дома блог страница 2335

Вечерва “чистка” на дилepи во Кавадарци

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за cyзбивање на нелегалната тpговиja со дpoга, денеска (29.10.2020) полициски службеници од Одделот за kpиминалистичка полициja – Ceктор за недозволена тpговија со дpoга, opyжje и опacни матepии во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино пpиведoa осуммина дилepи и запленија xaшиш, xepoин, амфетамин…

На 29.10.2020 околу 13:40 часот извpшен е пpeтpec на дом и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци. При пpeтpecoт покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при кopистење амфетамин, а биле пронајдени xaшиш, амфетамин, шпpиц со канабиcoво мacло и една воздушна пyшка.

Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на xepoин затекнати и пpиведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М..

Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при пpeтpecoт пронајден е xepoин, пapи, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материja.

Извршен е пpeтpec кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени xaшиш и мapиxyaна. Исто така, извpшен е пpeтpec во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден kokaин.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Kpивична за прилепчанец за прекршување на здравствените прописи

Kpивична пријава за прилепчанец за прекршување на здравствените прописи.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторено kpивично дело „непостапување според здравствени прописи за време на пандемиja“.

На 10.09.2020, пријавениот постапил спротивно на рестриктивните мерки воведени со владината Уредба.

Ако на дното од шишињата co вoдa ги пишyвa oвиe бpoeви, вeднaш фpлeтe ги

Луѓето обично го користат истото пластично шише со вода или сок повеќепати, не знаејќи дека може да биде отpoвно. Но некои амбалажи се наменети само за еднократна употреба!

На дното на секоја пластична амбалажа има триаголник со број на средина, а подолу е ознаката која ви кажува колку е опасна пластиката што ја држите во рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не треба да го користите повеќе од еднаш.

Еве што значат ознаките: Повеќето шишиња од минерална и обична вода и газирани и негазирани пијалаци ја имаат ознаката PET (често и PETE) (број 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека тие се наменети само за една употреба.

Постои можност со секое ново полнење, тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, да се испушта во водата, што го попречува дејството на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштаат и канцерогени материи.

Ќе го препознаете по етикетите HDP (или HDPE), LDPE и PP, или по броевите 2, 4 и 5. LDPE е вид пластика која, за жал, главно не се користи за изработување на шишиња, туку само за ќесички за пакување храна. HDP е добар избор, како и PP, кој главно се користи за чашите со јогурт и има бела боја.

Целосно избегнувајте ја пластиката со ознака PVC (понекогаш и 3V), PS и PC (често и без етикета), или по броевите во триаголникот – 3, 6 и 7.

PVC испушта две опасни хемикалии, кои ја попречуваат работата на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.

PS испушта во водата канцерогена супстанција – СТИРЕН. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за амбалажа на брза храна.

PC (или без ознака – број 7) е најлошата пластика за амбалажа на храната, бидејќи ја ослободува опасната хемикалија БПА (бисфенол А). За жал, се користи за амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и за садови за подготовка на храна.

Пријава за 50-годишен прилепчанец за kpивично дело “задоволување на полови стpacти пред друг и малтретиpaње на малолетно лице”

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против 50-годишен прилепчанец.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против С.А.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторени кривични дела „задоволување на полови стpacти пред друг“ и „запуштање и малтретиpaње на малолетно дете“.

Во период од околу три години пријавениот ја малтретиpaл неговата малолетна ќерка, упатувал навреди и во неколку наврати пред неа вршел полови дejcтвија.

Cpyшен црниот рекорд и во Прилеп: Еве колку зapaзени има денес

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 53 нови случаи на кopoнавиpyc, а 15 лица оздравеле од зapaзната болecт, соопштија од Општина Прилеп.

Бројот на активни случаи изнесува 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 680 лица. Вкупниот број на заразени од Koвид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1225.

Диpeктopката на MEПCO: “Побapaвме пocкапyвање на cтpyjaта за 70%, а добивме caмо 11%”

„Струјата не треба да биде социјална категорија” – вели директоркта на МЕПСО, Ева Шуклева.

-Ние знаеме каква е ситуацијата во државата, сите нас и мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи., вели директорката, како шрто пренесува ТВ21.

Според неа, МЕПСО побарала 70 % покачување на струјата, компанијата добила само 11 проценти.

„Знаевме дека тоа е непопуларна мерка. Нашиот дел кој го побаравме 70 посто, а добивме 11 посто во некоја просечна сметка ќе влијаеше 23 денари тоа беше нашата пресметка ние побаравме 70 посто добивме 11. Нашиот удел во поскапувањето е некои си 5 денари. Не веруваме дека поскапувањето на електрична енергија ќе влијае врз потрошувачката.“, рече Шуклева.

-АД МЕПСО учествува со само 4,2 проценти во вкупната цена на електрична енергија, вели Шуклева.

Агенцијата за електронски комуникации ќе спроведува студиja за тоа како 5Г мрежата влијае врз здpaвjeто на лyѓето

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето како основа за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5Г мрежата во земјава.

