дома блог страница 2371

(Видео) Ecтpaдата едноглacна на денешниот пpoтecт: “Уaaa” и yлтиматyм од 2 дена за Bладата

Владата не остави последни на потонатиот брод – не стави во незаслужен куќен притвор – на овие пораки укажаа музичарите и угостителите на денешниот протест поради новите рестриктивни мерки со кои се забранија јавните настапи во локалите. Во време на корона криза, повеќе од седум месеци без работа – сега пак ни забранија да работиме – револт кај естрадните уметници. Бараат повлекување на одлуката или финансиска помош од државата.

Со импровизиран ноќен клуб пред Владата на кој стои натпис „затворено“ протестираа и сопственици на ноќни клубови. Побараа пакет мерки за да ги подмират нивните долгови но и протоколи за работа. Пред владата познати имња од македонската естрада , велат не е фер сите да страдаат поради неколку сопственици на локали кои носејќи пејачи од регионот не ги почитувале протоколите.

Музичарите му дадоа рок од два дена на премиерот Зоран Заев да ги прими. Во спротивно, најавија уште помасовен протест на 11 октомври. По обраќањето, организаторите истакнаа дека од кабинетот на премиерот, им закажале средба за во петок.

Тие го потсетија сегашниот премиер Зоран Заев како тој со шатори пред влада дошол на власт и порачаа дека истото може да му се случи.

Протестот започна со едноминутен аплауз за нивната борба, како и силно УА до власта, доволно силно, како што кажаа, да чуе и самиот Заев.

Кај нас е најчестото женско име, лесно се изговара секаде во светот, а значи “сакана од Бога”

Според старите толкувања, ова име значи и „горчината на морето“. Марија е најраспространетото женско име на светот во разни варијанти. Како име на мајката на Исус, името Марија симболизира чиста и длабока љубов. Во изворниот еврејски јазик, името гласи Мирјам, а наша прифатена форма е Марија, според латинското Maria.

Самото значење на името Марија не е целосно разјаснето. Според новите толкувања, името е изведено од египетското „mry“ што значи „сакана“, односно „сакана од Бога“.

Според старите толкувања, името настанало од еврејското „мир“ (горко) и „јам“ (море), па според тоа значење би било „горчина на морето“.

Според толкувањето на Еусебиј од Цезареј, името значи „капка од морето“, изведено од еврејскиот збор „мар“ (капка) и „јам“ (море). Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји до 15-ти век, името Марија не се користело како име за крштевање. Во периодот на реформација, католиците сè повеќе го одбирале името Марија како симбол.

Името Марија е застапено во земјите Европа, Северна и Јужна Америка и во делови од Азија. Посебно во Шпанија и во латинскиот дел на Америка, постојат многу женски имиња инспирирани од култот кон мајката на Исус. Оттука настанале и таканаречените „маријански имиња“.

Мариа во текот на целиот 20-ти век било најчестото шпанско женско име. Речиси 30% од Шпанките се викаат Мариа. Марија често се појавува и во комбинација со други имиња: Ана Марија, Марија Магдалена и слично.

Други форми на името Марија се Мариела, Мариета, Мариола, Марика, Маша, Миа, Мајда, Мара, Марица, Марта, Мина и други.

Изложбата „Heдефиниpaна кодификациja“ на yметникот Cлободан Mилошески, во петок пред пpилепчани

Во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 09.10.2020година (петок) со почеток од 12.30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Недефинирана кодификација“ од авторот Слободан Милошески.

„ Слободан Милошески критичарите на уметноста го сметаат како еден од најдобрите македонски скулптори, кои спаѓаат во групата уметници што работат во доменот на апстракно минималистичкиот концепт, поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различити размери.

Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност која се потпира на однапред спремени постулати и идеи логично артикулирани. Слободан Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се “потпираат“, “навалуваат“ и “искривуваат“ во неочекувани позиции. Ваквата “конструкција“ на овие скултури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот Милошески ја реализирал неговата основна замисла делото да биде “спроводник за духовни работи“ и како целта да му е „скулптурата да биде на работ од соништата“.

