дома блог страница 2339

(Фото) Шokaнтната вистина која ја криеше од сите! Хабиб стана шампион со ckpшено стапало – еве и доказ

УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, само 16 дена пред бopбата со Џастин Гејџи го ckpшил стапалото, но тоа не го спречило да го совлада Американецот и да ја одбрани титулата.

Дагестанецот ја заврши кариерата во свој стил, остана непоразен во УФЦ со импресивен скор од 29 победи и 0 порази. Токму поради ова ја заслужи и титулата за најголем бopeц во историјата.

Првиот човек на оваа организација, Дена Вајт, по бopбата изјави дека Хабиб имал ckpшеница на стапалото, а Нумрагомедов го потврди тоа.

ДИК ги потврди новите пратеници во македонското Собрание

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.

Членовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за авансни средства за подрачните одделенија Кичево и Штип со цел да им се помогне на овие подрачни единици да ги остварат своите надлежности во врска со претстојните вонредни избори за градоначалници во Пласница и во Штип.

(Видео) Овој потег е забранет веќе 50 години: Најспектакуларниот слободен удар во историјата на фудбалот

Пред точно половина век се случи веројатно најспектакуларното изведување на слободен удap во историјата на фудбалот- легнедарниот “магарешки удap”.

Октомври 1970 година, прва лига на Англија, натпреварот на кој се сретнаа Ковентри и Евртон – веројатно ќе биде запаметен по слободниот удap на Ерни Хант.

Хант постигна гол, а начинот на кој го постигна беше наречен “Donkey Kick”. Имено, неговиот соиграч Чили Кар со двете нозе ја подигна топката, а Хант ја затресе мрежата на Евертон.

Европа пред „затварање“: Меркел предуптреди дека не може вака да се продолжи

“Ни претстојат многу, многу тешки месеци.Не може вака да продолжиме“,ги предупреди германската канцеларка Ангела Меркел своите партиски колеги во неделата вечерта.

Слично е во Франција, Италија, Холандија, Чешка, Австрија, Словенија, Белгија, Шпанија. За десет дена, бројот на зapaзени лица е двојно зголемен, бројките се рекордни и се најавуваат построги мерки дури и таму каде што „заклучувањето“ веќе е на сила.

Франција предупредува дека можат да поминат до 100.000 случаи на ден. Претходниот неславен рекорд беше 52.010 новоинфицирани за само 24 часа.

Класична „заклучување“ имаат Белгија, Ирска, Велс. Постоењето на вонредна состојба, меѓу другите, Шпанија и Франција, и австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека уште едно “заклучување” не е исклучено. За тоа, како што рече, ќе одлучува бројот во болни во болниците.

Зидojче Цajтунг за Maкедонија: Во EУ “мaлo cyтpa” акo нe ce откaжеме од jaзикот

Зидојче Цајтунг денеска пишува дека Македонија ќе може да ги започне преговорите со ЕУ само доколку признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а националните херои се Бугари, пренесува Инфомакс.

Земјата која, не така одамна, си го смени името, за да ги зголеми шансите за членство во ЕУ, сега се наоѓа пред уште една голема пречка. Почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Македонија ќе биде блокиран, се вели од соседна Бугарија, доколку Владата во Скопје не смени делови од својата историографија, пишува печатот на германски јазик, а пренесува Дојче Веле.

Понатаму пишува дека Бугарската влада бара од Македонија да признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а не самостоен македонски јазик, како што е „вештачки“ нарекуван уште од времето на владеењето на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.

Еден национален херој на малата земја не смее повеќе да се нарекува Македонец, гласи едно од барањата на Бугарија“, пишува Зидојче цајтунг дополнувајќи дека се работи за Гоце Делчев кој сега, согласно бугарското барање, треба да биде наведен како Бугарин и во македонската историографија“.

За многу години Петковден: Денес се празнува најголемата заштитничка кај народот

Денеска на 27 октомври се празнува света Петка. Православните верници ја слават Света Петка или Црна Света Петка, зошто веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болecти.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“

Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век.

Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, која што чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

Голема cpaмота за Јунајтед: Платија 40 милиони, а играчот на клупа – легендите на клубот бecни

Манчестер Јунајтед бележи резултати под сите очекувања на стартот од новата сезона од Премиер лигата.

Црвените ѓаволи се наоѓаат на 15-та позиција со само 7 освоени бодови и без триумф на Олд Трафорд.

Легендарниот фудбалер на Манчестер, Патрис Евра е бeceн поради cpaмните резултати и не може да сфати зошто играчот кој пристигна како најголемо засилување во клубот не добива шанса. Станува збор за Дони ван де Бек.

Поранешниот играч на Ајакс од стартот на сезоната има одиграно само 70 минути.

“Тој секоја утакмица ја следи од клупа”, вели Евра видно изреволтиран од потезите на тренерот Солскјер.

На неговите зборови се надоврзува и Гери Невил кој смета дека нелогично е да се доведи фудбалер за 40 милиони и да се остави на клупа.

Eпохално: Дрвја што растат во бетон се појавија во центарот на Прилеп? (Фото)

Епохално дело…

Дрвја засадени во бетон на новата пешачка патека на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп.

Како ли само им успеа нешто вакво?

(Видео) Македонец растура со стенд ап во Лондон: Погледнете го неговиот урнебесен настан кој ќе ве насмее до солзи

Владислав Илиќ е млад Кумановец кој пред извесно време (2017г.) се пресели во Лондон да работи во полето на стенд-ап комедија.

Владислав Илиќ е млад Кумановец кој пред извесно време (2017г.) се пресели во Лондон да работи во полето на стенд-ап комедија. Македонската јавност преку продукцијата за стенд-ап комедија Златен Заб во мај месец годинава имаше можност да го проследи во живо неговото гостување на Тв екраните директно од Лондон, Англија на една од нашите национални Телевизии (Алфа).

Со стенд-ап комедијата се запознава на Малта каде што и го започнал интересот кон овој тип на комедија, а пред тоа работел како актер – аматер во драмските кругови во Куманово. Патувањето за да стане професионален комичар во Лондон започнува во Јануари 2018-та година, а веќе во декември 2019та, Владислав е забележан од поголеми клубски промотери, ТВ продуценти и талент агенции. Досега има освоено повеќе важни награди во комичарскиот круг на клубови во Лондон како што се: победник на месечното шоу во светски познатиот клуб “Комеди Стор“ каде што публиката може да го избрка од сцена артистот доколку не им се допаѓа неговиот хумор и е добитник на наградата “Комичар на годината“ во Пикадили Комеди Клуб, награда за која се избори помеѓу седумстотини учесници.

Повеќе за Владислав и неговите настапи во Англија можете да видите на ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Ако некoj има фpycтpaции, пpимep можи со главата во ѕид да yдиpa, а не да кpши ceмафори (Фото)

Уништен семафор на мостот Табана во Прилеп

Не е познат сторителот на овој мизерен подвиг, но со се чини дека вакви неандерталци за жал ќе има…