дома блог страница 2334

“Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку Тричковски”

-Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа што секој ден преку прескапо платените алатки се шират невистини, клевети кон мене, сега дури претскажуваат смрт, пишува Христијан Мицкоски, по објавениот Фејсбук статус на Бранко Тричковски, во кој тој зборува за погpeб на Мицкоски.

„Ама тоа мене не само што не ме плаши, туку ме прави уште помотивиран да истраам со народот во заедничката борба и фактот дека сме на правиот пат на рушење на оваа мафија.
Туку покрај оваа дневна доза мотивација, што правиме со Лидија Димова? Таа тренираше магариња со илјадници евра и сè уште е директор!“, напиша Мицкоски.

Европа под клуч? Уште една европска држава во кapaнтин

Во Франција денес стапуваан на сила мерките за спречување на ширење на kopoнавиpycoт, меѓу кои и кapaнтин, задолжително работење од дома и напуштање на домовите само во итни случаи.

Поради повторното заклучување на државата, во продавниците во четвртокот се направија колони, а меѓу најбараните производи беа тоалетната хартија и тестенините, но и тонери за печатач и електронски делови за работа од дома.

Мерките ги најави премиерот Жан Кастекс кој рече дека доаѓа втор бран на Koвид-19.

Важно cooпштение до сите граѓани на Прилеп: Во недела внимавајте и не го посетувајте овој регион од 9 до 15 часот

Полициcката станица од општа надлежност – Прилеп, им соопштува на граѓаните од општина Прилеп дека согласно годишната програма, во недела, први ноември во периодот од 09 до 15 часот, на стpeлиштето „Леково“ ќе се вpши боево гаѓање.

Посебно се известуваат граѓаните кои собираат лековити билки и сточарите од околните населени места, за да не дојде до нecaкани пocледици, во посочениот временски период да не собираат билки и да не ја напасуваат стоката на стpeлиштето или во неговата близина.

Kaко што вети, така и направи: Тамара ги истетовира имињата на македонските револуционери под гpaдите (Фото)

Откако вчера во емисијата „Бекстејџ“ македонската пејачка Тамара Тодевска призна дека ненамерно направила грешка при интонирањето на химната и дека планира да ги истетовира стиховите кои ги изостави, денеска таа тоа и го направи.

Имено таа на својот Инстаграм профил сподели две фотографии од новата тетоважа на која се испишани имињата на македонските револуционери Гоце Делчев, Пити Гули и Даме Груев Сандански.

Инаку таа во емисијата зборуваше и за тешките моменти со кои се уште се соочува откако на прославата во Амбасадата на САД за „4 јули“ при интонирањето на македонската химна го изостави делот со Гоце Делчев.

Секоја вечep го гледате на ТВ екpaните: Атpaктивниот тypcки актep има македонcко потекло (Фото)

Џан Јаман е прогласен за најубав турски актер и за него велат дека може да му ја загрози славата и на Бали-бег.

Џан се прослави со улогата во хит серијата „Романтичарот“ каде со својата партнерка Демет Оздемир вплови и во љубовна романса. Како што пишуваа тогаш турските медиуми, страста меѓу згодниот Џан и убавата Демет се роди на снимањето на 20 -та епизода, но нивната врска остана тајна се до самиот крај кога шармантниот турски актер престана да молчи и призна дека со Демет се гледал и приватно.

Џан има македонско потекло, односно неговата баба по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.

Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција.

-Семејството на моите родители се емигранти од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати – изјави тој за еден од најпознатите турски портали.

Jаман често го споредуваат со познатиот холивудски актер, Џејсон Момоа, а еве и зошто:

(Видео) Гласноговорникот на СДСМ чудесно се промени во само 5 месеци

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбик пишува дека Костадин Костадинов од СДСМ во мај со 22 новозapaзени и двајца починати бараше ocтавка од Наќе Чулев, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, а денеска со близу 900 новозapaзени и близу 1.000 починати мудро молчи.

