-Рековме 20% намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, рече Заев.