дома блог страница 2260

Мицкocки: 3a 100 дена добивме вето, тpговиja со идентитет, пocкaпа cтpyja, втop TAT, peцecиja…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи преку Фејсбук по повод 100 дена од Влада. Тој ја критикуваше власта за овие 100 дена владеење и наброи неколку работи кои оваа влада ги направила.

„Ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме: Вето на патот кон ЕУ – загубена интеграција, трговија со идентитет – загубено достоинство, 1400 загубени животи за само сто дена, поскапа струја, загубени заштеди – пропадната банка, втор ТАТ, овој пат тежок 200 милиони евра, економија во рецесија…

Ова не се работи кои се случија за 10 години, туку ЗАГУБИ за 100 дена Влада на Заев. Следете ја во живо мојата прес конференција во 13 часот.“, напиша Мицкоски.

Демант директно од бугарското МНР: Никола Димитров лажел ?!

Вицепремиерот за евро-интеграции Никола Димитров е фатен во ширење „лажни вести“ и тоа, од никој друг, но од министесртвото за надворешни работи на соседна Р.Бугарија, пишува порталот Инфомакс.

Во статусот објавен на официјалната ФБ страница на бугарското МНР, се цитира изјава на Димитров во која тој тврдел дека Македонија ќе добие безусловен датум за преговори во декември годинава – инфромација која е целосно неточна и лажна.

Од бугарското МНР ја цитираат изјавата на Димитров:

„8.декември 2020 – Во март, решението на ЕУ за започнување на преговори беше безусловно“.

Целосната одлука на ЕУ, како што ја објавуваат бугарските дипломати гласи:
„Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување.“

По се изгледа, најголем извор на дезинформации и лажни вести во Македонија, сепак е Владата.

Отворен сефот на Хашим Тачи: Пронајдени биле голем број на тајни документи

Само 24 часа откако поранешниот косовски претседател Хашим Тачи поднесе оставка поради обвинението поднесено од Специјалниот суд, имало обид за грабеж на неговиот сеф. Според Gazetablic.com, станува збор за сеф полн со тајни документи во косовското претседателство.

Поради тоа е најавено дека директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово ќе го извести Одборот за безбедносно собрание за овој случај, пренесува Бета. Извори од порталот велат дека во тоа учествувале секретарот на косовското претседателство, Дритон Гаши и службено лице кого го претставил како инспектор на Агенцијата за разузнавање на Косово (КИА).

На 6 ноември, Гаши, наводно, ја информирал советничката Вјоса Османи, која ја врши должноста претседател на Косово, дека ЕУЛЕКС ќе изврши официјален претрес во канцеларијата на поранешниот претседател Тачи, но претставниците на ЕУЛЕКС го негираа тоа.

Потоа заедно со соработници на сегашната в.д. претседателка, влегле во канцеларијата кадешто бил отворен сефот каде се чуваат доверливи документи. Неколку минути подоцна, Османи пристигнала во канцеларијата и побарала објаснување од Гаши, по што сефот во нејзино присуство сепак бил отворен, пренесуваат медиумите.

Секретарот на претседателството на Косово, Дритон Гаши претходно беше директор на КИА, а по неговото депортирање на шест турски државјани, тој беше заменет со поранешниот премиер Рамуш Харадинај. Потоа го назначи за секретар на претседателството.

Денеска е голем празник: Православните христијани го празнуваат посен Свети Ѓорѓија

Православните верници денеска го празнуваат посен Свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил.

Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”.

Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се.

На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот.

Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснована на популарна легенда во христијанската митологија. Според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

(Видео) Легендата Џyмepко pacкажyва како cтанал познат пpилепcкиот тyтyн

Благоја Спиркоски-Џумерко живее во нашите спомени, а неговите изведби, глума и неверојатна смисла за хумор и ден денеска се најгледани и изнудуваат лавина смеа.

Пред повеќе години за време на еден настап во центарот на Прилеп, Џумерко им раскажал на насобраните прилепчани за потеклото на Филип Втори и Александар Трети Македонски, за настанокот на Битола, за тоа како настанала Црна Река и како станал популарен прилепскиот тутун.

Џумерко знаел што е “стенд ап” пред да се појават сите денешни комичари.

