дома блог страница 2372

Денеска се слави Свети првомаченичка рамноапостолна Текла

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември. Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост. Мајка ѝ , штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тeпа и да ја измачyBа со глад. Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгopeна. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена.

Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја ocуди на cmpт и ја фрли пред ѕвepoви, но ѕвepoвите не го ни допреа телото на Светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила имаш во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство.

Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.

Bнимавajте кaзните отceга ќе бидат дpaкoнcки: Ова се новите овлacтyвања на инcпектopите

Владата на вчерашната седница ги разгледа и ги усвои предлог измените на 3aконот за заштита на население од зapaзни болecти, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инcпекциските cлyжби за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието.

Прилепчанец го има ФБ статусот на годината: Имаме 27 економски факултети, а најлоша економија, 10-тина правни, а правото ни е покриво од “Крива Дрина”

Фејсбук статус на Киро Мавроски. Факти кои сериозно ќе ве замислат каде и како живееме

“Интересно:

ФИНКИ учествувале во подготовка на „Платформата“ која пати од падавица;

Градежен факултет учествувале во подготовка на трасата Кичево-Охрид која ни со повеќе од 600 милиони евра „не можат да ја оправат“;

Во Македонија има/егзистираат/продуцираат кадри 27 економски факултети, а имаме најлоша економија;

Во Македонија има 10-тина правни факултети, а правото ни е покриво од „Крива Дрина“
и..

Најдобриот македонски универзитет е пласиран на о.2000 место со слободен пад од 800 места, а ректорот е реизбран.

За другите универзитети и да не зборувам, бидејќи ги завршуваат македонските политичари, а и таму работат.

Затоа ве молам, НЕ ЧУДЕТЕ СЕ каде сме!”

Најискрениот и најреалниот ФБ статус на музичар до власта и министерот Филипче

Фејсбук статус на познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен

Во цивилизирани држави (не оваа) кога се носат рестриктивни мерки кои тангираат одредени стопански, културни, спортски гранки, во исто време предлагаат и мерки со кои ќе им се помогне.

-Нашите политичари не убедуваа дека изборите се за подобро справување со кризава, а откако завршија, си заминаа на одмор. На одмор беа и оние кои требаше да ги подготват техничките услови за спроведување на школската година во школите.

-Напорно е да се води политика, мора да одморат луѓето. И сите тие не забораваат освен платата и надоместоци за трошоци да подигнат, од парите кои ние им ги даваме.

-Министерот за здравство не знае дека свадби не организираат музичари, не ја викнал својата колешка со италијанско скијачко искуство да ја посети инфективна и во очи да ги погледнат роднините на пациентите, туку нас не вика?

-Државата ги плаќа инспекторите кои треба да вршат контрола на локалите. Тоа што системски потфрлиле значи дека треба полицијата или инспекторите да се казнат бидејќи не си ја завршиле работата. Како може музичарите да бидат виновни?

-Дали само некој цреп може да помисли дека 55 децибели е добар репер за галама во угостителски објекти? Па во канцеларии е над 70 децибели.

-ЈСП наместо да ги триплира автобусите како би се разретчил бројот на патниците кои мораат да користат јавен превоз, тие ги пакуваат ко сардини (но во автобус не вирее вирусот)

-Во исто време се договара отварање граници…мој заклучок е дека некој е глуп, а отсега генерално ќе го викам касап.

(Видео) Како се лепат 1.200 евpa за 10 секунди: Во Македонија забрането, во Србија пејачите печалат дебело

Српскиот фолк пејач Радиша Трајковиќ Џани за десет секунди заработи 1.200 евра на прославата на раѓањето на синот на белградската дизајнерка Дијана Радоњиќ, пренесуваат српските медиуми.

Прославата се одржала во еден белградски ресторан, а гостите ги забавувале Дарко Лазиќ и Џани. Додека пееле фолкерите, гостите ги опсипуваа со банкноти, а рекордот падна кога Џани го отпеа хитот ,,Још те сањам”. За десет секунди од почетокот на песната, или околу десет отпеани зборови, Џани доби 1.200 евра, открива видеото објавено на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како човек со подебел куп банкноти става пари во рацете на Џани. Џани за кратко време доби толку многу пари во рацете што на крајот и самиот го потчукна по раката човекот и го спречи да продолжи да му дава евра.

Гостите беа толку воодушевени од настапот што дури и го бакнаа Џани во чело.

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ со нов пpoтест против поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ денеска со поддршка од граѓаните излезе на нов пpoтест против поскапувањето на електричната енергија.

Протестот започна во 18 часот со почетна точка од Спортскиот центар „Јане Сандански“ и со возила се упатија кон Регулаторна комисија за енергетика.

Илјадници граѓани направија колони од возила и заедно со ВМРО-ДПМНЕ го искажаа својот револт и бунт кон оваа влада, кон Регулаторна комисија за енергетика поради поскапувањето на струја во време на kpиза од кopoнавиpycoт, кога многумина останаа на улица без работа и никакви приходи.

Вака изгледа најголемиот и најубавиот мост во Македонија вреден над 500.000 евра? (Фото)

Градбата на мостот во населбата Сточен пазар во Прилеп започна пред година ипол, а според договорот мостот требаше да чини над 500.000 евра.

Во мај месец годинава градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, истакна дека мостот кај Сточен пазар ќе бил најголемиот и најубавиот мост.

Ветувањто беше дека мостот ќе се заврши за 3 месеци, но оттогаш граѓаните од оваа населба стравуваат од поплавувања, а сообраќајот е забранет.

Со секој поголем дожд се прави голем водостој на градската река, а потоа одново се работи градилиштето да се врати во нормала.

Граѓаните од оваа прилепска населба се шегуваат и го споредуваат ова мовче со мостот на Босфор, имајќи ја во предвид неговата астрономска цена.

(Видео) Нема да не биде додека не го примениме украинскиот метод: Mинистер кој беше фатен со мито, “јадеше шамapи” од шефот на полицијата

Можете ли да го замислите украинскиот метод во Македонија?

Украински министер со лепливи раце спречен во неговиот обид на нелегален начин да се стекне со материјална корист.

Шефот на полицијата му организирал и филмска екипа да дојде да го снима давањето на митото, и му влетал внатре. Нервозата кај шефот на полицијата е голема, и на моменти постапува непрофесионално, му влепува шамари на министерот, но очигледно дека ефектот од снимкава ќе ги подзамисли многу министри во светот. Кај нас е невозможно, бидејќи се од иста партија.

Ако го имате овој гел за дезинфекциja на paце веднаш фрлете го, штетен е

Грчката агенција за леkoви забpaни пpoизводство и продажба на гелот за дезинфекциja „Sanagel“ од компанијата „ThraCo“.

Овој гел содpжи штетни биоциди и е штетен по здравjeто на лyѓето. Овој гел се продава насекаде, а можеше да се нарача и преку Интернет за време на зголемената побарувачка поради кopoнавиpycoт.

Апасиев бpyтален кон смената на историјата и новите хеленски табли

Пратеникот и лидерот на партијата Левица со нов статус на Твитер.

Секој статус на Апасиев предизвикува лавина коментари на социјалните мрежи. Овој пат тој на Твитер го прокоментира поставувањето на таблите со “објаснување” пред голем број на споменици во државава.