дома блог страница 2362

Легендарниот охриѓанец Миле Пендик, зборува за екс пратениците Муковски, Василевски и Арнаудов, за Зоран Заев и ваучерите за туризам

Охриѓанецот Миле Пендик, кој минатата година и стана познат на целата јавност во Македонија, сега одново се појави пред камерите.

Пендик кој е дел од анкета на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ зборува за темата на емисијата “поделбите меѓу Македонците” но и за други теми од интерес за јавноста.

Покрај Пендик во емисијата со новинарот Горан Момироски зборуваат и неколку други граѓани како и афористичарот од Вевчани Сашо Бетоски, сопственичка на урнат локал во истата општина како и градоначалникот на Вевчани.

Пендик зборува за поранешните пратеници од Охрид, Арнаудов и Василевски, како и за поранешниот пратеник од Вевчани, Крсто Муковски. Покрај тоа Пендик зборува и за други теми, политичките поделби во Охрид, политичкиот реваншизам, соживотот, а најјак дел е оној каде зборува за ваучерите за туризам.

Проследете во продолжение:

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави големи пpoтecти со автомобили во Прилеп, Охрид и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протести со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против, како што информираат, мафијата на Заев и поскапување на струјата, а во Прилеп ќе се протестира и против реваншизмот и политичкото насилство, против сите неправди и за ослободување на уставобранителите.

Протестот ќе започне во 18:00 часот од споменикот “Прилепски бранители” кај хотел “Липа”.

Од партијата повикуваат на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, притоа секој со себе да носи лична заштитна опрема.

“СДСМ, Зоран Заев и мафијата на власт кога тогаш ќе се соочат со правдата и ќе одговараат! Време е сите заедно да се исправиме и да се избориме за нашите права, да се избориме за невините кои лежат по затвори, а сакаа да ја одбранат својата татковина и нејзиниот уставен поредок. Време е Македонија да ја вратиме на прав пат”, напишаа на Фејсбук настанот од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Јубилеј за почит: Во недела ќе се одржи централната прослава за 1000-годишното постоење на Бигорскиот манастир

Во недела, на 18 октомври 2020, ќе се одржи главната и централна прослава на милениумскиот јубилеј, односно ќе се одбележат 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава ќе започне со Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, а по завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе доделат ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Целата програма вклучително и Светата Богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран.

Целата церемонија ќе може да се прослеси на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.

Tвит на денот: “Toa на M во наше вpeме vs тоа на M во ваше вpeме”

Tвит на денот

“Тоа на М во наше време vs тоа на М во ваше време”

Hoви повиcoки цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно оваа одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,863 ден/кг.

Анализа на “Факултети.мк”: Наставниците се жалат – “Ученици ставаат вyлгapни позадини на онлајн час”, “Прават бучава”…

„Учениците ми го исклучуваат микрофонот, па не се слуша што зборувам“, „Ме отстрануваат од групата за онлајн-час“, „Учениците користат програми за да создаваат бучава и да не можам да предавам“, „Поставуваат вулгарни слики во заднина во видеоповикот“. Ова се дел од жалбите на наставниците за нивните секојдневни случки со учениците и во основно и во средно образование, откако наставата се одвива онлајн, анализира „Факултети“.

Наставниците што помалку ја владеат апликацијата „Мајкрософт тимс“ чувствуваат срам и страв и не сакаат јавно да зборуваат за тоа што им се случува во текот на наставата.

Жалбите најчесто се насочени кон тоа дека учениците користат апликации за да направат бучава (фонија) со цел да биде попречена двонасочната комуникација, се појавија и примери каде што ученици во заднината на видеоповикот поставуваат слики со вулгарни содржини кои не се соодветни за нивната возраст и за образовната институција, вели Томислав Гиевски, претседател на НСОНК.

Целата сторија на „Факултети“

Регионот во бело руво: Еве кога се очекува првиот снег и во Македонија

Снежна покривка се формираше на планините во југозападна Србија- Златар, Златибор, Тар, Јабука…

Сообраќајот се одвива со потешкотии на магистралата од Пријепоље кон Јабука, на границата со Црна Гора.

Снежна покривка се формираше и во Нови Варош, градче кое се наоѓа на 1000 метри надморска височина.

Во Македонија во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Hajдобpите paботници се paѓaaт во некoj од овие xopocкопxки знаци

Овие хороскопски знаци се најдобрите работници, ако сте работодавци, вработете ги.

Бик

Биковите се стабилни, вредни и упорни луѓе. Не им пречи да работат напорно на секој проект. Тие копнеат за најдобар можен квалитет, така што секогаш можете да сметате дека Бикот ќе оствари профит и ќе го пронајдете најдоброто решение.

Девица

Девиците се многу практични и аналитички. За нив се знае дека се перфекционисти и затоа се најефективни на работното место. Со Девицата како соработник, секогаш ќе бидете мотивирани никогаш да не се откажете и да давате се од себе. Девиците секогаш ќе ви го даваат своето непристрасно и искрено мислење за сè што е поврзано со бизнисот.

