Среде пандемиja, во затворено, градоначалникот ќе правел средби со урбани заеници? А цели 3 години градот се распаѓа?

Се чини дека кога општинските власти се во прашање, кopoнавиpycoт е на пауза?

Во ек на пандемиja, кога Прилеп бележи голем пopacт на бројот на новозаболени, во услови кога Инфективното одделение е преполно, а докторите со крајни напори се вложуваат да спасат животи, општина Прилеп и градоначалникот организираат средби со урбаните заедници во градот, и тоа на затворено.

“На средбите на кои ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа, членови на Советот на општина Прилеп, директори на јавните комунални претпријатија, раководители на подрачни единици на државни институции, ќе се разговара за реализираните проекти во тековната година, како и за проблемите и потребите на секоја урбана и месна заедница, кои се од приоритетна важност за следната 2021 година”, се вели во соопштението на општина Прилеп.

Од таму велат дека сите средби ќе бидат организирани со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за зapaзни болecти, за заштита од Koвид-19. Но, како ќе ги почитуваат мерките кога урбаните заедници во Прилеп бројат по неколку илјади граѓани?

Дали доколку посотои интерес кај 500 луѓе од една урбана заедница, влез ќе им биде дозволен само на партиските приврзаници?

Кој ќе го слушне гласот на останатите илјадници граѓани? Зарем трошењето на нивните пари не е важно за надлежните?

Со оглед дека општинските власти влегоја во последната година од мандатот, а ветената програма им останува речиси целосно нереализирана, многу порано требаше да се сетат на мислењето и потребите на граѓаните, а не сега кога се соочуваме со невидлив непријател кој неконтролирано се шири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.