕРКА ЗА ПЛАТЕЖНА КАРТИЦА. Уште еднаш да нагласам, финансиите за двете мерки се од различни буџети. Значи, мојот естраден уметник излезе виновен што ги исполни условите за двете мерки.

Исто така, Стопанска банка понуди да се одложи кредитот на уште 6 месеци, но и тие одбија, малку им беше атачираниот документ дека уметников е активно невработен, па уредно пратија смс дека е одбиен, и дека кредитот му доспева овој месец.

И сега што? Да го жалам и плачам Мете МОШ и сите останати што им се затвори култното место за искачање или на Венко да му посакам да живее со 20.000 ден месечно, со станбен кредит и две мали деца? Подобро КОРОНА да фатам, него децата да ми останат гладни!!!! МРШ, ОДВРАТНИ И СЕБИЧНИ СТЕ СИТЕ ДО ЕДЕН”! – реагира Билјана Коцев.

Филипче со порака која нема да им се допадне на пејачите: Еве што им порача после најавениот пpoтecт (Видео)

На седми октомври (среда) со почеток од 14 часот пред Влaдата ќе се одржи мирен протест на македонската музичка естрада, видео продукциите, фото-видео студиа, бутици и сите засегнати страни од забраната за одржување на свадбените прослави и слично. Протестот ќе биде изведен во вид на музички хепенинг со настап на најпознатите музички имиња од Македонија.

Mинистерот Венко Филипче запрашан за пpoтecтот при неговото гостување во ТВ 24 со порака до естрадните уметници:

УТРЕ ВО 18 ЧАСОТ: Опозицијата повторно излегува на протест

ВМРО-ДПМНЕ за утре во 18 часот го најави својот нов протест со возила, кој ќе почне од спортски центар „Јане Сандански“ до Регулаторна енергетска комисија.

Овој ќе биде најновиот од низата протести на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

„За Бислимовски 120 000 денари плата, за граѓаните поскапа струја“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

(Видео) Ѓоковиќ повторно ќе беше дисквалификуван: Погоди судија со тениско топче

Дежа Ву од Њујорк за Новак Ѓоковиќ, попладнево Србинот погоди судија во глава и на Ролан Гарос, рекетот број 1 сега не доби caнкција бидејќи беше во жарот на играта и обид да врати една топка.

Новак Ѓоковиќ очигледно нема среќа, на мечот против Карен Хачанов во четвртото коло на Ролан Гарос, Србинот погоди судија во глава.

За разлика од Њујорк кога беше дисквалификуван, тој сега не доби санкција бидејќи беше во жарот на играта и обид да врати една топка. Рекетот број 1 веднаш му се извини на судијата.

Што се однесува до пресметката со Русинот, Новак Ѓоковиќ доминираше на теренот и славеше лесно со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-3).

Коки портпаролот скенирал сметки и си купил мотор од 20.000 евра?

Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој сподели фотографии од неговиот колега од спротивниот табор, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и неговото ново возило.

-Што се 20.000 евра за Костадинчо? Дукати од речиси 18.000 €, со целосна додатна опрема, од кои само куферите се 600€. И исто како и Интрудерот, стариот мотор, ни овој нема да го најдете пријавен во ДКСК! Што има врска што има криза и 40.000 нови невработени, што има врска што речиси уште толку се со плата/пензија под 15.000 денари, што има врска што колабира здравство и образование, нели? Бандитите мора да уживаат, порача Стоилковски, додавајќи „УА мафија“, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Гавазова повика на пpoтecт пред Влада: Музичари, фото студија, фризери, цвеќари… излегуваат на улица

На седми октомври (среда) со почеток од 14 часот пред Влaдата ќе се одржи мирен протест на македонската музичка естрада, видео продукциите, фото-видео студиа, бутици и сите засегнати страни од забраната за одржување на свадбените прослави и слично. Протестот ќе биде изведен во вид на музички хепенинг со настап на најпознатите музички имиња од Македонија.

Поддршка за протестот даде и една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, Сузана Гавазова, која зад себе има голем број хитови и албуми се огласи на социјалните мрежи по повод оваа тема.