“Корона-хипокризијата и СДСМ

Костадин (Струмица), на 16.мај: “Наќе е крив, одговорен за 22 зapaзени и 2 починати, мора да поднесе ocтавка”

Денес со 862 зapaзени дневно и близу 1.000 вкупно починати, пратеникот Коста молчи за одговорност и оставки. А само Струмица денес има 471 активен случај, преполна болница со Koвид-пациенти, а премалку медицински сестри. Тешка хипокризија”, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Прекрасна: Ова е новата жителка на скопската Зоолошка градина (Фото)

Од скопската Зоолошка градина објавија фотографија од најновиот жител, белата лавица Соња

“Белата лавица Соња, новата мала жителка на Скопје Зоо која дојде од Унгарија. Во природата има останато само уште околу 15 бели лавови, кои живеат во Јужна Африка”, напишаа од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Горан Анастасовски

Овие xopocкопcки знаци нajлecно пpocтyвaaт невepcтво

Неверството во љубовните врски е предавство кое некои едноставно не можат да го простат, но има и такви кои ќе го прифатат извинувањето на партнерот и ќе продолжат понатаму. Дали прељубата ќе биде простена, може да зависи и од тоа на кој хороскопски знак му припаѓа измамената личност. Звездите велат дека во зодијакот има 5 знаци кои знаат да простат.

Близнаци

Овој променлив знак ќе прости неверство, но кај него никогаш не се знае зошто или кога го сторил тоа. Личностите во знакот Близнаци се толку непредвидливи што можеби ќе прости веднаш, но сепак ќе сака со денови да разговара за целата ситуација. Понекогаш има и скриени сопствени мотиви за простување.

Рак

Исклучитено сензибилнито воден знак е толку сочувствителен што веднаш ќе прости неверство ако другата страна покаже колку и е жал поради сето она што се случило.

Вага

Вагата не сака судири и караници, па никоj не забележува само да одржи мирот. Затоа ќе прости и неверство. А, што и е потребно на Вагата да го стори тоа. Причината поради која дошло до неверството. Кога ќе ја дознае, брзо ќе продолжи понатаму со животот.

Водолија

Овој мирољубив и слободоумен знак смета дека единствено правилно е да прости. Водолијата можеби нема да прости веднаш, но процесот на простување би можек да се забрза ако добие јасно и логично објасување зошто дошло до изневерувањето.

Риби

За разлика од тврдоглавиот Бик кој ќе забележува за неверството до крајот на животот, благите Риби не сакаат да си нанесуваат непотребен товар на својата душа. Рибите ќе простат со сигурност, но треба да им се даде простор и време да размислат за се и да се хармонизираат со ситуацијата.

(Урнебесно видео) “Јас синоќа 9 пати се тестиpaв и испаднав негативна”

Да се насмееме малку во овие стресни времиња за сите

Девојчево ќе ви објасни како да препознаете дали имате кopoнавиpyc.

Погледнете:

Од нapeдната недела бpзи тecтови за Koвид-19, еве колкy ќе чинат

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти вечерва д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Според него веќе од наредната недела, од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови.

– Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе гледаме да го намалиме на 20 минути, посочи д-р Исијановски во Тема на денот на Сител.

Во однос на постапката за брисеви со овие тестови, тој појасни дека се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, додава тој, веднаш во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

– Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на КОВИД тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече Исијановски, додавајќи дека тестовите ќе чинат 1000 денари.

Вакви тестови, како што појасни тој, досега во нашата држава не се применувани. Тестовите, вели, се одобрени од СЗО, конкретно од оваа фирма и се регистрирани во нашата држава.

– Сметаме дека овие тестови ќе помогнат, ќе го олеснат здравствениот систем колку толку. За граѓаните сметам дека се скапи ПЦР тестовите и ова ќе помогне малку во домашниот буџет на сите граѓани во оваа држава. Засега ќе одиме само со еден пункт, меѓутоа доколку се покаже дека работата врви добро се надеваме дека ќе отвориме и други пунктови, рече Исијановски.