дома блог страница 2348

Диpeктор на yчилиште ja злoyпотpeбил положбата, еве за што ќе одговapa

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесена кривична пријава против Г.В. (41) од Лозово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на јули 2020, пријавениот, додека бил директор на училиште во Лозово, без да донесе Одлука и да наложи на Комисијата за јавни набавки на училиштето да спроведе јавна набавка за купување униформа на учениците, го прифатил изборот на Советот на родители за најповолен понудувач, откако претходно прибрал понуди од пет оператори и средствата од државниот буџет во износ од 164.492 денари префрлени од Општина Лозово, ги исплатил на правно лице од Свети Николе.

ВМРО-ДПМНЕ на протecт со автомобили на 23-ти Октомври по автопатот Скопје-Штип

На 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите.

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава.

Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.

Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.

Протестот ќе почне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф д-р Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Време е за одговор. Од секој зависи! – се вели во повикот за протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Голем помop на pиби во Tиквешкото езepo: Cocтojбата со езepaта во Maкедониja aлapмантна (Фото)

Алармантна е состојбата со езерата во Македонија. Водата од ден на ден се повеќе се повлекува, тоа може да се види и со голо око, властите не превземаат ништо, а лошото управување и менаџирање со езерата е очигледно.

Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период во Тиквешкото езеро и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L, постојат обиди од секаков вид да се спречи катастрофата, па дури и со давање на вештачки кислород во водата.

Имено во моментов голем помор на риба се случува на „Тиквешкото езеро“, а причината за ова катастрофа е токму повлекувањето на водата и намалениот кислород во истата.

-Голем помор на риби ни се случува во моментот, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден, вторник 20.10.2020. На удар е целата наша произведена риба во количина од 120 тони. Иако настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, развојот на ситуацијата е се` уште неповолен. Освен нас „ЗЛАТЕН КРАП“, со овој проблем се соочуваат и рибниците на ДПУП „ДОШНИЦА“ ДООЕЛ, позиционирани непосредно во наша близина.

Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L. Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород во нашите води, а кој е потребен за опстојување на рибата. И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на рибниците на нашите партнери, пријатели, соработници кои се распоредени на други позиции низ акумулацијата и се надеваме дека ќе остане така.

Со случајот се запознати челниците на Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен во Министерството за Внатрешни работи, стои во објавата на Фејсбук страницата „Златен крап“.

Алармантна е состојбата и со останатите езера во Македонија.

Во март месец годинава Тиквешко езеро беше намалено за 70%, езерото Калиманци беше намалено за 75%, езерото Турија беше намалено за 65% и Стрежевско езеро беше намалено за 72,5%.

Дебарското, Мавровското езеро и Козјак се сведени најниското можно ниво до сега, риболовните друштва тврдат дека количеството на риба, односно рибниот фонд е намален за повеќе од 90% , нема веќе ни риби по езерата.

Дека ситуацијата е алармантна може да види ако се спореди водостојот на овие езера низ последниве неколку месеци од состојбата пред неколку години.

Преспанско езеро изгуби вода во количина колку две Дојрански езера, од страна на Албанија веќе се подготвува студија за тоа што се слулува со Преспанското езеро, а од друга страна тажни фотографии прикажуваа ова лето граѓаните во посета на ова езеро кое е пред исчезување, надлежните сеуште без план за реагирање.

Нов цpн peкopд во Прилеп: Голема бројка нови слyчаи и две лица ја загyбиja битката со виpycoт

Информација за состојбата со кopoнавиpycoт во општина Прилеп за денеска, среда, 21 октомври:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на кopoнавиpyc, а 13 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Од последици на кopoнавиpycoт, починaa две лица на 75 и 78-годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓат 594 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 973.

(Видео) Бopбата траеше 15 минути и беше жecтока: Погледнете што улови Радослав од Билечко езеро

Риболовецот Радосла Пујиќ (39) од Билечко езеро улови редок вид на риба – штука тешка 6,7 килограми.

Во својата “риболовна кариера”, долга 30 години, ваков примерок до сега не уловил.

“Годишно ловам околу 30 крупни риби. Ова беше навистина нешто посебно, бидејќи рибата ја уловив во Билечко езеро. Знаев дека овде има доста крупни риби. Не можам да ја споредам со ниту една риба која ја имам уловено до сега”, вели Пујиќ за Херцеговина.инфо.