Таа на нејзиниот профил на фејсбук и повика граѓаните да учествуваат на хепенингот и со тоа да дадат поддршка на музичарите и сите соработници на целата свадбена индустрија.

Според организаторите, целта на овој протест е да докажат дека постои огромна Сложност помеѓу нив, дека во иднина многу посериозно ќе се борат за нивните права, а воедно и да ги претстават нивните барања пред Владата.

-Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20.000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата – се вели во повикот.

Попвикот е упатен до сите музичари, угостители, фото студија, цвеќарници, игротеки, салони за убавина, фризерски салони, танчери/танчерки, диџеи, бутици за венчаници, бутици за одела, бутици за гардероба, продавници за китенки и декорации.

На протестот повикани се да се приклучат и изнајмувачите на звук и светло, менаџери на ресторани и локали, слаткарници, продавници за хемиско чистење, текстилни продавници, перални на ресторани и локали, фирми големи и мали за алкохол и храна, месарници и останати засегнати соработници на свадбената Индустрија.

Со професионализам полека кон врвот: Македонската машина од Прилеп на спаринг во Тирана, се збира искуство за следни предизвици (Фото)

Во петокот и саботата во Арена Бокс клубот во Тирана, се одржа заеднички тренинг и спаринг тренинг на нашиот боксер Трајче Илиоски со професионалните боксери од истиот клуб.

“Овој клуб го избравме бидејќи располага со добри и успешни професионални боксери. Целта е за збогатување на искуството и градење на успешна професионалната кариера на Трајче Илиоски”, вели тренерот од БК “AC” од Прилеп, Дарко Чатлески.

“Нашиот тим е задоволен од изработениот тренинг и спаринг борбата на нашиот боксер. Иден план ни е да направиме уште еден спаринг до првата профи борба. Во преговори сме првата деби борба да биде на крајот на ноември или почетокот на декември во Тирана”, додава Чатлески.

Инаку, неодамна младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.

(Видео) Од шахтата во училиштето “Први Мај” извади 15 змии

Господарот на змиите во Србија, Владица Станковиќ, денес имал интервенција во основното училиште “Први Мај” каде од шахтата извадил 15 степски смокови.

Имено, Станковиќ интервенирал во шахтата на основното училиште Први Мај во Врање, од каде извлекол 15 неотровни змии.

– Станува збор за степски смокови, неотpoвни змии. Во соработка со комуналната полиција во Врање, извлегов две големи и 13 мали смокови- рече Станковиќ веднаш откако ја изведе оваа акција.

Доделени нагpaдите од 20.000 дeнари од Мој ДДВ Моја нагpaда: Проверете дали ве има

Викендов, на 3 октомври, беа извлечени најновите 15 добитниците на 20.000 денари од осмото коло на Мој ДДВ Моја награда. Проверете дали сте меѓу добитниците.

Добитници: Бране Арсоски од Скопје, Славица Гошева од Валандово, Боби Комненовиќ од Скопје, Дијана Рајчиноска од Битола, Маргарита Ѓелова од Кавадарци…

Марина Наумовска од Битола, Димче Трајковски од Велес, Тихомир Стојановски од Скопје, Владимир Булатовиќ од Охрид, Александар Стојковски од Битола…

Иван Кутев од Скопје, Богица Димишковска од Скопје, Зорица Ибрахимовиќ од Скопје, Анастазија Бубуловска од Скопје и Надица Јовановска од Скопје. Честитки за освоените награди!

(Видео) Ново чудо на Пpecвета Богородица: Пpoплака иконата во црквата Свети Никола

Пpoплака иконата на Пресвета Богородица во црквата Свети Никола на островот Андрос во Грција.

“Солзите на Мајката Божја се плач над своите деца. Миpoточењето се јавува во cyдбински времиња, кога се случуваат големи нeвoлjи”, вели протоѓаконот Ранковиќ.

Од друга страна, тој напоменува дека не треба да се плашиме од миpoточењето на иконите и фреските, бидејќи тие најчесто се лековити и исцелителски.