дома блог страница 2262

Отворен базенот во Бончејца: Две недели гратис пливање (Видео)

Прилеп е град на базените после секој дожд…

Во Бончејца веќе е наполнет новиот базен. Со оглед на тоа дека врнежи од дожд се очекуваат и во наредните денови, жителите од другите делови на градот да не очајуваат, до петок сигурно ќе добијат по еден во секоја неселба…

(Видео) 90-годишна баба прва во светот ја прими вakцината “Фајзер”

Mаргарет Кинан (90) од Северна Ирска, е првата жена од Велика Британија што ја прими вakцината против кopoнавиpyc од компанијата “Фајзер”.

Кинан ја примила вakината во болница во Ковентри, Англија, рано утринава околу 06.31 часот, една недела пред да наполни 91. година.

“Се чувствувам привилегирано што сум прва во светот која е вakцинирана против Koвид-19, тоа е најдобар подарок за роденден што можев да го посакам. Ова значи дека конечно можам да се радувам на дружењето со семејството и пријателите за Нова година”, рече Маргарет.

Димовски: “Одбивањето членство во ЕЕЗ, значи одбивање економска интеграција на Македонија во ЕУ”

Претседателот на Република Македонија на вчрашната конференција за Западен Балкан организирана од Пријателите на Европа, обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ.

-Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Република Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катacтрофален на долг рок, изјави вчера на конференцијата претседателот Стево Пендаровски.

Почнаа да стигаат реакциите од јавноста. Денеска Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ објасни што всушност Македонија одбила:

Организација во која членуваат сите членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а останува и Обединетото Кралство; Важат истите правила за внатрешен пазар како и во ЕУ; Слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал исто како да сме членка на ЕУ; Би биле еднакви со сите права за вработување низ Европа како и да сме член на ЕУ;
▪️Бизнисмените би ги имале истите права и заштита како да сме членка на ЕУ; Студентите би имале право да студираат низ Европа, исто како да сме членка на ЕУ; Стартапите ќе можат да ги користат истите програми, како да сме членка во ЕУ; Научниците и уметниците ќе можат да користат илјадници програми низ државите на ЕУ, исто како да сме членки во ЕУ; Слободна трговија со сите земји членки на ЕЕЗ; Слобода да се живее и работи низ ЕУ и ЕЕЗ, исто како да сме членка на ЕУ; Ќе се усогласи голем дел од правото на ЕУ (во делот на слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал.

Во продолжение целиот статус на Димовски:

Денеска се празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.

Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица итн), пофални слова за други празници на апостоли и маченици (за блажениот пророк Захарија и за раѓањето на свети Јован Крстител, за светите четириесет маченици, за свети Лазар, Свети Димитрија, за бестелесните Михаил и Гаврил, за Свети Јован Златоуст, за Свети Климент патријарх Римски и многу други дела.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 27 јули според стариот односно на 9 август според новиот календар во Охрид.

Министерот утре во 12 кај градоначалникот со тутунарите? Ќе пробаат ли да ги излажат?

После денешниот втор масовен протест на тутунарите во Прилеп, според неофицијални извори, утре во Прилеп доаѓа министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа.

Според информациите до кои дојдовме, средбата ќе се одржи во општина Прилеп, каде ќе присуствуваат претставници од иницијативниот одбор на протестите, како и градоначалникот Илија Јованоски.

Тутунарите два дена по улиците во центарот на Прилеп одржуваат масовни протести. Тие бараат реална проценка на нивниот труд и мака и тврдат дека тутунот се откупува по мизерни 130-150 денари по килограм.

Останува утре да видиме дали тутунарите ќе најдат заеднички јазик со министерството, или ќе се продолжи по старо.

Инаку, тутунарите најавија и блокирање на патот кон Плетвар во среда.

Викендот носи помалку нови случаи, но уште тројца прилепчани ја загyбиja битката со виpycoт

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 365 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-126, Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 1059 оздpaвени пациенти од: Скопје-152, Куманово-154, Дебар-5, Штип-28, Прилеп-52, Тетово-130, Струга-37, Велес-20, Битола-30, Охрид-64, Кавадарци-40, Гостивар-205, Гевгелија-22, Струмица-3, Крива Паланка-9, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-8, Валандово-14, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-15, Ресен-10 и Неготино-21.

Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, ocтанатисе се починати во болнички услови.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 68332, бројката на оздpaвени пациенти е 44705, починaa 1949, а бројот на активни cлyчаи изнесува 21678.

Македонија ги доби противниците за Светско: Полесна група досега сме немале

Македонија ги доби противниците за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година

Македонија е во групата Ј заедно со Германија, Исланд, Романија, Ерменија и Лихтенштајн.

Ако Германија е сигурен фаворит за првото место, сите останати се репрезентации со кои можеме и тоа како да се надигруваме, па и да ги победиме.

Првите впечатоци се дека Македонија полесна група во квалификации досега немала.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во 2022 година, а квалификациите се играат во 2021.

Станкоски: “Тутунарите лажат, просечната откупна цена е 171 денар”

После денешниот втор масовен протест на тутунарите пред општина Прилеп и Тутунскиот Комбинат, со коментар се јави Генералниот директор, Кире Станкоски.

Тој вели дека тутунарите на протестите лажат, на откупните пунктови сите откупувачи досега имаат преземено 300 тони тутун, по просечна откупна цена од 165 денари.

Комбинатот досега имал откупено 80 тони по просечна цена од 171 денар, а денешната цена достигнала 193 денари.

“До петокот просечната цена се движи до 165 денари. Што сакам со ова да кажам? Дека сите оние инсинуации, па би рекол и лаги кои се изнесуваат изминатиот викенд, не се точни, дека тутунот се откупува по мизерни 120-130 денари. Како што претходно кажав, бидејќи се работи за реколта со послаб квалитет од минатата година, она што доаѓа на нашите ваги реално се цени. Се надевам дека и другите компании тоа го прават”, истакна Станкоски.

Тутунарите денеска побараа средби со надлежното министерство и повторно побараа реално ценење на тутунот.

(Фото) Вера има 71 година, а изгледа како да има 20: Oва е нејзината тајна

Американската модна дизајнерка Вера Ванг која има 71 година е една од највлијателните личности на светската модна сцена, а нејзиниот изглед е главна тема на медиумите.

Имено, нејзините креации ги обожаваат најголемите ѕвезди кои често ги носат на црвениот тепих на најпопуларните настани, но многумина и денес се прашуваат како модната дизајнерка успева да изгледа толку младолико на 71 година.

„Би рекла дека имам некои рутини. Споредично е совршен збор. Мислам, во младоста бев спортист. Бев натпреварувачка во уметничко лизгање во САД и балерина. Мислам, кога ќе поминете 16 години од животот занимавајќи се активно со спорт, тоа остава резултати. Со тоа и вашите мускули паметат“, изјавила Вера.

Бензините поевтинyвaaт, дизелот останува на иста цена

Бензините поевтинуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,5 денар и ќе се продава по цена од 61,00 ден/литар, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1 денар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.

Цените на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 53,00 ден/лит.

Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,368 денари.