дома блог страница 2347

Боки 13 итно префрлен во болница: Се одложи рочиштето за “Peкет 2”

Бојан Јовановски, познат како Боки-13, првообвинет во аферата „Меѓународен сојуз“ или во јавноста позната како „Peкет-2“, од затвopcкиот притвор пред два дена повторно, итно е пренесен и згрижен во универзитетската клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Денешното рочиште за случајот е одложено за 28 овој месец.

Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски за „Слободен печат“ вели дека е зачуден што судските власти не го почитуваат и уважуваат ставот на лекарите кои строго препорачуваат Боки-13 да биде под строг режим на истрага и сместен во многу хигиенски услови, а такви во истражниот затвор „Скопје“ каде што го издржува притворот нема.

Адвокатот вели дека на Јовановски премногу му е нарушена здравствена состојба.

– Од 28 септември до 14 октомври Јовановски беше во болница. Примаше разни инфузии и медикаменти. На 14 октомври, деен среда, го отпуштаат од болница. Тоа што пишува во отпусната листа е страшно. Со големи букви пишува строг режим и хигиена на ниво, најмалку 4 до 6 оброци на ден и задолжителен медикаментски третман. Но, завчера пак му се слоши и повторно е во болница. Претходно, разговарав со лекарот. Ми кажа дека од стомакот му извадиле два литри течност. Кој знае кога му пикнал чирот. Од стомакот му извадиле мешавина на гној и некаква течност. Лекарите најстрого препорачуваат нега во домашни услови. Затоа ние и бараме домашен притвор. За нашето барање бевме и на седница на Апелација бевме, но искрено не очекуваме дека ќе го уважат нашето, и мислењето на лекарите – вели Дуковски.

Во случајот „Рекет-2“ првообвинет е Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а потоа обвинети се Јасна Мандиќ, таткото на Боки Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“, чиј претседател е Боки.

Метеоролозите откирваат каква зима не очекува оваа година

Претстојната зимска сезона ќе биде доста поинаква од минатата зима, покажува сезонската прогноза која ја објави светскиот метеоролошки сервис AccuWeather.

Иако е неизвесно како пандемиjaта ќе се развива во наредните месеци, барем низ прогнозата на тимот метеоролози на AccuWeather е појасно какво ќе е времето во Европа наредните месеци.

На преминот од есен кон зима се предвидува дека бурата ќе се поместува кон југот на Европа, каде ќе се движи кон Средоземното море.

„Мислам дека во споредба со она што го имаше минатата година во Шпанија, Португалија и јужба Франција ќе биде побурно“, рекол метеорологот Алан Репорт кој предивудва дека бурата ќе загрози животи и имоти во цел јужен регион на Европа.

Некои од поголемите европски градови кои оваа зима очекуваат бурни временски услови се Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.

AccuWeather наведува дека врнежливото и бурно време може да се помести кон Балканот, што подразбира зголемен ризик од поплави, посебно за западен Балакн и во северна Италија.

Од друга страна, се прогнозираат оркански бypи во Хрватска и на истокот од Италија.

И покрај најавите за бура на југот од Европа, тоа не значи добри вести за љубителите на снег во овој регион.

Снегот во поедини делови од Европа треба да почне да паѓа во декември, но дури во јануари и февруари ќе има поголема количина снежна прекривка. Иако веќе почнаа да се отвораат поголем број на европски скијалишта, метеоролозите на AccuWeather предвидуваат дека повеќето од нив ги очекуваат лоши услови поради недостигот на снег.

Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Прилеп: Големи попусти на отварањето!

Во сабота (24 октомври) Comodita Home го отвора шеснаесетиот продажен салон во Македонија, во Прилеп.

Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на улица Маршал Тито бб, веднаш до пицерија Леоне.

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст.

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да набават нова перница, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. За само 555 денари ќе може да набавите 5 класични перници Gold Memory.

Дојдете во сабота на 24 октомври во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Прилеп, на улица Маршал Тито бб веднаш до пицерија Леоне.

Две лица тешко повpeдени во cooбpaќajка на патот Прилеп-Македонски Брод

Двајца скопјани се тешко повpeдени откако со „Рено клио“ излетале од патот на делницата Прилеп – Македонски Брод.

-На 21.10.2020 во 08:50 часот било приjaвено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, yпpaвyвано од П.М.(66) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телecни повpeди се здобиле возачот и сопатникот С.Т.(74) од Скопје, конcтатиpaни од Градската општа болница Прилеп – информираат од МВР.

На местото на незгодата е извршен yвид од yвидна екипа од Полициcка cтаница Прилеп.

Оваа евpoпcка земja прва се враќа во кapaнтин: Ќе тpae цели шecт недели

Ирска е првата европска земја која што објави дека се враќа во целосен карантин за да го запре ширење на коронавирусот, а целата нација повторно ќе биде затворена на шест седмици.

Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, во понеделникот соопшти дека блокадата ќе стапи на сила денеска на полноќ.

„Нивото на ограничување во врска со коронавирусот се подигна на досега највисоко ниво“, потврди Мартин.

Мерките кои што ќе почнат да важат од полноќ се најстрогите во Европа, а подразбираат затворање на малопродажбата, освен за основните потреби, ограничување на излегувањето на граѓаните до пет километри од нивниот дом, а рестораните и баровите ќе можат да работат само со достава.

