дома блог страница 2375

По втор пат циpкyз пpeд Александар во Прилеп (Фото)

По втор пат поставена табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп

Согласно договорот од Преспа, властите наместија нова табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, откако претходната беше преку ноќ отстранета.

За разлика од првата која беше мала и незабележителна, сега новата е со конструкција зацврстена со завртки.

“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, пишува на таблата.

Еве како изгледаше првата табла која беше поставена во август месец минатата година.

Слушнете и уживајте: Прилепчанецот кој беше “Ѕвезда на Гранд” ја промовираше својата нова песна и видео спот

Прилепчанецот Гоце Бошкобвски – Чоки е еден од оние македонски учесници во најголемото и најпопуларно регионално музичко натпреварување, музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, кои во минатиот циклус оставија најсилен впечаток, а и најдалеку дотуркаа.

Годинава Гоце – Чоки е повторно дел од региналната „ѕвездена елита“ со уште посилни амбиции и поголеми надежи дека конечно ќе го допре самиот врв и ќе се вброи меѓу првата лига на „Ѕвездите на Гранд“, како отскочна штица за сериозна кариера и надвор од Македонија.

Тој неодамна се пофали дека поминал во следната фаза помина преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека го пемостил и 4-иот круг.

На патот кон тронот, Гоце не ја запоставува и сопствената кариера во Македонија, па така неодамна ја сними, ја визуелизираше, а на 27 септември во етерот ја промовираше својата најнова песна и видеото за неа насловени како „Искинати спомени“.

Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е стариот проверен мајстор, композиторот и продуцент Кристијан Габроски.

Видеото кое ја следи фабулата на приказната од текстот во кој по старата добро позната навика: „Одговорот го знам, откако ќе останам сам“ е во режија на Оливер Ангелески, за камерата и монтажата бил задолжен Георгиј Трајкоски, асистент – Горан Попоски, додека за светлото Мартин Милкоски.

Во видеоприказната покрај Гоце-Чоки, својата работа одлично си ја завршиле актерите Здравко Стојмиров и Јасмина Јонческа кои впечатливо ја пренеле пораката што ја испраќа песната, која можеби најдобро во својот коментар ја опишал еден од пријателите и следбениците на младиот пејач на социјалните мрежи:

„Оваа песна е порака за вљубените кои не си ја искажале својата љубов , во вистинско време , на вистински начин. Доцна сфаќаме дека љубовта е се’, а зошто да живееме од спомени во минатото, кога можеме заедно да ги создаваме денес …“!

Порака која Гоце Бошковски – Чоки очигледно со многу љубов и дел од својата душа ја остава во своите „Искинати спомени“, песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение:

И Осогово не попушти во Прилеп: Победа маки мачи за 3 бода на секој натпревар

Попладнево на стадиопнот на Могилата во натпревар од 6-тото коло на Втората лига-Исток фудбалерите на Победа одиграа 1-1 со тимот на Осогово од Кочани. По ремито со Плачковица во 4-то коло ова е втор домашен нерешен резултат на црвено-белите со што се пропуштени две шанси односно загубени се 4 бодови на свој терен против екипи директни конкуренти а со кои бодови екипата ќе беше во врвот на табелата.

И попладнево избраниците на тренерот Дарко Крстески одиграа неубедлив натпревар со голем број грешки против искусен противник кој знаеше и умешно играше на резултат задржувајќи драгоцено време со безброј превиткувања на теренот.

Убедливо најмладиот тим во лигата-Победа, со 7 младинци (играчи до 21-а година) во почетниот состав, добро го започна мечот и поведе со 1-0 во 13-тата минута со убавиот гол на Ангелески, по неговиот силен и прецизен удар под пречка откосо. Само неколку минути подоцна се чини шансата на мечот за победа ја пропушти првиот стрелец на екипата Димоски кој сам околу пеналтикот биеше непрецизно крај голот на Велковски.

Се чини овој неискористен зицер за водство од 2-0 и многу помирен меч во продолжение, како да донесе пресврт во односот на силите на теренот. Гостите за кратко време создадоа неколку убави прилики кои не ги искористија Манов и Недановски(спаси Петкоски), за по едено невнимание на домашната одбрана проигран од Иванов најдобриот гостински играч Велинов во 23-тата минута да израмни на 1-1, и се покажа со тоа го постави конечниот резултат на натпреварот. До одморот немаше некои возбудувања, со исклучок на полушансата на Димоски во 44-тата минута кога со глава биеше над голот.

