дома блог страница 2368

Прилепскиот градоначалник објавил тендер за компјутери, а незнае на колку ученици им треба

И по една недела од почетокот на новата учебна година, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, абер нема колку ученици од општинските основни и средни училишта, се уште немаат компјутери за следење на он-лајн настава, информираше Алфа телевизија.

„Таква бројка се уште немаме. Знаеме дека во сите училишта имаме некоја бројка што се социјални случаеви кои што немаат компјутер, лап-топ…Ние направивме јавна набавка за сите училишта, за потребите…Јавната набавка е во тек и се надеваме дека со отворањето на тендерот, на 30-ти октомври дека ќе ги имаме дотогаш, а знаете дека е проблем со набавка на компјутери во целата држава“, – се оправда градоначалникот Илија Јованоски.

Запрашан од наша страна – како е можно јавната набавка да е веќе распишана, а без притоа да се знае бројот на потребните компјутери, тој кажа дека позната била само вредноста на тендерот, што пак, во најмала рака е чудно?!

„Значи, бројката не е точно одредена, одредена е сумата – осум милиони и двесте илјади денари се…во зависност од цената на комјутерите…толку ќе бидат и тие. Затоа точната бројка не можам да ви ја кажам…“, се одбрани Јованоски.

Инаку, во општина Прилеп има над 10.000 ученици, од кои дури 9.000 основци и средношколци треба да следат он-лајн настава, бидејќи ниту едно од училиштата не доби дозвола од Министерството за следење на наставата со физичко присуство на учениците.

Според астролозите најлошите свекрви се раѓаат во овој хороскопски знак

Односот помеѓу снаите и свекрвите е многу често далеку од прекрасен. Се разбира, постојат и такви што се согласуваат, но многу често се зборува за односи со завист, непочитување, па дури и омраза помеѓу двете најважни жени во животот на еден маж.

Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, но некои од нив секогаш сакаат да бидат на прво место, дури и кога нејзиниот син ќе се жени. А според астролозите, еве во кој хороскопски знак се раѓаат најлошите свекрви:

Бик

Свекрвата Бик секој ден околу вас ќе плете невидлива мрежа, од која нема лесно да излезете. Таа ќе се меша во сè и воошто нема не се двоуми да даде совет за храна, облека, пари, без разлика дали вие ќе го побарате.

Ќе ви вели дека сака сè што сакате и вие, а потоа, зад грбот, ќе ве озборува дека немате вкус. Таа е неописливо тврдоглава и не попушта ниту милиметар.

Сè што треба да направите е да се надевате дека нејзината сила ќе трае пократко од вашето трпение.

Eве колку часа треба да спиете според вашата возраст

Колку сон ни е навистина потребен? Ова прашање ги прогонувало експертите со години, но изгледа дека конечно можеме да го откриеме одговорот.

Потребното време за спиење зависи од вашата возраст:

Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
Деца (1-2 години): 11-14 часа на ден

Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
Адолесценти (14-17 години): 8-10 часа на ден

Млади возрасни (18 – 25 години): 7-9 часа на ден
Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
Постари возрасни (65+ години): 7-8 часа на ден

За најголемата група, возрасните, препорачаното времетраење на сонот останува непроменето, што има логика со оглед на тоа што 7-те часа се доволни за поголем дел од луѓето на оваа возраст.

Добриот сон не секогаш е толку лесно да се постигне, но обидувајте се да наоѓате време за спиење бидејќи тоа може да биде клучно за вашето здравје.

“Едно име имаме” гpмеше од македонcките фyдбалери вечepва: Baка ce caка Мaкедонија! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација го совлада Косово со 2:1 и сега е на чекор од остварување на сонот – пласман на Европското првенство

За остварување на конечната цел Македонија ќе мора да победи против Грузија идниот месец на гости во Тбилиси.

На крајот од натпреварот со Косово нашите фудбалери не ги криеа емоциите и запеаа во еден глас: “Едно име имаме, во душата го носиме”.

Косово на колена, Македонија на чекор од Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2-1 и се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство, а за историскиот успех ќе се бори со Грузија.

Македонија на Арената „Тодор Проески“ го победи Косово со 2-1 и дојде на еден чекор до историја, до пласман на Европското првенство.

Македонските фудбалери одиграа одличен меч, особено во второто полувреме иако двата гола ги постигнаа во првиот дел од мечот.

На почетокот од мечот Косово тргна силно кон нашиот гол, играа висок пресинг, но работите се променија во 16. минута. Ристовски шутираше, топката го удри Кололи и влезе во косовскиот гол за водство на Македонија од 1-0.

Откако го постигнавме голот како да се симна голем притисок од грбот на нашите фудбалери па заигравме значително подобро.

Но, по еден голем кикс на голманот Димитриевски и Велковски во 29. минута, Хадергонај постигна гол за израмнување на 1-1.

Радоста на фудбалерите на Косово траеше само четири минути, тогаш Велковски се искупи за грешката, постигна гол со глава и го врати водството на Македонија.

Во второто полувреме избраниците на Игор Ангеловски почнаа да играат многу подобро, Косово беше во подредена улога, се редеа шанси пред нивниот гол. Гостите како да беа уморни од пресингот што го одиграа во првиот дел, па изгледаа немоќно во вторите 45 минути.

ВАР за прв пат се активираше на арената „Тодор Проески“ и за жал со негова помош ни беа поништени два гола, едниот на Пандев, вториот на Адеми.

Косово во самиот финиш, во 94. минута имаше фантастична шанса, но Димитриевски со одлична двојна одбрана го спаси нашиот гол за на крајот да славме заслужена победа од 2-1.

