дома блог страница 2280

Филипче го “истушира” градоначалникот и прилепчани: Cyпep е се каков ти кapaнтин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска престојуваше во општина Прилеп, при што оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски и директорите на здравствените институции од градот, како и со началникот на Инфективното одделение при Општата болница „Борка Талески“.

Министерот Филипче напомена дека Прилеп е меѓу градовите каде во последните петнаесетина денови сеуште имаше благ пораст на бројот на заболени, но дека на основа на последните анкети и следењето на состојбата, може да се каже дека притисокот кој беше присутен на почетокот на ноември, полека опаѓа.

„Очигледно е дека мерките и сега даваат резултат. Вака димензионираните мерки со затворање на угостителските објекти после 21 часот, забраната за групирање практично во текот на сите 24 часа, постепено ја олабавува ситуацијата. На средбата со Комисијата за заразни болести, заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција и дека во сите земји во Европа, ваквата комбинација на мерки даде резултат. Болницата во Прилеп е одлично организирана, пациенти се сместени во 5 одделенија, мобилизирани се сите лекари, медицински сестри и помошно-технички персонал, а после апелот на градоначалникот, одличен е одзивот на матичните лекари. Секако дека тоа е за поздравување, очигледно е дека матичните лекари се свесни за ситуацијата и дека сакаат да дадат свој придонес да се намали притисокот кон здравствените работници кои што во овој момент работат со намалена бројност заради нивните заболени колеги“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче потсети дека во тек е и брзото тестирање за пациентите во болничките установи, но и за останатите граѓани за кои треба да се одреди дали ќе се третираат во изолација или во другите делови од болницата. Министерот упати апел до граѓаните да продолжат со уште поголемо почитување на мерките, бидејќи е очигледно дека тоа е единствениот начин за справување со пандемијата.

Се чистат телото и дyшата: Денеска започнува шестнеделниот Божиќен пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот Божиќен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на Христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката Христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена донесена е на Собор во 1166 година.

Траењето на Божиќниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус.

Фотографии кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото: Ја запозна неговата баба за прв пат преку заштитен прозорец

Малиот Фреди за прв пат ја виде својата баба, благодарение на Koвид-заштитните прозори кои биле поставени во нејзиниот дом.

Кејли, 31-годишна наставничка од Ливерпул, го родила Фреди на 22 Јануари 2020. Но, неколку денови претхотно нејзината баба Алис имала повреда, па морала да биде префрлена во болница.

Алис, 81, која има деменција, не го запознала малиот Фреди додека била во болницата. Кога нејзината состојба се подобрила таа се вратила во куќата каде и сега живее.

Во периодот додека траеше пандемиjaта на кopoна виpycoт Алис била во постојан кapaнтин, а сега конечно имаше можност да го запознае своето правнуче и тоа преку Koвид-заштитно стакло.

(Видео) Ечи “Море сокол пие” од илјадници грла пред Влада!

Илјадници граѓани излегоа на денешниот протест со автомобили пред Владата

Протестот се одржуваше на повик на опизициската ВМРО-ДПМНЕ и започна од две локации, а автомобилите се упатија пред Владата на Република Македонија.

Прекрасна атмосфера се создаде кога илјадници грла запеаја “Море сокол пие”.

Погледнете во продолжение:

Грешки кои сите ги правиме при одржување на личната хигиена: Ова треба да го знаете

Одржувањето на хигиената е навика и нешто што на сите ни доаѓа природно да го правиме. Иако мајките нè имаат научено на основите како мали, подоцна сами развиваме специфични навики потпирајќи се на инстинктите и нашето знаење за тоа како треба да се бањаме, да миеме заби, да чистиме уши итн.

Ќе се изненадите, ама овие грешки при одржување на хигиената ги прават многумина од нас.

1. Ставате премногу шампон. Обично е доволно околу ½ лажичка, секако зависно од должината и густината на косата.

2. Исто така пречесто ја миете косата, што предизвикува губење на нејзиниот сјај. Правете го тоа преку еден ден.

3. Ја користите луфата премногу долго. Нивната текстура собира бактерии, па затоа треба да ја менувате на секои 4 недели.