Од друга страна, Милошески ја брани идејата дека уметноста е чисто објективна и владеат закони кои ја третираат уметноста не како чин на имагинација, туку чин на набљудување, перцепција и манипулација со формата. Во контекст на оваа филозофија неговото разбирање на скулптурата е чисто субјективно, но управувано со закони кои владеат во релацијата маса-простор. Аксиомите кои се нагласени во неговата уметничка постава акцентираат идеја дека скулптурата е “покажување на точност“ и “игра на закони во простор“. Од овие премиси се развива неговата лична теорија за геометрија базирана на рационална естетика во рамките на “интуитивна уметност“ која побарува апсолутна математичка ригорозност каде што ништо не треба да се додава, ниту да се отстрани. Чувството на целосна точност. “ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 22 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Директорот на прилепската болница бара помош: “Ќе побараме инфектолози и од други места- капацитетите се исполнуваат”

Инфективното одделение при прилепската болница „Борка Талески“ е на работ на капацитетот и ќе мора да се најде начин за лекување на заболените од кopoнавиpycoт.

Според Драган Богоески, директор на прилепската градска болница „Борка Талески“ веќе се договара барем тројца-четворица пациенти да се згрижуваат во битолското Инфективно одделение.

– Денеска имаме 28 пациенти на лекување на Инфективното одделение. Речиси еден месец бројката се движи од 22, 25 до 30 пациенти на одделението. Голем број се со потешка клиничка слика. Имаме од седум до 11 кои се на кислородна поддршка и таа состојба речиси еден месец се провлекува. Се уште има релативно голем број инфиципани. Оптималниот број пациенти кои треба да бидат на одделението е 25 до 26 пациенти. Поради потребите, имаме поставено дополнителни кревети во собите и максимумот е 30 паценти. Во случај да има потреба за сместување повеќе пациенти, договарано е при комуникација со министерот за здравство и со колегите од Битола, тројца до четворица пациенти да се лекуваат во тамошното инфективно одделение. Засега, немаме друг начин, вели Богоески.

Делот кој се подготвува за ургентно одделение е ставен на располагање за пациенти кои се сомнителни со симптоми или слични на Koвид-19 кои ги чекаат резултатите од тестирањето. Во сите одделенија од болницата има соби за изолација за пациентите кои се лекуваат од други болecти и евентуално покажале симтоми за Koвид-19.

Инфективното одделение се соочува и со проблемот од недостиг од персонал. Моментално, еден инфектолог е позитивен на Koвид. Сега се само тројца специјалисти. Богоески нагласува дека и за ова ќе се бара помош од соседните места.

-Правиме напори да го решиме тој проблем, евентуално со персонал од другите одделенија, но и таму има недостиг од персонал, па ќе побараме помош од другите места со инфектолози ако има добра волја да помогнат, вели тој.

Во Прилеп денеска има пет нови случаи на заболени од кopoнавиpycoт, а 10 се оздравени. Активни се 132 случаи, од кои 103 се на домашно, а 29 на болничко лекување, а 22 граѓани се во самоизолација. Од почетокот на пандемиjaта се регистрирани 742 заболени.

Еве кои се најплатените професии во Германија

Заводот за вработување на Германија, објави колку изнесува бруто заработката мината година за 100 најпопуларни професии, а според таа листа најплатени биле пилотите, кои заработувале повеќе од 6.150 евра, колку што се платени докторите и ревизорите.

Со најголем износ на заработка следуваат инженерите во градежништвото и електротехниката со 5.246 евра, односно 5.934 евра, додека најмалку платени се продавачите во пекарите, фризерите и рецепционерите, со заработка меѓу 1.600 и 1.900 евра.

Според тој попис, медицинските сестри на геријатрија минатата година заработувале 3.023 евра, лекарите 6.150, архитектите 4.087, а пекарите 3.502 евра.

Медицинските асистенти имале заработка од 2.448 евра, продавачите на пецива 1.839 евра, рецепционерите 1.807 евра, фризерите 1.684 евра и келнерите 1.934 евра.

Багеристите имале во просек 3.421 евра бруто месечна плата, банкарските службеници 4.875, професионалните возачи 2.556 евра, а возачите на автобуси 2.556 евра.

Електричарите на пример, во Германија, минатата година заработувале во просек 3.143 евра, електромеханичарите 3.694 евра, воспитувачите 3.598, а керамичарите 3.003 евра.

Инструкторите за возење имале плата во просек од 2.837 евра, возачите на вилушкари 2.687, водоинсталатерите 3.056, а чистачите на згради 2.080 евра.

Графичките дизајнери во Германија минатата година земале плата 3.322 евра, домарите 2.889 евра, додека за помош дома се заработувало 2.140 евра.

Индустриски службеник примал плата од 3.624 евра, неговиот колега механичар 3.922 евра, додека ИТ експерт бил платен со 4.326 евра.

Правниците се во просек платен со 3.307 евра, благајниците 2.214 евра, автомеханичарите со 3.077 евра, готвачите 2.284 евра, а молерите 2.776 евра.

Нема ден без нови слyчаи во Прилеп: Ова е состојбата денеска

Од Центарот за јавно здравje – Прилеп информираат дека денеска среда, 7 октомври, во општина Прилеп има 5 нови случаи на кopoнавиpyc, а 14 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи сега изнесува 132, од кои 103 се наоѓаат на домашно, а 29 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓaaт 222 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 742 лица.

Рускиот претседател денеска слави роденден: Еве колку години прави

Рускиот претседател Владимир Путин денес го слави својот 68-ми роденден.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател ќе биде на работа денес, предпладне: тој ќе се занимава со внатрешни работи и ќе има неколку меѓународни телефонски разговори. Според традицијата, Путин ќе го помине остатокот од денот со пријателите и семејството.

Путин е роден на 7 октомври 1952 година во тогашниот Ленинград (денешен Санкт Петербург). На власт во Русија е од 31 декември 1999 година.

Maкедонка го pacплака жирито на шоуто “Малта има талент”: Погледнете го нејзиниот емотивен настап кој доби “ДА” од сите членови на жирито (Видео)

Шоуто „Британија има талент“ поради својата популарност се прошири речиси во сите поголеми земји во светот со своја верзија, па токму благодарејќи на него на виделина излегоа огромен број на млади и не толку млади неверојатни таленти. Од пејачи и танчери, до магионичари и уметници со песок, во талент шоуто се појавија многумина.

И Македонците кои живеат надвор од границите на нашата држава често знаат да изненадат на талент шоуата, а последна во низата е тетовчанката Деница, која се пријави токму на ваквото шоу во Малта.

Таа веќе неколку години живее на Малта и за себе кажа дека на таму дошла да ја истражи земјата, но решила да остане да живее, бидејќи се заљубила во државата. Даница со својата изведба на „Malta’s Got Talent“ буквално ги расплака сите во жирито со својот емотивен настап изведувајќи традиционална малтешка песна и доби пофалби од сите.

Даница ги освои симпатиите на жирикомисијата со својата изведба и ги доби пофалбите од сите, но сега нејзиниот настап неверојатни се шири и на социјалните мрежи.

Погледнете го настапот на Деница:

Одличен избор за Претседател на Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од корона вирус, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат.

Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот.

На седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки.
За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана Жаклина Пешевска.

Пешевска е актуелен пратеник во собранието на Република Македонија. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. А пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.

(Фото) Kyлминиpaше peволтот на прилепчани: Исчкртана таблата пpeд споменикот на Александар Македонски

Таблата која пред 2 дена беше поставена пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, веќе не е во согласност со договорот од Преспа.

И додека “шарените револуционери” ги уништуваа спомениците, револтираните граѓани ги уништуваат таблите со “историското објаснување”.

Таблите мистериозно се појавија пред голем број на споменици низ Македонија, но исто така мистериозно и исчезнаа. На социјалните мрежи дури се појави и видео од “акцијата” пред споменикот на Филип II на плоштадот “Магнолија” во Битола.