(Фото) Запознајте го највисокото дете во светот: Има само 14 години, а висок е 221 сантиметар

Рен Кеи од Кина има 14 години, а поради својата висина која веќе достигна два метри и 21 сантиметар се издвојува од групата на соученици.

Тинејџерот продолжува да расте, и моментално е во фаза на аплицирање за влез во Гинисовата книга на рекорди, за највисокиот тинејџер во светот.

Таа титула досега ја имаше американски тинејџер кој беше висок 215,9 сантиметри кога имал 16 години.

Кеи учи во деветто одделение во училиште во југозападна Кина во Сечуан, а неодамна го прослави и својот 14-ти роденден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.