(Видео) Зошто Американците гласаат во вторник, а не во недела како остатокот од светот?

Американските претседателски избори, кои го привлекуваат светското внимание, оваа година ќе се одржат на 3 ноември. Особено е интересно што овој датум не паѓа во недела, туку во вторник, а причината за тоа се крие во демкоратската традиција на САД.

Кога америкнаскиот Конституционален совет се состанал во далечната 1787 година, делегатите не можеле да се договорат за тоа на кој ден треба да се одржуваат изборите во САД. Поради тоа на државите им било дозволено самите да го одредат датумот на одржување на федералните избори, што резултирало со децениски xaoc, бидејќи изборите се одржувале во различни денови.

Редот е воспоставен дури по 70 години, односно во 1845 година кога Конгресот изгласал изборите да се одржуваат во вторник.

Неделата се сметала за ден за одмор, а понеделникот не доаѓал во предвид, бидејќи тогаш на избори се патувало со кочии, па многу луѓе требало да тргнал во недела за да стигнат до избирачкото место.

За 19-ти век тоа било исправна одлука, а тогаш изборите во Америка се претворале и во голема парада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.