Следниот месец во Грузија фудбалерите ќе го имаат мечот на нивните кариери, натпреварот кој може да донесе историски успех за македонскиот фудбал, пласман на Европското првенство.

Со Грузија во меѓувреме ќе се сретнеме и на домашен терен во рамките на новата сезона од Лигата на нации.

Полицијата ceпак ќе може да влегyва во домот на граѓаните, но само под еден ycлов

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во студиото на ТВ Сител изјави дека полицијата, само со одлука на јавен обвинител  ќе може влегува во домовите на граѓаните, за да провери дали има собрани поголем број на лицата од пропишаното.

За тоа дали може ли полицијата да ги спроведува новите предлог мерки, погледнете го гостувањето на Спасовски во вестите на СИТЕЛ ТВ

Како што најави министерот Филипче на денешната прес-конференција донесена е одлука за препорака на нови мерки, а таа подразбира забрана за семејни поголеми прослави и забави во домашни услови, како што се славите и разно-разните забави на кое е дозволено присуство на најмногу 4 луѓе, односно оние кои живеат таму и уште четворица други.

– Со оваа забрана дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и угостителските објекти да се префрлат во домашни услови. После 22 часот се забранува групирање на јавни места, односно во паркови, бензински и каде било…

Се воведува ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маска или заштитна опрема т.е. прекривка на носот и устата и на затворено и на отворено, исклучок е при спортување на отворен и затворен простор, во возило ако сите се од едно семејство, при седење во угостителски објекти, при престој во службени птростории ако лицето е само со обавезно почитување на протоколите за дистанца.

Исклучок ова се и децата до 6 години во претшколска возраст, рече Филипче и најави дека овие препораки ќе бидат доставени до Владата.

(Видео) Иван има три жени, а сака да има 50 деца: Еве што се случува кога некоја од сопругите ќе го налути

Иван Сукхов е роден во мало гратче од Русија, каде животот го започнал со својата законска сопруга Наталија. Меѓутоа, останатите две жени исто така ги смета за сопруги, а сите три се согласиле да бидат во ваква врска.

Со својата прва законска сопруга бил во брак 11 години кога одлучил животот да го продолжи во полигамиска врска.

Наталија на почетокот не се согласувала со тоа, но подоцна Иван ја убедил дека сака да има големо семејство. Тие живеат во стан со 3 спални соби и Иван секоја ноќ ја поминува со друга жена, а ако некоја го налути, не доаѓа во нејзината соба цел месец.

Неговата цел е да има 50 деца со што повеќе жени, а единствен услов за новата сопруга му е да биде висока и слаба.

Вкусно патување: 15 најпознати национални јадења

Ако сакате да ја запознаете културата на некоја држава и нација, појдете во некој ресторан и пробајте ја храната која е специфична за тоа поднебје.

– Пиероги во Полска: Постојат толку многу причини да ја посетите Полска, но пирогите ставете ги на врвот од листата. Оваа мала кнедла може да биде полна буквано со се! Класичната верзија вклучува компир и сирење, месо и зелка или само зеленчук. Често се сервираат прелиени со павлака и пржен кромид или свинско месо. Популарни се и како десерт, полнети со овошје и слатко сирење.

– Пастеис де Ната во Португалија: oвој деликатес може да се најде насекаде во светот, но никогаш не може да се спореди со оној рецепт од португалските ресторани.

– Канелбулар во Шведска – ролни со цимет.

– Лакрор во Албанија

– Каривурст во Германија

– Аранцини во Италија

– Бокадиљо де Хамон во Шпанија

– “KARJALANPIIRAKKA” во Финска

– “SOUPE A L’OIGNON” во Франција

– Хагис во Шкотска

– Брамборак во Чешка

– Тавче гравче во Македонија

– “RACLETTE” во Швајцарија

– SMØRREBRØD во Данска

Хуманата мисија на “Моцарт” продолжува: Донирани телевизори за Клиничката болница во Битола

Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола. Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.

Донацијата за Клиничката болница во Битола е дел од големата хуманитарна кампања на Mozzart во која тие донираат телевизори во различни установи ширум целата држава, меѓу кои болници, домови за згрижување деца, домови за нега на стари лица, студентски домови, градинки и други установи и организации.

„Компанија Mozzart постојано го поддржува здравствениот систем преку различни акции и хуманитарни кампањи. Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведуваме периодов, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на пациентите да имаат поудобен престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

„Огромна благодарност до компанијата Mozzart која повторно во своите хуманитарни кампањи ја вклучува и нашата болница, овојпат со телевизори, а пред неколку месеци и со финансиска помош од 5.000 евра за полесно справување со пандемијата од Ковид-19. Секоја донација ни е добредојдена во овие моменти, а ќе придонесе кон подобро функционирање на болницата. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот во општествената одговорност.“ – истакна директорката на клиниката, Д-р Билјана Гагачовска.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и понатаму продолжува со хуманите гестови.

“Лидер”: Пpeтceдaтeлот нa CДCM Heготино ce пишaл Aлбaнeц за да се вработи (Документ)

Претседателот на општинската организација на СДСМ -Неготино Јане Трајков се запишал дека е од албанска националност за да се вработи по етнички клуч во во Инспекторат за земјоделство, пренесува Лидер.

Јавен Трајков е вработен е како помлад соработник за реализација на пороекти,Одделение за проекти, Сектор за проекти и административна поддршка на директорот во Државниот инспекторат за земјоделство.

Сите вработени се членови на СДС и сите се пишале дека се албанци за да се вработат во Инспекторат за земјоделство.

Помеѓу нив се Штерја Гогол, Силвана Трбогазова, Јане Трајков, Апостол Бакев.