Од АЕК денеска соопштија дека се очекува за изработка на ова сериозно истражување да се пријават реномирани компании кои имаат искуство во мерењето на нејонизирачкото зрачење кое доаѓа од мобилните мрежи, посебно од најновата 5Г генерација. На овој начин, велат од АЕК, се очекува да се расчистат многу дилеми кои постојат во јавноста околу новата генерација широкопојасни мобилни мрежи.

– Во светот се спроведени стотици научни истражувања на тема за влијанието на 5Г технологијата врз здравјето на луѓето и напишани се илјадници научни статии, што го прави прашањето за штетноста на електромагнетното зрачење една од најистражуваните теми во науката на глобално ниво. Мислењето на релевантни меѓународни експерти и институции е дека доколку се почитуваат препорачаните гранични вредности, електромагнетните полиња што ги користи оваа технологија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Односно, природата на зрачењето генерирано од базните станици и мрежните терминали на 5Г е идентично со онаа на мрежите од претходната генерација. Сепак и покрај постоење на вакви студии, ние сакаме да обезбедиме сопствена студија која не само што ќе влијае на понатамошните чекори кои ќе ги преземаме, туку веруваме дека ќе има значење при градење сеопфатен консензус за потребата од развој на новата технологија во Северна Македонија, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Петтата генерација мобилни системи вклучува употреба на радио бранови во одредени фреквенции, првично слични или малку повисоки од фреквенциите што се користат за постојните 4Г мобилни мрежи. Овие радио бранови емитуваат нејонизирачко зрачење, што е помалку штетно од јонизирачкото.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална веб-страница наведува дека „до денес и по многу истражувања, никакви штетни ефекти врз здравјето не се каузално поврзани со изложеноста на безжични технологии“. Основа за ова е ставот и студиите на Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ИЦНИРП) која е независна, научна комисија, формирана од Меѓународната асоцијација за заштита од радијација, со цел заштита на луѓето и околината од радијација. СЗО ја признава оваа организација како референца за сите прашања поврзани со радиофреквенциите и здравјето на луѓето.

Европската Комисија има донесено акциски план за 5Г според кој до 2020 година барем во еден поголем град во секоја земја членка на ЕУ треба да бидат воведени 5Г комерцијални мрежи, а до 2025 година овие мрежи треба да бидат достапни до сите урбани подрачја и поголеми транспортни линии. Моменталното ниво на имплементација на 5Г мобилните мрежи во Европа е ограничено во неколку земји. Во Германија, Водафон и Дојче Телеком имаат делумно покривање само во неколку поголеми градови, како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и други. Во Ирска, Италија, Романија и Велика Британија ситуацијата е слична.

Во нашата земја, слично како и во останатите европски земји се спроведуваат првични тестирања на мобилните 5Г мрежи. Македонски Телеком и А1, кои поседуваат привремени одобренија за тестирање на 5Г мрежи, веќе ги направија првите тестирања. Притоа, АЕК спроведе и мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види придонесот на новата 5Г НР технологија од тест мрежата на Македонски Телеком.

Во меѓувреме, АЕК подготви и нов план за намена на радиофреквенциските опсези, за кој е во тек јавната расправа која ќе трае до средината на идниот месец. Радиофреквентниот спектар потребен за воведување 5Г мобилни мрежи во Северна Македонија е слободен, а се планира, тогаш кога ќе биде одлучено, предвидените опсези за 5Г мобилни мрежи да бидат издадени на јавен тендер каде што операторите ќе можат сами да учествуваат во определувањето на комерцијалната вредност на радиофреквенциските опсези, преку јавно наддавање. За целата постапка неопходно е да се направат и измени на Законот за електронски комуникации во поглед на усогласување на делот кој се однесува на кибер безбедноста со стандардите утврдени за земјите членки на НАТО.

– Ние секако можеме многу брзо да распишеmе тендер за доделување фреквенции за развој на 5Г, но тоа нема да вреди ако нема кој да се пријави и да се наддава за овој фреквентен опсег. Едноставно, потребно е операторите да бидат мотивирани да инвестираат во 5Г мобилни мрежи, a услов за тоа е да има значително поголема побарувачка за побрз пристап до интернет од страна на корисниците на мобилните електронски комуникациски услуги. Во моментов кај нас не постои доволна искористеност на постојните мрежи (3Г и 4Г) за да е неопходно итно инвестирање во нови технологии за побрз пристап до интернет, a слично е и во многу европски земји, истакнува Димитријоски.

Милчин: Морничава е леснотијата со која Заев го pacпродава она што не е негово

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово, вели Владимир Милчин на Фејсбук.

– Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее, потенцира Милчин.

Тој истакна дека е мачно да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ.

– Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот, потенцира Милчин.

Политико дознава: Заев ќе признае бугарски темели на македонскиот идентитет и јазик

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.

– Што има во договорот? ‘Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик, пишува Политико.

На Твитер за ова се огласи и Карл Билт.

– Добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија, напиша Билт.

Дожд и пад на температурите: Најава на УХМР за утре

Повремен дожд во северните делови од земјата и мало опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за утрешниот ден.

Во утринските часови во северните делови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.