Нема да има кревање на леб за славите во домовите – ќе се одвива во храмовите

Соопштение на Прилепското архиерејско намесништво при МПЦ

Драги браќа и сестри, Прилепското архиерејско намесништво апелира до верниците на нашата света црква. Поради пандемијата со Ковид – 19, којашто го зафати целиот свет и нејзините последици врз целокупниот општествен, културен и црковен живот, како црковна заедница мораме да се соочиме со предизвиците кои произглегуваат од истата.

Имено, се наоѓаме во пресрет на семејните слави, а прережувањето на славскиот колач во Прилеп се извршува во домовите на верниците. За да нема ризици по здравјето на верниците и свештениците, братството од Прилепското архиерејско намесништво од градот Прилеп, по обемна дискусија, едногласно одлучи прережувањето на славскиот колач оваа година да се извршува исклучиво низ православните храмови во Прилеп.

Притоа се повикуваат верниците задолжително да носат маски, да се дезинфицираат на влезовите во храмовите и да држат растојание од најмалку по 1.5 метар.

За таа цел на заслогот пред славата во сите храмови ќе има дежурни свештеници постојано од 07:00 до 17:00 часот, за да нема создавање на гужви во и пред храмовите.

Напомена:

Оваа одлука е тешка, познавајќи и признавајќи ја традицијата во град Прилеп за оваа тема, но тоа го налага моменталната здравствена ситуација. Доколку догодина влеземе во мирна здравствена состојба, традицијата на одење во домевите и прережување на лебот за куќната слава, со Божји благослов ќе си продолжи како и до сега.

Христос посреде нас.

Тешка cooбраќајка на бул. “Кузман Јосифоски Питу” во Скопје- повpeдена прилепчанка

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.10.2020 во 11.35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Среде пандемиja, во затворено, градоначалникот ќе правел средби со урбани заеници? А цели 3 години градот се распаѓа?

Се чини дека кога општинските власти се во прашање, кopoнавиpycoт е на пауза?

Во ек на пандемиja, кога Прилеп бележи голем пopacт на бројот на новозаболени, во услови кога Инфективното одделение е преполно, а докторите со крајни напори се вложуваат да спасат животи, општина Прилеп и градоначалникот организираат средби со урбаните заедници во градот, и тоа на затворено.

“На средбите на кои ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа, членови на Советот на општина Прилеп, директори на јавните комунални претпријатија, раководители на подрачни единици на државни институции, ќе се разговара за реализираните проекти во тековната година, како и за проблемите и потребите на секоја урбана и месна заедница, кои се од приоритетна важност за следната 2021 година”, се вели во соопштението на општина Прилеп.

Од таму велат дека сите средби ќе бидат организирани со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за зapaзни болecти, за заштита од Koвид-19. Но, како ќе ги почитуваат мерките кога урбаните заедници во Прилеп бројат по неколку илјади граѓани?

Дали доколку посотои интерес кај 500 луѓе од една урбана заедница, влез ќе им биде дозволен само на партиските приврзаници?

Кој ќе го слушне гласот на останатите илјадници граѓани? Зарем трошењето на нивните пари не е важно за надлежните?

Со оглед дека општинските власти влегоја во последната година од мандатот, а ветената програма им останува речиси целосно нереализирана, многу порано требаше да се сетат на мислењето и потребите на граѓаните, а не сега кога се соочуваме со невидлив непријател кој неконтролирано се шири.

(Видео) Во “Черно море” откриена подморница од изгубената флота на Хитлep

Подморницата У-20 од „изгубената флота“ на Адолф Хитлep од Третиот рајх е снимена на дното на Црното Море.

На снимката од дното на морето се гледа подморница покриена со песок, рибарски мрежи, алги и кал. Лежи на длабочина од 20 метри, а го откриле нуркачи во близина на северниот брег на Турција.

„У-20 е една од изгубените подморници на Хитлep. Таа е сведок на Втората светска војна во Сакарија Карс. Ние мора да го зачуваме овој дел од историјата и да ја претвориме подморницата во туристичка атракција за нуркачи“, рече професорот Мехмет Емин Бирпинар.

Подморницата во моментов е испитувана од нуркачи, но нема да биде извлечена на површината.

Уште во февруари 2008 година беа објавени информации за потонатите германски подморници. Научниците прецизно ги утврдија локациите на У-20, У-19 и У-23. Според нивните информации, У-23 се наоѓа на длабочина поголема од 50 метри, на пет километри од турскиот град Агва, а У-19 се наоѓа на длабочина од околу 500 метри, на пет километри од градот Зонгулдак.

Сончево и со дневни температури во пораст, а потоа следува нагло заладување и многу дожд

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.

Веќе во недела температурите ќе паднат на 13 степени, а наредните неколку дена ќе се задржи врнежливо време.