Вториот дел донесе игра без возбудувања и шанси и уште побледо издание на домаќините. Играјќи со помош на ветерот инсистираа на долги топки по десната страна за нововлезениот Бошески, но главно тоа беа пресилни топки кои беа лесен плен за гостинската одбрана, со исклучок на една –две ситуации кога по негов центаршут изостана адекватна завршница во гостинскиот казнен простор.

И покрај замените во домашниот тим Победа и покрај фактот дека од 66-тата минута и со играч повеќе (по исклучувањето поради два жолти картони на Дончев) победашите не успеаа ниту еднаш посериозно да се заканат на гостинскиот состав кој умешно го чуваше времето и на крајот освои драгоцен бод во Прилеп.

Победа: Котевски, С. Спиркоски(од 46 мин Бошески), Белески, Петкоски, Колевски (од 57 мин Стомнароски), Дебрешлиоски (од 81 мин Илијоски-Кисески), Ангелески, Јошески(од 46 мин Митрески), Алимоски (од 81 мин Ф. Спиркоски) и Димоски.

Резултати 6 коло: Победа-Осогово 1-1, Кит Го- Брегалница 0-1, Слога Виница-Тиквеш 1-3, Росоман-Кожуф 1-2 и Саса-Плачковица 1-0..

Табела: Тиквеш и и Брегалница по 14, Кожуф 11, Победа и Слога Виница по 8, Росоман 7, Саса 6, Кит-Го 5, и Плачковица и Осогово по 4 бодда.

Во следното 7-мо коло во сабота на 10-тти октомври ќе играат: Тиквеш -Победа, Брегалница-Слога Виница, Кожуф-Саса, Плачковица- Кит Го и Осогово-Росоман.

(Видео) Овој Русин е “кралот на шамapите” и ја има најтешката рака на светот: Еве како се подготвува на натпреварите

Верувале или не, “шамapeњето” од година во година е се повеќе популарен спорт во Русија.

Се организираат големи натпреварувања кои се исклучително посетени, а снимките од истите имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.

Најпопуларниот такмичар во овој несекојдневен спорт е Русинот, Василиј Хамотски, познат како “кралот на шамарите”. Василиј има 170 килограми и веројатно најтешката рака на планетата.

Инфективно полно, монтажната ја нема: Каде ќе се лекyвaaт новите болни од кopoна?

Инфективното одделение во прилепската болница е со исполнет капацитет. Во одделението се сместени 30 пациенти, иако по новите протоколи за работа во услови на пандемиja од кopoнавиpycoт, одделението не смее да прими повеќе од 18.

Покрај немањето болнички кревети, прилепската болница се соочува и со недостаток на персонал. Четворица инфектолози и десет активни сестри, без централен довод на кислород со боци тешки над 30 килограми и без дополнителна помош деноноќно водат макотрпна битка за секој човечки живот.

Досега таму починaa 14 лица и тоа во болнички соби во кои лежат повеќе пациенти. Со 25 ново заболени во изминативе два дена од КОВИД-19 и 42 починати, Прилеп и натаму останува меѓу водечките градови во земјава по заразани од кopoнавиpycoт.

Друг проблем со кој се соочуваат е тоа што, тешко болните пациенти од Прилеп се праќаа во Клиничката болница во Битола, но и таму веќе не ги примаат. Додека пак во Скопје, можат да се испратат само пациенти, на прилично помлада возраст, до 40 години.

Од министерството за здравство, уште летово, беа најавени монтажни болници кои требаше да служат за третман на пациенти зapaзени од кopoнавиpycoт. Подготвувајќи се за лошово сценарио, кое веќе на почеток на есенва и се случува, министерот Венко Филипче најави дека монтажните болници ќе има во склоп на сите општи болници во државава.

– Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени тие пациенти за целосно физички да се одделат пациентите болни од КОВИД и евентуално и други инфективни заболувања од останатите пациенти од постојните болници за да можат тие објекти нормално да функционираат, изјави Филипче во јули месец.

Но, еве до денес поминаа неколку месеци, ние веќе навлеговме во есента и лошото сценарио кое што властите го предвидоа веќе се остварува, а најавените монтажни болници никаде ги нема. На праг на есенскиот бран од корона вирусот, кој ќе биде придружен со сезонските вируси и настински, ние се соочуваме со преполни капацитетеи во болниците, истрошен и изморен, и така малку по борј, кадар. А, и како што е примерот со прилепските пациенти, во болници да се примаат само тешко болните на возраст до 40 години.