Погледнете, ова е најпозитивното нешто што ќе го видите денеска!

Денот кога градоначалникот и општината ги “помешаа лончињата” (Фото)

По повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и од училиштето викендов положи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените – вака гласеше веста на сајтот од општина Прилеп на овој ден пред две години.

На градоначалникот и неговиот ПР во општината му се смееше цела држава, па оваа година се чини ја научиле лекцијата и положија цвеќе пред новопоставената биста на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште.

Низа гиганти го бараат македонскиот бисер во своите редови, тој останува лојален на “наполитанците”

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе остане во Наполи, откако италијанскиот прволигаш одбил неколку понуди за неговите услуги од прволигашки гиганти од Германија, Португалија и Англија.

Информацијата денеска ја обелодени новинарот на италијански „Раи Спорт“ и добар познавач на фудбалскиот трансфер пазар Чиро Венерато при гостување во неаполското „Радио Кис Кис“.

Според истиот извор, изминатиот период Наполи категорично одбил понуди во висина од 25 милиони евра, кои пристигнале за македонскиот репрезентативец, од бундеслигашите, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, како и од премиерлигашот Лидс и португалскиот гигант Бенфика

– На Елмас му оди многу добро во Наполи. Бенфика, но исто така, и Лидс и Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд понудија 25 милиони евра за него, но (спортскиот директор Кристијано) Џиунтоли одговори дека за тоа нема да се разговора, играчот не оди никаде, тој е наше богатство и останува во Неапол, обелодени Верато за „Радио Кис Кис“.

Елмас ја игра својата втора сезона во дресот на Наполи, откако дојде во италијанскиот прволигаш од редови на Фенербахче за сума од 16 милиони евра.

(Видео) Како изгледаат, што содржат и дали се движат? Тргнете на патување низ галаксиите

Со помош на напредната технологија, имаме можност да отпатуваме подалеку отколку што можеме да замислиме.

Oна што претходно беше сметано за цела вселена, тоа е всушност нашата Галаксија. До пред неколку години не знаевме дали постојат други галаксии или не. Дваесеттите години на 20 век се тргна сомнежот дека некои магловити објекти кои ги гледаме на небото се всушност дел од нашата галаксија.

100 години покасно, со помош на напредната технологија, во можност сме да отпатуваме многу подалеку отколку што претходно сме можеле да замислиме.

Уште 5 наши сограѓани повеќе не се помеѓу нас: Ова се денешните KOBИД бројки

Во последните 24 часа се направени 2993 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1120 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје 507, Куманово 60, Штип 30, Прилеп 52, Тетово 37, Струга 35, Велес 31, Битола 36, Охрид 49, Кавадарци 33, Гостивар 56, Гевгелија 8, Струмица 43, Крива Паланка 6, Радовиш 10, Крушево 3, Кочани 16, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Пехчево 6, Берово 15, Валандово 5, Виница 7, Делчево 25, Кратово 2, Свети Николе 4, Кичево 16, Ресен 8, Неготино 16

Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 916 оздpaвени пациенти од: Скопје 263, Куманово 52, Дебар 4, Штип 42, Прилеп 61, Тетово 35, Струга 29, Велес 41, Битола 79, Охрид 36, Кавадарци 24, Гостивар 62, Гевгелија 15, Струмица 24, Крива Паланка 12, Радовиш 8, Крушево 1, Кочани 12, Пробиштип 5, Демир Хисар 2, Пехчево 3, Берово 10, Валандово 3, Виница 10, Кратово 2, Свети Николе 14, Кичево 39, Ресен 2, Неготино 26

Досега во земjaта се направени вкупно 352.735 тecтиpaња на Koвид -19.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 69452, бројката на оздpaвени пациенти е 45621, починaa 1977, а бројот на активни слyчаи изнесува 21854.

(Видео) Германска безвpeменcка машина: Голф извлече зaглавен автобyc

Снегот им зададе големи проблеми на возачите во околината на Штутгарт.

Локален автобус не можел да совлада угорнина прекриена со снег, но на помош скокнал семоќниот „голф 3“.

Дизелашот со 90 коњи и погон на сите точки се покажал доста успешно, а тоа било овековечено на снимка.