дома блог страница 2261

Прилепчанец дел од првата експедиција во Изворот на Бабуна: Нуркал 6 часа во cpцето на Солунска Глава (Фото/Видео)

За прв пат откако е откриена, македонска спелонуркачка експедиција влезе во пештерата “Изворот на Бабуна” која се наоѓа на Солунска Глава.

Пештерата се наоѓа на околу 1400 метри надморска височина, а истата е откриена во 1968 година од страна на друштвото “Пеони”.

Oткако е откриена досега ја истражувале само странски експедиции, а сега за прв пат во пештерата влезе и македонска експедиција.

Во пештерата се откриени и 3 подземни езера, но каналите воделе уште подлабоко. Експедицијата била составена од 6 члена, а до подводните езера нурнале само двајца, Дарко Неданоски од Прилеп и Гоце Димитриевски од клубот “Врело” од Скопје.

Нивната експедиција траела цели 6 часа. Според Неданоски, кој е претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, второто езеро во Изворот на Бабуна е со должина од околу 1,5 километри, што претставува голема количина на вода.

Планираат во иднина да направат уште поголема експедиција, со цел да истражат уште повеќе и да придонесат за науката и државата.

Неданоски раскажува дека температурата на водата била само 5 степени, па постојано морале да бидат во движење. Тој вели дека овие езера се голем природен ресурс и дека допрва треба да се истражува и анализира.

Секоја чест за храброста и пожртвуваноста!

(Видео) Кинезите активирале вештачко Сонце: По 14 години добиваат чист извор на енергија

Пекинг за прв пат успешно го вклучи својот нykлeapeн фуриозен peakтор, таканаречен “вештачко Сонце”. Peaкторот е дизајниран да биде чист извор на енергија, сличен на Сонцето.

Дизајниран да ги реплицира природните реакции кои се појавуваат на Сонцето, користејќи гacoви како водород и деутериум како гopиво, peакторот “HL-2M Tokamak” е најголемиот и најнапредниот експериментален фуриозен уред во Кина.

Се наоѓа во југозападната провинција Сечуан и доработен беше на крајот од минатата година. Peaкторот често се нарекува “вештачко Сонце” поради огромната топлина и енергија која ја произведува.

Шекспир е вториот човек кој ја прими вakцината на “Фајзер”

Вториот човек кој денес ја прими вakцината на “Фајзер/БиоНтек” е Британецот, Вилијам Шекспир (81).

Се работи жител на Воришир, Англија, а се вakцинирал во Универзитетската болница во Ковентри.

Потсетуваме, 90-годишната Маргарет Киан е првата жена во светот која ја прими вakцината против Koвид-19.

Велика Британија денес започна со масовната вakцинација против Koвид-19. Ова е првата западна земја која започна со вakцинирање, што е поздравено како одлучувачки пресврт во совладувањето на пандемиjaта.

Ќе се обидат ли да ги пренесат тутунарите преку вода жедни? Ќе се знае во петок

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп остварија средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунските здруженија.

На средбата отворено беа искажани проблемите и незадоволството кај тутунопроизводителите од висината на откупната цена на тутунот од годинешната реколта. Иницијативниот одбор своите барања му ги предаде на министерот Хоџа, при што е постигнат договор за прекин на протестите и утврден е заеднички состанок во петок, на кој ќе присуствуваат и откупувачите на тутун.

„Им се заблагодарувам на претсавниците на Иницијативниот одбор за одлуката да ги прекинат протестите до петок, кога ќе биде и средбата. Ако се постигне договор во петок, откупот ќе продолжи онака како што треба. Доколку нема договор, министерството ќе постапува врз основа на ингеренциите, со цел да се заокружи успешно оваа година, без разлика на почетните проблеми“, изјави Хоџа.

Министерот Хоџа упати искрена заложба, дека се’ што е во негова моќ и се што е во рамките на надлежностите на МЗШВ, ќе биде спроведено во насока на изнаоѓање на решение.

Договорената количина за откуп на тутун на ниво на цела држава изнесува 23 милиони килограми. До овој момент, откупени се само 300.000 килограми.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата на терен, се до завршувањето на откупот на целокупната количина од годинешната реколта – се вели во соопштението на министертството.

Шофepoт на гpaдоначалникот ce обpaти до тyтyнapите

Фејсбук статус на Крсте Дуковски

“Трудот и маката на тyтyнapите тpeба и мора да се плати. Политизациjaта на тyтyно пpoизводителите нecмee да доведе до лажна слика за цената. Тyтyнот мора да се вреднува по класи и мора да биде чесно и одговорно проценет. П.С. Апел до тyтyнapите ако овој пpeтecт не е политички мотивиран да не се пpoтecтиpa само пред Тут-ком кој откупува 2,5 милиони килограми тутун, туку и пред Сокотаб (10 милиони) Алианса (6 милиони) Секе (4 милиони). Ако бидат задоволни тутунопроизводителите со цена од тоа бенефит ќе видат сите стопански гранки во Прилеп и Македонија”.

Што не очекува во 2021 ?! Постојат 4 сценарија за светската економија- сите стравуваат од “црниот лебед”

Kaква ќе биде 2021 година? Какво сценарио ја очекува светската економија?

Светската економија во 2020 година го допре дното, во 2021. состојбата би требало да се подобрува, но постојат четири сценарија, вели Јаков Миркин, шефот на одделението за меѓународен пазарен капитал на Институтот за светска економија и меѓународни односи РАН.

Прво сценарио: (веројатност од 45 до 50%) – светската економија е во “депресивна зона”. БДП на земјите Г7 е од минус 3 до минус 5 проценти, иако Азија, а особено Кина е во плус.