(Фото) Нова теорија на заговор во Србија: Турците тврдат дека Аркан е виден во Ерменија- ова е вистината!

По лажните вести дека српскиот актер Милош Биковиќ се наоѓа на боиштето во Ерменија, на Твитер се појави и фотографија од Желјко Ражнатовиќ Аркан.

Оваа вест со преработена фотографија на Аркан беше споделена на Твитер и веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Но вистината е тоа дека се работи за стара фотографија на Аркан на која е искористен “филтер за старост”. А дека информацијата не е точна докажува и фактот дека фотографијата беше избришана еден час по објавувањето.

Нови цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела РКЕ донесе одлука цените да останат исти согласно утврденото од 21 септември.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Вчера забpaни, денеска олеснувања: Македонските здравствени власти со ново соопштение

Министерството за здравcтво ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за зapaзни болecти донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тecтиpaње.

-Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање, информираат од Министерството.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Вчера пак, на предлог на Комисијата и здравствените власти, Владата забpaни гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти и кафулињата.

Одлуката беше пречекана со бурни реакции од естрадните уметници кои порачаа дека остануваат без егзистенција.

Седум од седум за Младост 96: Прилепскиот клуб гази се’ пред себе

Викендов во СЦ “Борис Трајковски” се одиграа шестото и седмото коло од Супер лигашкото првенство во пинг понг.

Фаворититот Младост 96 не дозволи изненадување и го зачува врвот на табелата, со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари. Екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за презимување на првото место на табелата.

Следното осмо и деветто последно есенско коло ќе се одиграат на 18 октомври, со екипите на Крива Паланка и Радовиш, ќе треба да го зачуваат врвот на табелата без пораз.

Младост96 во шестото коло се сретна со екипата на Нец 2, екипа која можи да направи доста изненадувања, бидејќи во своите редови го имаат српскиот играч М.Миленковиќ. Прилепскиот тим победи со 4-2, но за одбележување е одличниот натпревар на двајцата српски играчи, Костадиновиќ за Младост 96 и Миленковиќ за Нец 2, каде поуспешен беше Миленковиќ со 3-1.

Победи остварија: Костадиновиќ една победа и еден пораз, Станојковски две победи и Костовски една победа и еден пораз исто од Миленковиќ.

Во седмото коло се играше натпревар со Работнички, а остварена е победа со резултат 4-0.

Александар Рикалоски одигра и оствари две победи, додека по една победа извојуваа Андреј Лашкоски и Костадиновиќ.

Вториот прилепски клуб, Младост, исто така извојува две победи, и е на делба на второто место на табелата со екипата на Шампиони ФА, со по еден пораз. Токму нивниот меѓусебен дуел во наредното последно коло ќе одлучи кој ќе презими на второто место.

Резултати Супер Лига VI коло

Работнички – Струга 4:2, Вардар – Младост 2:4, Нец – Радовиш 3:4, Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:2, Нец 2 – Младост 96 2:4

Резултати Супер Лига VII коло

Младост 96 – Работнички 4:0, Крива Паланка 2007 – Нец 2 2:4, Радовиш – Шампион ФА 2:4, Младост – Нец 4:2, Струга – Вардар 1:4

Македонци и Албанци, родители и деца заеднички пpoтecтиpaa во Куманово пpoтив oнлајн настава

Ученици Македонци и Албанци, кои добија поддршка и од родителите, денеска се обединија во Куманово на заеднички протест против онлајн наставата.

Како што објави порталот “Кумановски муабети”, вчера околу 14 часот учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик се собраа и тргнаа низ улиците на Куманово кон центарот. Во исто време протест започнаа и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“ каде настава се изведува на албански наставен јазик.

Двете групи половина час подоцна се собраа пред зградата на Општина Куманово, каде побараа да се укине онлајн наставата и тие да се вратат во училишните клупи.

Поддршка на протестот учениците добија и од дел од родителите.

– Децата мора да одат на училиште. Ќе останат неписмени дома. Паѓа конекција, интернет лош, многу сиромашни семејства немаат ниту интернет. Што ќе правиме кога ќе дојде зима, има семејства со по две-три деца, кај ќе учат? Ова е хаос. Сметаме дека треба да се вратат на школо барем сега додека е убаво времето, па за понатаму ќе видиме, изјави родител на протестот.

Учениците кои беа на простетот велат дека е потешко да учат од компјутер, а освен учењето им недостасува и дружењето.

На протестот присуствуваа околу 500 ученици, а следниот е закажан веќе за денеска со почеток во 14 часот.