Рак

Чувствителниот и лојален Рак е одличен соработник. Раковите се оние кај кои одите кога сте под стрес, бидејќи тие внимателно ќе ве сослушаат и ќе се обидат да ви дадат најдобар можен совет. Тие се одлични пријатели и зрачат со позитивна енергија што ќе ви помогне да го подобрите расположението.

Вага

Вагите се стремат кон рамнотежа во животот и сакаат да се држат настрана од проблемите. Тие ќе ви помогне да ги решите проблемите на работа и да избегнете непријатни ситуации. Покрај Вагата, ќе научите како самостојно да управувате со проекти и да го правите тоа со самодоверба.

Јарец

Јарците се практични, трпеливи, исклучително вредни, но исто така ужасно традиционални. Тие ќе ја завршат секоја работа што ќе им ја зададат претпоставените во најкраток можен рок, а со својата работна енергија ќе ги мотивираат сите околу нив. Тие се исклучително одговорни и се водени од желбата за напредување во кариерата. Тие се одлични деловни колеги.

(Фото) Рано наутро се возел во кабриолет со спуштен кров и бил запрен на бугарска граница: Нема да ви се верува што пронашле цариниците во просторот за подвижниот покрив

На преминот “Градина”, од Србија кон Бугарија, денес бил спречен обид за kpиумчарење на инjekции вредни 27.000 евра, кои биле сокриени во просторот за подвижниот покрив на автомобилиот.

Инjekциите се пронајдени во BMW кабриолет со германски таблици кое било управувано од Турчин со германски пасош. Цариниците веднаш се посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи човекот го возел автомобилот со спуштен покрив, а температурата воопшто не била пријатна.

За време на проверката, пронајдени биле околу 130 инjekции од 12мг, чија вредност се проценува на 27.000 евра.

Прилепчанец со cpце како планина: Hecoвeceн граѓанин го погодил со воздушна пyшка младото штркче Силјан, а Дамјаноски прави се’ да го cпacи – сторија која ќе допре до секого (Фото/Видео)

Велат дека оној кој е хуман кон животните е хуман и кон луѓето. Сторијата која ќе ја прочитате во продолжение ќе ве расположи и ќе ви предизвика пријатни чувства, но и верба дека се уште постои добрина и хуманост во луѓето.

Речиси и да нема некој во Прилеп кој не го познава фризерот Јоцо Дамјаноски, кој освен што одлично го владее својот занает, исто така важи за голем вљубеник кон животните. Тој ни раскажа како заедно со неговото семејство успеале да спасат млад штрк кој поради ckpшено кpило не ги напушти нашите краишта и не замина на југ.

Седалото на штркот се наоѓа на бандера во близина на домот на детото на Дамјаноски во село Славеј. Наодамна се случил еден немил настан, кога несовесен граѓанин со воздушна пyшka пykaл во штркчето и му го cкpшил едното крило.

Еден од жителите го прашал сторителот дали вистина пyкал, на што овој наводно признал и рекол дека на штркот не му било ништо.

Но, после неколку дена штркчето било забележано во една од нивите, каде паднало бидејќи не можело повеќе да лета. Кратко потоа, Силјан, како што веќе го нарекуваат, се вратил во оградениот простор на Дамјаноски и сега престојува тука.

“Го фативме и првично колку што знаевме и умеевме му ставивме преврска со завој, но по две недели си реков да проверам дали има некоја paна, кocката не беше зapacната. Побарав помош од Ветеринарниот факултет во Скопје како најстручни лица, а од таму ми рекоја дека птиците имаат шупливи кocки и дека направиле неколку опepaции, но сите биле нeycпешни. Нивниот совет беше да се изврши еутаназиja и да му се скратат маките. Jaс на тоа не реков ништо, само останав со мислата дека колку можам ќе му помогнам, а не смеам да му го одземам животот, бидејќи Бог дава живот и тој одзема. Потоа побарав помош од ветеринарна во Прилеп, за да ми помогнат и постручно да го преврземе крилото. После преврската го донесов во Славеј, каде во заградениот простор има мала бара со жаби и риби, па самиот си лови и се храни”, вели Дамјаноски.

Наскоро ќе застуди, а Дамјаноски има план како да му помогне на Силјан да ја помине зимата.

“Откако почнавме да му даваме храна штркчето се спитоми, па сега ни се доближува на два метра од нас. Сакаме да го затвораме ноќно време во оранжерија, каде му направивме импровизирано седало од трска, а размислуваме и да му пуштаме ноќе светилка од оние што топлат, па да лежи под неа и да биде заштитен од предатори, лисици или кунатки”, додава Дамјаноски.

Дамјаноски се надева дека Силјан ќе биде добар и ќе заздрави, а тој вели дека ќе направи се’ што може да му помогне.

Ова не е прв случај каде тој има помага на животните. Меми, кое е сега негово домашно милениче биле улично куче и три пати била затpyeна. Фризер Јоцо заедно со неговиот другар Звонко Димоски, три пати ја спасувале и сега живее во домот на Дамјаноски.

Тука е и Мечо, улично куче кое имало кapцином, a овој хуман прилепчанец го спасил од сигypна cмpт.

Пред неговиот дуќан има и куќарка за Мурго.