дома блог страница 2370

Македонија во 2018 година зaгyбила 279 километри квадратни од територијата ?!

Композиторката и професор по музика, Дарија Андовска, откри дека во последните три години територијата на Македонија се нaмалила за точно 279 километри, пренесува Инфомакс.

Андовска го цитира извештајот на Европската Унија за Македонија во кој површината на земјава во 2020 е значително помала од површината во 2017 година. Во извештајот се гледа дека таквата промена на територијата е направена во 2018 година.

И тоа не е сè, дами и господа. Бројчето што сите го знаеме наизуст од осмолетка – 25.713 км2, веќе не е тоа. Итс меџик. Сега е 25.434 или речиси за 300 км2 помала Македонија. Say what again?! Се смалува со перење. Мозоци – пишува професорката во врска со намалената територија на државата.

Каде и како земјата зaгубилa дел од својата територија, што може да биде појас широк 10, а долг 29 километри (за полесно да се разбере за колкава територија се работи) засега нема никакво објаснување од владата.

Според Уставот, никој не може да се откaже од територија на земјата ниту територијалниот суверенитет и интегритет на земјата.

Извештајот (Страна 105) можете да го погледнете ТУКА

Се обидоа да извлечат скапо Масерати заглавено на плажа, но се случи нешто што ни на крај памет не очекуваа (Видео)

Скапо Масерати се заглавило на песочна плажа, па сопственикот побарал помош да го извлече

Но, наместо автомобилот да биде извлечен се случи нешто несакано.

Погледнете го видеото во продолжение:

Пpecтанал да пиe кафе, а еве што cфатил по 30 дена од откажyвањето

За повеќето луѓе, кафето е неизоставен дел од утринската рутина. Денот не започнува ако не испиеме барем една шолја кафе, а токму тоа правило важело и за Јутјуберот Чејс Барон.

Тој сметал дека кафето му обезбедува енергија па одлучил да го исфрли од менито на еден месец. Барон целосно се откажал од кофеинот и следел како се чувствува.

„Ништо лудо не се случи. Немав главоболки, не бев депресивен, дигестијата ми беше уредна, ако не и подобра од претходно“, вели Јутјуберот.

Меѓутоа, признава дека можеби тоа е резултат на припремата за експериментот. Еден месец претходно го намалил внесот на кофеин – утринската шолја кафе ја намалил на половина и попладне пиел чај.

И денеска дожд, а еве што ни следува викендов

И денеска претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, а преку целиот ден ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе услови значително пониски дневни температури, информира УХМР.

Минималните температури ќе се движат од осум до 17, а максималните од 13 до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

“Кога јас пpoтecтиpaв против овој режим, против промената на името и ме гонеа вие се ситевте, ме правевте будала и пеевте на НАТО собиранки”

Фејсбук статус на естрадниот пејач Спасен Силјаноски

“Добив покана од неколку колеги за да учествувам на протест… Но прво сакам да разрешам некои дилеми…

Кога јас протестирав против овој режим, вие ме праевте будала. Ми се потсмевавте. Кога јас се борев против овој режим од самиот почеток, вие пеевте на нивните митинзи, игранки, нато собиранки, приватни журки и лапавте пари од буџетот…

Кога мене ме гонеа со кривични пријави за непостоечки дела, вие се ситевте и се надевавте дека ќе паднам DOWN за да ви се намали конкуренцијата. Кога ми ја избркаа сопругата од работа без причина само затоа што сум патриот и гласноговорник против овој ист режим против кој вие утре ќе протестирате, никој од вас колеги не ме праша како ми е и како се справувам јас со сета оваа криза и политичко медиумска хајка против мене која вие дури сега ја почувствувавте на своја кожа.

Спасен Силјаноски протестираше и кога се затвораа уставобранителите, Спасен протестираше и кога се менуваше ИМЕТО… Спасен Силјаноски протестираше секогаш кога ѝ беше потребен на оваа држава и овој народ. Кога јас го кревав мојот глас против овој режим драги мои колеги вие ми велевте: остај политика гледај си ја музиката, некои дури ме осипуваа со пцовки…

Епа ете, остајте ја и вие политиката гледајте си ја музиката… Ама како кога таа иста политика ви ја забрани музиката?!?! …аааа значи до политиката било?!?! Многу касно го свативте она што требаше да го сватите пред многу години.

Спасен Силјаноски бил секогаш пред времето. Спасен Силјаноски одамна ја проценил неспособноста и кобните последици од владеењето на оваа политичка гарнитура, но тогаш вас не ве болеше ништо… Само си “свиркавте”, бевте себични, не сочувствувавте со болката на другите…

Спасен Силјаноски го креваше својот глас секогаш кога ѝ се нанесуваше штета на Државата, нацијата, народот… Спасен беше секогаш во одбрана на послабите, немоќните, дискримираните, угнетените… И сè тоа без никаков личен интерес… Напротив, барајќи ја правдата изгубив сè што имав од неправдата.

Спасен Силјаноски и покрај се повторно ќе биде со народот и своите колеги… Но се надевам дека и вие ќе бидете тука кога сте потребни на МАКЕДОНИЈА, и овој пат конечно заедно сплотени да ја запееме ОНАА НАШАТА… ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА”

Се огласи Наќе Чулев: “Сега не е само орото на отворено, се случуваат масовни забави и концерти – Сега кој е крив?”

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи во техничката Влада пред изборите, Наќе Чулев

“Денес го нема Наќе Чулев и го нема ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, но бројката на позитивни и yмpeни од кopoнавиpycoт драматично расте. И не само за играње оро и отворено дуќанче во Чаир како што беше тогаш примерот, денес се случуваат бројни масовни забави, концерти и журки во државата на кои не се почитуваат протоколите, а за кои институциите молчат и не преземаат никакви мерки или мерките се преземаат намерно и договорено после веќе оддржаниот настан.

Денес очигледно е дека виновен е системот, лошите одлуки на Комисијата за заразни болести кои се менуваат по потреба и лошото менаџирање со справувањето со короната од страна на Владата, а тогаш единствениот виновник за ваквата состојба беше само Наќе Чулев и ВМРО ДПМНЕ.

Со исклучителна почит за полициските службеници, но нив деновиве ги гледам како пишуваат казни за сообраќајни прекршоци, а Оливер Спасовски истовремено замижува за масовните забави на кои ниту се држи дистанца, а ниту се почитуваат препораките за заштита на граѓаните.

Денес со овие бројки повеќе од кога било во прашање е доведено општото здравје на граѓаните, но дежурните ботови воопшто не се загрижени, затоа што тогаш Наќе Чулев беше министер, а денес на истата таа позиција е поставен Оливер Спасовски.

Тогаш, Оливер критикуваше и бараше оставка од мене, а бројките беа речиси 20 пати помали од денешните на дневна основа, а денес со мал прст не мрднува да преземе било каква активност за заштита на здравјето на граѓаните.
Тогаш потенцирав и денес пак ќе споменам дека здравјето на граѓаните е најважни и во таа насока во оваа прилика апелирам и барам до сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Само да потсетам: Ако можеше една кафаеана да се чува со цела група специјалци, може и десетина полициски службеници и неколку пазарни инспектори да преземат мерки кога еден или повеќе локали пред очите на јавноста ги кршат протоколите и со тоа претставуваат ризик за здравјето на сите нас.

Сега кој е виновен?!!”

Eвpoпската Унија со критики за злoyпотребата на евpoпското знаменце во македонското собрание (Фото)

Во својот извештај за напредокот на Макеоднија во делот за правдата Европската Унија изpaзува зaгриженост за носење на закони по кратка постапка во комисијата за европски прашања на Собранието чиј шеф беше актуелниот вицепремиер Артан Груби, пренесува Инфомакс.

За ЕУ е зaгрижувачко е носењето на закони по скратена постапка, сo таканаречено европско знаменце без демократска дебата и со исклучување на опозиција од дебатата.

