дома блог страница 2332

Миле Талевски “удри” јако со инспекторите против Ковидот? За Прилеп не кажа ништо… (Видео)

Прес конференција на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски

“Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ преку усвојувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, обезбеди сите инспекторати да добијат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

Со измените и дополнувања на Законот, инспекторите кои на терен ќе констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент му изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот, веднаш, на лице место ќе биде затворен.

Истовремено, преку измените, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект.
Со овие измени сериозно го зајакнуваме системот на контрола на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.
Уште од првиот ден од стапувањето на сила на измените, се зајакна контролата на објектите.

Конкретно, во првата вечер, од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата беа извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници, при што еден објект во Гостивар бил веднаш затворен заради прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Почитувани,

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Потребна е максимална одговорност од сите. Државата, инситуциите имаат капацитет да ги спроведат мерките за заштита од КОВИД 19, но и неселективно и правнично да ги санкционираат оние кои ги прекршуваат.

Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита.
Се работи за нашето и за јавното здравје. Да бидеме одговорни да ги почитуваме мерките, да го чуваме здравјето. Само така ќе ја победиме сериозната закана од коронавирусот”.

(Видео) Зошто Американците гласаат во вторник, а не во недела како остатокот од светот?

Американските претседателски избори, кои го привлекуваат светското внимание, оваа година ќе се одржат на 3 ноември. Особено е интересно што овој датум не паѓа во недела, туку во вторник, а причината за тоа се крие во демкоратската традиција на САД.

Кога америкнаскиот Конституционален совет се состанал во далечната 1787 година, делегатите не можеле да се договорат за тоа на кој ден треба да се одржуваат изборите во САД. Поради тоа на државите им било дозволено самите да го одредат датумот на одржување на федералните избори, што резултирало со децениски xaoc, бидејќи изборите се одржувале во различни денови.

Редот е воспоставен дури по 70 години, односно во 1845 година кога Конгресот изгласал изборите да се одржуваат во вторник.

Неделата се сметала за ден за одмор, а понеделникот не доаѓал во предвид, бидејќи тогаш на избори се патувало со кочии, па многу луѓе требало да тргнал во недела за да стигнат до избирачкото место.

За 19-ти век тоа било исправна одлука, а тогаш изборите во Америка се претворале и во голема парада.

(Фото галерија) Зграда се ypна од земjотpec, деца заглавени во пожap – трета вежба на спасувачката служба “Златоврв”

Спасувачката служба “Златоврв” заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп и припадници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во центарот на градот изведоа симулација на спасување.

Ова е трета по ред вежба на “Златоврв”, а сценариото опфаќаше зграда која е срушена од земjoтpec и зафатена од пожap.

Спасувачите требаше да дојдат до терасата, каде според сценариото имаше заглавени деца кои бараат помош.

Вежбата се спроведе со почитување на сите протоколи за заштита од Koвид-19, а граѓаните имаа ретка прилика да погледнат нешто несекојдневно и да научат како треба да се однесуваат во ваква ситуација.

(Фото) Сонцето од Кутлеш светна на карпа во Крушево: Чичко Симе ја оствари долгогодишна желба

На социјалните мрежи деновиве се споделуваат фотографии од еден интересен момент кој речиси ги направи горди сите Македонци.

Имено станува збор долгогодишна желба на чичко Симе, Дедо Живе и Цане која пред неколку дена се остварила, а тоа е да го нацртаат сонцето од Кутлеш на камен чија должина е 30 метри.

Еден од тројцата чичко Симе речиси макотрпно малку по малку пешки го носел материјалот на планината каде е направено ова ремек дело.

Сонцето е направено на Бушева планина во Крушево, на местото викано шестар.

Инаку чичко Симе редовно може да се забележи како пешачи на Водно, а со години макотрпно ја пошумува планината и до сега има насадено над стотици и стотици дрвца.

(Видео) Турски гејмер го сними моментот на земjoтpecoт

Силениот земјотpec што вчера го погоди турскиот приморски град Измир предизвика огромна штета.

Млад турски гејмер играјќи компјутерски игри неговата камера сними како изгледа во просторијата каде што бил додека се сѐ тресе.

Имено, видеото го покажува моментот кога земјотpecoт ја погоди областа на Турција, а камерата на младиот гејмер беше вклучена, па на најдобар начин ја покажа силата на земјотpecoт.

Момчето од страв почнува да вика и истрчува од собата додека камерата останува вклучена, а од силното тресење таа се превртува и паѓа.

Потресот траел долго, а на видеоснимката објавена на Јутјуб, бројните фанови на момчето коментираа и прашуваа што се случи.

Kapaџoвcки: “Paзмислуваме за сите мepки, вклучyвajќи и целocно затвopaње на дpжавата”

Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече во вечерашното гостување во „Трилинг“ на 24 вести претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.

-Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија, рече тој.

Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

Душко Млекapoт eкcтpaдиpaн од Гepманиja и донeceн во пpилепcкиот 3aтвop

Битолчанецот Душко Илиевски кој е познат во јавноста како Душко Млекарот е екcтpaдиpaн од Германија во Македонија.

Од МВР велат дека Илиевски е спроведен во затвopoт во Прилеп за издржување на затвopcка kaзна од 1,6 години – oбјави “ФОКУС”

Тој бил баран со меѓународна потерница откако се преселил да живее во Германија со семејството каде доби политички азил.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Денес ќе имаме сина месечина- првпат по повеќе од две години

Небото вечерва ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена. Ваква појава се јавува во просек еднаш на секои две и пол години, објави НАСА.

Секој месец има по една полна Месечина, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, ние завршуваме со две во истиот календарски месец приближно на секои три години.

Првата полна Месечина во октомври, позната и како Жетвена месечина, се појави на први октомври. Втората полна месечина или „сината месечина“ ќе биде видлива на 31-ви октомври.

Ова е прв случај од март 2018 година, но и прв од 1944 година полната месечина да се појавува на 31 октомври во сите временски зони.

Феноменот „Сина месечина“ не мора да значи дека ќе биде сина, иако темно синиот тон на вечерното небо може да влијае на боите што ги гледаме.

Се пpaзнува светецот кој е основач на иконописот во црквата и го проповедал христијанството во Македонија заедно со апостол Павле

Денеска е Св. апостол и евангелист Лука.

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност.

Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт.

Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција.

Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.

Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства.

Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги налсикал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата“ која го претставува Светиот Лука и во прспектива иконата на Богородица која светителот на отсликува.

Поради ова се смета за основач на иконописот.

Свети Лука е заштитник на лекарската професија и болниците. Овој празник најавува дека зимата чука на врата и дека треба да се подготвиме за неа.

Свети Лука го задолжил православието поради што денеска не треба да се работат тешки работи.

MВР: 761 казна за неносење мacка и 409 санкционирани возачи

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.10.2020) на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 761 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Koвид-19.

Од министерството информираат и дека во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.