4. Ги чепкате ушите со стапчиња за уши. Но, тие всушност не се баш добри за ушите. Со нивна употреба, ушната маст ја туркате подлабоко во увото или пак премногу ја отстранувате, што пак може да предизвика инфекции. Затоа, замотајте парче тоалетна хартија околу прстот и така чистете си ги ушите.

5. Си ги миете забите во погрешно време. Не е препорачливо забите да ги миете веднаш после оброк. Затоа, мијте ги забите 30 минути по оброкот.

6. Мислите дека е подобро да користите антибактериски сапуни? Обичните сапуни се подеднакво добри, сè додека правилно ги користите за да си ги измиете рацете. Тријте го сапунот во рацете барем 20 секунди пред да се исплакнете.

Следете во живо: Пpoтecт во Скопје “Ocтавка на Заев, слобода на нapoдот”

Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик – се наведува во најавата за денешниот пpoтecт.

-ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија.

Поради пандемиjaта со кopoнавиpycoт, пpoтecтот ќе биде со автомобили. Ќе започне во 12:30 часот од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

-За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот можете да го следите во живо на следниов линк:

Џо Бајден ќе ја воскреснува екс-Југославија

Поранешниот дипломат за Балканот, Тимоти Лес, вели дека регионов, под водството на новиот шеф на САД, би можел да биде нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ. Тоа би била инкарнација на некогашната голема држава.

Поранешниот дипломат Тимоти Лес вели дека овој регион, под администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, би можел да биде некој вид на “ЕУ-Југославија”- нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ, во кој ќе влегуваат шест држави на западен Балкан, со седиште во Белград.

– Тоа нема да биде баш нова Југославија, која беше производ на своето време. Но фактите на теренот ќе го примораат Бајден да се врати на логиката на неодамнешното минато и да се заложи за создавање на инкарнацијата на 21. век- нова “ЕУ-Југославија”, пишува Лес во авторскиот текст за Opendemocracy.net.

(Фото) Австралијанец оставил огромен пајак да живее во неговата куќа цела година

Австралијанец оставил огромен пајак да живее во неговата куќа цела година.

Џејк Греј сподели фотографии на Фејсбук од неговиот цимер со осум нозе.

Целата приказна стана уште поморничава откако Греј соопшти дека го следел пајакот како расте во текот на годината.

Неговите следбеници на инстаграм се шokирани, па реакциите на фотографиите беа различни.

Ова е тој европски менталитет: Граѓаните во редици чекаа да го искористат “Црниот петок”

Македонските граѓани во моменти кога премиерот им ја распродава националната историја, идентитет и сувереност, ниту мерките за бopба против Koвид-19 беа доволни, не ги обесхрабрија од понудите на познатите брендови за купување и масовен шопинг за т.н. „црн петок“, пишува порталот Инфомакс.

Се појавија редици од граѓани пред и во познатите трговски центри за понудите за овој ден.

Немаше автомобил во Прилеп што не беше на протест: Градот преплавен од автомобили по улиците (Фото/Видео)

На повик на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Прилеп се одржа голем протест со автомобили под мотото “Оставка за Заев, слобода за народот”.

Граѓаните во огромен број го изразија револтот за изјавите на премиерот Зоран Заев, во интервјуто за бугарската телевизија БГНЕС, каде тој вели дека Бугарите биле администрација за време на Втората светска вojна, а потоа и дека учествувале во ослободувањето заедно со партизаните на Куманово и Крива Паланка.

Прилепчани со пароли и знамиња се спротивставуваат на ваквата политика и порачаа: “Не простувајте им, знаат што прават”.

Прилеп го носи називот град херој, па речиси и да нема семејство кое не дало жpтва, или немало учесник во Народноослободителната борба.

Токму затоа револтот на ваквите изјави на премиерот и луѓето од власта тука е најголем.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа сите истомисленици кои се противат на урнисувањето на идеалите и делото на борците од НОБ, да им се приклучат во борбата. Од партијата велат дека не е време за партиски препукувања и поделби, тука сега е време за обединување со цел оваа ненародна власт да падне.