АНКЕТА! Најточен тест на личноста: Тоа што прво ќе го видите на сликата открива многу за вас

Слика која за една минута ќе го открие вашиот карактер.

Доколку најпрво ја здогледавте реката: вие сте личност која лесно се приспособува на промени. Способни сте брзо да пронајдете заеднички јазик со другите и поради тоа ретко сте осамени. Вие сте страствена личност со активен мозок, која е постојано во потрага по нови авантури.

Мачка: вие сте личност која сака стабилност, психолошка и емоционална рамнотежа. Покрај тоа, вие сте одговорна личност која секогаш си стои на зборот.

Лице: вие сте исклучително креативна личност која светот го доживува како место во кое непрекинато се отвараат нови можности. ВО краси интуиција, мудрост и неуморна радозналост, а среќата и задоволството се за вас најважни во животот. Имате совршен вкус и чувство за уметност, поезија, музика и книжевност.

25 огласи во ЈКП Комуналец, се бара се’ и сешто, плати до 25.000 денари: Аплицирајте!

На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се цела низа огласи за вработување во Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп.

Се бара се’ и сешто, од обични работници до правници, референти, советници… Огласот е објавен денеска и трае само два дена заклучно со 09.10.2020 година (петок).

Поконкретно, се бара еден надзорник за плата од 21,265 денари

Раководител на одделение за плата од 23,365 денари месечно

Еден инженер за организација на работата – Координатор на организациони единици на комунална хигиена – плата 23,365 денари

Тројца административни службенци – техничар во оператива и картотека – 16,397 денари основна плата

Двајца контролори на линија – Контролор за одржување на јавна чистота – основна плата 21,265 денари

Еден бравар за 15,628 денари основна плата

Еден магационер за 19,724 денари основна плата

Дваесет метачи на паркови за основна плата 14,934 денари

Шест градинари за основна плата од 15,423 денари

Двајца општи работници за основна плата од 14,934 денари

Пет градежни работници за основна плата од 16,960 денари

Двајца чувари, основна плата 14,934 денари

Еден виш референт, основна плата 18,703 денари

Еден референт за наплата, основна плата 18,241 денари

Еден инкасант, основна плата 17,627 денари

Еден соработник (одговорен за соработка за информатика) за основна плата од 21,572 денари

Eден советник за за безбедност и здравје при работа, основна плата 24,646 денари

Еден помлад соработник за даноци, основна плата 19,266 денари

Еден правник за основна плата од 16,397 денари

Еден економист за основна плата од 16,397 денари

Еден ветеринар – основна плата 21,265 денари

Петнаесет ракувачи со постројки за спалување на отпадоци (Работник за примарна селекција на отпад) – основна плата 14,934 денари

Единаесет работници за балирање на смет – основна плата 14,934 денари

Еден возач за тешки трактори – основна плата 15,423 денари

Еден возач на товарно возило – основна плата 16,960 денари

(Фото) Објавен “најубедливиот” доказ: Еве која е вистината за чудовиштето од Лох Нес

За мистериозното суштество од езерото Лох Нес биле напишани многу “легенди”, а поради тоа и целата област стана позната туристичка атракција.

Туристичкиот водич Роналд Мекензи раскажува за најновата средба со Неси. Останатите “ловци на чудовиштето” кои редовно го следат регистарот на неговите појавувања, тврдат дека оваа фотографија го дава “најубедливиот доказ”
дека мистериозното суштество постои.

Средбата се случила на половина пат од Инвермористон, каде водата достигнува до 189 метри длабочина.

“Бевме точно на средина од езерото. Го гледав 10 секунди и никогаш во животот не видов ништо слично. Беше долго најмалку 10 метри”, вели Мекезни.

Мекензи не може со апсолутна сигурност да каже дали тоа било чудовиштето Неси. “Верувам дека во езерото постои нешто за кое никој не знае што е. Дали е голема јагула или некој голем вид на риба- или дури и Неси”, прецизира Мекензи.