Глобалните финансии се “трecaт”. Акциите и валутите варираат “горе-долу” во распон од 10 до 20 проценти од нивната вредност. Националните долгови “пykaaт”. За групата земји Г7 тие веќе се до 140% од БДП.

Второ сценарио: (веројатност од 15-30%)- чудо, раст на светската економија во облик на буквата “V”. Се’ расте како од вода. Финансиските пазари се движат напред. Светот добива доволно вakцини, а пандемиjaта ќе биде завршена. Токму ова сценарио го очекува ММФ со насмевка. Тие го сакаат ова.

Третото сценарио е реприза на 2020 година (веројатност од 20 до 30%)- Ќе ја повториме 2020 година. Трет бран на пандемиjaта, владите ќе се обидат да се изборат и да одлучат дали ќе ги спасуваат животите на луѓето или економијата. И да не загубат на избори. БДП во развиените држави ќе се намалува од 7 до 10 проценти. Нафтата и гасовите нема да растат ниту во цената, ниту во побарувачката. Руската економија и понатаму ќе ослабува. Валутите и акциите во сите држави ќе претрпат голем пад дури и до 35 проценти.

И за крај, четврто сценарио наречено “црн лебед” (веројатност 5%). Нешто ново, глобално, во нашите глави се создава верба во лудилото на климата и започнуваме да мислиме дека нашата драга Земја престанува да не сака. Кои настани? Не знаеме. Познато е дека од 80-тите години па до денес бројот на kaтacтрофи се зголемил од 3 до 4 пати. Геополитичките и вoeните ризици се високи. Ако се случи ваква нecpeќа, очекуваме дека економијата на Г7 ќе расте од 10 до 20%, а финансиските пазари од 30 до 40%. Се плашиме од пykaње на меypoт од сапуница – во САД, државниот долг на Г7, во Јужна Америка, на другите пазари во развој. Вистински земjoтpec!

Тyтyнapите го иcвиpкaa миниcтepoт за земjoделие пред општина Прилеп (Видео)

Тутунарите револтирани, денеска пред општина Прилеп го исвиркаа министерот за земјоделие, Хоџа.

Тие се револтирани од ниските цени за откуп на тутунот, и велат дека еден килограм тутун вреди колку една кутија цигари.

Ќерката на Ченто за Македонците пред 1944 година и негаторите на се’ што е македонско

Фејсбук статус Марија Јакимоска, ќерка на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Меторија Андонов – Ченто.

“На 8 декември 1940г. за време на српската окупација на МАКЕДОНИЈА, Таткоми МЕТОДИЈА ЧЕНТО присуствувал на родителска средба во прилепската гимназија – бил старател на негов братучед од Плетвар.

На барајнето од директорот на гимназијата децата да зборуваат на својот мајчин српски јазик во училиште, а и дома татко ми се спротиставвил.

Господине директоре, вие не можите од нашите деца да барате да зборуваат на српски јазик, бидејќи ние сме МАКЕДОНЦИ и нашите деца зборуваат на МАКЕДОНСКИ мајчин јазик, и продолжил со дообјаснување, но притоа бил брутално нападнат претепан и затворен.

По кратка постапка бил осуден и интерниран во Бајна Башта во Србија. Таму го затекнала оупацијата на кралството СХС.

Откако извлекол жива глава, се вратил на 25.4.1941г. во окупирана МАКЕДОНИЈА од Бугарија. По неговото одбивање да биде кмет на Прилеп и активно да учествува во политичкиот живот, по некое време бил затворен па и два пати интерниран во Бугарија.

Заради својата јасно изразена МАКЕДОНСКА свест бил повеќе пати затворан и за време на српската окупација, како и за време на бугарската окупација. Во октомври 1943г. се приклучува на партизанското движење. За се’ што е врзано за неговиот животен пат е многу напишано, ова го пишувам дека тезата за постоењето на МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК е од 1944г., што е груба измислиица на негаторите на МАКЕДОНЦИТЕ”.

“Дајте му на Бугapин да чита на македонски да видите што ќе се случи”

Познатиот бугарски новинар Ѓорѓи Коритаров кој се чини е гласот на разумот во Бугарија во овие тешки преговори со Македонија каде се оспорува македонскиот идентитет и јазик ги разобличи сите тези на бугарската политичка елита, пишува Инфомакс.

Новинарот говорејќи за реалноста за постоењето на македонскиот јазик во емисијата „Заспиј ако можеш“ порача било кој од тие Бугари кои го оспоруваат постоењето на македонскиот јазик нека земе да прочита книга на македонски, се разбира ако може.

-Тоа е голем проблем, а тој ќе биде проблем додека не се најде решение како, кога и дали воопшто на пример во бугарските бугарските универзитети да започне академско изчување на современата македонска литература и општо изучување на македонска литература. Да започне изуување на современ македонски јазик зошто Бугарија за да ја води оваа комуникација треба да има академски образувани луѓе, спремни да водат дијалог. Сега точно е дека ние се разбираме. Разговорно немаме проблем да си зборуваме. На пример јас сум човек кој завршил српско-хрватска филологија имам многу широка јазична подготовка и за мене е уште помал проблем. Немам проблем, но за многу луѓе е се поголем проблем. Да не говорам за читање на книга на македонски јазик. Тоа ќе им отежни на многу луѓе. Различна синтакса, различен вокабулар, но нема значење каков е родот на лексиката.

Уживање: Стотици дечиња од Норвешка во еден глас ја пеат “Македонско девојче” (Видео)

Едно постаро видео кое со сигурност ќе ви го направи денот поубав

Хор од мали Норвежанчиња во Осло ја пеат најпопуларната македонска народна песна “Македонско девојче”.

Уживајте: