дома блог страница 2373

Листа на најмоќни пасоши во светот: Еве на кое место се наоѓа македонскиот

Интернет-страницата „Passport Index“ објави листа на земји со најмоќни пасоши со кои може да се патува слободно без виза.

Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата.

Македонскиот пасош се најде на 16-то место, пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД, чиј пасош поради Ковид-19 падна на 21.место.

Со тоа, граѓаните на Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина имаат помоќен пасош од граѓаните на САД.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.

Пред нас е рангирана Хрватска, на осмото место и Србија на 14-та позиција на индексот на најмоќни пасоши.

Иако пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен, сепак треба да се знае дека во овој момент на граѓаните на оваа островска земја им е препорачано да се воздржат од меѓународни патувања, пишува Индепендент.

По Нов Зеланд кој обезбеди прво место со оцена 129 следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореа, Јапонија и Австралија, сите со оцена 128 и делат второ место.

На трето место се Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија, додека Велика Британија е на четврто место заедно со Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада.

На крајот на листата се Авганистан и Ирак, кои имаат оцена од само 31, а следуваат Сирија 34-, Сомалија 35 и Јемен 36.

(Видео) “Hajтешкото нешто”- новиот мaкeдoнcкo-тypcки блокбастep по сценapио на Оливер Poмевски

Наскоро во македонските кина најамбициозниот проект во изминатата година “Најтешкото нешто” по сценарио и роман на Оливер Ромевски(Ловец на души), во режија на легендарниот Сердар Акар(Долина на волците), продукција на македонскиот Сектор Филм(Парада) и НТЦ Медиа од Истанбул.

Наскоро во македонските кина најамбициозниот проект во изминатата година “Најтешкото нешто” по сценарио и роман на Оливер Ромевски(Ловец на души), во режија на легендарниот Сердар Акар(Долина на волците), продукција на македонскиот Сектор Филм(Парада) и НТЦ Медиа од Истанбул, со продуцентите Владимир Анастасов, Ангела Несторовска и турскиот мегапродуцент Мехмет Јигит Алп, со невројатна актерска екипа, една од најголемите турски ѕвезди Ердал Бешикчиоглу, македонско-турскиот Ертан Шабан, Белчим Билгим, Халил Ергун(Али Риза), Сара Климоска, Бедија Беговска, Луран Ахмети. Камерата е на маестро Дејан Димески.

Целата статија прочитајте ја на ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Нобелова награда за физика ќе ја делат тројца научници: За откривање на “црните дупки”- чyдовишта во времето и просторот

Роџер Пенроуз, Рајнхарад Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година, за откривање на еден од најинтересните феномени на вселената – “црните дупки”, соопшти денес во Стокхолм, Кралската академија на Шведска.

Првата половина на наградата беше доделена на Роџер Пенроуз (89) од Велика Британија кој пронашол математички методи да ја истражи општата теорија на релативитет од Алберт Ајнштајн. Тој докажа дека таа теорија го наговестува формирањето на “црните дупки”- “чудовишта во времето и просторот”, се наведува во соопштението.

Другата половина оди кај Германецот, Рајнхард Генцел (68) и Американката, Андреа Гез (55) кои открија “супермасивен компактен предмет во центарот на нашата галаксија”, изјави генералниот секретар на Академијата, Јоран Хансон.

“Да беше Бесими од Прилеп ќе го викаа рамнодушнио” (Видео)

Минитерот за финансии, Фатмир Бесими, во “Топ тема” на Teлевизија “Телма” ги елаборираше кратењата во буџетот кои ќе следуваат како резултат на ребалансот

Бесими со рамнодушен и смирен тон кажуваше дека се кратат пари од културата, транспорт и врски…, а ребалансот следува откако премиерот Зоран Заев ги најави новите мерки за доделување ваучери и разни други видови парична помош.

Битолчани ja иcчкpтaa новата табла пред cпоменикот на Филип Bтopи (Видео)

На социјалните мрежи денеска осамна видео снимка од боењето на ознаките на спомениците на кои владата предходно стави ознаки дека припаѓаат на грчкото културно наследство односно хеленската култура.

Засега непознати активисти во Скопје и Битола со спреј ги чкртале ознаките и притоа на една локација направиле и видео.

Дневен загpижyвaчки кopoна биланc во Прилеп

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а 10 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи изнесува 143, од кои 112 се наоѓaaт на домашно, а 31 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 224 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта во Прилеп изнесува 737.

Денеска е Зачнување на свети Јован Крстител

Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета.

Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос.

Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.

Неофицијално: Кадровска каша-попара во СДСМ Прилеп и огромен револт?

Според неофицијални информации три институции во Прилеп добиваат нови директори

На местото од Ирена Станковска која од јануари минатата година беше в.д. директор на ЈКП Комуналец Прилеп, доаѓа Сашо Велески, кој досега беше во Управниот одбор на Телеком и е поранешен претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Велески е трет директор на Комуналец во мандатот на градоначалникот Илија Јованоски.

Покрај ЈКП Комуналец, според информациите нови директори треба да добијат и гимназијата “Мирче Ацев”, како и СОУ “Ѓорче Петров”.

Во гимназијата, Весна Миланоска ќе го замени досегашниот директор Димче Настоски, кој ја предводеше оваа образовна институција од 2017 година.

Во СОУ “Ѓорче Петров”, местото на досегашниот директор Страшо Ѓорѓиоски, ќе го заземе Петра Лукароска.

Според членството не се работи за нови кадри и овие кадровски измени доколку се реализираат ќе предизвикаат голем револт.

Денеска нов пpoтecт на ВМРО-ДПМНЕ пpoтив пocкапyвањето на cтpyjaта

ВМРО-ДПМНЕ за денеска закажа нов протест против поскапувањето на електричната енергија.

Како што информираат од партијата, протестот ќе почне во 18 часот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ од каде што со возила ќе се упатат до Регулаторна комисија за енергетика.

Од партијата апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, со носење лична заштитна опрема.

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави.

Пријавувањето е преку официјалната веб страна  dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани  преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.

Од Амбасадата на САД во Северна Македонија информираат дека учеството во лотаријата  е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

-Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни.  Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник.  Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава. Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата, појаснуваат од Амбасадата.

Секој кандидат треба да ја испечати потврдената страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен.  Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.