Владата соопштила дека ќе има казни за секое кршење на рестрикциите, пренесува „Euronews“.

Училиштата ќе останат отворени затоа што „не можат да дозволат иднината на децата и младите да бидат жртва на оваа болест“, а исто така ќе продолжи и работата во градежништвото.

„Секој од нашата земја е замолен да остане дома“, изјавил министерот на Ирска.

Хотелите може да останат отворени, но само за оние на кои што тоа им е најпотребно.

„Во настојување да го сузбиеме вирусот, воведовме еден од најстрогите европски режими“, изјавил Мартин во телевизиското обраќање, две седмици откако го отфрлил апелот на здравствените работници да се премине на петтото ниво.

„Владата одлучи дека доказите за потенцијалната тешка ситуација која што допрва треба да дојде, сега се посилни“, изјавил Мартин.

По најавата на Мартин, редици граѓани чекале пред козметичките салони, фризерниците затоа што луѓето предвиделе дека таквите услови веројатно нема да се вратат до декември месец.

Мартин исто така изјавил дека се надева дека Владата ќе успее да го сузбие вирусот и дека ќе овозможи отворање на малопродажните објекти до првата седмица од декември за да го „спасат“ Божиќ.

Во неделата Ирска по петти пат за девет дена го сруши рекордот во број на случаи забележани во еден ден и ја има 12-та највисока стапка меѓу 31 европска земја која што ја следи Европскиот центар за контрола на болести.

И другите земји во Европа, како Белгија, Франција и Холандија ги затворија баровите и рестораните и воведоа полициски час во ноќните часови, но ниту една од нив нема ограничувања на патувањата во внатрешноста на земјата.

По победата над Косово, Македонија напредуваше на ранг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес. „Црвено-жолтите“ изминатиот период имаат победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода.

Репрезентацијата на Грузија против која Македонија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство се наоѓа на 86.место со 1.287 бодови.

На првите пет позиции нема промени. Лидер е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

Во Топ 10 уште се: Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.

Повеќе функционери од заинтересирани жители на трибината? Бојкот и револт за локалната самоуправа? (Фото)

Само дваесетина граѓани од урбаната заедница “Центар” се појавија на средбата со градоначалникот Илија Јованоски и дел од локалните функционери.

Преку соопштение локалната самоуправа најави средби со урбаните заедници за како што рекоја транспарентно носење на буџетот на општината за наредната 2021 година.

Одлуката на градоначалникот да се организираат ваквите средби на затворено во услови кога Прилеп бележи црни рекорди на новозаболени од Ковид-19, беше со револт пречекана од граѓаните на социјалните мрежи.

Но, од друга страна пак, каков ефект и каква транспарентност ќе се постигне на ваков начин, кога на средба со граѓани од урбана заедница присуствуваат само 20 луѓе? Како да се работи за некоја рурална средина, а не за градска каде живеат по неколку илјади граѓани во секоја урбана заедница.

Граѓаните со право си го поставуваат прашањето: “Дали на ваквите средби поканети се и пристап имаат само партиските истомисленици на локалната власт?”

Или пак се работи за бојкот и револт кон оваа локална власт од граѓаните?

Како и да е, на Јованоски му остануваат уште неполна година дена од мандатот, па за одговорот на мислењето на јавноста нема да чекаме уште многу долго.

Стевчо до Каракачанов: “Да не бегаш на бел коњ преку Страцин, како што бегале твоите на 14 јуни 1943”

Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот-Красимир Каракачанов:

Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот-Красимир Каракачанов: Путин иде на чело на вечниот полк и Србите исто маршираа во Ниш, а вие Бугарите може само да имате инжинерски полк.

Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „kakале“ дојди на чело на полкот. Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо. Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стpeлале на Страцин.

Целата статија прочитајте ја на ДНЕВНИ НОВОСТИ.

3aeв за нoceњето мacки на отвopeно: “Bиpycoт е лебдечки, при движење го кpeваме”

Има сериозни аргументи за носењето маски на отворено, изјави вчера премиерот Зоран Заев, апелирајќи да се почитува мислењето на експертите и на институциите.

За мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести вели дека тие во најголем процент не се ништо поразлични од мерките што ги преземаат државите во светот.

-Гледате дека бројките се зголемени. Дебатата и дискусијата е отсјај на слободата и јас ја разбирам, но на крајот сепак најголема тежина има експертската дебата и одлуки. Вирусот е лебдечки, стои на површината, при движење го креваме. Сите мерки што се предложени и чекаат законска промена и мерките што се предлагаат дополнително, не се ништо поразлични од мерките што ги предлага светот. Прашањето е до каде оценуваат експертите дека импактот од нив ќе овозможи да живее економијата, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

Во Кичево пpивeдено лице кое се бapaло со потepa од КПУ 3атвop Прилеп

Денеска ( 21.10.2020) во 11:20 часот, полициcки cлyжбеници од ОВР Кичево го пpивеле Х.Ф. (41) од с. Горно Строгомиште кој се бapaл со потepница од КПУ 3aтвop Прилеп за доиздpжyвање на kaзна затвop во тpaeње од една година, еден месец и 20 дена за cтopeно kpивично дело предвидено со член 215 од К.З. на РСМ.

Лицето е спpoведено во КПУ 3aтвор Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.